Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Камала Харис не е феминистичка хероина
Потенцијалната победа на Харис можеби би било кршење на стаклениот плафон, но за жал, не би била вистинска феминистичка победа.

Пред неколку недели американскиот претседателски кандидат на Демократската партија Џо Бајден конечно го објави својот кандидат за потпретседател. Односно кандидатка. Бајден ја одбра сенаторката од Калифорнија Камала Харис, а пред две недели таа официјално ја прифати номинацијата.

Пред неа имало само две неуспешни кандидатки за потпретседател (на двете најголеми американски партии): Џералдин Фераро (Демократка) во 1984та и Сара Пејлин (Републиканка) во 2008та. Во моментов изгледа дека Џо Бајден има добра шанса да го победи Доналд Трамп во ноември токму затоа што Трамп ужасно се има справено со Корона кризата: веќе се починати преку 183 000 американци, а вистинската бројка е веројатно многу повисока. Баш поради ова изгледа сѐ поверојатно дека САД може да ја добие својата прва потпретседателка.

Без разлика што го разбирам изборот да се гласа за Бајден како бирање на помалото зло кога другата опција е некој како Трамп, за жал неговиот потенцијален претседателски мандат не би била победа за прогресивните движења и угнетените малцинства во САД. Доколку Харис стане потпретседателка тоа не значи дека животот на обичната жена во САД (и во светот) ќе се подобри. Бајден е центрист кој ја поддржуваше војната со Ирак, спроведуваше политики за кратење на американските пензии, дури има и поддржувано сегрегационистички политики во американското образование.

Ако Харис стане првата жена потпретседателка на САД тоа несомнено би било историски важен настан. Харис е искусна и успешна политичарка која има поддржувано и одредени позитивни политики како еколошко-политичкиот проект Green New Deal или парична помош за време на пандемијата од 2 000 долари за сите американци кои заработуваат помалце од 120 000 долари годишно.

Потенцијалната победа на Харис можеби би било кршење на стаклениот плафон, но за жал не би била вистинска феминистичка победа.

Без разлика што Харис е жена од јамајканско и индиско потекло, има поддржувано и спроведувано еден куп политики кои биле штетни за црни заедници, имигранти и сексуални работнички и работници. Иако Харис е жена која долго време го има брането правото на абортус и се има залагано за позитивни политики кои ја засегаат ЛГБТ заедницата, таа е далеку од  феминистка. Слично како Хилари Клинтон, Харис не е феминистка, туку само жена во позиција на моќ, а за полесно да разбереме зошто го велам тоа, да почнеме од нејзиниот партнер во претседателската трка.

Џо Бајден е обвинет од неколку жени за недозволено сексуално допирање, а една од нив, Тара Рид, го обвинува и за сексуален напад/силување. Рид работела за Џо Бајден во 90тите додека тој бил сенатор и таа тврди дека во 1994тата година тој ја нападнал и сексуално злоупотребил. Нејзината приказна ја потврди поранешната комшика на Рид, Линда Лакас, која во интервју за Democracy Now! тврди дека Рид ѝ кажала за нападот во 1995та или рана 1996та година. Набрзо по ова трауматично искуство и по пријавување на несоодветното однесување на Бајден, Рид била отпуштена и нејзината кариера била практично уништена.

Харис не само што ѝ веруваше на д-р. Кристин Блази Форд, жената која го обвини тогашниот десничарски/републикански кандидат за Уставен Судија Брет Каваноу за сексуален напад, туку и на многу моќен начин ја поддржа додека американскиот сенат го испитуваше овој случај и дури експлицитно ѝ кажа на Форд дека ѝ верува. Харис ја има наречено д-р. Форд неверојатно храбра за нејзината одлука јавно да проговори за тоа што ѝ се случило иако би можела да изгуби сѐ. Пред да му биде потпретседателски кандидат на Бајден, во Април, 2019 Харис кажа дека им верува на жените кои имаа кажано дека Бајден ги допирал  на несоодветен начин. Едноставно, во очите на јавноста Камала Харис беше феноменална феминистка.

Но, сега Харис само вели дека Тара Рид – која очигледно има прилично кредибилна приказна за сексуално вознемирување – има право да ја каже својата приказна. За разлика од Форд, Харис не ја нарекува Рид храбра и не кажува јавно дека ѝ верува.

Исто така, за време на нејзината кариера како јавна обвинителка на Сан Франциско (2004-2011) и државна јавна обвинителка на Калифорнија (2011-2017), Харис има спроведено многу непопуларни политики и донесено контроверзни одлуки. Ова го потенцираше хавајската конгресменката Тусли Габард за време на демократската претседателска дебата во јули (кога Харис беше претседателска кандидатка) каде што Габард посочи дека Харис има ставено преку 1 500 луѓе во затвор за користење марихуана, има блокирано докази кои би ја докажале невиноста на затвореник кој требало да добие смртна казна и намерно држела затвореници во пренаполнети затвори во Калифорнија подолго отколку што морало за да ги користи како евтина работна сила. Харис исто така има казнувано и дури и затварано родители поради така наречени „truancy laws“, односно казни за родители чии деца премногу отсуствувале од школо без „оправдана“ причина. Иако често пати има многу причини зашто некое дете често би отсуствувало од школо што се надвор од контрола на нивните родители — како сиромаштија, психолошки проблеми или чувство на небезбедност во училиштата — овие родители сепак биле криминализирани преку законот на Харис.

Политиките на Харис не само што се нехумани, туку и најмногу имаат наштетено на црни заедници и етнички малцинства кои во САД се диспропорционално таргетирани од страна на полицијата и криминално-правниот систем.

За жал, нејзините политики сѐ уште имаат негативни ефекти и врз сексуални работнички и работиници не само во САД туку и низ целиот свет. Камала Харис беше една од главните подджувачи на легислативните закони SESTA (Stop Enabling Sex Traffickers Act)/FOSTA (Fight Online Sex Trafficking Act), односно два закони кои изгледаат како добра идеја бидејќи нивната цел требало да биде борбата против сексуална експлоатација и трговија со луѓе. Преку овие закони се затворила популарната веб страна Backpage преку која многу сексуални работници/чки низ целиот свет наоѓале клиенти и преку која можеле на безбеден начин да проценат дали нивните потенцијални клиенти се безбедни. Иако во 2019, Харис јавно кажа дека ја променила својата позиција и дека сега таа подджува декриминализација на сексуалната работа, тоа не е точно. Декриминализација подразбира дека и продавањето и купувањето на сексуални услуги не се кривични дела, но Харис поддржува криминализирање на клиентите на сексуалните работнички. Односно Харис го поддржува таканаречениот Нордиски модел кој многу сексуални работници/чки го сметаат опасен.

„Не гледам како мојата работа ќе стане побезбедна ако се криминализира половина од сексуалната транзакција,“ вели Cleo Constantine, сексуална работничка која моментално живее во Берлин и дел од подкаст дуото на The Candid Companion, поткаст за сексуалната работа. „Тоа што мислам дека е најзлобно за Камала Харис е што таа се радуваше кога се донесе SESTA/FOSTA законот иако еден куп сексуални работници/чки ѝ кажуваа дека може да биде убиени како резултат на тоа. Затворањето на Backpage имаше и големи финансиски ефекти врз многу работници/чки: јас, на пример, ја изгубив половина од мојата заработка преку ноќ.“
Приказната на Cleo само докажува колку негативни ефекти имале политиките на Харис не само во САД, туку и низ целиот свет. Според мене тоа што е најважно да се посочи за Харис е користењето на својот идентитет како црна жена во време кога така наречените идентитетски политики стануваат сѐ повлијателни. Односно, моментално да се биде дел од малцинство во американската политичка сцена може да носи политички поени кај полиберални гласачи/гласачи кои се регистрирани како Демократи. На пример, Бајден доби многу позитивен јавен говор кога вети дека ќе одбере жена за потпретседателски кандидат на последната претседателска дебата во март.

Секако има и позитивна страна на таквата политичка клима бидејќи сѐ повеќе жени, квир луѓе и луѓе од етнички малцинства може потенцијално да стигнат до позиции на моќ и со тоа да се подобри состојбата на маргинализираните групи. Но, кога тие идентитетски политики се само површни и на медиумите им е само важно да политичарите се жени или членови на малцинство, тогаш преку политичарите кои знаат како да ги користат точните термини за социјална правда и кои го користат својот малцински идентитет за политички опортунизам само се создава фасада на прогресивно општество.

Токму тоа го прави Камала Харис. Таа го користи својот идентитет како црна жена за да изгледа прогресивно, а истовремено поддржува и спроведува политики кои имаат брутални ефекти врз црната заедница и други маргинализирани групи. За жал, Харис не е ниту прогресивна, ниту феминистка, туку жена во позиција на моќ која сака да се стекне со сѐ повеќе и повеќе моќ. Исто и како многу мажи политичари.

Во Манифест за феминизам за 99%, Цинциа Аруза, Титхи Батачариа и Ненси Фрејзер велат: „Ние немаме никаква корист од кршењето на стаклениот плафон кога мнозинството жени би биле оставени да ги чистат скршените стакленца.“ Како феминистки и феминисти не треба да навиваме за индивидуалните успеси на богатите и моќните жени кои подржуваат неолиберални политики, туку да се бориме за колективното женско ослободување.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • September 2, 2020
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фиона Сампсон – Три песни
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Наследството на отпорот на Југословенката: ископување на политичкото тело на феминистичкото и квир омоќување
Повик за учесници на еднодневен семинар со проф. Јасмина Тумбас на 08 јуни, Скопје
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бел хукс: „Нашата прва љубов е љубовта кон себе“
Плодната писателкa, мислителка и теоретичарка дискутира за љубовта кон себе и за тоа како искрено да ја процениме сопствената вредност.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Принтот не е мртов
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПичПрич: Влакна
Во 20.00 часот во Кино Милениум ќе се одржи четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Или како сите, или ништо – Мајки и камионџии
Колку повеќе има исти, толку потешко се прифаќаат различните.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Дијана Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Репродуктивните робови на Америка
Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дејтинг мен 
Решив да започнам со користење на дејтинг апликации и, реално, немав поим што правам. 
  • Од Билјана Кочоска
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Безбедниот абортус е основна здравствена заштита – и точка!
28 септември – Меѓународен ден на безбедниот абортус
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Патишта на траумата
Што сè ѝ се случува на една жртва по злоставување
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Матеј Тројачанец
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Заедно посилни
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 2021 | Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Оваа година фестивалот ќе се одвива од 2 до 8 јуни, во МСУ Скопје и КСП Јадро
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово-несензитивни закони и родови стереотипи
Правни бариери во пристапот до правда на жените-жртви на семејно насилство.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Адвокат Тамара Славеска Апостоловски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жртвите на сексуално насилство истапуваат “дури” после извесно време?
Она што можеме да го направиме за жртвите на насилство, ако ги познаваме, е да обезбедиме безусловна емпатија и поддршка откако ќе ни се доверат
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Андреа Угриновска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче!
Од жените се очекува да се плашат. Ги учиме девојчињата да бидат срамежливи, плашливи, внимателни, наместо храбри и љубопитни. Ги учиме дека нивните тела се ранливи и им го всадуваме стравот од повредување со што им ја намалуваме довербата во нивните сопствени тела.
  • Од Бојана Јовановска
  • Uncategorized, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Демнење: Кога контролата и непосакуваната близина стануваат демнење?
Клучно во спречувањето на демнењето е препознавањето на моментот кога истото започнува
  • Од Ангелина Станојоска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Треба да ја преиспитаме категоријата жена
Авторката на револуционерната книга Gender Trouble вели дека не треба да се изненадуваме кога категоријата жени се проширува и ги вклучува и транс жените.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пејзажи на отпорот/Landscapes of Resistance
Како може еден пејзаж да говори?
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нам жените потешко ни се простуваат грешки: Интервју со Лана Басташиќ
Пишувам главно за женското искуство затоа што тоа е и мое искуство.
  • Од Радица Стојановска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога личното станува теоретско: кон романот ,,Аргонаутите” на Маги Нелсон
Аргонаутите (The Argonauts, 2015) е последниот роман на американската писателка и професорка Маги Нелсон, позната по нејзините жанровски експерименти.
  • Од Душица Лазова
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Отпорот е клуч – феминизам и борбата за климатска правда
Без разлика кои системи на доминација се присутни во нашето општество, последиците влијаат на сите нас
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ана Аврамовска
  • ФЕМ 101
Проблемите на лезбејската заедница се продлабочуваат: 26 Април – Ден на лезбејската видливост
Овој ден не смее да остане само потсетување за постоењето на заедницата, туку да биде поттик за насочен активизам кон надминување на проблемите и предизвиците со кои заедницата се соочува.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram