Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој навистина се бори за слобода на говор во нашето општество?
Спојлер алерт: не, тоа не се конзервативците

Минатата среда се одржа традиционалниот Марш за женски права по повод 8 Март. Веќе следниот ден, од многуте впечатливи слогани кои ги носеа граѓаните, еден особено храбар ја разбранува македонската онлајн јавност. Слоганот гласеше: Црквата да одјебе. Изминативе денови, на социјалните мрежи се изначитав жестоки дискусии и алармантен говор на омраза упатен кон нашата соборка која ја упати оваа (оправдано) дрска парола. Бурната реакција од вжештените конзервативни глави вклучуваше навреди на сметка на физички изглед, закани за насилство, па дури и повици за кривичен прогон.

Ова е последниот од низа примери кои го докажуваат лицемерието на конзервативците во врска со прашањето на слободен говор и цензурата во модерното општество. Во последните неколку години сведочиме сериозно изобличување на овој важен дискурс. Па така, во интернационалната онлајн сфера, самиот термин “freethinker” (слободоумна личност) порано означуваше личност која преиспитува етаблирани авторитети и системи на вредности. Но, сега истиот термин сè повеќе се поврзува со слободата на ширење дезинформации, антифеминизам и теории на заговор за т.н. „родова идеологија“, односно анти-ЛГБТИ наративи.

Зачестениот трик на десничарските сили е лажното претставување на привилегирани конзервативни личности како замолчени жртви на т.н. култура на исклучување (cancel culture) од една страна, а маргинализираните групи како  „осетливи снегулки“ од друга. Па така, очигледно е дека жените (како и квир луѓето) сè уште се соочуваат со директна или индиректна контрола врз нашиот говор, особено кога се работи за изразувањето на бес кон општествените неправди.

Борбата за женските права навидум станува сè попопуларна во широката јавност, но само на површинско ниво. Од нас феминистките се бара да не чепкаме предлабоко, да не ги мешаме во нашиот активизам долгогодишните патријархални алатки кои се „свети“ за многумина (како што се верските институции и традиционалните обичаи) и да не се обидуваме да консолидираме национални симболи со квир идентитети.

При првата смела порака која ги преминува овие граници, се соочуваме со вистинскиот пристап на нашите сограѓани кон феминизмот. Општествениот притисок и цензура заземаат повеќе нивоа на реакција пред примитивната кулминација во различни облици на говор на омраза. Па така, некои се само разочарани поради начинот на изразување и предлагаат користење на пристоен јазик со цел да се допре до народот, бидејќи нели, нам жените не ни личи да пцуеме. Други, пак, како џокер од ракав го вадат познатото релативизирачко прашање „Каде беа феминистките кога…“, по што секогаш следи настан за којшто здруженијата за родова еднаквост всушност веќе реагирале. Трети изнесуваат разни клише шпекулации за активизмот и приватниот живот на гласникот и сите поддржувачи на пораката, како на пр. теории за нарушени односи со родителите (особено недостаток на машка, татковска фигура) и наводни високи финансиски надоместоци како мотив за феминистичкиот светоглед. Секако, тука се и мажјаснувачите да нè обвинат за непознавање на вистинската суштина на феминизмот и да нè потсетат дека нема за што веќе да се бориме во денешно време, иако самиов вжештен дискурс го докажува спротивното.

Спротивно на тврдењата на одредени десничарски инфлуенсери, вистинското „тивко мнозинство“ се девојките, жените и квир лицата кои се спречени јавно и автентично да го кренат својот глас од разни причини. Патријархалниот менталитет во нашето општество доведува до (социјална) анксиозност и општо чувство на небезбедност. Во многу случаи, невработеноста или ниските примања ја ограничуваат независноста на младите и ги држат заглавени во неодобрувачки средини, каде што се обесхрабрени да го достигнат својот субверзивен потенцијал. Затоа, ваквите обиди за цензура на само една активистка имаат потенцијал да доведат до дополнителна самоцензура на уште многу други припадници на маргинализирани групи.

Мојата цел за оваа година е да рушам сè повеќе сопствени граници на самоцензура, како од комфорот на тастатурата во онлајн активизмот, така и во реалниот живот. Затоа што оние кои на феминизмот му пристапуваат со страв од губење на сопствената надмоќ никогаш нема да го признаат нашиот јазик како пристоен, ниту пак темите кои ги опфаќаме како релевантни.

НАПИШАНО ОД:
  • Нина Раповска
  • March 16, 2023
  • КВИР, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Втор дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: РАЗГОВОР
Ана Блажева, Наталија Теодосиева и Славчо Димитров ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за геј изобилството: како ТВ индустријата продава современа квир елита
Дали поголемиот диверзитет и вклучувањето на квир ликови во новите верзии на „Озборувачка“ и продолжението на „Сексот и градот“ се знак за напредок или пропаганда за (не)постоењето на современа квир елита?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Случај на силувано девојче во Задар: Борба против системот кој понижува, уценува и лаже
Во овој момент најважно е да се прати порака за поддршка на девојчето, дека не е сама и да се прати предупредување за односот на системот кон сексуалното насилство и лицата кои го преживеале.
  • Од Сибел Амет
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Апсурдноста на модерните вештерски кампови во Јас не сум вештерка (2017)
Што се случува кога мислењето на колективот ќе се земе здраво за готово, а молчењето како потврден одговор.
  • Од Радица Стојановска
  • ФЕМ 101
Феминизам, Јас и Ти
или што мислам кога велам дека сум феминист/ка?
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Најдобро за нашите деца е да се збогуваме со патријархатот
Патријархалното семејство е расадник на родово засновано насилство во домот и надвор од него.
  • Од Драгана Дрндаревска
  • ФЕМ 101
Во фокус: Малала Јусафзаи
„Ја раскажувам мојата приказна, не зашто е уникатна, туку зашто е слична со приказните на многу девојки.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
@Skopje Queer Youth
Ново онлајн едукативно место за квир теми <3
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фетишизирањето на „тате проблемите“ преку песните на Лана дел Реј
Како етикетирањето на девојките и жените со тате проблеми ги обесправува и го оправдува насилството.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
“Бенд со женски вокал” не е факинг музички жанр!
Навистина сакам да ги имам одговорите или брзо решение за тоа како да создадеме еднаква репрезентативност помеѓу мажите и жените во музичката индустрија, но тоа е нешто што ќе треба време да се промени.
  • Од Игор Јадровски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • MЕДУЗА TV, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сексуалните малцинства, родот и медиумите
Медиумските дискурси не се огледало, туку активни креатори на нашата реалност.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Стара приказна, нови актери
Говорот на омраза никогаш не завршува како говор.
  • Од Лин
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Интуицијата како отелотворено знаење
Имам некое чувство што не можам да си го објаснам, но тука е.
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зад воланот
Ода за движењето, трансформациите и наоѓање засолниште во непостојаното 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јазикот ја пренесува родовата пристрасност во алгоритмите
Јазикот ги рефлектира и репродуцира родовите нееднаквости што постојат во општеството. Тоа важи и за компјутерските јазици.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Болката е нашиот отпор
Кон создавање речник за болката.
  • Од Ангел Димитриевски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто толку малку мажи читаат книги напишани од жени?
Без разлика дали се работи за Остин или Атвуд, за сестрите Бронте или добитничките на Букер, статистиките откриваат дека мажите немаат желба да читаат жени, а тоа си носи свои последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Во фокус: Илинка Митрева
Едно од најпроминентните лица на политичкиот дијалог и дипломатијата
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Александрија Окасио-Кортез за победата на Бајден, загубата во Домовите и што следува за левицата
Окасио-Кортез ги отфрли неодамнешните критики од некои членови на Демократскиот дом кои ја обвинија левицата на партијата дека ги чинела неколку важни позиции. Некои од членовите што изгубија, рече таа, станале „седечки патки“.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ментално здравје: контекст, релации и политики
Клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.
  • Од Ана Блажева
  • КВИР, ФЕМ 101
Крајно време е за прва квир лектира
Образованието нема избор освен да ги следи најдобрите примери
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: ПРОМЕНА
Нашите авторки Анастасија Марковска, Елена Петрова и Благица Димитрова ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам за 99%: Манифест
Превод на воведот на „Феминизам за 99%: Манифест“ на Чинција Аруца, Тити Батачарја и Ненси Фрејзер
  • Од Благица Димитрова
  • ФЕМ 101
МВР ме прави огрочена и лута
Полицијата никогаш во минатото не била клучна во оваа борба, па баш затоа е тешко да се замисли дека некогаш во иднината би можела да биде
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога го дизајниравме Комитет, дизајниравме за себе и нашите пријатели: Интервју со Никола Николовски и Дамјан Кокалевски
ЛГБТИ заедницата во Скопје нас лично ни има дадено многу. И како дел од таа зедница која со години е исфрлана и терана да мигрира од еден во друг простор, нема поголемо задоволство да се дизајнира простор кој ќе биде дом за сите нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што е муабетот со манифестирање?
Постојат нешта кои ги посакуваме, вредности во кои веруваме и визии кои нè движат. Сакале или не, свесно или несвесно, успешно или неуспешно, правиме чекори кон нив.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Луњата
Хаосот е нештото од кое треба најмногу да стравуваме, но во последно време верувам дека е нештото што најмногу го сакаме.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Кога љубовта трансформира?
Во и надвор од сопствените срца: белешки од животот во Шпанија
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Библиотеките како простор и за квир заедниците
Каква е праксата во клучните светски библиотеки со кои соработува НУБ и зошто библиотеките треба да бидат сигурен простор за ранливите млади луѓе.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Прв дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram