Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се подготвиме за апокалипсата?
Кон романот ,,Време”од Џени Офил

Како што вели и самата писателка во гостувањето на овогодинешниот Интернационален Книжевен Фестивал во Единбург, најголем дел од романите кои пишуваат за климатските промени се категоризираат како постапокалиптични романи или научна фантастика.

Според неа, овие романи се служат со т.н. ,,екцентричен фатализам” (off-head fatalism), па наместо на читателите да им го доближат проблемот со глобалното затоплување и климатските промени, тие не само што ги одвраќаат, туку прават климатската криза да изгледа далечна и фиктивна во нивниот светоглед.

Главната дилема на Офил била токму таа – како да го доближи читателот до овој глобален проблем без притоа да звучи премногу проповеднички и моралистички. Па така, се решава да напише предапокалиптичен роман во кој кризата полека се надвиснува како темен облак над секојдневието на ликовите, а завршува пред навестениот потоп.

Во Време (Weather, Penguin Random House, 2020), Офил ја очовечува и здомува климатската криза преку вештиот избор на книжевна форма и нарација. Текстот во романот наликува на дневнички записи кои на нараторката Лизи ѝ даваат слобода да ги ,,истури” фрустрациите и грижите со напати мрачен, но остроумен хумор и искреност.

Позади хуморот и зајадливоста на Лизи се кријат нејзината анксиозност, инсомнија (,,Добрата работа ако си зависен од апчиња за спиење е тоа што не велат дека си зависен туку привикнат.”), страв од забрзувањето на деновите и патолошка емпатија поради која постојано се чувствува растргнато.

Растргнатоста потекнува од за жал добропознатиот судир помеѓу желбата за самоактуелизација и општествените улоги на ќерка, сестра, сопруга и мајка кои средината ги бара и очекува од неа. Покрај климатската криза, семејството, бракот и мајчинството се теми кои Офил често ги обработува во своите дела.

Лизи ги оставила студиите за да му помогне на нејзиниот брат Хенри кој е поранешен зависник од дрога и новопечен татко. Работи како библиотекарка на универзитет во Њујорк каде времето го поминува во читање бизарни факти и совети за преживување во апокалипсата која секој ден се чини се поблиску. Нејзиниот сопруг Бен докторирал во областа на класичните студии, а сега работи како дизајнер на едукативни видео игри и ги чита стоиците за доручек. Заедно имаат синче, проникливото прваче Илај.

На почетокот на романот, Лизи прифаќа да ѝ помогне на нејзината некогашна менторка Силвија со климатскиот подкаст Пекол и плима. Силвија бара од неа да пишува одговори на фаталните и параноични мејлови на нејзините слушатели иако Лизи се плаши дека нејзиниот живот и онака е преполн со такви луѓе.

,,Како последната генерација ќе знае дека е последна генерација?”, ,,Зошто да се грижиме за истребувањето на човечкиот род кога знаеме како завршува Библијата?”, ,,Како се најдовме овде?”, се само дел од вознемирувачките прашања со кои Лизи секојдневно се справува. Во меѓувреме, пробува да балансира помеѓу работата во библиотеката, должностите во домот и семејството (да поминува време со Илај и Бен, да го теши брат ѝ дека не е лош родител и да не му дозволи повторно да посегне по дрога, да ги слуша поплаките на отуѓената мајка која не престанува да зборува за Божјата добрина) и времето за себе (посетува курс по медитација на универзитетот).

,,Кој е најдобриот начин да ги спремам моите деца за престојниот хаос?” ,,Можеш да ги научиш да шијат, да се занимаваат со земјоделие, да градат. Сепак, техники за справување со немирен ум ми се чини најкорисно.”, одговара Лизи.

Во своите одговори, таа никогаш не се поставува како авторитет и сезнајко. Прашањата колку што ја прават параноична, толку и ја освестуваат за итноста на сеприсутната криза. Ја прават свесна за личната и субјективна комплексност во која е заглавен секој од нас, но и дека таа во голема мера зависи од комплексноста на објективната стварност.

Со нејзината патолошка емпатија и желба да помогне, Лизи ја деконструира грижата (уште една доминантна тема во романот) и ја вади од нејзиниот најпрво религиозен, а потоа патијархален контекст. Дејството во Време се одвива по изборите во кои победува Трамп, подемот на екстремната десница, неонацизмот, расизмот (,,Да набавиме пиштол?”, прашува Бен). Итноста која се насетува во Време се одвива пред нас додека ја читаме книгата во 2020. Грижата не е веќе наметната нужност за себе-оправдување, ниту пак останува отелотворена и запечатена за улогата на жената-негувателка. Грижата за блиските, за себе, за општеството, за природата се претвора во потреба и средство за преживување.

Affection, Agnes Martin

Кога размислуваме за глобалната политичка, економска или климатска криза, често заглавуваме со прашањето ,,Што можам да направам јас како поединец?” не сфаќајќи дека првиот чекор а да излеземе од таа претпоставена индивидуалност. Лизи со своето вмешување во туѓите животи нè тера да преиспитаме каде почнува а каде завршува нашето право и обврска да влијаеме врз другите луѓе? Колку им должиме на луѓето кои не ги познаваме, на луѓето кои ги среќаваме на улица, луѓето кои ја делат истата сегашност со нас, на идните генерации?

Можеби се сеќавате на докторот Руи од Чума (1947) на Албер Ками, дело кое доби нов бран на читатели ширум светот во екот на КОВИД-19. И покрај бројните неуспеси и жртви, Руи не се откажува од обидот да ги излекува заболените и да ја победи чумата. За него, тука не станува збор за некаков хероизам туку пристојност. Победата над вирусот за Руи е вршење на својата работа, продолжување напред, една форма на активен фатализам, спекулативен или пробен обид без очекуваната ефикасност. На чуден начин ,,пресметаниот” неуспех ѝ дава дополнителна слобода на Лизи.

Хероината на овој роман е далеку од пасивен набљудувач. Таа постојано бара начини како да го канализира немирот и паниката во акција без да очајува. Во Време нема простор за апатија и песимизам. Во женската далековидна библија која Лизи ја испишува има толку работи што треба да се завршат и толку луѓе на кои им е потребна нејзината грижа во овие неизвесни моменти. Единствениот одговор кој ќе го добиеме од неа е на крајот на романот е дека можеби е време да влеземе во замрсеноста на животот и да ја прифатиме итноста, да прифатиме дека реалноста е сепак активен глагол.

 

Gratitude, by Agnes Martin
НАПИШАНО ОД:
  • Душица Лазова
  • Душица Лазова
  • September 18, 2020
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто разводот е добар?
За децата и родителите е подобро да живеат среќно и разделено, отколку несреќно и заедно.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ирена Цветковиќ
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нашите приказни се важни!
Денес, 17 Мај, Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија, интерсексфобија и трансфобија, го прославуваме со кампања под глобалното мото: „Да ја прекинеме тишината!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • Uncategorized, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Демнење: Кога контролата и непосакуваната близина стануваат демнење?
Клучно во спречувањето на демнењето е препознавањето на моментот кога истото започнува
  • Од Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Скриената неправда меѓу средношколските клупи
Со знаење и свест во борба против менструалната неправда и сиромаштија.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Голото селфи како нова уметничка форма
За многу жени-уметници, создавањето на сопствениот разголен приказ станува начин за реапроприација на стереотипната слика на жената од машките традиции на историјата на западната уметност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безусловни почетници
Оваа книга не е совршена, но е совршен обид во борбата за еден можен феминистички свет.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто „Фурам феминизам“?
 Не што е наше, ама е златно девојче
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Бидување заедно од дистанца
Одново ќе го откриеме средиштето на состојба на домување (condizione domestica). Ќе имаме можност, конечно, да го откриеме нејзиниот политички потенцијал, од каде што приватноста не е лишена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што всушност се случува кога една земја го забранува абортусот
Романија под Чаушеску создаде дистописки хорор од пренаселени, нечисти сиропиталишта, додека илјадници жени починаа од "абортуси по подруми".
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
7 месеци мојот живот и траума лежат во фиока во обвинителство
Сведоштво на гевгеличанката чии фотографии се споделувале на „Гевгелија Хаб“
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
Проблемот кој нема име
Извадоци од поглавјето од книгата Женската Мистика (The Feminine Mystique, 1963), Бети Фридан
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Забраните за абортус ги одземаат човековите права. Еве зошто мораме солидардно да застанеме против нив
Владите мора да го прошират пристапот до безбеден, легален и достапен абортус и контрацепција за сите луѓе. Не само што тоа е хуманиот начин, туку е и државна обврска според меѓународното право.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Најдобрите изложби во САД кои ја прославуваат 50-годишнината од Стоунвол
Од Њујорк до Бостон и Хјустон, подолу се дел од ликовните изложби низ САД кои го слават Stonewall 50.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА
Терапија- нов простор за развој на независната културна и клупска сцена
Ве повикуваме на колективно дејствување на електронската музичка заедница.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да ги украдеме женските митски ликови
Со своето (женско) препрочитување на ликовите на Пенелопа и Деметра, Кавареро ги ослободува од стисокот на патријархалното имагинарно
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Крчкај си на тивко
За феноменот психолошка манипулација (gaslighting)
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Кристина Ивановска
  • ФЕМ 101
Лажните вести и квазиинтелектуалниот хетеросексизам на Венко Андоновски
Во општеството каде авторитетот на машкиот интелектуалец се смета за извор на апсолутна вистина, навистина не е мала работа еден професор кој има илјадници читања на своите колумни, да пишува написи базирани на лажни вести и застрашувачки репрезентации на ЛГБТИ заедницата.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
“Бенд со женски вокал” не е факинг музички жанр!
Навистина сакам да ги имам одговорите или брзо решение за тоа како да создадеме еднаква репрезентативност помеѓу мажите и жените во музичката индустрија, но тоа е нешто што ќе треба време да се промени.
  • Од Игор Јадровски
  • ФЕМ 101
Чувајќи ја Франка: Работа околу нега и грижа за време на Корона
Добивањето нега не би требало да биде само луксуз за богатите и повремен комфорт за средната класа, туку пристапна до сите деца и родители. Истовремено, работниците на грижа и нега би требало да се ценети и, се разбира, добро платени.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шира и моќта на различноста
Серијата може да ја гледате сами или со деца, погодна е и за големи и за мали, а особено за сите девојчиња кои растат и имаат потреба да се најдат себеси во активна улога која значи нешто за подобрувањето на светот или општеството во кое живеат.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време на жените
Грижата за локалното, за она што го гледаме пред себе, за оние кои се близу до нас и сакаме да ги заштитиме е вистинската мотивација и движечка сила на хероината.
  • Од Кристина Атанасова
  • MЕДУЗА TV, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сексуалните малцинства, родот и медиумите
Медиумските дискурси не се огледало, туку активни креатори на нашата реалност.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Личностите пред мојот објектив ме запознаваат со сама себе: Интервју со Лилика Стрезоска
Приказна за портретната фотографија, селењето од Скопје во Берлин, изолацијата и пријателството.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жртвите се множат, додека институциите тивко потфрлаат
ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА НА ЖЕНИ-АКТИВИСТКИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД БАЛКАНСКИОТ РЕГИОН ЗА РОДОВО-ЗАСНОВАНОТО НАСИЛСТВО НА ИНТЕРНЕТ
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Дисциплина на гладот
“Таа е без сила, несексуална и безгласна, и само со тешкотија може да се фокусира на светот кој се наоѓа надвор од нејзината чинија. Жената во неа е убиена. Таа скоро и да не е таму.”[1]
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Принтот не е мртов
  • ФЕМ 101
Причините зад криминалното однесување на жените наспроти апсурдите во застарените македонски учебници
Реалниот живот покажува дека во голема мера кривичните дела на жените се поврзани токму со домот каде се случува насилство, постојат традиционални очекувања од жената и/или виктимизација.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од вон. проф. д-р Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Повеќе од нашата работа
Приказни за работата во пандемија, повредите на работничките права, и солидарноста, наспроти продуктивноста, како централна вредност врз која треба да ги градиме нашите релации.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram