Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како општеството гледа на моќните жени преку приказот на Медуза
Изгуглај било чие име на позната жена, од Ангела Меркел до Ненси Пелози, во склоп со зборот Медуза. За сите нив ќе добиете резултати со фотошопирана слика од нивниот лик како горгона.

Пред 2000 години Медуза доживеа трансформација.

Уметниците во стара Грција за време на архаичиот период ја портретирале Медуза со речиси комична и одвратна фигура, со исплазен јазик, брада и испакнати очи. Нејзиниот лик, кој го сликале на глинени предмети и го резбале на погребни споменици, го оживува митот за горгоната Медуза. Таа живеела со нејзините две сестри на еден остров на крајот на светот. Трите сестри биле претставени со заби од вепар, крлушки од змеј, златни крилја и имале моќ да го претворат во камен секој кој ќе ги погледне.
Но, во цутот на класичниот период (V – IV век п.н.е.) ликот на Медуза почнува да се менува. Нејзините андрогени црти се менуваат во женствени: мустаќите се заменети со нежни образи, секачите со крупни усни. Оваа трансформацијата од гротескно до прекрасно е токму фокусот на изложбата “Опасна убавина: Медуза во Класичната уметност” (Dangerous Beauty: Medusa in Classical Art) која моментално е поставена во Музејот на уметноста „Метрополитен“.
Како дел од изложбата може да се види една вазна од теракота која датира од периодот помеѓу 450 и 440 година п.н.е. Таа претставува еден од најраните примери на убавата и класична Медуза која е претставена како спокојно спие со нејзината виткана коса (која не е змии) и со пердувести крилја завиткани зад неа, наликувајќи на ангел.

 

Ergotimos and Kleitias, Terracotta stand, ca. 570 B.C. Courtesy of The Metropolitan Museum of Art.
Attributed to Polygnotos, Terracotta pelike (jar), ca. 450-440 B.C. Courtesy of The Metropolitan Museum of Art.

Типичната коса на Медуза, претставена со змии, се појавува во подоцнежните романски толкувања, но и покрај тоа таа почесто е претставена безопасна отколку застрашувачка. На пример, на еден метален украс од кочија од I или II век имаме типична интерпретација на горгоната со две змии замотани околу нејзиното лице. ,,Тие се како аксесоар” – забележа Кики Кароглу (Kiki Karoglou), кураторката на изложбата. (Ниту една Медуза од делата на изложбата во Мет ги нема змиите како коса. Нивната појава се препишува на младиот Леонардо да Винчи кој наводно насликал толку вешта инетрпретација што го исплашил дури и татко му.)

Медуза не е единственото чудовиште чиј лик го преправиле уметниците во класичниот период. Сирените, сфингите, дури и Сцила – морското суштество кое ги убило шесте сопатници на Одисеј – сите беа разубавени на сличен начин. Според Кароглу, овој тренд потекнува од идеализирањето на луѓето во грчката уметност од тој период. Таа вели дека таа естетитка била тогаш популарна: ,,Не е точно да кажеме дека сѐ било претставено како убаво, имало и груби претстави, меѓутоа тоа не било во тренд”.

Векови подоцна, митовите почнале да се толкуваат одново од хеленистичките и романските писатели. Овидиј обидувајќи се да објасни зошто Медуза е единствената горгона претставена со змии како коса, го истражувал нејзиното потекло. Според неговото дело „Метаморфози“, кое е оригинално објавено околу VIII век, Медуза не била отсекогаш чудовиште. Таа некогаш била млада девојка со прекрасна коса која го привлекла дури и вниманието на Посејдон. Но, Посејдон ја силувал во храмот на Атина и божицата за казна ги претворила завидливите локни на младата Медуза во одвратни змии. Читајќи го ова уметниците почнале да го претставуваат ликот на Медуза значително почовеколик.

 

Bronze ornament from a chariot pole, 1st-2nd century A.D. Courtesy of The Metropolitan Museum of Art.

Судбината на Медуза се чини дека останува секогаш иста, независно дали нејзиниот лик е застрашувачки или привлечен, Медуза завршува обезглавена од Персеј со помошта од Атина и неговиот сјајно исполиран штит кој го користел како огледало за да избегне да ја погледне во очи. Одисеј ја зема и ја носи со себе нејзината глава со цел да му помогне да го победи главниот негативец во приказната – кралот Полидент.

Иако е убава и женствена, Медуза сепак останува еднакво опасна како нејзината оригинална монтруозна верзија. Кароглу посочува дека мнозинството хибриди (суштествата кои се половина човек – половина животно, како сирените или горгоните) во античка Грција биле жени. Таа вели: ,,Во тоа општество каде доминирале мажите, феминизирањето на чудовиштата служело за да се демонизираат жените”.

Овие женски чудовишта може да се сметаат за првите верзии на фаталната жена (femme fatale) – тропата што се појави во доцниот XVIV век кога улогата на жените во јавноста почна да расте. Во нејзиниот есеј за изложбата Кароглу пишува: ,,Женските хибриди претставуваат конфликтен поглед кон женственоста, сметајќи ја привлечна, но и опасна”. Медуза била отсекогаш најпопуларна, дури и денес е еден од најпрепознатливите хибриди.

 

Eugène Romain Thirion, Persée vainqueur de Méduse, 1867. Photo via Wikimedia Commons.

Нејзината моќ како симбол на опасна сексуалност сѐ уште постои. Во Холивуд нејзиниот лик се има појавено во: ,,Судир на Титаните” (играна од Наталија Водијанова) и во ,,Перси Џексон и Олимпијанците: Крадецот на молња” играна од Ума Турман. И двата ликови на крајот од филмовите се убиени од Персеј.

Во 2013 Ријана беше претставена како Медуза на насловната страница од роденденското издание на Британскиот магазин GQ. ,,Ријана е лоша девојка” – напиша Хирст во интервјуто. На прашањето: ,,Во кој смисол лоша?” тој одговора: ,,Да, лошо лоша. Ако сте мајка таа претставува прав терор, зар не?”

Во фотографиите на Хирст косата на пеачката е гнездо од змии и секачите ѝ се остри како игли. Очите ѝ се закосени како на змија и во сите слики таа е комплетно или речиси гола.

,,Сексапилноста е монструозноста” – објаснува професорката Елизабет Џонсон (Elizabeth Johnston) која предава предмет за женските икони на Колеџот Монро во Њујорк. ,,Сексапилноста е тоа што е опасно. Таа е фатална жена. Ријана е убава и на тие слики има доза бестијалност, која исто така можеме да ја забележиме и во сликите од Лилит” – објаснува Елизабет реферирајќи на развратниот демон од еврејската митологија кој често се појавува во сликите од XVIV век.

 


Сепак стравовите отелотворени во Медуза се двострани: сексуално независната жена е опасна, но исто така и политички независната жена. Моќните жени со векови биле споредувани со Медуза, почнувајќи од Марија Антоанета сѐ до суфражетките. Џонстон предложи една вежба: ,,Изгуглај било чие име на позната жена, од Ангела Меркел до Ненси Пелози, во склоп со зборот Медуза. За сите нив ќе добиете резултати со фотошопирана слика од нивниот лик како горгона”.

Но, најпотентниот пример го имаме од претседателските избори во 2016 година, како што опишува и британската класицистка Мери Бирд (Mary Beard) во нејзината книга ,,Жените на моќ”. Лицето на Хилари Клинтон беше фотошопирано во скулптурата на Персеј и Медуза од Бенвенуто Челини, на која младиот херој го гази нејзиното тело и ја држи нејзината глава. Се разбира, Персеј беше заменет со Трамп. Овие слики завршија на промотивни материјали, се испечатија на маици, чаши за кафе и платнени торби.

 

 

 

Бирд пишува: ,,Потребен е момент за да се процесира колку станало прифатливо прикажувањето на родово насилство. Ако било кога сте се двоумеле дали е длабоко врежано во културата жените да се лишени од моќ, или бевте несигурни дали тоа сѐ уште се оправдува на класичен начин – погледнете го примерот со Трамп и Клинто, Персеј и Медуза, и тоа сѐ ќе ви разјасни.“

Џонстон има нејзин личен пример од овој феномен. Првата година кога работела како професорка, во раните 2000-ти, додека пазарувала во продавницата ,,Таргет” за празникот Ноќ на вештерките таа видела холографска слика која се менувала од Кралицата Елизабета во Медуза. ,,Тоа беше метафора, но и буквален пример за она што го кажувам на моите предавања, дека сите моќни жени во јавноста се претставуваат, или пак ги замислуваат како чудовишта зад нивниот физички изглед”.
Џонстон си ја купила сликата и сѐ уште ја чува во нејзината канцеларија. Холограмот можеби е модерна технологија, но пораката која ја носи е античка.

 

 

 

извор: Artsy

НАПИШАНО ОД:
  • Моника Јамандиловска
  • November 19, 2018
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА
Љубовта како себеспознавање и неизбежна загуба: Кон графичкиот роман „Сината е најтоплата боја“
Прашањето каде оди љубовта кога нас нè снемува е како темно-син облак кое ги следи двете протагонистки и конечноста на нивната материјална врска.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Револтирани сме од начинот на кој се перцепира нашата работа
ЈАДРО бара од Министерството за култура подобар третман на независната сцена
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се подготвиме за апокалипсата?
Кон романот ,,Време”од Џени Офил
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ова веќе нема да го толерираме: Протести против сексуалното вознемирување и напади во училиштата во Косово
Протестите беа придружени со акции на социјалните мрежи каде жени и девојки, главно анонимно, споделуваат лични сведоштва на сексуално вознемирување и напади во училишта, на работа и на улица.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Емоциите се нашите политички и животни ресурси
Овој колективен гнев треба да се канализира, да се застане цврсто, без компрописи во легитимната борба за нашите животи: Говор на Калиа Димитрова од протестниот марш „Јавна соба е кривично дело“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
МВР ме прави огрочена и лута
Полицијата никогаш во минатото не била клучна во оваа борба, па баш затоа е тешко да се замисли дека некогаш во иднината би можела да биде
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Mислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Или како сите, или ништо – Мајки и камионџии
Колку повеќе има исти, толку потешко се прифаќаат различните.
  • Од Дијана Петрова
  • КВИР, КУЛТУРА
Родови политики и сексуални идентитети во Планината Броукбек
Планината Броукбек е место кое надвор од светот во кој живеат, надвор од цивилизацијата и општеството кое ги класифицира и осудува, надвор од „вистинскиот живот“ со своите пространи пејзажи ја доловува слободата и можноста на остварувањето на нивната врска.
  • Од Кристијан Стефановски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што навистина не е во ред со „Blonde“
Доминик не го намалува значењето на Мерлин Монро, нејзините победи и успеси, нејзината сила и издржливост, но фрла светло на моментите кои довеле до тоа таа сила да се скрши.
  • Од Билјана Кочоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспешната родова транзиција во Кожата во која живеам на Педро Алмодовар (La piel que habito, Pedro Almodóvar)
Ако ја боли, ќе си трпи.
  • Од Анастасија Марковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Жртвите на сексуално насилство треба да знаат дека не се сами и дека постојат безбедни места за нив – промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство
Сексуалното насилство и неговите облици се едни од најмалку пријавуваните случаи на насилство, особено кога станува збор за силување во брак или од страна на интимен партнер.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Перформативната уметност те носи на емотивно возење со луда железница: Интервју со Нао Бустаманте
Она што особено ми се допаѓа кај перформативната уметност е непосредната размена со публиката која се менува во истиот момент додека се создава.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто не можам да престанам да размислувам на жените без деца?
Пред да добијам деца, никогаш не размислував за жените кои избрале да не станат мајки. Сега постојано размислувам за нив и ги забележувам насекаде. Имаат нешто што јас го барам, прозорец кон животниот пат што јас не сум го избрала.
  • Од Лени Фрчкоска
May Sarton
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се живее нежно во свет кој е суров
Меј Сартон за тоа како да се победи смртоносната рамнодушност на денешното време.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Имав абортус“
Црната дупка во женскиот и јавниот дискурс
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Инстаграм – гнездо на уметнички
Неколку уметнички чии дела варираат од забранети автопортрети до искрени исповеди и ноар фотографии.
  • Од Анастасија Марковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во нашите учебници жените се „невидливиот род“
Во учебниците на просторот на Југославија секогаш побројни биле коњите (на војсководците), отколку жените.
  • Од Ивана Хаџиевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ова не е трка, туку обид да се подигне свеста и да се поддржат жртвите на сексуално насилство
Клер Мекфарлен го избира спортот како начин да се исчекори кон промена, зашто тој ги обединува и поврзува луѓето. Но, и поради тоа што смета дека спортот е важен за физичкото и емоционално зацелување на тие кои преживеале насилство.
  • Од Павлина Симоноска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Ани Ерно
„Можеби вистинската цел на мојот живот е моето тело, чувства и мисли да станат текст; нешто разбирливо и универзално, со што моето постоење ќе се спои со животите и главите на другите луѓе.“
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Заговорот на тишината
Дисциплината е потребна во спортот, меѓутоа прашањето е која е границата помеѓу одржувањето на дисциплина и психолошко насилство и колку истото е навистина неопходно за формирање на подобри и поуспешни спортисти. 
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Немаме повеќе време ниту трпение за декларативни заложби за родова еднаквост во спортот: Интервју со Силвија Митевска
Спортистките и нивните спортски резултати и достигнувања се ретко претставени во медиумскиот простор, а во случај кога се претставени, тие најчесто се поврзани со изгледот. Спортските достигнувања се потценети и се во заден план.
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Системот (не) функционира: Зошто Македонките повеќе се охрабруваат да пријават семејно насилство откако ќе се преселат во странство?
Родово базираното насилство го поткопува здравјето, достоинството, безбедноста и автономијата на своите жртви, но сепак останува обвиткано во култура на тишина.
  • Од Александра Спасеска
  • КВИР, КУЛТУРА
Феликс Гонзалез – Торес: забавно провокативен, смртно сериозен
Талентот на Феликс како уметник беше тоа што ја разбра моќта на суптилноста.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 2021 | Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Оваа година фестивалот ќе се одвива од 2 до 8 јуни, во МСУ Скопје и КСП Јадро
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (прв дел)
Кога скршеното срце е изложено, кога конците се видливи, тоа е сила, тоа е доволно за живот во кој 'јас' може да се пресоздаде, неумитно во себе да ги опфати грижата, болката, срамот, стравот, љубовта, себе-дарувањето, пријателството, радоста и конечно – гордоста да се биде ваков или таков, или никаков, но возможно е – секаков!
  • Од Вики Младенова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дејтинг мен 
Решив да започнам со користење на дејтинг апликации и, реално, немав поим што правам. 
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Протестен собир: Не сме безбедни!
Бараме одговорност од надлежните институции, бидејќи не се чувствуваме безбедно во своите градови:
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.
  • Од Елена Гаговска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram