Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се родиш повторно?
(опсесијата на поп-културата со новиот почеток)

Смислувањето нова нарација за себе станува културна норма во втората деценија од овој милениум. Тоа долго се чинеше невозможно – старлетата и убавата талентирана млада жена мораше да се (само)уништат или да умрат (социјално или биолошки) за конечно да бидат сфатени како симбол на времето во кое живеат: како културна икона. Беше тешко да се замисли општество што ќе ѝ овозможи на жената да го реосмисли својот живот по завршен брак или завршување на кариерата. Заедница поради која жената не мора да се фрли под воз. Ана Каренина, на крајот, сепак го прави тоа што го очекува еден цел социјален круг – таа мора да исчезне, да се убие.

Денес, преминати од другата страна на горчината, по темите за дисоцијативен феминизам, од една, и girl boss естетиката, од друга страна, жените сѐ повеќе се соочуваат со фактот дека нивниот најголем страв е веќе остварен. Ниту исцрпувањето на новиот феминистички бран (по Me2 и Time’s Up движењето) не можеше да дојде во полошо можно време при враќањето на десничарските изблици во Европа и во Америка.

Во својот роман „Како да се спаси сопствениот живот“, 1987, Ерика Јонг напиша хероина од Менхетен која спакувана во три куфери го напушта здодевниот и несреќен брак. Бегството на хероината Исидора Вајт е невротично именувано, како и самиот обид за нов живот на младата жена во почетокот на своите триесетти години. Неколку децении подоцна драматичниот нов почеток станува судбина за секоја модерна жена што во ова време на несигурност мора да си го реосмислува животот за да го спаси. Ким Кардашијан и семејството ја одржуваат славата (а со тоа и богатството) преку камелеонскo адаптирање на новите културни измислици и постојано реосмислување на својот изглед и идентитет. Тие ја продаваат идејата дека ние сме нашите естетски избори. Секое ново ребрендирање на својата персона е најавено со нов маж, нов продукт, нова фотосесија или пост на „Инстаграм“. Меган Фокс конечно се враќа на културната поп-сцена откога беше отфрлена и од мејнстрим-публиката и од феминистките. Меган Маркл докажа дека е возможен животот по семејство во монархија наспроти судбината на принцезата Дијана, мртва, симболично и трагично заглавена во тунел како жртва на семејството на поранешниот маж и на јавноста. Таа немаше никаква шанса за нов живот.

Што можеме да научиме ние за нашите втори животи? Што следува за жената која се преморува од работа, од борбата за еднаквост, личните разочарувања и од бесполезното изложување на токсичните pinkwashing идеали? Како таа да се прероди?

Пишување нова нарација за себе

Кога се чувствувам добро, пишувам во својот дневник. Имам нешто да споделам сама со себе, да направам план, да „се средам“. Сѐ што имам му должам на белиот лист хартија затоа што токму оттука почнувам. Немам ништо друго освен мислите и идеите што ми се вртат в глава. „Водењето дневник подразбира имање надеж“ (Ерика Јонг, 1987). На некој начин тоа е и трезвено рекреирање на секојдневните случувања и доживувања. „Во дневникот не само што се изразувам поотворено отколку пред некоја друга личност – туку јас се креирам“ (Сузан Сонтаг). Кога пишуваме за нас, се сведочиме себеси, се гледаме од перспективата на трета личност (која сепак е наша). Интерната експресија е начин да се биде искрена при пишувањето нова нарација за себе: „Не само што ги забележувам моите секојдневни случувања од животот, туку – во многу случаи – нудам алтернатива за нив“ (Сузан Сонтаг).

Што значи да се води дневник? Да се пишува за она што се случува и да се пишува она што ни се случува! Помеѓу статистичкото документирање и евидентирање на својот живот и психоаналитичкото расчленување на стравовите и желбите – Луис Буржуа, уметница, своите дневници ги води компулсивно, како и својата уметност. За Буржуа, дневникот е простор за психоаналитичко чкртање. Ја третира својата психа како своите скулптури – уништување, кинење, деконструкција, расчленување на материјалот/мислата, а потоа составување, шиење, заковување, реконструирање. Во уметноста, како и во дневниците, Буржуа се повикува на своите сонови, сеќавања, стравови. Уметноста е поправка. Начелно, насилството е единствениот предуслов за создавање. Празниот лист хартија е заеднички простор на нашата дуалност: расчленувачот и расчленуваниот, насилникот и жртвата, јас кое набљудува и јас кое дејствува. Ликот на девојка што пишува во својот розов дневник со пердувесто пенкало, легната на стомак со кренати нозе е екранизиран доволно пати за да сфатиме дека нема ништо поопасно од девојка со план.

Уметниците се пресоздаваат преку својата работа затоа што таа е лична и силно го рефлектира внатрешниот свет. Современите икони од поп-културата го користат својот изглед (шминка, облека, коса, додатоци) како доказ за нивната нова етапа.

Падот на girl boss естетиката

Во пишувањето за нас и нашиот живот, продуктивно е да размислиме од каде доаѓаме и да го самоанализираме нашето јадро за да можеме да продолжиме понатаму. Што значи јас, што значи да бидам жена, што значи моето јас наспроти мојата професија, која е мојата улога во заедницата?

„Во светот на женскоста, каде што имав право на државјанство, јас бев странец“, Рејчел Каск, пишува како ќерка на двајца емигранти кои се надевале да постигнат асимилација преку втората генерација: „Она што го живеев како феминизам беа, всушност, машките вредности кои моите родители, меѓу другите, најдобронамерно ми ги оставија во наследство – кросдресинг вредностите на мојот татко и антиженствените вредности на мајка ми“. Каск сака да допре до неоткриениот дел на својот пол, спротивен од присвоената дефиниција на своите родители за еманципирана жена – научениот и доминантно машки капиталистички свет. Таа трага од другата страна на културата (можеби кон митот) кога се прашува што значи да се биде жена или што значи да се биде феминистка: „Немаше ништо, како жена, што таа можеше да ни остави во аманет, ништо да пренесе од мајка на ќерка освен овие разводнети машки вредности“ (Рејчел Каск, 2019).

Girl boss естетиката е пример за ваквото копирање на модел на доминантно машки капиталистички вредности што освен неколку потрошени фрази не нуди никакво реално решавање на проблемите со кои се соочува жената. Не е доволно повеќе жени да бидат на позиција на капитална моќ, кога илјадници маргинализирани жени секојдневно живеат во насилни средини под заканата од фемицид, без право на абортус, со нееднаква плата. Ваквиот pinkwashing го доведува феминизмот до произведувач (но и продукт) на мејнстрим-консумеризмот. Зад girl boss движењето стои силна маркетинг-моќ и финансиска заднина како закана на заедничката битка да ѝ се овозможат права на секоја жена. Затоа сѐ повеќе се повикува феминизмот да биде интерсекционален и радикален со конкретни и систематски чекори за редефинирање на новиот бран.

Во време кога Ким Кардашијан изјавува за Variety дека проблемот е што на никој повеќе не му се работи: „крени го задникот и работи“, додека професионалното е веќе премногу напластено на нашиот личен идентитет, се повикувам на зборовите на Тони Морисон: „Ти не си работата што ја работиш, туку личноста која си.“ Од кога почнавме да се опседнуваме со работа и дозволивме таа да нè вреднува?

Блиска иднина

Онлајн можат да се најдат плејада генерични совети за тоа како да почнеш од почеток во секој стадиум од животот. Совети што можат да му помогнат секому или никому. Дали навистина пинувањето на Пинтерест слики, that girl и girl boss естетиката, продуктивните утрински ритуали е желба за токму ова – спасување на нашите сопствени животи во време на несигурност, ирационални структури, мртви идоли и погрешни авторитети? Естетиката станува средство за да се спаси жива глава. Да го осмислиш својот живот повторно во време на силно напластени културни референции, индивидуалноста е хендикеп („The Extreme Self“, 2021) и е заменета со алгоритам – зарем тоа не нѐ прави продукти?

„Размавни со крилјата и полетај наместо да се опседнуваш со иднината“ (Ерика Јонг, 1987). Откога мојот живот ненадејно се смени и летото ми помина магливо, во еден миг, оптоварувајќи се со мисли за мојот идентитет, оваа есен ми донесе ново видување. Често знаеме да се проектираме (или манифестираме) себеси во некое дадено сценарио што мислиме дека го сакаме или треба да се случи во одреден период од животот. Но реалноста е дека најубавите работи што ми се случиле, не сум имала доволно богата фантазија за да ги предвидам или посакам за себе. Ако повеќе се грижиме за иднината на нашата заедница отколку да се опседнуваме со нашата лична, можеби ќе си дадеме можност да тргнеме по нов пат. За индивидуалната иднина што нè плаши знаеме многу малку. Постои нешто егоцентрично и нарцисоидно во опседнувањето со иднината и обидот да се предвиди. Да се замислуваш себеси како уметничко дело и да сметаш дека иднината и духот на времето ќе пресудат дека некогаш си била во право? Кога на времето и на нашите години им даваме некаква компетентност – стануваме роб. „Го истражував животот, не го живеев“ (Ерика Јонг, 1987). Веќе сум родена, веќе сум почната. А, иднината е следниот момент.

НАПИШАНО ОД:
  • Кристина Атанасова
  • November 8, 2022
  • ФЕМ 101
Што направивме: Краток осврт на една година Медуза
Пред точно една година во јавниот простор се појави Медуза со првиот текст „Феминизам, јас и ти“, но всушност Медуза во мојот живот се појави пред точно две години.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Борбата за егзистенција на текстилните работнички
Па и овоа време-невреме, со оваа корона шо нè фати, со пусти страх идам на работа, од дека пари за живеачка, не па за лекови на болниот ми сопруг...Толку ми се плаче дури да се дерам на глас ама стиснам заби и ќутам.
  • Од Ена Бендевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Повеќе од нашата работа
Приказни за работата во пандемија, повредите на работничките права, и солидарноста, наспроти продуктивноста, како централна вредност врз која треба да ги градиме нашите релации.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Јас одлично готвам и Сашо Тасевски повторно не е во право
Ако не се јаде летна манџа, тоа е исто како да не се јаде воопшто.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дискреција и затајување: За митот на менструацијата
Кога нормална телесна функција спречува една индивидуа да оди на училиште или на работа или кога менструацијата претставува сериозни здравствени ризици поради недостапноста на производите, огласувачите треба да дојдат до следново „откритие“: дека тие жени не треба да гледаат среќни фигури во тесна бела облека и скокање покрај плажа.
  • Од Пелин Балабан
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, ФЕМ 101, ФИЛМ
Смртта и животот на Марша П. Џонсон (The Death and Life of Marsha P. Johnson)
Во име на месецот на гордоста и #BlackLivesMatter протестите, да се едуцираме за личностите кои го посветиле својот живот на борбата за ослободување.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како да се борам за подобро утре, кога веќе не ни верувам во утре?
Ода за откажувањето, автодеструкцијата и потрагата по надеж.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Противотровот на нашата егзистенцијална беспомошност
Ник Кејв за тоа како да ги исполниме нашите животи со величествена смисла.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС 1
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кога домот не е безбеден
Голготата на жртвите на родово-базирано насилство кои одлучуваат да го напуштат домот и да останат без покрив над глава со цел да се спасат од насилникот.
  • Од Марта Стевковска
  • ФЕМ 101
Капитализмот има свои ограничувања
Џудит Батлер за пандемијата COVID-19 и нејзиниот растечки политички и социолошки ефект во Америка.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Бев сексуално нападната и зошто не се плашев да зборувам за тоа
„Молчи, не кажувај“, „Машките ќе си бидат машки“, „Срамота е, не се глупирај!“ и ред други изговори се едни од најчестите причини, покрај стравот, зошто жртвите на сексуално насилство не пријавуваат и не преземаат ништо.
  • Од Дамјана Видическа
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Платена работа, заслужен одмор
Кон потребата да се има контрола врз сопственото тело, време и труд.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родителската поддршка: мост помеѓу хетеро и квир луѓето
За тоа колку јавната поддршка од родителите на квир деца е истовремено контроверзна, субверзивна и неизмерно потребна сведочат реакциите и вниманието кое го доби жената која држеше транспарент „Горда мајка!“ на Парадата на гордоста во Скопје во 2019.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Деветтиот по ред Викенд на гордоста Скопје ќе се одржи во периодот од 2-9 јуни, во Музејот на современа уметност, КСП ЈАДРО и кафе барот Шортбас.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд – Една година подоцна
Какво беше искуството и што е следно?
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Да се биде жртва на говор на омраза 
Жртвите на говор на омраза често имаат многу помалку моќ од личностите на политички функции и се обични граѓани кои едноставно припаѓаат на одредена идентитетска група.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нешто е гнило во УКИМ – забележани сигнали на сексуално насилство, но владее правило на молк
„Приказните се тие. И тешки и сурови и дел од нив (пре)чести.“
  • Од Ивана Смилевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време е за ранливи суперхерои
Несовршеноста, емотивноста, прифаќање на грешките и стравот од напуштање се легитимни состојби и карактеристики, дури и за еден суперхерој.
  • Од Билјана Кочоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Косовските демонстранти бараат да се преземе акција по силувањето на 11-годишното девојче
Според Мрежата на жени во Косово, над 70% од случаите на сексуални напади и силувања во земјата се врз малолетни девојчиња.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Три книги „за момчиња“
Три приказни што на различен начин ги критикуваат насилните аспекти на воспитувањето момчиња.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Целосната еманципација на жената било неотстварено ветување во социјалистичкиот контекст
Интервју на Славенка Дракулиќ со унгарската научничка која напиша книга за феминизмот во Југославија
  • Од Коалиција Маргини
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Спокојното поврзување на телото и просторот
Ве запознаваме со Ивана Јовановска, поетеса од Скопје која се занимава со прашањето на телото и просторот (кон внатре и кон надвор) каде тоа се развива, боли, се бунтува...
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Колку вреди неплатениот труд на жените?
Како да му објаснам на мојот 3 годишен син дека „на мојот компјутер нема цртан и мама праќа меил“? Честопати незавршената работна задача подразбира останување доцна во ноќта, за да се доврши несработеното.
  • Од Тања Стоименовска
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд 2021 низ фотографии
Галерија од Соња Ставрова и Наташа Величковска
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
BLM лектири
Не е доволно да не сме расисти. Мора да бидеме антирасисти.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безусловни почетници
Оваа книга не е совршена, но е совршен обид во борбата за еден можен феминистички свет.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Низ уметничките соработки ги преобликуваме начините на тоа како (можеме да) живееме заедно
Интервју со кореографката и изведувачка Викторија Илиоска по повод премиерата на нејзиниот нов танцов перформанс „Ми треба ново тело“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жени кои ја зеле правдата во свои раце
Од Сестринствата во Шангај до Окупа во Мексико, ова се групите жени низ историјата, кои се обиделе да се оттргнат од идејата за полициска заштита и наместо тоа, на насилството одговориле на свој начин.
  • Од Благица Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Апатичноста кон насилството против жените е загрижувачко и неприфатливо
Како да постапиме со фактот дека под секоја медиумска објава за родово базирано насилство, нашата јавност едногласно вели „таа самата си е крива“?
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram