Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Керол Ен Дафи е годинешна добитничка на „Златниот венец“ на Струшки вечери на поезијата
Поезијата на Дафи е луцидна, остроумна, автентична (и настрана од помодните текови), проткаена со родово сензибилна црта, духовита деконструкција на родовите обрасци и разобличување на родовата асиметрија на моќта.

Добитничка на „Златен венец“ за 2021 година, главната награда на „Струшките вечери на поезијата“, е британската поетеса,есеист, драматург, професор и креативен директор на „Школата за пишување“ на Универзитетот „Манчестер Метрополитен“ – Керол Ен Дафи.

Според возобновената традиција, оваа одлука беше соопштена во седиштето на УНЕСКО во Париз, по повод Светскиот ден на поезијата. Оваа година, свечениот настан се одржа во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, чиј јубилеј беше вклучен во Календарот на значајни јубилеи поддржани од УНЕСКО.

Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации на годинешното издание на фестивалот, предвиден да се одржи од 25 до 30 август.

Во образложението на одлуката, проф. д-р Елизабета Шелева, претседател на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“, потенцира:

„Поезијата на Дафи е проткаена со сензибилни доживувања и метафизички опсервации за љубовта, загубата, селидбата, носталгијата, тагата, сеќавањето, минливоста на времето (крајот на младоста, смртта на родителите, синдромот на празно гнездо и заминувањето на децата од домот). Во оваа симфонија на поетски слики, природата не се исцрпува само во улогата на лирска сценографија туку станува рамноправен соучесник во непреболната драма на светот, чиишто пејсажи се маркери на душевните неспокојства и тревожни прашалници на лирскиот субјект, одблесоци на еден талкачки дух кој општи со светот отаде видливото, во низа од збунувачки асоцијации, есхатолошки назнаки и немушти, исконски закани кои лебдат наоколу. Поезијата на Дафи е луцидна, остроумна, автентична (и настрана од помодните текови), проткаена со родово сензибилна црта, духовита деконструкција на родовите обрасци и разобличување на родовата асиметрија на моќта. Таа ги предизвикува родовите стереотипи, како манипулативни, позајмувајќи им го при тоа својот моќен глас, духовитоста, проникливоста и игривоста на дотогаш премолчаните, изоставени, иако даровити жени, заробени во улогата на тивки статисти зад сцената на историјата.“

Керол Ен Дафи (родена во Глазгов, 1955 год, во семејство со ирски корени) се вбројува меѓу најпознатите поетски имиња во Велика Британија. Покрај тоа што е високо вреднувана и ценета во академските кругови, таа е омилена и кај пошироката публика. Важен детал, во прилог на тоа е констатацијата дека нејзината поезија е веќе вклучена како задолжителна лектира во националните курикулуми на универзитетите, но и на училиштата.

Уште со првата, провокативно насловена книга “Standing Female Nude” (Стоејќи, жена, гола) (објавена во средината на 80-тите години), Керол Ен Дафи успеа да стекне широк круг читатели, но и неспорна поддршка од книжевната критика, што во неа инстантно препозна „расен, нов глас во поезијата“. Почнувајќи од таа дебитантска книга натаму, речиси секоја од следните поетски објави на Дафи беше наградена со најзначајните национални и меѓународни признанија (вклучително, престижната награда „Т.С. Елиот“, што таа ја добива за збирката Вознесение (2005) , како прва жена во историјата на доделување на оваа награда, потем, наградите „Дилан Томас“, „Сомерсет Мом“, „Харолд Пинтер“ и други), што убедливо сведочи за недвосмислената репутација на нејзината поезија во редовите на пребирливата критичка јавност.

За првпат во 400 години долгата традиција на ова признание, во 2009 год, Дафи беше избрана и како жена „Poet Laureat“ на Обединетото кралство.

Автор е на близу 50 книги, од кои најнови се: Искреност (2019), Панаѓур на студот (2019)

Освен што е добитничка на значајни меѓународни книжевни награди, Керол Ен Дафи е носител на високи одликувања од кои највисокото е почесната титула „Дама-заповедник на Редот на Британската Империја“, што го добива во 2015 г.

Во поздравното обраќање до македонската јавност, Керол Ен Дафи вели:

„Во овие сурови, мрачни времиња за светот, бев воодушевена кога пред мојата врата ме сретна сјајот на „Златниот венец“. Да се додаде моето име на листата поети кои толку многу ми значеле во животот како читателка и како писателка, е скапоцен подарок за кој вечно ќе бидам благодарна. Поезијата е животен повик, музика на човечноста, која само сака да му одговори на светот и притоа да вплоти во него нови песни. Годинава изразот „ме изневерија зборовите“ се здоби со тажно значење за мене како поетеса, па така оваа прекрасна награда од Северна Македонија духовно ме поткрена и усреќи со тоа што сум добредојдена во оваа голема европска традиција на вреднување поезија“.

 

 

 

 

Извор: Окно

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • March 24, 2021
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да ги украдеме женските митски ликови
Со своето (женско) препрочитување на ликовите на Пенелопа и Деметра, Кавареро ги ослободува од стисокот на патријархалното имагинарно
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што се случува со жените во отсуство на медиумски тропи?
Дали отсуството или отфрлањето на тропите служи само за да воведе нова? Кои сме ние без оковите на нашиот угнетувач?
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Дво децениски разговор помеѓу мајка и ќерка: Интервју со Кристина Атанасова од Main days
Ташната не е само моден додаток кој тежи, виси или го носиме со себе, ташната е олицитворение на нашите животи и активности, како и обидот да ги балансираме.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Mитот за убавите заспани девојки
Нараторката донесува одлука да преспие една година од својот живот со помош на седативи и антидепресиви. Таа го замислува овој проект како една хибернација, одмор од секојдневните анксиозности и случувања.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Кристина Атанасова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Дисциплина на гладот
“Таа е без сила, несексуална и безгласна, и само со тешкотија може да се фокусира на светот кој се наоѓа надвор од нејзината чинија. Жената во неа е убиена. Таа скоро и да не е таму.”[1]
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС 1
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • Од Ана Блажева
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Треба да ја преиспитаме категоријата жена
Авторката на револуционерната книга Gender Trouble вели дека не треба да се изненадуваме кога категоријата жени се проширува и ги вклучува и транс жените.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Маргиналки
За жените и војната
  • Од Дијана Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фиона Сампсон – Три песни
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet _moooki
Доколку сте слаби на Инстаграм профили со автентични илустрации, тогаш дефинитивно треба да ја заследите _moooki, профил зад кој стои сестрано креативната Моника Стојановска.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време е за ранливи суперхерои
Несовршеноста, емотивноста, прифаќање на грешките и стравот од напуштање се легитимни состојби и карактеристики, дури и за еден суперхерој.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска
  • ФЕМ 101
Држава што не постапува е држава што силува
Тука сме, ве следиме, и нема да ве оставиме на раат!
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Активистки ги прикажаа пораките од „Јавна соба“
Нема да престанеме да го бараме она што ни следува како граѓанки на оваа држава, а тоа е правото да бидеме заштитени од сексуални насилници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали Академијата мисли дека филмот Little Women се режираше сам?
Време е да се фрлат номинациите за Оскар оваа година директно во оган.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Добро запомнете го името Исра
Интерсекциски преглед на феминизмот во Палестина
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Викторија Постоловска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Инстаграм – гнездо на уметнички
Неколку уметнички чии дела варираат од забранети автопортрети до искрени исповеди и ноар фотографии.
  • Од Анастасија Марковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
So long 2019!
Со цел да ја затвориме оваа година, прашавме неколку од нашите авторки што е тоа по што ќе ја паметат изминатата година.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Перформативната уметност те носи на емотивно возење со луда железница: Интервју со Нао Бустаманте
Она што особено ми се допаѓа кај перформативната уметност е непосредната размена со публиката која се менува во истиот момент додека се создава.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Имав абортус“
Црната дупка во женскиот и јавниот дискурс
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Чашка слобода: или сé што треба да знаете за менструалната чашка, но никој не ви го кажал
Важно е да бидеме информирани и на тој начин да ги правиме изборите кои се најдобри за нас затоа што нашите тела го заслужуваат тоа.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • ФЕМ 101
Борбата за права на текстилните работнички е борба за македонската жена
Разбирањето и емпатијата се основните двигатели на секоја промена.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марија Бошковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мизогинијата упатена кон убавите жени
Кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГУЖ#2 Колет (филм & личност)
Во подоцнежните години од животот Колет забележува: “ Колку убав живот имав. Посакувам само да го реализирав и поскоро.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Прашање на почит, воспитаност и љубов
Средствата и формите на борба се различни во зависност од општествено-политичкиот контест, но за мене најпредизвикувачки останува да ги „ловам“ меките форми на ненамерно репродуцирање на патријархални вредности и очекувања, често и низ суштински искрени „најдобри намери“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јас и моето драго чудовиште
Како можеш да прифатиш дека секојдневно ќе се соочуваш со нови проблеми, твоето тело постојано ќе се менува и ќе прогресира кон полошо, а да не се разочараш самата себе?
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Викторија Пенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бел хукс: „Нашата прва љубов е љубовта кон себе“
Плодната писателкa, мислителка и теоретичарка дискутира за љубовта кон себе и за тоа како искрено да ја процениме сопствената вредност.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, КУЛТУРА
Родови политики и сексуални идентитети во Планината Броукбек
Планината Броукбек е место кое надвор од светот во кој живеат, надвор од цивилизацијата и општеството кое ги класифицира и осудува, надвор од „вистинскиот живот“ со своите пространи пејзажи ја доловува слободата и можноста на остварувањето на нивната врска.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Кристијан Стефановски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Mислев дека имам внатрешно крварење и умирам: Приказни за прва менструација
Менструацијата е телесен, приватен и интимен процес, но стигмата, срамот и сиромаштијата се прашања кои мора да се адресираат јавно.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жива филологија
Дали и како може да се живее одовде или отаде животот?
  • Од Вики Младенова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram