Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?

Музичката уметност секојдневно се развива, менува и прилагодува. Професиите поврзани со музиката стануваат подостапни од било кога за оние со музички капацитети и афинитети. Кога зборуваме за западноевропската традиција на класичната музика може да се забележи дека овој вид на музика сè уште се негува и изучува, а најверојатно тој тренд ќе продолжи и во иднина. Цврсто ја одржуваме врската со традицијата на класичната музика, но и во едно современо општество можностите за жената во оваа сфера сè уште се нееднакви.

Иако сè почесто имаме шанса да слушаме и гледаме музичарки на сцена како диригентки, композиторки, вокално-инструментални изведувачки, сепак појавата на жена на сцена во такви улоги сè уште претставува изненадување за публиката која е навикната и веќе програмирана да очекува диригент на сцена или да прочита во програмата дека делото е напишано од композитор.

Кога се разговара за положбата на жените во сферата на класичната музика се јавува чувство дека жената како музичарка е најприфатена во полето на оперската уметност, но таа во дваесет и првиот век твори во сите полиња на музиката: се јавува како композиторка, деец во музикологијата, диригентка, изведувачка – и тоа не само на оние инструменти кои се обележани со назнака „нежни“ и „погодни“ за жените (харфа, виолина, флејта, пијано), туку и како инструменталистка на сите дувачки, гудачки, ударни и жичани инструменти. Се очекува од жените да се пејачки или изведувачки на одредени инструменти, како да е срамота жена на сцена да се појави како изведувачка на туба, кларинет или труба. Во ваквите случаеви се забележуваат старите вредности на класичната музика кои што не дозволувале жената да се појави на сцена водејќи цел оркестар или пак да владее со инструмент кој што не ѝ „доликува“.

За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми? Овде не зборувам за програмите организирани по специјален повод за Меѓународниот ден на жената или посебни проекти кои би вклучиле композиторки, туку жени кои се дел од годишната програма на музичките институции без никакви епитети, туку како рамноправни авторки.

Според истражување спроведено од Music Theory Examples by Women во сезоната 2018/2019 на светските музички сцени, (оние како сцените на Филаделфискиот оркестар), постои само 2% застапеност на диригентки, наспроти 98% застапеност на мажи диригенти, како солистки се јавуваат 26% односно 8 солистки, додека на другата страна имаме 74% солисти, а пак во полето на композицијата композиторите доминираат со 100% застапеност.

Во Метрополитенската опера на полињата диригенти и композитори застапеноста на жената е на 0%, а во Филхармонијата во Лос Анџелес во полето на композицијата застапени се само 21 композиторка (9%) наспроти 206 мажи композитори (91%).

 

Во едно друго истражување Ројал Алберт Хол анкетираше 2000 граѓани и откри дека четвртина од тие луѓе сметаат дека жените немаат исти можности како мажите во индустријата на класичната музика. Над една третина од жените (36%) сметаат дека постои сексизам во оваа индустрија. Во одделно истражување, веб-страницата Bachtrack објави дека само пет жени биле споменати на список на првите 100 најангажирани диригенти за 2017 година.

Во 2016 година во списокот 50 современи композитори биле вклучени само седум композиторки, а во 2019 година бројката се зголемила на тринаесет вклучени композиторки.
За изучување на класичната музика постојат основни музички училишта, средни музички училишта, академии, конзерваториуми, приватни школи и сл. Но сите овие институции се држат до веќе стандардизираните предавања во кои што не се вклучуваат сите оние музичарки кои се дел од една долга музичка историја.

Повеќето од музичарите од полето на класичната музика го започнуваат своето образование на рана возраст со посетување на основно музичко училиште и тие понатаму се градат како музичари кои што мислат дека жените воопшто не биле присутни во музичката историја. Таквото нецелосно музичко образование се шири и во средните музички училишта, а потоа и на музичките академии. Студентите треба сами да се заинтересираат и запрашаат каде се жените во историјата на музиката за да дознаат дека тие се присутни во таа историја отсекогаш. Постои целосна листа на композиторки која што датира од средниот век па сè до денес достапна на Оxford Music Online, а самото тоа ни кажува дека потребно е проширување на видикот кај сите нас кога станува збор за класичната музика и нејзините претставници.

Денес жената не се судира со директни забрани во музичката уметност. На сите им е дозволено да се запишат на музичка академија на било која катедра без разлика на родот, но дали надвор од студентските клупи жените добиваат еднакви шанси за развој и успех? Истражувањата и организираноста на годишните програми ни покажуваат дека еднаквоста во ова поле, за жал, не постои.

Уметноста треба да се развива и твори во едно современо опшество кое што се базира на еднаквоста. Потребни се еднакви шанси за сите и излегување од рамките на долгата традиција. Традицијата на западноевропската класична музика треба да се негува, но истовремено и да се развива во склоп на новите времиња. Уметноста не смее да ограничува.

НАПИШАНО ОД:
  • Тамара Стојаноска
  • September 15, 2020
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Модернизирана винтиџ хомофобија
Денес, на многу мејнстрим медиуми веќе не е прифатливно отворено да се користат расистички, сексистички, хомофобични и други видови на погрдни зборови во дебатните емисии. Затоа модерните хомофоби како Сашо Тасевски мораат нивните предрасуди да ги скријат преку различни реторички стратегии.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Водич за Трејси Емин, ‘enfant terrible’ на британската уметност: Прв дел
Трејси Емин e дел од изложбата Родови перцепции во Музејот на современата уметност - Скопје. Прочитајте сè за оваа легендарна уметница и погледнете ја изложбата во МСУ каде се изложeни 39 современи уметнички дела од 25 жени.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Марш за женски права: Ти не си виновна!
Вчера, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, марширавме под слоганот „Ти не си виновна!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Во фокус: Сачин Литлфедер
„Треба да ја задржиме нашата смисла за хумор во секое време. Тоа е нашиот метод за преживување.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто толку малку мажи читаат книги напишани од жени?
Без разлика дали се работи за Остин или Атвуд, за сестрите Бронте или добитничките на Букер, статистиките откриваат дека мажите немаат желба да читаат жени, а тоа си носи свои последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што следно ни носи Скопскиот викенд на гордоста?
Кон самостојната изложба „Еластично насилство“ на Јован Јосифовски и настапот dragON forever – третиот и последен дел од кореографската трилогија dragON на STEAM ROOM.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жртвите се множат, додека институциите тивко потфрлаат
ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА НА ЖЕНИ-АКТИВИСТКИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД БАЛКАНСКИОТ РЕГИОН ЗА РОДОВО-ЗАСНОВАНОТО НАСИЛСТВО НА ИНТЕРНЕТ
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Декриминализацијата ќе придонесе кон намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници
Ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат на Маршот на црвените чадори, по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Можна ли е достоинствена дигитална интимност?
Потребно е како нација да научиме како правилно да ја уважуваме интимноста, и како правично да ги казниме злосторниците кои ги загрозуваат жените.
  • Од НИКОЛА ДОНЕВ И РАДОВАН СПИРИДОНОВ
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Мајчинството (не) е за секого
Филмот ја прикажува голата вистина за општество кое не покажува разбирање кога жените ќе направат нешто што не е во склад со наметнатите очекувања и норми.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Нè третираа како животни“ – Приказни од породилните сали
Сестрите ми викаа „Не ти кажаа како е на пораѓај?! Убаво ти беше кога го правеше, сега што викаш, што плачеш?“
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доктор-јаснување“: Кога докторката не ги слуша пациент(к)ите
Излегувањето на д-р Шуплиновска-Јордановска ме направи гневна, но сепак ми е мило што ПичПрич обезбеди форум каде што публиката можеше дирекно да се обрати на лице кое има позиција на моќ
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гордост
Пишува Ирена Цветковиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!
  • Од Јована Јовановска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Секоја промена започнува со љубов кон себе и своето тело: Интервју со Елисавета Димовска
За секој напредок кој сум го имала во сила или градење мускулна маса сум добила коментар – доволно ти е, немој повеќе. Сум се запрашувала, дали иста реакција би добил и маж на мое место?
  • Од Бисера Илкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Противотровот на нашата егзистенцијална беспомошност
Ник Кејв за тоа како да ги исполниме нашите животи со величествена смисла.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јавната соба е секаде околу нас
Јавни соби ќе постојат сè додека жртвите се виновни, виновниците неказнети, а родово-базираното насилство е „дружење и зезање“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Кралиците кои создаваат кралици
Писмо на Миз Крекер која пишувајќи за нејзината релација со дрег-мајката, низ приказната за љубовта, пријателството, поддршката и растењето, доближува една перспектива за животот во дрег заедниците.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колку е безбеден јавниот простор за жените?
Поради чувството на небезбедност жените се принудени да трошат повеќе време да стигнат до посакуваната дестинација или да потрошат повеќе пари, доколку од страв да пешачат сами, решат да стигнат до посакуваната дестинација со автобус или такси, иако автобусите и такси возилата се исто така места каде што повторно жената може да искуси некаква форма на родово-базирано насилство.
  • Од Марија Ангеловска
  • ФЕМ 101
Во фокус: Малала Јусафзаи
„Ја раскажувам мојата приказна, не зашто е уникатна, туку зашто е слична со приказните на многу девојки.“
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто идејата за „родoт“ предизвикува бурни реакции ширум светот?
Сè повеќе, авторитарни личности го споредуваат „родот“ со „комунизам“ и „тоталитаризам“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Тие се бомби“: Машкиот поглед и борбата против родово базираното насилство
Хероините во центарот на приказната како да се таму само за да им се случуваат непријатни нешта, по што се турнати на маргините на филмското дејство, без многу анализа на нивните страдања.
  • Од Јована Ѓорѓиовска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против „родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нашиот пат – 25 женски приказни од историјата
Тииит!Инк. ве поканува на промоцијата на публикацијата „Нашиот пат - 25 женски приказни од истроиајта“,  во петок (01.10), во кафе-книжарницата „Буква“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.03
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: (Не) ми е страв
Стравот го ограничува движењето на телото во просторот. Стравот може да ве натера да ја промените насоката на движење, да не направите некое движење или воопшто да не излезете од дома.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната жена од Медената земја
Пола за мене, пола за нив, повторува традиционалната пчеларка, додека медитативно им пее на пчелите.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Собир за одбележување 80 години од создавањето на АФЖ
Регионален настан за одбележување на 80 години од основањето на АФЖ инициран од феминистичките колективи од просторот на поранешна Југославија.
  • Од Тимот на Медуза
  • Uncategorized, КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Втор дел
Ако и вие како нас не можете да се наситите на прекрасните фотографии од Скопје Прајд, во прилог втор дел галерија фотографии.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Згодна маратонка го истрча полумаратонот по гаќички“. Tоа што освои прво место е второ.
Родовите норми и стереотипи се овековечуваат и зајакнуваат преку неурамнотеженото и патријархално медиумско претставување на жените и мажите во спортот.
  • Од Ангела Рајчевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Партнерското насилство во квир врските  
Кон Куќата од соништата на Кармен Марија Мачадо.
  • Од Грација Атанасовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Они би ги „контролирале младите“, ние би ги воспитале девојчињата да знаат дека можат да блујат оган
Кај нас редовно се појавувават луѓе кои не покажуваат храбост отворено да застанат зад жртвите на криминал, па својата недоволна информираност и конзервативност ја камуфлираат зад жалопојките поради губењето на семејните вредности.
  • Од Лени Фрчкоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram