Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за родовобазирано насилство
Денешната форма на медиумите, не е само класична, туку сноси моќ и одговорност.

Медиумите играат клучна улога во начинот на кој се портетира родово базираното насилство. Јазикот, терминологијата и контекстот преку кој се пренесуваат детали во однос на родово базираното насилство ги детерминииррат јавните наративи околу насилството, но уште поважно влијаат врз жртвите: охрабрувачки или обесхрабрувачки. Неказнивоста кога станува збор за родово базирано насилство проследена со обесхрабрувачки тон од јавноста директно влијае врз сигурноста која жртвите би ја чувствувале за да го пријават злосторството. Одговoрноста која медиумите ја сносат се потпира на пристапот и нивното (не)активно ангажирање на покривање на вакви теми кои во минатото биле послабо покриени и табуизирани во Македонија. Родово базирано насилство е пандемија во сенка која се поттикнува од културата на тишина, негирање на сериозноста на системските нееднаквости и патријахални вредности кои доведуваат до насилство.

Во однос на тоа како се известува, односно се зборува во јавноста за родовобазирано насилство, можеме да кажеме дека генерално постои одреден напредок. Но, тоа е затоа што порано оваа тема била комплетно на маргините и слабо покриена, односно не била дел од мејнстим медиумите. Ова е значајно да се напомене, бидејќи присутноста на одредена тема во јавниот простор придонесува до подигнување на свеста околу едно социјално прашање. Најочигледно и неодамна преку случајот Јавна соба може да ја увидме разликата за тоа колку се известува во врска со родовобазирано насилство, специфично дигиталното сексуално вознемирување и злоупотреба на податоци. Случајот Јавна соба првпат беше нотиран од јавноста во јануари 2020, но повторно се акутелизираше во 2021. За жал трендот на злоупотреба на лични податоци и сексуално уценување, доби Балкански контекст, Јавна Соба не беше единствен случај ни во Македонија, ни во регионот. Тоа предизвика случајот Јавна соба да има меѓународно влијание додека дигиталното сексуално насилство се прелеа во регионот.

Граѓанското организирање и активно следење на случајот придонесе до креирање на јавен притисок кој институциите мораа да го адресираат. Платформата за родова еднаквост побара од ОЈО да соработува со Обвинителствата од регионот за да целосно расчистување на случајот. При анализата на онлајн достапните медиумски записи, она што е позитивно да се нотира дека повеќето од репортажите имаа истражувачки пристап, не само насочени известувачки за фактичката состојба, имајќи повеќе од два извори и изјави од релевантни ентитети. Но, тоа може повеќе да се нотира во 2021 кога повторно се актуелизраше случајот поради организираниот пристисок од граѓанскиот сектор, првентствено од Платформата за родова еднаквост. Според насловите во однос на покривањето на случајот Јавна соба, најпокриен медиумски настан е кога Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица на возраст од 32 и 21 година, товарејќи ги за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија, предвидено во член 193-а став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

 

– Што се појавуа кога ќе се пребара Јавна Соба на Гугл –

Во 2021, во периодот кога има засилена медиумска поддршка, одредени медиуми низ нивниот истражувачки и аналитички пристап проднесуваат кон актуелизирање на општествениот импакт од случајот Јавна соба. На пример, истражувачки стории нотираат на тоа дека: ‘’Непостапувањето на МВР согласно според правила и закони, им дава до знаење на жртвите дека не можат да очекуваат заштита, а сторителите ги мотивира да продолжат бидејќи знаат дека нема да бидат санкционирани’’ – вклучувајќи во нивните анализи екперти од полето на човековите права. Додека пак, иако анализираме онлајн медиуми, значајно е да се напомене дека обработка од страна на традиционалните медиуми, кои се уште имаат голема гледаност дозволува овој тип на вести да стигнат до поширокото население, не само оние кои се директно засегнати или се занимаваат со оваа тематика и будно ги следат информациите. Без разлика на тоа како институционално се процесираше овој случај, кој без медиумскиот и јавниот притисок немаше да има реакакции од страна на инстиуциите, знајчано и позитивно во овој случај е тоа што придонесе кон охрабрување на други жртви да зборуваат отворено и нивниот глас да биде чуен. Високата медиумска покриеност на случајот Јавна соба, укажа дека има простор од обработка на теми поврзани со родовобазирано насилство, но исто така и дека има простор за унапредување на начинот на кој се известува. За споредба, при анализа на случајот на фемицид во 2018 година во Мала Речица, повеќе објави имаат чист известувачки пристап, без никаква општествена анализа или истражувачки пристап на темата. Фемицидот е најтешка форма на насилство врз жени и може да биде директна последица на домашно насилство или интимно-партнерско насилство. Во 2018, во октомври, во Мала Речица се извршува фемицид од страна на сопругот на жртвата. Според достапната онлајн архива, има 48 медиумски објави од кои 17 објави не се повеќе достапни за јавноста според тоа како медиумите индивудиално ги архивираат вестите од изминатите години. Во ниедна од објавите не се користи терминот фемицид, повеќето само директно известуваат во 1 параграф технички што се случило, нагласувајќи дека убиецот е во бегство и ја пренесуваат изјавата на Јавното обвинителство на Република Македонија, дека ќе покрене истрага/постапка.

Осомничениот А.К. делата ги извршил на 14 октомври 2018 година во периодот од 22 до 23 часот во Мала Речица, со пиштол што го поседувал без дозвола, а со кој ја убил неговата сопруга Х.К.( 52 ) и се обидел да го убие Р.Џ.( 50 ) од Мала Речица.

Неколку, односно, 5 медимуски објави се занимаваат со повеќе детали, поврзани со самиот случај, начинот на кој се извршило убиството и детално по која одредба ќе биде претставено кривичното дело како „убиство“, „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Тука од страна на новинар(к)ите е испуштена можноста да се доистражи случајот и да се додаде специфичен контекст. Тоа би можеле да го направат преку кратка aнализа на тоа кој по ред случај на убиство на жена е тоа во 2018, да додадат на крајот од текстот СОС број за жени жртви од насилство и нивна поддршка. Само месец дена пред тоа, во септември 2018 е објавен извештајот Анализа на случаи на фемициди – убиства на жени во Република Македонија, кој укажува на состојбата на фемицидите. Дополнителен значаен и не искористен контекст, е следната ифнорамција цитирана од анализата:

Во повеќе од 80 проценти од случаите убиството се случило во заедничкиот дом или доколку била отпочната постапка за развод, во домот на родителите на жртвата. Овој факт нè носи кон заклучок дека жените во Македонија се најнебезбедни во својот дом.

И уште поспецифично, бидејќи според случајот во Мала Речица, сторителот не поседувал дозвола за огнено оружја, анализата дополнува: Најчесто користено оружје за извршување на убиството е огнено оружје – пиштол. Само во мал процент сторителите поседувале дозвола за оружје.

Мора да се потенцира дека родовобазираното насилство се јавува во различни форми – како општество ние сè уште учиме кои се тие и на кои начини се манифестираат. Јавна соба е форма на дигитално сексуално вознемиурвање и уценување, а пак случајот во Мала Речица е фемицид. За соодветно медиумско покривање на теми поврзани со родовобазирано насилство потребно е новинарско анагажирање пред сè за да се научат правилните термини, дефиниции и потоа да се искористи потенцијалот на застапување преку медиумите. Денешната форма на медиумите, не е само класична, туку сноси моќ и одговорност. Додека од една страна денешните медиуми се соочуваат со дополнителни предизвици, како високата компетитивност и лажните вести, социјалната одговорност како компонента не смее да биде oставена на страна. Во самата уредувачка политика, треба да постои отвореност и ангажираност кон поддршка на новинар(к)ите да ги унапредат своите знаења, особено кога станува збор за родовобазиранотo насилство и неговото известување. Граѓанските организации, професор(к)и и институти, креираат достапни алатки кои можат да помогнат при поддршка на новинар(к)ите, но без структурно унапредување на улогата на медиумите, тоа е само еден подвиг, а не целосната промена која е и повеќе од потребна.

Новинарите при известување за РБН треба секогаш да внимаваат да имаат доволно кредибилни информации за да ја пренесат сторијата, поткрепени со изјави од соговорници, официјални изјави од институции. Во известувањето за вакви случаи треба да се внимава да не се користат сензационалистички наслови, изјави и информации, како и да се избегнува секундарна виктимизација на жртвите. Надполнување на текстовите со истражувања и анализи, може да ја посочи јавноста на потребата од активно следење на родовобазираното насилство. Овие објави можат да содржат и охрабрувачки наратив, со корисни информации како СОС линија.

Низ оваа кратка анализа на два случаи може да се укаже на потенцијалот кој го сносат медиумските објави при јавно достапните информации во врска со родовобазираното насилство, како да се охрабрат жртвите да пријават и како потенцијалните жртви да препознаат предупредувачки знаци. Известувањето не е само пренесување на информација, туку ангажирано менување на општествениот однос, кој за жал, го нормализира насилството.

 

 

 

 

 

Јавно достапни ресурси за новинар(к)и:

„Водичот во терминологијата за родово базирано насилство за новинари и медиумски работници“ – Авторки: Елена Димушевска, Зурија Саит и Наташа Доковска

“Модули за зголемување на медиумската писменост за родово базирано насилство и насилство врз жените и девојките” – Авторка Марина Тунева

„Прирачник за родово сензитивно известување во медиумите“  –  Aвторки д-р Марина Тунева и Ана Аврамоска Нушкова.

 

 

 

Користена литература:

Representation of Gender minority Groups in Media: Serbia, Montenegro and Macedonia, 2015 . Ilić, T. R., Koteska, J. & Ljumović,
Медиумите, граѓаните и интеркултурните комуникации“ – Марина Тунева

 

 

 

„Оваа сторија е објавена во рамките на регионалната програма “Имплементирање на норми, менување на ставови,” финансирана од Европската Унија и имплементирана од UN Women“.

НАПИШАНО ОД:
  • Сара Миленковска
  • July 29, 2021
  • КУЛТУРА
Песна на годината: Anna Wintour од Azealia Banks
Нашата омилена вештерка е веројатно првата која најумешно го подготвува и развива рецептот за вистинската форма и пропорција на најделикатесниот микс на хаус и хип-хоп.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се подготвиме за апокалипсата?
Кон романот ,,Време”од Џени Офил
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Евоцирање на спомени од Прво па женско 2019
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
IN-YOUR-FACE КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ: Кон отворањето на првата самостојна изложба „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска
Со изложбата „Ова објективизирано тело“ се отвори седмиот по ред Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржа во просториите на МКЦ од 9 до 12 мај, 2019 година.
  • Од Мања Величковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.
  • Од Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Совршена жртва“
И јас бев тинејџерка која одеше на забави, но за среќа јас немав свој Брет Каванау
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Одисеј и Пенелопа или Одисеј и Партенопа: аспекти на романот „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ
Феминистичко читање на ликот на Вдовицата преку симболиката на Партенопа и лисицата.
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бел хукс: „Нашата прва љубов е љубовта кон себе“
Плодната писателкa, мислителка и теоретичарка дискутира за љубовта кон себе и за тоа како искрено да ја процениме сопствената вредност.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС 1
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • ФЕМ 101
Збор на годината: Согласност
Се надеваме дека во 2019 ќе почнеме да ги гледаме плодовите од дискусијата за сексуалната согласност!
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Искра во борбата против домашното насилство: Интервју со Анастасија Младеновска
Автобиографска приказна за борбата на едно девојче.
  • Од Ива Станојковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Летање змeјови
Слободата е концепт кој дозволува и бара да се трансформира и надградува.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Втор дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што е тоа согласност?
Kако неинформираното разбирање на согласноста влијае врз жртвите и сторителите.
  • Од Бојана Стевановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (втор дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на тројца млади луѓе од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали Академијата мисли дека филмот Little Women се режираше сам?
Време е да се фрлат номинациите за Оскар оваа година директно во оган.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Интерсекционалноста и улогата на родот во книгата „Седумте мажи на Евелин Уго”
Евелин е жртва на сексизмот - од страна на големиот Холивуд. Евелин е жртва на патријархатот, за кој жената е секогаш виновна, дури и кога молчи.
  • Од Ивана Цилевска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Безбедниот абортус е основна здравствена заштита – и точка!
28 септември – Меѓународен ден на безбедниот абортус
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тамара Стојаноска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Да се биде жртва на говор на омраза 
Жртвите на говор на омраза често имаат многу помалку моќ од личностите на политички функции и се обични граѓани кои едноставно припаѓаат на одредена идентитетска група.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Очекуваме ослободителна пресуда за Пале Илоска
Со оглед дека непостапувањето на надлежните органи е една од главните системски слабости во справувањето со семејното и родово базираното насилство, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе инсистира на одговорност од инволвираните полициски службеници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Човечноста и отпорот на Тони Морисон
Лесна ли ќе и биде земјата на Тони Морисон, тешката земја на овој свет повторно втурнат во стапицата на омразата?! - запрашува Ивор Мицковски во новиот текст за Дојче Веле.
  • Од Ивор Мицковски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тања Милевска
  • КВИР, ФЕМ 101
Лудиот астронаут со родово-квир пресврт
Квир телото како место на можности и отпор во расказот „Да и Гомора“ на Семјуел Делејни
  • Од Душица Лазова
  • Uncategorized, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Демнење: Кога контролата и непосакуваната близина стануваат демнење?
Клучно во спречувањето на демнењето е препознавањето на моментот кога истото започнува
  • Од Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женска самоодбрана: историја, теорија и пракса
Доживувајќи ги позитивните промени од моето искуство со часови по самоодбрана, решив да го истражам влијанието и историјатот на концептот на женска самоодбрана.
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
Можна ли е достоинствена дигитална интимност?
Потребно е како нација да научиме како правилно да ја уважуваме интимноста, и како правично да ги казниме злосторниците кои ги загрозуваат жените.
  • Од НИКОЛА ДОНЕВ И РАДОВАН СПИРИДОНОВ
  • ФЕМ 101
8 март 2019 низ фотографии
Што се случуваше на Меѓународниот ден на жената во градовите низ Европа
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колку е безбеден јавниот простор за жените?
Поради чувството на небезбедност жените се принудени да трошат повеќе време да стигнат до посакуваната дестинација или да потрошат повеќе пари, доколку од страв да пешачат сами, решат да стигнат до посакуваната дестинација со автобус или такси, иако автобусите и такси возилата се исто така места каде што повторно жената може да искуси некаква форма на родово-базирано насилство.
  • Од Марија Ангеловска
  • ФЕМ 101
МВР ме прави огрочена и лута
Полицијата никогаш во минатото не била клучна во оваа борба, па баш затоа е тешко да се замисли дека некогаш во иднината би можела да биде
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
“Бенд со женски вокал” не е факинг музички жанр!
Навистина сакам да ги имам одговорите или брзо решение за тоа како да создадеме еднаква репрезентативност помеѓу мажите и жените во музичката индустрија, но тоа е нешто што ќе треба време да се промени.
  • Од Игор Јадровски
  • ФЕМ 101
Ментален товар
Менталниот товар е продукт на вообичаеното организирање на едно просечно домаќинство во кое еден од партнерите, обично жената, има улога на „микро-менаџер“.
  • Од Мартина Стојковска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram