Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од Прајд парадите?
Од говор на омраза против ЛГБТ заедницата до националистичка реторика.

Говорот на омраза против ЛГБТ заедницата во Македонија веројатно стигна до голем дел од корисниците на социјалните мрежи за време на јуни, месецот на гордоста. Говор на омраза, очекувано, можеше да се забележи за време на фестивалот за квир култура и уметност „Скопје Прајд Викенд“, но дигиталниот простор стана уште понасилен за време на и во деновите по Скопје Прајд, односно Парадата на гордоста која се одржа на 25ти јуни оваа година. Во мониторинг извештајот изработен од Хелсиншкиот комитет за човекови права може да се најдат особено вознемирувачки примери од говор на омраза и повици за насилство од јуни годинава, како што се коментарите под вест објавена од порталот 24info.mk: 

Веста содржи галерија на фотографии од парадата, а коментарите кои следат на ваквиот пост се исполенти со говор на омраза, повици за насилство и навреди насочени кон учесниците на парадата. Коментарите се следниве: „гадови заразе“, „гадови тоа ли е гордост… ви сте ненормални“, „вие сте за Бардовци“, „изобачени дегенерици“, „удри Путине и не жали“ и тн.

Проф. Елена Михајлова-Стратилати, редовна професорка на Институтот за Меѓународно право и односи и право на ЕУ на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на УКИМ, пишуваше токму за периодот околу самата Парада и различните начини на кои се ширеше хомофобичен и трансфобичен говор на омраза онлајн, но и за наративите кои произлегуваат од овој говор. Во нејзината анализа, проф. Михајлова-Стратилати забележала не само коментари кои застапуваат омраза против ЛГБТ луѓето и загрижувачки директни повици за насилство, но и националистички наративи: 

Испреплетени со претходните примери се и изразувањата, според кои Парадата на гордоста претставува наметнување на нова идеологија врз Македонија и Македонците – пораки кои сугерираат дека хомосексуалноста е идеологија наметната однадвор, а не само сексуална ориентација. 

Во очи септемвриското издание на „Скопје Прајд Викенд“ кое ќе се одржи од 15ти до 17ти септември, Преземи одговорност, група која често шири трансфобична содржина, веќе имаше објава која содржеше говор на омраза што истовремено застапува имплицитно националистички ставови. Преземи одговорност сподели скриншот од пост за септемврискиот Скопје Прајд Викенд на Ирена Цветковиќ, извршната директорка на организацијата Коалиција Маргини, пишувајќи дека на ЛГБТ заедницата не им бил доволен месецот јуни, па сега се почнува со Прајд викенди и во други месеци. Оваа забелешка е сама по себе квирфобична бидејќи практично бара од ЛГБТ луѓето да останат скриени и самата видливост на оваа заедница ја гледа како некаква закана или во најмала рака како да ЛГБТ активистите „бараат премногу“. Сепак, можеби реторички најинтересна е следната реченица од постот: 

Очекувајте европските ЛГБТИ+ активисти масовно набрзина да скокнат до Скопје, па Цветковиќ да нѐ убедува дека има голема поддршка од народот и ги наполнила салите за нивните перверзни перформанси на голи натртени задници и презентација на вагини со раширени нозе. 

Токму тука може да се види испреплетеноста помеѓу националистичките и квирфобичните наративи. Цветковиќ е оцрнета не само како личност која промовира „перверзни перформаси“, туку и како личност со зли намери која преку некаква завера заедно со „европските ЛГБТИ+ активисти“ го лаже народот. Односно, различните сексуални ориентации, квир идентитетите и квир културата се претставени како странска, ЕУ агенда која е наметната врз нацијата. Но, постот не се задржува само на Македонија, туку шири говор на омраза и за Прајд настан кој ќе се одржи во соседната Србија: „А што се случува во септември истиот период? ЕуроПрајд во Белград, т.е. сите ЛГБТИ+ фетиши и перверзности ќе се соберат на едно место.“

Со овој пост Преземи одговорност практично се надоврзува на говорот на омраза и нападите насочени кон овој настан кои се случуваат во Србија. ЕуроПрајд е меѓународен, пан-европски настан посветен на ЛГБТИ луѓето и градот во кој се одржува се менува секоја година. Оваа година за првпат овој настан ќе се одржи во Белград, и за жал, добива огромна негативна реакција од страна на Православната црква, крајно десничарските партии и хомофобичните граѓани. Помеѓу 5000 и 10 000 демонстранти одржаа протест противејќи се на ЕуроПрајд на 14ти август, а беше одржан и уште еден протест на 28ми август. Александар Вучиќ, претседателот на Србија, исто така изјави дека постои можност ЕуроПрајд настанот да биде „откажан или одложен“ од безбедносни причини како и заради политичката криза во Косово. Организаторите на ЕуроПрајд сепак велат дека настанот ќе се одржи и се сомневаат дека Вучиќ потпаѓа под притисоците на религиозната десница. 

„Ако заканите [кон ЕуроПрајд] се реални, зошто никој не е уапсен или процесуиран од судството? Со години знаеме кои се луѓето кои ни се закануваат, тие имаат свои имиња. Не познавам никој кој е уапсен или нешто друго“, рече Марко Михаиловиќ, активист и организатор на ЕуроПрајд.

Без разлика дали Вучиќ ги користи овие протести како изговор за да проба да го откаже ЕуроПрајд, реакцијата на многу српски граѓани и говорот на омраза од страна на демонстрантите и организаторите на овие протести е крајно загрижувачки и апсолутно може да доведе до насилство на настанот, особено бидејќи Вучиќ изјави дека државата не може да ја гарантира безбедноста на учесниците на ЕуроПрајд. Говорот на омраза не доаѓа само од демонстрантите, туку и од лица кои имаат голем општествен авторитет како Банатскиот владика Никанор кој ја проколна Ана Брнабиќ, српската премиерка која е јавно аут како лезбејка, и дури изјави дека би употребил оружје против оние кои „проповедаат“ ЛГБТ вредности. 

Говорот на омраза против ЕуроПрајд како и говорот насочен кон Скопје Прајд се испреплетени со националистичка реторика. На протестите имало траспаренти кои не само што зборуваат за таканаречени „фамилијарни вредности“, туку и дирекно го поврзуваат Прајдот со странски влијанија. На пример, на еден транспарент пишувало: „Не сакаме геј парада и окупација од Западот!“ Наместо нехетеросексуалните ориентации и трансродовите идентитети да се перцепираат како различни идентитети кои едноставно постојат секаде, многумина ги перцепираат како наметнати од Запад, замислувајќи дека квир луѓе не би постоеле доколку овие вредности не би биле „увезени“ од надвор. Бошко Обрадовиќ од опозициската, десничарска партија Двери во Србија постојано го користи овој наратив за ЛГБТ заедницата и пред неколку дена го напиша следното на неговиот Твитер профил: 

Разбирам дека Еуропрајд е дел од окупациската агенда, но додека НАТО не ја окупира целата територија на Србија, независната држава и мнозинската волја на народот се над окупаторите. Мора да разберете дека Србија не е колонија и дека не можете да ни ја наметнете вашата тоталитарна идеологија и да парадирате наоколу.

Обрадовиќ користи номинално анти-империјалистичка реторика со цел да шири омраза кон ЛГБТ заедницата која е само дел од идентитетските групи што тој ги таргетира. На пример, во друг твит, Обрадовиќ вели дека нема да има ЕуроПрајд исто како што нема „признавање на лажниот геноцид во Сребреница“ каде што хомофобијата е можеби и поексплицитно поврзана со српскиот национализам на еден екстремно опасен, фашистички начин. 

Едноставно не смееме да го потцениме говорот на омраза и политичките ефекти кои истиот може да ги има. Ако ваквиот вид на говор остане во јавниот простор без никакви санкции, тој само понатаму охрабрува уште повеќе говор на омраза што може да доведе до зголемување на делата од омраза. Ако малцинствата како ЛГБТ заедницата, етничките малцинства и другите маргинализирани групи постојано се плашат за својата безбедност, се подложни на деградирачки говор и навреди и се системски дискриминирани заради своите идентитети, тогаш тие не се еднакви граѓани во општеството. Иако е невозможно да се казни секоја инстанца на говор на омраза, сепак не смее да се дозволи одговорните институции и органи да не направат ништо во врска со овој сериозен општествен проблем. Дури и да не може во целост да се искорени квирфобичниот говор, проф. Михајлова-Стратилати вели дека сепак е од исклучителна важност државата да вложи напори во санкционирање на истиот: 

Целта [на санкционирањето на овој говор] е, едноставно, да се намали присуството на видлива омраза (хомобофија) во општеството и на тој начин да им биде од корист на членовите на ранливите сексуални малцинства, одржувајќи ја јавната заложба за нивната рамноправна положба во општеството против јавното оцрнување.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • September 6, 2022
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Вирџинија Вулф ја преобрази женската биографија во „Орландо“
„Орландо“ зборува за важноста да се биде свесен за сопственото историско, лично и колективно минато како жена и за потребата од негово реобмислување и реиспишување.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
5 ЖЕНИ ЗБОРУВААТ НА ТЕМА: НАДЕЖ
Неда Чаловска, Ружица Максимовска, Ена Утевска, Џане Крешова и Вики Младенова споделуваат од каде црпат чувство на надеж.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кетрин Малабу: Клиторисот им пркоси на концептите на доминација и моќ
Значи, постои суштество кое може да доживее оргазам без да раѓa? Значи има уживање кое не подразбира цена?
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Dykes on Bikes: Кратка историја
Зошто Dykes on Bikes поворката е клучен дел од ЛГБТК+ протестите и маршовите ширум светот?
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
Прашање на почит, воспитаност и љубов
Средствата и формите на борба се различни во зависност од општествено-политичкиот контест, но за мене најпредизвикувачки останува да ги „ловам“ меките форми на ненамерно репродуцирање на патријархални вредности и очекувања, често и низ суштински искрени „најдобри намери“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дискреција и затајување: За митот на менструацијата
Кога нормална телесна функција спречува една индивидуа да оди на училиште или на работа или кога менструацијата претставува сериозни здравствени ризици поради недостапноста на производите, огласувачите треба да дојдат до следново „откритие“: дека тие жени не треба да гледаат среќни фигури во тесна бела облека и скокање покрај плажа.
  • Од Пелин Балабан
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Иво Куновски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како е да старееш како геј во Србија
Додека сте помлади и здрави, некако се борите со стигмата и ограничувањата што ги чувствувате како геј личност. Во староста сè опаѓа, сè е потешко, кругот на пријатели се стеснува и мрежата за поддршка опаѓа
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Абортусот е неопходна здравствена услуга за жените и за време на пандемиска криза
Денес е 28 септември – Светскиот ден за безбеден абортус. На овој ден, организации од целиот свет се здружуваат со едно заедничко барање – Веднаш да се обезбеди безбеден и легален абортус.
  • Од Тимот на Медуза
Игор Тошевски, Совршен баланс, 2000
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Цвеќе на злото: дискурзивна рамка на квир дискриминацијата
Вовед во публикацијата „Стандарди на Советот на Европа за заштита и спречување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“.
  • Од Вики Младенова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јавната соба е секаде околу нас
Јавни соби ќе постојат сè додека жртвите се виновни, виновниците неказнети, а родово-базираното насилство е „дружење и зезање“.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!
  • Од Јована Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Одисеј и Пенелопа или Одисеј и Партенопа: аспекти на романот „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ
Феминистичко читање на ликот на Вдовицата преку симболиката на Партенопа и лисицата.
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суптилни приказни за болката и неприспособеноста
Кон Антарктик од Клер Киган.
  • Од Калина Малевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зрачни и во полн цут: монструозното-женско во филмот „Мидсомар“
Родова перспектива на ликот на Дени во филмот „Мидсомар“.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали Академијата мисли дека филмот Little Women се режираше сам?
Време е да се фрлат номинациите за Оскар оваа година директно во оган.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Нивната борба е сечија борба – 50те жени на Сент Луис
Приказните на жените на Сент Луис не се само приказни од локалната историја или приказни кои се поврзани со националната историја на САД. Тоа се лични приказни кои во одреден сегмент, форма и време ги среќаваме кај многу други жени во минатото, но и денес.
  • Од Ангелина Станојоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Мора да зборуваме за полициската бруталност
Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи,
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (втор дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на тројца млади луѓе од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд – Една година подоцна
Какво беше искуството и што е следно?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • Uncategorized, ФЕМ 101
Случајот против современиот феминизам
Од една страна, феминизмот никогаш не бил пошироко прокламиран или попрофитабилен од сега. Од друга страна, последниве десет години, широката распространетост и прифатливост на феминизмот кулминираа со изборот на Доналд Трамп за претседател.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Апсурдноста на модерните вештерски кампови во Јас не сум вештерка (2017)
Што се случува кога мислењето на колективот ќе се земе здраво за готово, а молчењето како потврден одговор.
  • Од Радица Стојановска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Врховниот суд на САД се обидува да го забрани абортусот: дали Америка е сè уште слободна земја?
Не постои посуштински услов на едно демократско граѓанство од контролата на една личност врз сопственото тело. Без тоа, не можеме да се наречеме слободна земја.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: РАЗГОВОР
Ана Блажева, Наталија Теодосиева и Славчо Димитров ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Жртвите на сексуално насилство треба да знаат дека не се сами и дека постојат безбедни места за нив – промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство
Сексуалното насилство и неговите облици се едни од најмалку пријавуваните случаи на насилство, особено кога станува збор за силување во брак или од страна на интимен партнер.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Бев сексуално нападната и зошто не се плашев да зборувам за тоа
„Молчи, не кажувај“, „Машките ќе си бидат машки“, „Срамота е, не се глупирај!“ и ред други изговори се едни од најчестите причини, покрај стравот, зошто жртвите на сексуално насилство не пријавуваат и не преземаат ништо.
  • Од Дамјана Видическа
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Тие се бомби“: Машкиот поглед и борбата против родово базираното насилство
Хероините во центарот на приказната како да се таму само за да им се случуваат непријатни нешта, по што се турнати на маргините на филмското дејство, без многу анализа на нивните страдања.
  • Од Јована Ѓорѓиовска
  • ФЕМ 101
Во што веруваме?
Прашањето на спиритуалноста низ генерациите на едно женско стебло.
  • Од Калина Качоровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не постои „трансродова идеологија“
(Но трансфобите се реални и гласни)
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА
Родови политики и сексуални идентитети во Планината Броукбек
Планината Броукбек е место кое надвор од светот во кој живеат, надвор од цивилизацијата и општеството кое ги класифицира и осудува, надвор од „вистинскиот живот“ со своите пространи пејзажи ја доловува слободата и можноста на остварувањето на нивната врска.
  • Од Кристијан Стефановски

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram