Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од правото на телесната автономија? 
Осврт кон правото на абортус во САД.

На 2ри мај, 2022, Politico објави документ од речиси 100 страни кој ѝ бил доставен на редакцијата, со одлуката на Врховниот суд на САД за поништување на историската одлука на овој суд: Roe v. Wade, со која во 1973 правото на абортус во САД стана загарантирано уставно право. Одлуката сѐ уште не е официјално објавена, но се очекува да биде објавена во текот на оваа недела. По објавувањето на оваа одлука, поради веќе предложените закони, многу е веројатно дека дури 26 држави во САД автоматски би го забраниле абортусот целосно или драстично би го ограничиле ова право со забрана да се изврши процедурата после шест или осум недели од бременоста – период кога многу личности сѐ уште не ни знаат дека се бремени. 

Забраната на абортус во пракса во повеќе од половина од државите во САД ќе има ефект врз милиони луѓе, и тоа не само врз оние кои можат да забременат, туку и врз луѓето кои се дел од нивните животи. Оваа одлука разгневи активист(к)и, организации за репродуктивно здравје и граѓани низ САД – беа организирани над 300 протести низ државата. Но дали сѐ ова ќе биде доволно за да се спречи или повлече одлуката на Врховниот суд?

„Време е да се внимава на Уставот и да се врати прашањето за абортусот на избраните претставници на народот,“ пишува врховниот судија Самуел Алито во документот кој го објави Politico, повикувајќи се на историјата на САД и Уставот во кој правото на абортус не е технички гарантирано – ова право станало уставно право дури во 1973, но само ако Roe v. Wade одлуката не е поништена. Но дали ова повикување на американската историја и Уставот има било каква цел, освен да ги ограничи правата на телесна автономија на жените и други луѓе кои можат да забременат во САД? Подолгата историја на човештвото всушност има сосема различна врска со прашањето на абортус. 

Абортусот не е нова или модерна процедура. Пред формализирањето на гинекологијата како медицинско поле, акушерки и други луѓе со векови ја извршувале оваа процедура – првиот историски запишан абортус се случил во Египет во 1550 п.н.е. Така што, фактот што низ скоро целата човечка историја постоеле луѓе кои сакале да ги прекинат своите бремености од најразлични причини и постоеле начини на кои што можеле тоа да го направат со векови само докажува дека ваквите забрани нема никогаш да спречат абортуси во пракса, туку само ќе ја направат оваа процедура поопасна и помалку достапна за маргинализирани групи на луѓе, како што се Афро-Американките и жените кои имигрирале во САД, кои немаат соодветно регулиран статус и ризикуваат да бидат депортирани. 

Во интервју за Democracy Now!, проф. Мишел Гудвин зборува за нејзината книга Policing the Womb: Invisible Women and the Criminalization of Motherhood („Правно регулирање на утробата: невидливи жени и криминализација на мајчинството“). Во интервјуто, таа се навраќа на специфичната историја на абортусот во САД и како оваа процедура всушност била легална сѐ до периодот околу Граѓанската војна во САД (1861-1865). Гудвин објаснува дека до средината на 19тиот век воопшто не постоеле акушерството и гинекологијата како медицински полиња. Наместо тоа, скоро 100% од услугите поврзани со репродуктивното здравје биле вршени од жени-акушерки (midwives) и скоро половина од нив биле црни жени. Гудвин додава дека мажи-доктори, како наводниот „татко на гинекологијата“ Марион Симс, не само што експериментирале врз црни жени на брутални начини за да стигнат до нивните сознанија, туку тие стратешки ги истиснале акушерките, повикувајќи се на моралното прашање околу абортусот.

„Ова движење се оформува, кажувајќи: „Па, [акушерките] прават нешто неморално, а тоа е [вршење] абортуси“. Не се работеше за абортуси; се работеше за монополизирање на ова поле. И тие успешно ги истиснаа акушерките од репродуктивното здравје за да го преземат ова поле за себе. (…) Тоа беше искористено за да се криминализира правото на абортус,“ вели проф. Гудвин. 

По оваа историја на криминализација, низ многу децении на феминистички активизам, трагични приказни за жени кои загинале заради небезбедни абортуси и кампањи за правото на телесна автономија, Уставниот суд конечно го легализира правото на абортус во 1973 преку случајот Roe v. Wade. Без разлика што сѐ уште не е повлечена оваа пресуда, проф. Гудвин смета дека начинот на кој абортусот веќе се регулира во делови од САД преку промена на закони на ниво на посебните држави во САД не само што е нелогично, туку е и сурово, бидејќи овие занони се базираат на казнување и криминализација. Гудвин го нарекува овој систем на закони „the New Jane Crow“ – игра на зборови која асоцира на расистичките Jim Crow закони кои ги сегрегирале, казнувале и третирале Афро-Американците како второстепени граѓани почнувајќи од 1887 па сѐ до 1950-тите. 

Проф. Гудвин сака да ја направи токму оваа паралела бидејќи многу од законите кои се предложени не само што би забраниле легален и безбеден пристап до абортус, туку тие би ја криминализирале процедурата, претварајќи ги оние кои имале абортуси во криминалци. На пример, според новиот закон за абортус во државата Тексас кој беше донесен во септември, 2021, жителите на државата можат да тужат клиники, лекари, медицински сестри, па дури и луѓе кои возат бремена личност до друга држава каде што таа би можела да има пристап до процедурата за најмалку 10.000 долари оштета. Така што, овие закони немаат ефект само врз луѓето кои сакаат да ја прекинат својата бременост, туку и врз медицинските лица и обичните граѓани. 

Многу активист(к)и сметаат дека овие закони ќе имаат најголем ефект врз црните жени, имигрантките со нерегулиран статус и сиромашните жени кои немаат средства за да патуваат до други држави низ САД за да добијат пристап до процедурата. Активистката Алехандра Паблос која самата имала повеќе абортуси и е имигрантка во Аризона без регулиран статус зборува во интервју за опасноста со која се соочуваат луѓето како неа:  

„Истите луѓе кои би ме принудиле да бидам депортирана, да ме испратат на место каде што никогаш не сум живеела, место каде што не би избирала да живеам. Тоа се истите луѓе кои би ме принудиле да ја истерам бременоста против моја волја.“

Паблос всушност ја поврзува десничарската анти-имиграционата политика со политичката цел да се забрани правото на абортус. Чејс Стангио, трансродов активист и адвокат со American Civil Liberties Union (Американскиот сојуз за граѓански слободи), исто така ги поврзува политичките сили кои се залагаат за забраната на абортусот со десничарски сили кои се борат против правата на ЛГБТ заедницата и особено против правата на трансродовите луѓе (луѓе со различен родов идентитет од полот кој им бил доделен при раѓање). Тој смета дека примарната цел на нападот врз правото на абортус е да се контролираат жените и нивните тела, но  сепак напоменува дека трансродовите мажи и небинарни луѓе кои можат да забременат исто така би биле обесправени преку ваквите закони. Односно, Стангио смета дека нападите врз правото на абортус се длабоко поврзани со нападите врз пристапот до контрацепција и пристапот на транс лицата до соодветни здравствени услуги. 

„Реалноста е дека водечката цел зад сите овие закони е да се контролираат телата на луѓето, да се спроведуваат кодекси и норми на род и сексуалност кои ја вградуваат моќта во рацете на државата, кои наметнуваат хетеросексуално христијанско нуклеарно семејство како единствен модел, и сето тоа е дел од проектот за градење држава. Така што, ако не ги поврземе овие работи, на крајот ќе се соочиме со ерозија на сите наши права,“ истакнува Чејс Стангио за Democracy Now!

Во Македонија, засега нема политичка сила со доволно влијание која систематски го напаѓа правото на абортус. Но ни ние не сме далеку од нашата блиска историја за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски кога пристапот до абортус беше отежнат и кога владата промовираше емисии од типот на „Време е за бебе“. За жал, веќе постојат така наречени анти-родови движења во Македонија кои го напаѓаат сексуалното образование, ЛГБТ заедницата, и особено трансродовите лица, со наративи кои се екстемено слични на десничарите во САД за коишто зборува Стангио – можеби нивната следна мета ќе биде токму правото на абортус. 

Сѐ уште не знаеме какви ќе бидат меѓународните последици доколку судската одлука Roe v. Wade биде поништена, но ако во повеќе од половина од државите во САД абортусот е криминализиран, можеме да очекуваме дека десничарските движења низ светот ќе научат од овој пример и ќе користат исти или слични тактики за да ги постигат овие цели низ Европа и низ светот. Мораме да ги поврземе овие работи на меѓународно ниво, бидејќи како што вели Чејс Стангио, ако не го направиме тоа, на крајот ќе се соочиме со ерозијата на сите наши права.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • June 16, 2022
  • ФЕМ 101
Од историјата на женското движење: циклуси на изгубено-најдено
Критички предлог [анти-приказ] Susan Faludi, Backlash (New York: Crown, 1991), 552
  • Од Ивана Хаџиевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Mислев дека имам внатрешно крварење и умирам: Приказни за прва менструација
Менструацијата е телесен, приватен и интимен процес, но стигмата, срамот и сиромаштијата се прашања кои мора да се адресираат јавно.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Куќата на соништата на Кармен Марија Мачадо
Избрани поглавја
  • Од Грација Атанасовска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Амбер Херд е несовршена жртва
Дали јавното говорење за партнерско насилство само им дава можност на насилниците да го продолжат злоставувањето на нивните жртви преку судските системи?
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
ИЗГЛЕДОТ КАКО ПРЕПОРАКА
И покрај тоа што жените долго време ја водат битката за докажување на својата компетентност и квалификуваност на пазарот на трудот, на моменти и самите тие се обесхрабрени од праксата на вработување врз основа на привлечен надворешен изглед и убава насмевска.
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Патишта на траумата
Што сè ѝ се случува на една жртва по злоставување
  • Од Матеј Тројачанец
  • ФЕМ 101
Во фокус: Малала Јусафзаи
„Ја раскажувам мојата приказна, не зашто е уникатна, туку зашто е слична со приказните на многу девојки.“
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Врховниот суд на САД се обидува да го забрани абортусот: дали Америка е сè уште слободна земја?
Не постои посуштински услов на едно демократско граѓанство од контролата на една личност врз сопственото тело. Без тоа, не можеме да се наречеме слободна земја.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суровата реалност на „Слугинка“ – серија која непоколебливо го насочува објективот кон сиромашните жени
Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Чувајќи ја Франка: Работа околу нега и грижа за време на Корона
Добивањето нега не би требало да биде само луксуз за богатите и повремен комфорт за средната класа, туку пристапна до сите деца и родители. Истовремено, работниците на грижа и нега би требало да се ценети и, се разбира, добро платени.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гордост
Пишува Ирена Цветковиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Микејла Коел ве предизвикува да ја напишете приказната која ве плаши
Авторката и актерка Микејла Коел го освои посакуваното признание за нејзината серија „Може да те уништам“, која го фикционализира силувањето кое таа го има преживеано.
  • Од Тимот на Медуза
Hands
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Стареењето, телото и погледот
Кон расказите „Невидлива жена“ од Славенка Дракулиќ и „Жената на каменот“ од Иво Андриќ
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Ми треба ново тело“ – приказ на градењето родов и перформативен идентитет
Кон танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“ на Викторија Илиоска.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: МКЦ
Да го зачуваме МКЦ!
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Приказни од изолацијата
Без конкретна форма, цел и насока, овој колажен текст служи да ни помогне да си ги структурираме мислите и да креираме една скромна меморија на ова време.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: Вера Ацева – Доста
Една од политички најистакнатите личности во периодот од Втората светска војна, сѐ до нејзината активна вклученост во политичкиот живот на земјата по ослободувањето.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Христина Иваноска
Овој петок, погледнете ја изложбата на уметницата Христина Иваноска, насловена „Документот кој недостига“, како дел од настанот Архиви на невидливите: „Македонка - Орган на АФЖ“ (1944-1952): историски искуства и културна меморија.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дискреција и затајување: За митот на менструацијата
Кога нормална телесна функција спречува една индивидуа да оди на училиште или на работа или кога менструацијата претставува сериозни здравствени ризици поради недостапноста на производите, огласувачите треба да дојдат до следново „откритие“: дека тие жени не треба да гледаат среќни фигури во тесна бела облека и скокање покрај плажа.
  • Од Пелин Балабан
  • ФЕМ 101
Пратеничка – да се биде или не?
Од досегашните избори видливо е дека речиси ниедна политичка партија не се залага, континуирано и посветено, за родовата еднаквост.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во нашите учебници жените се „невидливиот род“
Во учебниците на просторот на Југославија секогаш побројни биле коњите (на војсководците), отколку жените.
  • Од Ивана Хаџиевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Шмукај, шмукај, бејби!
Kлиторалниот шмукач за мене ова беше откритие на векот.
  • Од Тимот на Медуза
  • Uncategorized, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Демнење: Кога контролата и непосакуваната близина стануваат демнење?
Клучно во спречувањето на демнењето е препознавањето на моментот кога истото започнува
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГОДИНИ БУДНИ – ПРВО ПА ЖЕНСКО ПОЛНИ 10 ГОДИНИ!
Во тек е јубилејното 10то издание на феминистичкиот фестивал Прво па женско! Од програмата Пролетно будење, не пропуштајте настанот „Срамота!“ (во рамки на Скопскиот викенд на гордоста), оваа сабота од 20ч. во Театар Комедија и перформаност на Оља Грубиќ „Гол живот“, на 18 јуни во Денсинг салата на МКЦ од 19ч. 
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Три книги „за момчиња“
Три приказни што на различен начин ги критикуваат насилните аспекти на воспитувањето момчиња.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Историјата на лезбејските блуз пејачки од Харлем
Како култните квир блуз пејачки направиле револуција во културниот пејзаж на Америка.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Јас одлично готвам и Сашо Тасевски повторно не е во право
Ако не се јаде летна манџа, тоа е исто како да не се јаде воопшто.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Евоцирање на спомени од Прво па женско 2019
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Завршни зборови
Верувам дека светот е создаден за нежност, надеж, љубов, солидарност, страст, радост. Но, во светот има ужасна, неподнослива количина насилство.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Can we concentrate? – Кратка размисла за изборот и егзистенцијата кон Танц на раце без наслов од boychild
„Денес немам никаква желба. Освен можеби да молчам и да ја гледам, во тишината да ја остварам сета важност на оваа необична случка: присутноста на Ани, тука спроти мене.“ ― Жан-Пол Сартр, Тегобност, 210
  • Од Мања Величковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто „Фурам феминизам“?
 Не што е наше, ама е златно девојче
  • Од Лени Фрчкоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram