Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кој ги носи панталоните (дома)?
Како жените се избориле за правото да носат панталони.

Според законите за крос-дресинг во западниот свет, носењето панталони од страна на жените се сметало за кривично дело. Жените во панталони биле вербално и физички напаѓани и апсени сè до 19-тиот век, кога благодарение на движењето за реформи во облеката, жените конечно добиле право да носат панталони.

Низ историјата, додека биле деца, момчињата и девојчињата биле идентично облекувани во долги фустани. Се сметало дека во мигот кога момчињата ќе го облечат својот прв пар панталони, тие „го преминуваат прагот, ја напуштаат неутралната фаза на раното детство и влегуваат во родово обоениот живот на зрелоста“ (118). Носењето панталони не само што означувало дека момчето е доволно возрасно (дораснато), туку од него се очекувало да почне да се однесува на машки начин (119).

Во патријархалните општества, машкоста се поистоветувала со способноста да се размислува рационално. Па така, панталоните станале симбол за менталниот склоп на момчињата, кој се разликувал од оној на доенчињата и девојчињата и „им давал пристап до правата и законските одговорности“ (120). Церемонијата на облекување панталони (breeching ceremony) често го означувала моментот во кој улогата на таткото во израснувањето на момчето станувала поизразена.

Долната облека била првиот тип на раздвоено парче облека носено од страна на жените. Во средината на 19-тиот век, жените почнале да носат панталони одозгора како дел од кампањата за реформи во женската гардероба. Првите дизајнирани панталони за жени биле наречни блумери (bloomers) по Амелија Блумер (Amelia Bloomer), една од главните активистки за женски права во Америка која била заслужна за нивното популаризирање.

Што се однесува до дизајнот, станувало збор за „вреќести панталони, во турски стил, собрани на зглобот, а горе пуштени до колената“ (122) – некој вид на шалвари или бечви. Ако за стандардниот тип на долни панталони или килоти се сметало дека ја нагласуваат сексуалноста, за овие вреќести панталони кои се носеле одозгора се велело дека „ги десексуализират оние кои ги носеле и кревале тревога за постоењето на мажествени жени“ (122).

Терминот Блумер(к)и се користел и за самите жени кои ги носеле овие панталони. Тоа биле претежно привилегирани жени од високата или горната средна класа кои започнале да држат предавања низ метрополските области и да се борат за правото на жените да носат панталони. Расправале како панталоните се попрактични, пристојни и здрави за жените. Сепак, нивната публика била претежно составена од мажи за кои тие биле тема на потсмев и еден вид забава. Впрочем, многу често сатиричарите и карикатуристите ги прикажувале „непослушните“ жени во панталони.

На своите предавања, Блумерките постојано ја нагласувале потчинетата позиција на жените во општеството, па нивниот бунт прераснал во борба за „право на глас, образование и политички реформи“ (124). Терминот „блумерка“ сè повеќе се користел со значење на „смела, неженствена жени“ (125), па во јавност, блумерките привлекувале непријателски настроена маса и биле толку интензивно малтретирани што повеќето жени престанале да ги носат овие панталони по неколку месеци. Блумерскиот изглед бил доживуван како закана за бришење на разликите помеѓу половите. Дури и Амелија Блумер го сменила стилот по неколку години како резултат на непрестајното исмејување. И покрај острите реакции, голем број на лезбијки и жени од работничката класа го присвоиле и продолжиле да го популаризираат овој изглед.

Во 1881 година било формирано Друштвото за рационално облекување (The Rational Dress Society) кое се залагало за реформи во облекувањето. Друштвото ја предложило „поделената сукња“: „целосни турски панталони кои стасувале до зглобовите, надвиснати со над-сукња со различна должина“ (126). Овој тип на куси широки бечви кои жените почнале да ги носат за возење точак и други спортски активности биле наречени „рационали“ (rationals).

И покрај целата дискусија околу рационалите, тие сепак останале контроверзни и биле носени од мал број на жени. Самата виконтеса Харбертон, основачката на Друштвото, била одбиена за ручек поради тоа што носела рационали. Таа го тужела локалот, но поротата пресудила во полза на домаќинот бидејќи тој инсистирал виконтесата да биде послужена во барот, но не во угледниот дел од салонот.

Феминистките од американското движење за женски права продолжиле да се борат за реформи во облеката, да свикуваат собири, да пишуваат книги и да организираат симпозиуми каде што ги презентирале новите стилови на облекување за жени. Тие укажувале на двојниот стандард според кој на мажите им било сосема прифатливо жените да носат панталони како дел од униформата, но не и во јавност.

Ваквите двојни стандарди се должеле на тоа што сè до 20-тиот век, облеката не се носела за комоција, туку била приказ на општествениот статус и класната припадност. Затоа и борбата за носење панталони била политичка борба, бидејќи дозволата да носат машко парче облека за жените би значело симболично предавање на моќта, за кое тие сметале дека би ги однело чекор поблиску до еднаквост и слобода. Во овој контекст изреката „кој ги носи панталоните дома“ добива една друга тежина и важност.

На почетокот на 20-тиот век, формалниот однос кон облеката омекнал под влијание на зголемената присутност на спортската облека во секојдневната гардероба. Леснотијата на движењето и удобноста полека станувале приоритети како за мажите така и за жените. Во 1910тите, Коко Шанел и нејзините популарни спортски алишта го поткрепиле овој тренд. Шанел е меѓу најзаслужните дизајнери за присвојувањето и трансформирањето на голем број машки парчиња облека (пр. струкираните панталони и сакоа) во класични женски парчиња.

 

 

 

На почетокот, жените почнале да носат панталони за вежбање, возење точак, на плажа, или дома, пред да се осмелат да ги носат надвор бидејќи знаеле дека можат да се соочат со непријатни ситуации. На пример, во 1933 година, актерката Марлен Дитрих (Marlene Dietrich) – која во Morocco (1930) ја освоила филмската публиката како кабаре пејачка во смокинг – била исфрлена од локалот Brown Derby во Лос Анџелес бидејќи носела панталони. Потребни биле години за баровите да ја тргнат оваа забрана (заедно со забраната сами жени да пијат на шанк). Во случајот на Brown Derby, биле потребни дури 35 години!

Независно од жолчната истрајност на противниците на жени во панталони, во Втората светска војна, жените буквално ги натнале панталоните за да ги пополнат празнините кои мажите ги оставиле зад себе на работните места. Веќе по војната, станало многу поприфатливо жените да носат панталони без да бидат нечија мета на потсмев.

 

 

Преземено и адаптирано од ALOK со извадоци од The Anatomy of Fashion, Susan J. Vincent

НАПИШАНО ОД:
  • Душица Лазова
  • July 6, 2021
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Апсурдноста на модерните вештерски кампови во Јас не сум вештерка (2017)
Што се случува кога мислењето на колективот ќе се земе здраво за готово, а молчењето како потврден одговор.
  • Од Радица Стојановска
  • Од Радица Стојановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Отуѓивите права на жените
На многу начини бременоста е најнеприватното искуство во животот на една жена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Втор дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Јавна соба е бедна група и слично“: Или како да ги обесхрабриш жртвите да пријават насилство
Да, секако феминистките мислат дека јавна соба е бедна група, но исто така знаат дека е криминална група, а тоа е многу, многу поважно. Крајно време е и институциите да се качат на овој воз и да престанат да им даваат ветер во грб на насилниците.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПичПрич: Влакна
Во 20.00 часот во Кино Милениум ќе се одржи четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога го дизајниравме Комитет, дизајниравме за себе и нашите пријатели: Интервју со Никола Николовски и Дамјан Кокалевски
ЛГБТИ заедницата во Скопје нас лично ни има дадено многу. И како дел од таа зедница која со години е исфрлана и терана да мигрира од еден во друг простор, нема поголемо задоволство да се дизајнира простор кој ќе биде дом за сите нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Останаја работи за зборање – немаше на кој, освен на чупињата: Интервју со Prince$$ Donatsu
За приказната зад Битола, нејзините чупиња, трапот и феминзимот, Prince$$ Donatsu за Медуза. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Јас одлично готвам и Сашо Тасевски повторно не е во право
Ако не се јаде летна манџа, тоа е исто како да не се јаде воопшто.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 10 | Ecstatic Bodies
Јубилејното издание на Skopje Pride Weekend 2022, фестивал на квир уметност, култура и теорија, оваа година ќе се случува од 2 - 11 јуни и 15 - 17 септермври.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кондоми – инструменти за игри на моќ
Стелтинг и отпорноста кон користење кондоми кај хетеросексуалните мажи
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Наталија Станојевиќ
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Деветтиот по ред Викенд на гордоста Скопје ќе се одржи во периодот од 2-9 јуни, во Музејот на современа уметност, КСП ЈАДРО и кафе барот Шортбас.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Проблемот кој нема име
Извадоци од поглавјето од книгата Женската Мистика (The Feminine Mystique, 1963), Бети Фридан
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Модернизирана винтиџ хомофобија
Денес, на многу мејнстрим медиуми веќе не е прифатливно отворено да се користат расистички, сексистички, хомофобични и други видови на погрдни зборови во дебатните емисии. Затоа модерните хомофоби како Сашо Тасевски мораат нивните предрасуди да ги скријат преку различни реторички стратегии.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд – Една година подоцна
Какво беше искуството и што е следно?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суптилни приказни за болката и неприспособеноста
Кон Антарктик од Клер Киган.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Калина Малевска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Вирџинија Вулф ја преобрази женската биографија во „Орландо“
„Орландо“ зборува за важноста да се биде свесен за сопственото историско, лично и колективно минато како жена и за потребата од негово реобмислување и реиспишување.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
На сите ни е потребна „Секс едукација“
„Сексуална едукација“ би им ја препорачала на сите, а пред сè на младите кои преку забава ќе научат повеќе за сексот, а ќе откријат и нешто за сопствената сексуалност.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ФЕМ 101
Александрија Окасио-Кортез за победата на Бајден, загубата во Домовите и што следува за левицата
Окасио-Кортез ги отфрли неодамнешните критики од некои членови на Демократскиот дом кои ја обвинија левицата на партијата дека ги чинела неколку важни позиции. Некои од членовите што изгубија, рече таа, станале „седечки патки“.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести во Косово: Дали училиштето нé третира како ученички или како објекти?
Како реакција на наводите за силување на малолетно лице од страна на вработен во косовската полиција се одржаа организирани протести во Приштина и Дренас
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
КРИК 06 : : Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина
Предавање на Катрин Малабу, проследено со дискусија модерирана од Петар Милат и Славчо Димитров „Жена, женственост, трансфеминизам: алтернативи или дилеми?“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 причини зошто треба да се гледа серијата Mrs. America
„Поборниците за женското ослободување сакаат да создадат полово-неутрален, феминстичко-тоталитарен кошмар.“
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Прв дел
Оние кои беа знаат, оние кои не беа веројатно слушнаа. Првата Парадата на гордоста во Скопје беше сé што можевме да замислиме и повеќе.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Оклопни возила за спречување на семејно насилство
Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Џејлан Велиу
  • ФЕМ 101
Можна ли е достоинствена дигитална интимност?
Потребно е како нација да научиме како правилно да ја уважуваме интимноста, и како правично да ги казниме злосторниците кои ги загрозуваат жените.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од НИКОЛА ДОНЕВ И РАДОВАН СПИРИДОНОВ
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Спокојното поврзување на телото и просторот
Ве запознаваме со Ивана Јовановска, поетеса од Скопје која се занимава со прашањето на телото и просторот (кон внатре и кон надвор) каде тоа се развива, боли, се бунтува...
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Тие се бомби“: Машкиот поглед и борбата против родово базираното насилство
Хероините во центарот на приказната како да се таму само за да им се случуваат непријатни нешта, по што се турнати на маргините на филмското дејство, без многу анализа на нивните страдања.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Јована Ѓорѓиовска
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да ги украдеме женските митски ликови
Со своето (женско) препрочитување на ликовите на Пенелопа и Деметра, Кавареро ги ослободува од стисокот на патријархалното имагинарно
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Глорија Стајнем: Вистината ќе те ослободи, но прво ќе те напне!
Брилијантноста на ова дело е што може да допре буквално до секого – начинот на кој Стајнем твори е непроценлив, а игривоста и хуморот во нејзините реченици влеваат некое чудно чувство на надеж дека и покрај тоа што борбата е тешка и долга, сепак не сме сами.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram