Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јас да ѝ верувам на правната држава?
Интервју со Џејлан Велиу.

Џејлан Велиу е активистка, левичарка и политички активна граѓанка од своите 15 години. Таа учествувала во многу различни граѓански иницијативи — протестите против полициска бруталност и против поскапувањето на цената на електричната енергија – Аман (2011-2012), Иницијативи за помош на бегалците (2014), Студентски пленум и многу други. Кога во 2015тата година се зборувало за обединување на овие различни движења и се формирал Иницијативен одбор за формирање на левичарска партија, Велиу станала дел од истиот. Таа активно собирала потписи со цел регистрација на партијата и за помалку од три месеци потписите беа собрани и партијата Левица била регистрирана.

По преземањето на партијата од Димитар Апасиев – потег кој многумина од иницијалните основачи на партијата го сметаат за нелегален – оваа партија ѝ е непрепознатлива на Велиу. Со двајца гласни пратеници и 49 советници на локално ниво, влијанието на Левица расте, додека Велиу и други поранешни членови на партијата изгубија клучни судски битки. На 18ти март, активистите Здравко Савески и Владимир Куновски добија осуда од 6 месеци затвор и се задолжени солидарно да платат износ од половина милион денари за материјалната штета предизвикана од кршењето на претседателската канцеларија за време на протестите на Шарената револуција – пресуда која многу активисти и Хелсиншкиот комитет за човекови права остро ја осуди. Спорот кој Џејлан Велиу го изгуби е всушност долгогодишен работен спор со партијата Левица и Велиу беше задолжена од судот да исплати 87 000 денари – сума која е превисока за просечниот работник. 

Џејлан Велиу разговараше со Медуза за овој спор, за Левица, за работните спорови во Македонија и за солидарноста.  

 

 

Дали би можела да коментираш околу моменталните политики на Левица? На кој начин се разликува партијата од твоите идеолошки убедувања?

 

 

Левица денес е партија без јасна идеологија и политичка програма. Партиските ставови зависат од моменталната потреба, што „пали“ кај народот. Ваквиот евтин популизам на разгорување на националните страсти и популистичко профитирање врз работничката мака, штетно влијаат врз развојот на социјалистичката идеологија. Левица моментално е реформистичка партија која не е ништо поразлична од останатите буржујски партии. Таа не ги претставува интересите на работниот народ, напротив, е дел од системот кој угнетува работници. Партијата сега може да се класифицира како национал романтичарска или национал социјал-демократска, на која целта не и е да го зближи етнички поделениот народ, туку трајно да ги сруши односите меѓу работниците од различна етничка припадност. Имајќи предвид дека Македонија е мултиетничка земја каде сепак мнозински народ се христијаните македонци, Левица денес за повеќе места во парламентот ги третира овие, и само овие гласачи. Претставувајќи се како единствена партија која се бори за националните интереси на македонците, неретко новото раководство користи национал-шовинистички ставови, поради што ваквата Левица засекогаш ја загуби поддршката кај работниците од муслиманска вероисповест, како и албанска или турска националност.

 

 

Што ти се случи на твоето работно место во партијата Левица? Која беше твојата позиција и на кој начин беше отпуштена од твоето работно место?

 

 

Јас бев првата вработена во партијата на работното место партиски секретар. Имено, оваа позиција не беше само административна, туку и политичка. Работењето во политичка партија воопшто не е едноставно и лесно, затоа што при најмали превирања можете да го загубите работното место. Така се случи и со мене. Кон крајот на 2018 година и почетокот на 2019 година, во Левица имаше низа на судири предизвикани од политички несогласувања. Јас се најдов во таборот кој беше мнозинство, но не го поседуваше партискиот печат, па стана мета на малцинството кое го започна бруталниот подземен инженеринг за преземање на партијата со невидена хајка против секој што размислува различно од самопрогласеното раководство на партијата во тој момент.

На 15-ти февруари 2019 година, во ноќните часови, беше сменета бравата од влезната врата на централната партиска канцеларија, местото каде ги извршував моите работни задачи како партиски секретар. Неколку денови подоцна, започнав да ги примам известувањата „за подобрување на моето работење“. Со нив започна хајката и мобингот против мене чија крајна цел беше, целосно непочитувајќи ги моите работнички права, и отпуштање. Сето тоа од страна на партија која се залага за правата на работниците…но само декларативно!

 

 

Зошто сметаш дека ова отпуштање било нелегално?

 

 

Моето отпуштање од работното место партиски секретар не само што беше мотивирано од политички причини, туку истото беше спроведено против сите важечи правни прописи, поради што очекував дека ќе добијам институционална заштита. Затоа,  веднаш отидов во Државниот инспекторат на трудот (ДИТ) и го пријавив мојот доскорешен работодавач (партијата во чие основање сесрдно се вложив). ДИТ изврши инспекциски надзор, констатирајќи низа неправилности во „постапката“ за суспензија, при што го задолжи работодавачот да ги отстрани утврдените неправилности. Сепак, за правниот застапник на партијата задолженијата на ДИТ немаа никаква важност, па наместо задолжително да постапи по истите, тој земајќи си улога на државен орган констатираше дека Решението на ДИТ станало беспредметно. Така, со цел да ги избегне задолженијата на ДИТ, а истовремено да ја продолжи хајката против мене,  тој само го смени основот на мојата суспензија по што ми врачи отказ без отказен рок. За таа цел тој смисли ново обвинение – дека сум ја украла партиската архива. Имајќи го партискиот печат во свои раце, создал и фиктивна дисциплинска комисија што наводно констатирала дека јас сум ја украла целокупната партиска архива.

Не ми преостануваше ништо друго освен да поднесам тужба, нешто на што секогаш ги охрабрував другите работници, убедувајќи ги дека правдата ќе ги стигне работодавачите. Поднесов тужба со несоборливи докази во прилог, за неоснованоста на врачениот отказ без отказен рок.

 

 

Како течеше судењето? Што твредеше Левица во врска со твоето отпуштање и какви докази приложи партијата за да се одбрани од твоите тврдења?

 

 

Судската постапка траеше две години, иако законот предвидува да заврши за 6 месеци. Имено, се одржаа вкупно четири рочишта од кои на едно рочиште јас и правниот застапник на партијата дававме исказ за тоа како дошло до оваа ситуација. Видно од неговиот исказ – тој наведе дека претпоставувал дека сум сторила кражба на партиската архива. Притоа, во одговорот на тужба тој тврдеше дека јас ја имам украдено целата архива,  но кога при распитот на странки му беше поставено прашање од каде му се документите што ги користи во другите постапки – го промени својот исказ и наведен дека бил украден само дел од архивата. Воедно имаше такви контрадикторности во фингираните дисциплински постапки, што „од авион“ се гледаше колку лошо сценарио спремиле за да ме оцрнат и обвинат. Со оглед на тоа како се одвиваше целата постапка, бев убедена дека јас ќе го добијам работниот спор, затоа што спротивната страна не приложи никакви докази, односно основот на отказот беше и остана контрадикторна претпоставка.

 

 

Во што точно резултираше оваа тужба?

 

 

Се закажа рочиште за објавување на пресуда во декември 2019 година, но објава немаше со образложение дека предметот бил сложен и дека на судијата му треба време. Така, Пресудата ја добив дури во март 2020 година, моето тужбено барање беше одбиено како неосновано и бев задолжена на спротивната страна да ѝ надоместам трошоци на постапка од 63.000 денари. Во пресудата пишува дека судот му поклонува верба на исказот на тужениот и врз тој исказ ја темели пресудата. Значи без разлика што тој само претпоставува и без да располага со ниту еден доказ ми врачува отказ, сепак судот му поклонува верба нему. Очекувано, вложив жалба до Апелациониот суд, но исходот остана ист. Пресудата беше толку проблематична што Апелациониот суд во два наврати административно го врати предметот на понискиот суд, па се донесе дополнителна пресуда и исправка на судските трошоци. Но за главната работа, Апелациониот суд ја потврди пресудата на првостепениот суд. Имено, пресудата на апелациониот суд ја добив на 15 февруари оваа година. Вкупно на товар за плаќање ми се ставија 87 000 денари. Сега вложив вонреден правен лек – ревизија до врховниот суд, но после досегашното искуство не верувам дека нешто ќе се промени.

 

 

 

Дали исходи како твојот се чести во работните спорови во Македонија? Односно дали работниците често добиваат неповолни исходи и високи судски трошоци од ваквите тужби?

 

 

 

Не знам зошто, но во Македонија една од најскапите судски постапки е да водиш работен спор со својот работодавец. Адвокатските трошоци за едно рочиште беа во висина од 2/3 од мојата месечна плата. Оттаму, високите парнични трошоци се една причина зошто работниците не ги тужат своите газди. Друга причина е секако недовербата во правосудниот систем.

Како и да е, како што напоменав претходно, јас имав несоборливи докази за неоснованоста на врачениот отказ и затоа се решив да поведам работен спор. Сепак, во оваа насока морам да дообјаснам зошто Државниот инспекторат на трудот е немоќен во својата основна функција – да ги заштити работниците од незаконски откази. Имено, во мојот случај, ДИТ послужи само како советодавно тело за работодавачот за отказот да добие поцврст законски основ (така основот за отказ „неисполнување на работните задачи“ преку ноќ стана „кршење на работниот ред и дисциплина“). Во комуникација со инспекторката, откако и посочив дека мојот работодавач измислува нови обвиненија за мене со цел по секоја цена да ме избрка од работа, од страна на ДИТ ми беше посочено дека тие не се суд за да изведуваат докази. А кога веќе стигна работата пред суд, тогаш сфатив дека доказите таму се изведуваат површно и проформа, а судиите или добиваат „надворешна сугестија“ како да пресудат или застануваат на страната на посилниот – финансиски помоќниот. Ова го кажувам не само поради моето лично искуство, туку и статистички, во работните спорови најчесто се носат одбивателни судски пресуди.

Дискриминација во однос на работничките права се забележува и кај трошоците на постапката, кои изнесуваат двојно повеќе од која било друга постапка. Како работник кој работел за минимална плата може да надомести процесни трошоци од 87.000 денари? Дали за да ги отплатам трошоците треба да земам кредит и да заглавам во тој банкарски лавиринт? Или пак да чекам извршители да ми извршуваат од плата, бидејќи јас како и 90% од работниците немам заштеда.

Јас, сега прашувам, како работниците се заштитени, како нивните права се заштитени, кога третманот на „правната држава“ кон работодавците е како кон бели мечки чиј вид е загрозен? Како јас како активистка понатаму можам да убедувам работници да тужат за да ги заштитат своите права? Како јас да верувам на „правната држава“?

Заклучокот од ова што мене ми се случи е дека правната држава воопшто не постои, дека работниците и натаму се најдискриминираниот сталеж во општеството и дека доволна е само една претпоставка на работодавецот за работникот да остане без егзистенција.

 

 

 

Знам дека многу луѓе донираа пари за да можеш да ги отплатиш судските трошоци по оваа загубена тужба. Што ти значеше оваа солидарност тебе?

 

 

Всушност, ова е единствениот светол момент на оваа приказна. Откако ја добив пресудата, веста ја споделив со другарите и другарките активисти. Заедно одлучивме да направиме солидарна акција каде ќе се собираат средства за судските трошоци. Се случи неверојатна мобилизација и средствата беа собрани за само неколку дена. Имајќи ја во предвид високата сума, и воопшто нашите ниски примања, бев изненадена од одзивот. На солидарната акција присуствуваа многу луѓе, а оние кои се од други градови и не успеаја да стигнат на акцијата, најдоа начин како да ги проследат средствата до мене.

Солидарноста која ја добив се разбира дека е многу значајна и тоа од повеќе аспекти. Имено, од една страна стана јасно дека значителен број на луѓе се имаат отцепено од трулите вредности кои ги пропагира капитализмот и негуваат вредности како што се  заедничарањето и солидарноста. Нема да претерам ако кажам дека ние (социјалистите, комунистите, анархистите) веќе сме создале заедница. Од друга страна пак, ме поддржаа и многу други луѓе кои всушност и не ми се блиски. Ова дополнително ме израдува, затоа што на некој начин добив потврда за вложениот труд во борбата за подобро општесто. Ништо не е залудно, има луѓе кои се свесни за борбата која ја водиме и не’ поддржуваат.

На кратко кажано, изгубив пред институциите, но, јас излегов од оваа битка како морален победник.

 

 

 

 

 

 

Овој текст е напишан во рамки на грантот еобезбеден од страна на Балканската фондација за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на Соединети Американски Држави и Норвешкото Министерство за надворешни работи.

Мислењата изразени во овој текст не ги одразуваат секогаш мислењата на Норвешкото Министерство за надворешни работи, Балканската фондација за демократија, Германскиот Маршалов фонд на Соединети Американски Држави или на нивните партнери.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • April 4, 2022
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што всушност се случува кога една земја го забранува абортусот
Романија под Чаушеску создаде дистописки хорор од пренаселени, нечисти сиропиталишта, додека илјадници жени починаа од "абортуси по подруми".
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да ги украдеме женските митски ликови
Со своето (женско) препрочитување на ликовите на Пенелопа и Деметра, Кавареро ги ослободува од стисокот на патријархалното имагинарно
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Иво Куновски
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Марко и Елена
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време на жените
Грижата за локалното, за она што го гледаме пред себе, за оние кои се близу до нас и сакаме да ги заштитиме е вистинската мотивација и движечка сила на хероината.
  • Од Кристина Атанасова
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Опасното користење на приватните сексуални наративи на жените против нив
Приватните сексуални наративи на жените се користат против нив, дури и по смртта.
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мајката (не) знае најдобро
Родовиот јаз во обврските околу грижата и воспитувањето на децата и малата, (скоро непостоечка) поддршка на мајките.
  • Од Марта Стевковска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Синдромот на дифолт родител
Или со други зборови “Детето си бара мајка”
  • Од Симона Симјаноска Ивановска
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Дво децениски разговор помеѓу мајка и ќерка: Интервју со Кристина Атанасова од Main days
Ташната не е само моден додаток кој тежи, виси или го носиме со себе, ташната е олицитворение на нашите животи и активности, како и обидот да ги балансираме.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (прв дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на неколку девојки и жени од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „подобрите и попаметните девојки“ или Како да се искаже неискажливото
„На некоја друга жена ова никогаш не би ѝ се случило.“
  • Од Фросина Крушкаровска
  • КВИР, ФЕМ 101
Квир по дома: Здравствената криза и социјалната изолација наспроти потребата за заедништво
Ако за мнозинството социјалната изолација подразбира едноставно поминување повеќе време дома, кај квир лицата тоа може да значи буквално затварање во себе или „враќање во плакарот“.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Скриената неправда меѓу средношколските клупи
Со знаење и свест во борба против менструалната неправда и сиромаштија.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Библиотеките како простор и за квир заедниците“ – предавање во Националната универзитетска библиотека
Предавање на м-р Лени Фрчковска во НУБ на 1ви јуни, во 18 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: МКЦ
Да го зачуваме МКЦ!
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Премолчувањето на израелскиот колонијализам
Многу мејнстрим весници ги формулираа овие настани како „судир“ или „конфликт“ поради „иселувањата“, со наслови кои придонесуваат кон едно веќе добро познато јазично опкружување.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Во што веруваме?
Прашањето на спиритуалноста низ генерациите на едно женско стебло.
  • Од Калина Качоровска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пандемија во сенка
Не поминаа ни два месеци откако алармот беше вклучен, за веќе да можеме да ги увидиме иницијалните ефекти и фатални последици кои пандемијата односно изолацијата ги има врз жените во нивните домови.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ
Вита е спој на мојот интерест за културно наследство, антропологија, театар, фотографија и филм: Интервју со Филип Петковски
„Vita“ е мултимедијална изложба на Филип Петковски, која вклучува краток филм, авторски фотографии на Жарко Чулиќ, како и фотографии направени од непознати фотографи од првата половина на 20 век.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фестивал на менструација
Надминувањето на менструалната сиромаштија значи да се препознае нееднаквоста и за тоа да се зборува јавно.
  • Од Ангела Бошкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Протестен собир: Не сме безбедни!
Бараме одговорност од надлежните институции, бидејќи не се чувствуваме безбедно во своите градови:
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Апсурдноста на модерните вештерски кампови во Јас не сум вештерка (2017)
Што се случува кога мислењето на колективот ќе се земе здраво за готово, а молчењето како потврден одговор.
  • Од Радица Стојановска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пофалба на глупоста II
(Мет Волш, „Што е тоа жена?“, и вистината) 
  • Од Каи Гладкова
смешно
  • ФЕМ 101
Што е тука смешно?
Пред неполни две недели македонската јавност се разбуди во едно од најодвратните случаи на родово-базирано насилство во земјава—Телеграм групата Јавна соба, чиј опис уште поодвратно гласеше ,,дружење и зезањe''.
  • Од Елена Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Останаја работи за зборање – немаше на кој, освен на чупињата: Интервју со Prince$$ Donatsu
За приказната зад Битола, нејзините чупиња, трапот и феминзимот, Prince$$ Donatsu за Медуза. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Платена работа, заслужен одмор
Кон потребата да се има контрола врз сопственото тело, време и труд.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто не можам да престанам да размислувам на жените без деца?
Пред да добијам деца, никогаш не размислував за жените кои избрале да не станат мајки. Сега постојано размислувам за нив и ги забележувам насекаде. Имаат нешто што јас го барам, прозорец кон животниот пат што јас не сум го избрала.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Бидување заедно од дистанца
Одново ќе го откриеме средиштето на состојба на домување (condizione domestica). Ќе имаме можност, конечно, да го откриеме нејзиниот политички потенцијал, од каде што приватноста не е лишена.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Држете ги вашите бројаници подалеку од нашите јајници
Секуларноста е клучен (и моментално ранлив) дел од сложувалката на женското ослободување.
  • Од Нина Раповска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Куќата на соништата на Кармен Марија Мачадо
Избрани поглавја
  • Од Грација Атанасовска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram