Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за сексуално насилство
Интервјуто на Информер треба да се разбере како симптом на насилна патријархална култура која глорифицира сексуално насилство.

Пред речиси еден месец, српскиот таблоид Информер објави контроверзно интервју со осудениот сериски силувач Игор Милошевиќ. Интервјуто предизвика бурни реакции од јавноста и бројни феминистички протести во Белград против таблоидот. Протестите се главно организирани од неформалниот феминистички колектив Женска солидарност и продолжуваат дури и неколку недели по објавеното интервју. Милошевиќ беше повторно уапсен по неговото јавно излегување бидејќи се заканувал на новинарките на Информер. Интервјуто со Милошевиќ е сѐ уште достапно на ЈуТуб каналот на Информер и има над половина милион погледи.

На нивниот Инстаграм профил Женска солидарност пишува дека ова интервју шири страв, понижува и трауматизира жени. Колективот излезе со конкретни барања околу овој инцидент, барајќи интервјуто да се избрише и тргне од социјалните медиуми и владата да престане да дава средства од јавниот буџет на медиуми кои известуваат за насилство против жени на сензационалистички и трауматски начин. Организацијата исто така бара да се воведе регистар на силувачи и да медиумите го почитуваат професионални насоки и кодексот на новинари при известување на вакви теми. Иако овие барања сѐ уште не се исполнети од страна на српската влада, енергијата на овие протести е несомнено инспиративна и потенцијално претставува нов бран на феминистички отпор и активизам во регионот. 

„Другарки, дојде време за револуција!“ рече писателката Лана Басташиќ за време на протестите. „И кога ќе кажат дека нашата револуција е само тренд од Запад, потсетете ги дека нашите жени се избориле за правото на глас пред Белгија! Пред Италија! Пред Грција! Пред Швајцарија!“

Што е всушност проблемот со ова интервју?

Целосно ги поддржувам протестите во Белград. Се надевам дека демонстрант(к)ите ќе извршат доволно притисок врз власта и медиумите за да се постигне реална промена која ќе допринесе до поголема безбедност за жените во Србија. За целите на овој напис пробав да го гледам интервјуто, но емоционално ми беше претешко да го догледам. Не очекував да имам силна емотивна реакција заради тоа што сум прилично изложена на теми поврзани со сексуално насилство, но дефинитивно чувствував гадење и се осетив уморно по гледање само десетина минути од интервјуто. Интервјуто со Милошевиќ е несомнено проблематично и крши основни кодекси на одговорно медиумско известување. Но не сметам дека e ова е очигледно, особено кога живееме во општество каде жртвите на родово засновано и сексуално насилство ретко добиваат правда и често се обвинувани што „дозволиле“ да бидат жртви. Па затоа решив во овој напис да пробам да ги опишам конкретните причини зошто ова интервју е всушност толку штетно.

Медиумот Информер кој го објави ова интервју се само-опишува како „независен дневен весник“. Но многумина сметаат дека Информер е типичен таблоид. Таблоидите најчесто ги сензационилизаат содржините кои ги обработуваат, како на пример скандалозни „вести“ за познати личности. Весници чии главен метод за известување е сензационализација не би требало воопшто да обработуваат тема која е волку сензитивна. Интервјуто со Милошевиќ не е прв случај кога Информер сензационализира сексуално насилство. Во 2020, Информер објавил графички описи за силување на 12 годишно девојче, тврдејќи дека информациите дошле од наводни протекувања од рочиштата на полицијата и обвинителството за случајот. Драган Вучичевиќ, кој е сѐ уште главниот уредник на Информер, не гледал како ова известување е проблематично. 

Веројатно најпроблематичен елемент од интервјуто е форматот на прилогот: во ниеден момент не се покажува новинарката која го интервјуира Милошевиќ, туку се слуша само нејзиниот глас. Овој формат има визуелен ефект каде на Милошевиќ му е дадена целосна платформа да ги искаже сите свои ставови без никаква емпатија кон неговите жртви. Тој дури изјавува дека ако наумил да силува,  ќе го направи тоа. Оваа изјава е дирекна закана за сексуално насилство, иако истата не е насочена конспецифична личност. Апсолутно е неодговорно еден медиум да објави ваква изјава без да ја контекстуализира како повикување на насилство.

Фактот што осуден силувач се чувствува безбедно да ја раскаже својата приказна и дирекно да се закани, укажува на изопачените вредности во нашето општество. Односно, колку жртви на силување и сексуално насилство јавно би проговориле за нивните искуства во интервју на голем медиум? Веројатно ниедна, бидејќи на секоја жртва на сексуално насилство ѝ е јасно дека постои голема веројатност да биде повторно виктимизирана и обвинета за тоа што ѝ се случило. Лани храбрата Ана од Кавадарци јавно зборуваше за како сексуалното вознемирување кое таа го доживеа како резултат на споделувањето на нејзиниот телефонски број и профили на социјалните медиуми во Телеграм групата „Јавна соба“ каде се споделуваа интимни слики, лични податоци и други содржини од жени и девојки без нивна согласност на илјадници (машки) членови. Иако таа доби многу поддршка по споделувањето на ова тешко искуство, таа исто така доби и негативни коментари кои ја обвинуваа за споделувањето на „провокативни слики“. Сѐ додека живееме во свет кој ги обвинува жртвите за начинот на кој се облекле или фактот што имале јавни Инстаграм профили, силувачите ќе се чувствуваат побезбедно да ги раскажат своите животни приказни отколку жртвите. 

Исто така, форматот на интерјуто кој го одбрал Информер ја прави самата содржина дополнително проблематична. Првиот збор кој се појавува на екранот е „ЕКСКЛУЗИВНО“. Првата минута од интервјуто е проследена со драматична музика и најскандалозните изјави кои ги дава Милошевиќ, претставувајќи го на речиси „егзотичен“ начин, како да тој е посебен вид на човек. Со овие исечоци од интервјуто се потенцира неговата монструозност и исклучително различна психологија од повеќето луѓе: тој е претставен како чудак во циркус кој публиката треба да го гледа на воајерски начин. Патријархалните вредности и системското насилството против жени и девојки кое е предизвикано од истите се избришани преку оваа егзотизација на Милошевиќ. Односно, силувањето и сексуалното насилство не се претставуваат како системски проблеми предизвикани од култура која не обрнува внимание на согласноста и институции кои не успеваат да ги заштитат жртвите од родово базирано насилство. Наместо тоа, егзотичната монструозност на Милошевиќ ги ослободува илјадниците мажи, како оние кои членуваа во Телеграм групата „Јавна соба“, од одговорност за нивните дела и соучество во одржувањето на патријархалното општествено уредување. 

Слушајќи ја неговата приказна почнав да размислувам како тој станал личноста кој е денес и на кој начин општеството во кое живееме „создало“ силувач. Милошевиќ вели дека прв пат силувал кога имал 10 години и втор пат кога имал 14 години. Какво воспитување и какво родителство создава дете кое пробува да има моќ врз жени и девојчиња на сексуален и деградирачки начин? Милошевиќ објаснува дека кога тој бил мал, неговиот татко отишол во затвор заради извршено убиство и дека никогаш повеќе не го видел. Исто така мајка му и неговиот очув биле физички насилни кон него: по кражба, неговиот очув го врзал во подрумот и го тепал со саати додека мајка му гледала. Милошевиќ опишува искуства низ кои ни едно дете не би требало да помине и истите се веројатно причината зошто и тој израснал во насилна личност. Односно, ако пробаме сериозно и критички да го анализираме тоа што го кажува Милошевиќ, можеме да заклучиме дека тој е заглавен во интергенерациски круг на насилство. Но проблемот е што интервјуто нема за цел да зборува за тој круг, туку само го користи Милошевиќ за да предизвика бурни реакции и да креира контроверзна сторија. 

Милошевиќ поминал 15 години во затвор заради силување и обид за силување, но неговите убедувања се практично непроменети во однос на ова прашање. Тој вели дека ако сака да силува, ќе силува. Тогаш, мора да се запрашаме дали затворите се навистина казнено-поправни домови или единствениот ефект кој го имаат е казнување? Тој дури вели дека му било кажано да не биде насилен и да не силува, но дека никој никогаш не му објаснил зошто да не ги прави овие работи. Милошевиќ бил на слобода само три месеци од неговите 14 години што значи дека тој ја поминал скоро целата своја адолесценција позади решетки. Очигледно, барем во неговиот случај, казнувањето и затворскиот систем не функционирал. 

По ова интервју се запрашав: Како момчињата и мажите стануваат силувачи? Дали би постоеле воопшто силувачи ако се користеле превентивни мерки? Што ако сите (машки) деца биле добро згрижени во нивниот ран развој? Што ако имале сексуално образование каде што просветни работници на конкретни начини би им објаснувале што е согласност и зошто силувањето претставува страшно злосторство? Што ако силувачите и насилниците пораснале во општество каде болката на жртвите од сексуално насилство е сфатена сериозно и тие не се обвинети за тоа што им се случило? Не можеме да знаеме дали сите овие мерки целосно би го превенирале сексуалното насилство, но тие несомнено би го намалиле. Во најмала рака, бројни студии покажуваат дека сексуалното образование ги намалува инцидентите на сексуално насилство и вознемирување кај младите. 

Немам премногу емпатија кон Милошевиќ, особено бидејќи тој не се кае за неговите насилни дела, но сакам да разберам зошто тој станал силувач на толку рана возраст. Мораме да разбереме зошто најголемиот број насилници и силувачи се момчиња и мажи ако навистина сакаме да го искорениме сексуалното и родово базираното насилство. Верувам дека може да се прекрши овој круг на насилство, бидејќи никој не се раѓа како насилник или силувач, туку станува таква личност заради нивните околности, но и доминантните вредности во општеството. Милошевиќ не е егзотичен монструм, туку продукт на општествени сили кои поттикнуваат сексуално насилство во најголема мера врз жртви кои се жени и девојки од страна на мажи и момчиња. Така што, ова интервју треба да се разбере како симптом на насилна патријархална култура која глорифицира сексуално насилство. За жал, Милошевиќ е само еден од бројните насилници, а Информер е само еден од многу медиуми кои сензационализираат и капитализираат на општественото табу на сексуалното насилство за кликови и профит.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • November 3, 2022
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
8 март 2019 низ фотографии
Што се случуваше на Меѓународниот ден на жената во градовите низ Европа
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Моето тело – мојот храм: Приказната на една нео – вагина
Решив за мојата борба да зборувам отворено и експлицитно затоа што сметам дека поинаку не може. Решив да зборувам зашто знам дека некаде има некоја жена што поминала или поминува или ќе поминува низ истиот пат но нема на кого да се обрати, нема со кого да сподели.
  • Од Гасеница
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести против сексуалното насилство во Албанија
„Не си сама“, „Државата е силувачот“, „Твојата ќерка не е виновна“, се некои од слоганите околку кои беше организиран протестот.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • ФЕМ 101
Meduza talks: Создавање речник за болката
Оваа среда, во 19:0ч., почнуваме со Meduza talks, а наши први гости се Ангел Димитриевски и Ана Блажева.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сао Паоло ја добива првата книжарница за дела напишани само од жени
Жените пишуваат и тоа многу. Толку многу што со нив ќе ги наполниме сите полици на една книжарница.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Водич за Трејси Емин, ‘enfant terrible’ на британската уметност: Прв дел
Трејси Емин e дел од изложбата Родови перцепции во Музејот на современата уметност - Скопје. Прочитајте сè за оваа легендарна уметница и погледнете ја изложбата во МСУ каде се изложeни 39 современи уметнички дела од 25 жени.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се подготвиме за апокалипсата?
Кон романот ,,Време”од Џени Офил
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во нашите учебници жените се „невидливиот род“
Во учебниците на просторот на Југославија секогаш побројни биле коњите (на војсководците), отколку жените.
  • Од Ивана Хаџиевска
  • ФЕМ 101
Мора да зборуваме за полициската бруталност
Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи,
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суптилни приказни за болката и неприспособеноста
Кон Антарктик од Клер Киган.
  • Од Калина Малевска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога личното станува теоретско: кон романот ,,Аргонаутите” на Маги Нелсон
Аргонаутите (The Argonauts, 2015) е последниот роман на американската писателка и професорка Маги Нелсон, позната по нејзините жанровски експерименти.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Нè третираа како животни“ – Приказни од породилните сали
Сестрите ми викаа „Не ти кажаа како е на пораѓај?! Убаво ти беше кога го правеше, сега што викаш, што плачеш?“
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гордост
Пишува Ирена Цветковиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Куќата на соништата на Кармен Марија Мачадо
Избрани поглавја
  • Од Грација Атанасовска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Нивната борба е сечија борба – 50те жени на Сент Луис
Приказните на жените на Сент Луис не се само приказни од локалната историја или приказни кои се поврзани со националната историја на САД. Тоа се лични приказни кои во одреден сегмент, форма и време ги среќаваме кај многу други жени во минатото, но и денес.
  • Од Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ова веќе нема да го толерираме: Протести против сексуалното вознемирување и напади во училиштата во Косово
Протестите беа придружени со акции на социјалните мрежи каде жени и девојки, главно анонимно, споделуваат лични сведоштва на сексуално вознемирување и напади во училишта, на работа и на улица.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Емоциите се нашите политички и животни ресурси
Овој колективен гнев треба да се канализира, да се застане цврсто, без компрописи во легитимната борба за нашите животи: Говор на Калиа Димитрова од протестниот марш „Јавна соба е кривично дело“.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизмот и сексуалната работа
„Јас сум сексуална работничка, доброволно ја избрав оваа професија, ги заслужувам сите права како и било која друга жена!”
  • Од Елеонора Чичевска и Маргарита Глигуроска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За Ендру Тејт и загрoзените машки видови
Феноменот Ендру Тејт не треба да ни претставува никакво изненадување, зашто тлото за подемот на една толку токсична, но привлечна, медиумска персона беше веќе убаво оплодено од квази интелектуални Јутуб ликови исплашени од таканаречената woke култура и женското омоќување, на чело со Џордан Питерсон. 
  • Од Билјана Кочоска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пејзажи на отпорот/Landscapes of Resistance
Како може еден пејзаж да говори?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Политиката на трудничкиот стил на Ријана
Кога ќе се вкрстат правото да имаш контрола врз сопственото тело и правото да се облекуваш онака како што сакаш.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Последните моменти од одлуката Ро во една од најголемите клиники за абортус во Америка
Во клиника за абортус во Хјустон, ден на вознемиреност, конфузија и страв откако Врховниот суд го укина уставното право на абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
На 8 Март марширам!
Нека ни е честит денот на женската борба
  • Од Тимот на Медуза
  • Uncategorized, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Демнење: Кога контролата и непосакуваната близина стануваат демнење?
Клучно во спречувањето на демнењето е препознавањето на моментот кога истото започнува
  • Од Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Абортусот е неопходна здравствена услуга за жените и за време на пандемиска криза
Денес е 28 септември – Светскиот ден за безбеден абортус. На овој ден, организации од целиот свет се здружуваат со едно заедничко барање – Веднаш да се обезбеди безбеден и легален абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Држете ги вашите бројаници подалеку од нашите јајници
Секуларноста е клучен (и моментално ранлив) дел од сложувалката на женското ослободување.
  • Од Нина Раповска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Личностите пред мојот објектив ме запознаваат со сама себе: Интервју со Лилика Стрезоска
Приказна за портретната фотографија, селењето од Скопје во Берлин, изолацијата и пријателството.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Квир угледот наспроти родовата слобода: Историски преглед на трансмизогинијата
Дури во раните години на 20-тиот век „полот станал цис“, односно почнал да се дефинира и назначува единствено врз основа на гениталиите.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram