Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи

Многу се напиша и се надевам уште ќе се пишува за Јавна Соба. Гневот кој избувна на социјалните мрежи, во домовите и на улиците, откако се обелодени по којзнае кој пат дека мажи остануваат неказнети за кривични дела, како што се споделувањето на лични податоци на жени и девојки, сексуално вознемирување и ширење детска порнографија, беше оправдан и очекуван, но за жал, на одредени места брзо замолчен.

Едно од тие места е социјалната платформа Твитер, за која станува сѐ поизвесно дека не е пријателско место за жените, а уште помалку за оние што се декларираат како феминистки или активистки.

Ако некогаш Твитер влеваше надеж дека може да стане вистинска платформа за социјална промена, веќе со години маргинализирани групи предупредуваат дека анонимноста и политиките на платформата полека, но сигурно, се претвораат во небезбедно место.

Прва тоа јасно го артикулираше меѓународната невладина организација за човекови права, Амнести Интернешнл, во опширен извештај насловен Токсичен Твитер: Токсично место за жени.

Bo Македонија голем број гласни феминистки целосно ја напуштија оваа мрежа, ги направија своите профили приватни или речиси воопшто не се активни уште од времето на Сега кажувам. Па така, кога изби Јавна Соба, “МК Твитер“, наместо да ги охрабри жените и жртвите на насилство, се претвори во место каде анонимните тролови можат да си се жалат меѓусебно како феминизмот го уништува општеството, феминистките мразат мажи, а разголените девојки сами си го бараат.

 

Твитер како единствена мрежа каде е бескорисно да имате приватен профил, и сте приморани да бидете во постојан контакт со анонимни профили и тролови, е можеби идеална платформа за политички партии што сакаат да си ја мерат ботовската сила, но одамна веќе не е место за конструктивна размена на идеи.

Останува дека за многу маргинализирани или ранливи лица и групи, анонимните платформи се токму местото каде што можат да најдат и да изградат заедница со поддршка од истомисленици и истомисленички.

Потфрлувањето на Твитер е дотолку позначајно за мрежа што некогаш се гордееше со својот придонес во арапската пролет или иранската Твитер револуција во 2009, а денес сѐ повеќе наликува на платформа за мизогини инцели и бранители на “правата на мажите“, секако сите удобно скриени зад лажни профили.

Ако мислите дека ова е секојдневие само во македонското општество, а не структурен проблем на самата мрежа, еве еден еклатантен пример од “татковината на човековите права“, Франција.

Речиси во истиот период кога се случи Јавна Соба во Македонија, десетици феминистки во Франција една по друга добиваа по 12 часовна до тридневна забрана за твитање. Причината е една и единствена реченица: како да се спречат мажите да силуваат?. Секоја влијателна француска твитерџика што го напиша ова речиси без исклучок доби најмалку неколку часовна забрана за твитање. Твитер подоцна се извини и се повика на “грешка во модерирањето“. Too little, too late.

Се разбира Твитер не цензурира проактивно, и може да се правдаме до вечноста и назад дека платформата нема контрола врз гневот на нејзините корисници. Феминистките што го напишале тоа го повредиле кршливото его на ‘Not all men’ бригадата.

Слично како и на Балканот, отпорот кон Me too во Франција беше огромен на почетокот. Дури сега жртвите проговорија на социјалните мрежи, меѓу другото преку хаштагот Me too Inceste и Me too Gay.

Како и секаде во светот, француските статистики покажуваат една и единствена заедничка точка во случаите на сексуално насилство: родот на напаѓачот е машки. Без разлика на социјалниот статус, сексуалната ориентација, етничка припадност или вера, тие немаат ниту посебна патологија, ниту ист начин на живот. Но, над 95 отсто од силувачите се мажи, велат официјалните бројки, кај нас и секаде во светот. Реалноста е таа.

Оттука и легитимното прашање на француските феминистки: Како да ги спречиме мажите да силуваат?

Mélusine, една од највлијателните француски активистки за правата на жените на Твитер, која беше и прва жртва на цензурата на Твитер поради поставеното прашање, не се задоволи со одговорот на Твитер за цензурата.
“За тие твитови да бидат отстранети, требаше бројни корисници да ги пријават до социјалните мрежи и алгоритмите да одобрат дека прашање што се однесува на мажите и силувањето се поистоветува со говор на омраза“, напиша активистката откако нејзиниот налог беше замрзнат.

Истовремено, повици за насилство и силување, срамење и понижување на жени, цензурирање на профили на сексуални работнички никогаш не претставуваат “говор на омраза“ за истите тие алгоритми на Твитер и битката против токсичните корисници е далеку помачна, ако не и сосема некорисна.

За волја на вистината, и Инстаграм ги цензурираше постовите кои гласеа “како да ги спречиме мажите да силуваат“, а Фејсбук до денешен ден прифаќа дека реченицата “Men are trash“ претставува говор на омраза и ќе ви го блокира профилот 24 часа доколку ве пријават повеќе од еднаш.

Силувањето и сексуалното вознемирување не се исклучок, ниту се некаква индивидуална трагедија која резултира од изолиран “болен ум“. Тие се колективен општествен феномен, редовен, системски и систематски. Сексуалното насилство е најефикасниот начин за замолчување и заплашување на жените, како и на мажите жртви на ова злосторство, тоа е врвен израз на патријархалниот, хетеронормативен и колонијален систем на владеење и мора да биде третиран како таков од институциите и од сите здруженија ако сакаме еден ден да го искорениме.

Кога анонимен твитерџија вербално ја понижува својата бивша девојка затоа што “проверувала“ дали свршил во неа, а тој само “сакал семејство“, треба да се алармира. Од повеќе причини: неконсензуалното забременување во многу држави е веќе кривично дело, а од етички аспект тоа претставува силување, без разлика дали нашата држава тоа веќе го преточила во закон или не. Жена што не сака деца не заслужува никакво вознемирување, и е еднакво вредна за почит како и било која друга (потенцијална) мајка, без разлика на околностите во кои одлучила дека не сака да забремени. Неколку дена подоцна истиот тој твитерџија се осврна и на нагоните за убиство.

 

Слобода на изразување? Прашањето е отворено. Споредете го ова со цензурата на жените што прашуваат како да ги спречиме мажите да силуваат. А потоа свртете го вашето внимание кон сѐ почестите студии за терористичкиот потенцијал на таканаречените инцели и борци за права на мажите, кои, за разлика од вистински маргинализираните лица, успеаја да изградат онлајн заедница на поддршка и размена.

Алармот се вклучи во 2014 кога Елиот Роџер, икона на инцелите, кои инаку сметаат дека жените биолошки им должат секс, внимание и потчинетост, усмрти седум лица пукајќи во женски студентски дом и извикувајќи „ако не можам да ги имам девојките ќе ги уништам“ и “конечно ќе видите дека сум алфа мажјак“. Роџер зад себе остави и Манифест од 140 страници во кој ја искажува сета своја сексуална фрустрација за која според него се виновни жените. Во неговиот свет и оној на неговите следбеници жените што ги отфрлаат заслужуваат насилство
Минатата година во Единбург се отвори судење за тероризам поврзан за интернет културата на инцели во кое е обвинет 22 годишниот Габриеле Фриел. Експертите пред судот за прв пат во Европа јасно укажаа дека ова движење претставува безбедносна закана: Во Тексас минатата година исто така се набројуваат инцелите како терористичка закана во извештај на разузнавачки служби.

Иако не секој сексист е инцел, и онлајн движењата на мажи што мразат жени, а особено феминистки, се бројни, разновидни и не нужно поврзани, неспорно е дека откако започна бранот Me too ширум светот, општествата и институциите полека ги отвораат очите за структурниот сексизам кој секојдневно го загрозува животот на жените и на другите маргинализирани групи.

И покрај ова, социјалните мрежи како Твитер, никако да ги ревидираат од корен своите политики и својот пристап кон корисниците. Кога интернет меме кое содржи “men are trash“ сѐ уште се отстранува, жени што прашуваат како да ги спречиме мажите да силуваат се замолчуваат со денови, мораме конечно да си го поставиме прашањето дали овие платформи денеска се претворија во непријатели на прогресивните движења и активни чинители на реакционерноста, цензурата и мизогинијата.

Сексуалните работнички кои одамна алармираат за овој феномен го вперуваат прстот кон самото организирање на технолошките компании и Силиконската долина, главно составени од мажи, и длабоко потонати во токсичната машкост, нешто што нема да може уште долго да се игнорира со оглед на растечката феминистичка свест во сите земји, вери и класи.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • Тања Милевска
  • February 16, 2021
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Жртвите на сексуално насилство треба да знаат дека не се сами и дека постојат безбедни места за нив – промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство
Сексуалното насилство и неговите облици се едни од најмалку пријавуваните случаи на насилство, особено кога станува збор за силување во брак или од страна на интимен партнер.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Патишта на траумата
Што сè ѝ се случува на една жртва по злоставување
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Матеј Тројачанец
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да ги украдеме женските митски ликови
Со своето (женско) препрочитување на ликовите на Пенелопа и Деметра, Кавареро ги ослободува од стисокот на патријархалното имагинарно
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пејзажи на отпорот/Landscapes of Resistance
Како може еден пејзаж да говори?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Капитализмот има свои ограничувања
Џудит Батлер за пандемијата COVID-19 и нејзиниот растечки политички и социолошки ефект во Америка.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА
Терапија- нов простор за развој на независната културна и клупска сцена
Ве повикуваме на колективно дејствување на електронската музичка заедница.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Јаз
Генерално спортот е преплавен со сексизам на сите нивоа, без разлика дали станува збор за час по физичко во училиште или професионално натпреварување. Спортот е само огледало на родовите стереотипи и нееднаквост, што ја подразбира и нееднаквоста во наградување на достигнувањата.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Совршена жртва“
И јас бев тинејџерка која одеше на забави, но за среќа јас немав свој Брет Каванау
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Брачна приказна“ е крај на прикаските за бракот
Филмот „Брачна приказна“ е најдлабокото, најпотресното и најреалното нешто што го гледав оваа година.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Инстаграм – гнездо на уметнички
Неколку уметнички чии дела варираат од забранети автопортрети до искрени исповеди и ноар фотографии.
  • Од Анастасија Марковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога го дизајниравме Комитет, дизајниравме за себе и нашите пријатели: Интервју со Никола Николовски и Дамјан Кокалевски
ЛГБТИ заедницата во Скопје нас лично ни има дадено многу. И како дел од таа зедница која со години е исфрлана и терана да мигрира од еден во друг простор, нема поголемо задоволство да се дизајнира простор кој ќе биде дом за сите нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Валканата мала тајна на сексот без обврски
Што е она што нè тера да имаме секс без обврски? Дали уживаме во тоа? Дали имаме некаква добивка—или, пак, ризикуваме да бидеме повредени? И најпосле, кои, всушност, сме „ние“?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Политиката на трудничкиот стил на Ријана
Кога ќе се вкрстат правото да имаш контрола врз сопственото тело и правото да се облекуваш онака како што сакаш.
  • Од Душица Лазова
  • Uncategorized, КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Втор дел
Ако и вие како нас не можете да се наситите на прекрасните фотографии од Скопје Прајд, во прилог втор дел галерија фотографии.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто „Фурам феминизам“?
 Не што е наше, ама е златно девојче
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жени жртви или жени злосторници­?
Случајот на Пале Илкоска.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Славеска Апостоловски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам (именка): множина
(вовед кон збирката Лоша феминистка)
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 2021 | Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Оваа година фестивалот ќе се одвива од 2 до 8 јуни, во МСУ Скопје и КСП Јадро
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сиромаштијата има женско лице
Галерија од вчерашниот Марш за женски права.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Агресивно феминистичко читање на старите грци
За да ја разберете историјата на аверзија кон моќните жени, читајте ги старите грци, тврди славната класичарка од Велика Британија, Мери Бард
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Евоцирање на спомени од Прво па женско 2019
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Принтот не е мртов
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Јас одлично готвам и Сашо Тасевски повторно не е во право
Ако не се јаде летна манџа, тоа е исто како да не се јаде воопшто.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Не мора да сме среќни за празниците
Настранување од божиќниот идеал во филмската нарација на Carol
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово-несензитивни закони и родови стереотипи
Правни бариери во пристапот до правда на жените-жртви на семејно насилство.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Адвокат Тамара Славеска Апостоловски
  • ФЕМ 101
ИЗГЛЕДОТ КАКО ПРЕПОРАКА
И покрај тоа што жените долго време ја водат битката за докажување на својата компетентност и квалификуваност на пазарот на трудот, на моменти и самите тие се обесхрабрени од праксата на вработување врз основа на привлечен надворешен изглед и убава насмевска.
  • Од Бојана Јовановска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram