Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Која сум кога сум далеку од дома?
Белешки за трансформативната улога на патувањата или почетокот на моето созревање
пишува: Ивана Јовановска

 

(јули 2022)

Патуваме за да го рефлектираме копнежот по најдлабока лична слобода во изромантизирана смисла, предизвикан од географското дислоцирање. Патуваме за да го пронајдеме она што како поединци интимно нè зближува со светот, што нè протресува кога себеси си стануваме здодевни, неможејќи животот да го гледаме со нови очи.

Има толку многу нешта околу кои се оформува нашиот идентитет, а потребата да се истражат нови граници и просторите зад нив е клуч кој ја отвора бравата на спознавањето и созревањето. Секоја нова географска одредница е средба со Другоста, непознатото, нелагодното – сето она што не е дефинирано од лажниот комфор на рутината.

Да бидам човек за мене секогаш ќе значи да се борам со стравот од непредвидливото и непознатото, во исто време привлечена од нивната магија. Да бидам девојка и жена која го прегрнува номадизмот во овој период од својот живот за да се најде самата себе, за мене е многу повеќе од одлука некаде да се тргне или да се биде. Тоа е одлука со која се борам против општествените очекувања за тоа каде ми е местото и кој треба да биде мојот фокус во определен дел од животот. Патувањето е фрустрација и бунт, акција со која сакам да завладеам со себеси наспроти хетеронормативноста која се труди да притисне во најранливото во мене. Тоа е мојот крик и крикот на секоја една која вели: „Сакам да го живеам својот живот слободно и онака како што јас сакам. Се пакувам и учам како да дишам храбра и сама“.

Веројатно и овој обид за спријателување со немирот во мојата глава е дел од тој процес. Можеби, ова е обид своето најинтимно конечно да го поставам во релација со слободата по која трагам, а можеби само не сакам да ги заборавам изблиците на јасност и бистра глава кои доаѓаат со дистанцирањето, со оддалечувањето од местото кое го нарекуваме дом. Во секој случај, си ја давам себеси креативната слобода потребна да го уживам секој град и нов простор каде чекорот ме носи и учам како да се препуштам на некој нов, необременет начин што како чудесно да се крие во билетот до некаде.

 

Белешка бр.1

Чувствувањето комплетна слобода во непознатото е eдно од поубавите чувства во животот кои ги искусуваме како луѓе. Одењето наспроти враќањето секогаш го потенцира недостатокот од бидувањето растеглив во својата средина, каде природно треба да сме најопуштени. Слободата за менување, истражување и славење на флуидноста на идентитетот често повикува и на поголемо славење на номадските практики и отвореностa, како граѓани на целиот свет. Како живи битија кои припаѓаат на сè, а истовремено и на ништо.

 

Белешка бр.2

Патувањата како простор за трансформативен дијалог и рефлексија, концепт кој го отвора внатрешниот потенцијал за поинаквост, солидарност, праведност. Концепт преку кој ги согледуваме ресурсите кои ни требаат за поголема автентичност и слобода во поширока смисла на зборот. Меѓу своето и соочувањето со туѓото следи и можноста да се згреши, но и да се биде свој. Оттаму и можноста да се биде статичен и присутен наспроти номадизмот и константното движење.

 

 

 

СКОПЈЕ – ЗАГРЕБ – КАРЛОВАЦ

Патувам слободно и радосно првпат по подолго време. Не чувствувам обврска кон никого, освен кон доживувањето на 15-часовното патување во типичен балкански автобус каде се запознава динамиката на сите кои патуваат и нивните приватни животи. И можеби кон југословенските бензински пумпи за пуш-пауза каде се размрдуваш и ја проверуваш мапата. Со чувство на леснотија се протегнувам на седиштето на жолтиот автобус и тргнувам во процес на ментална детоксикација, одамна потребна, насочена кон прашањето – Дали бегаме кога патувамe?

Пејсажите од другата страна на прозорецот се менуваат брзо како на филмска лента. Земјата се капе во зајдисонце со спектар на бои украдени од Моне и играта со облаците и небесното платно ја носи преку административните граници. Во тој простор каде средбата со минливоста на надворешноста е можна, но и ограничена, тешко е човек да не нурне длабоко во себе во потрага по оној емоционален багаж, кој се превртува во контекст на очекувањето на непознатото, на обидот за себе-реконтекстуализација како обид за средба со светот. Секој поглед кон надвор и сликите на разиграни полиња се обид за поглед навнатре, природен, суптилен, нежен. Секој одминат километар кој се бори со мракот што треба да се спушти во секој момент е некоја нова химна за заборавот и простувањето, кои ја носат болката далеку. Да се симне нејзиниот товар станува носечки предизвик на ова тргнување.

И додека на почетокот, пристапувањето на нов пат е сè уште свежо, терапевтската улога на патот длабоко понира до она што би сакала да го заборавам, да го оставам дома. Добро знам дека секое одење напред е всушност исчекор и вдишување длабоко – со желба за простување. На себе, на очекувањата, од животот, од добронамерниците кои не се задржале во него. Заминувам, и некаде близу Прешево издишувам леснотија. Си давам себеси дозвола за слободно одење напред. Се лизгам низ седиштето лесна како пердув и зад себе ја оставам темнината на домот.

Патувањата се радикална борба против рутината на капитализмот, онаа непрепознатлива болка од која сиромашно се храниме, помислувам пред повторно да заспијам.

ЧАСОВИ ПОДОЦНА, БЛИЗУ БЕЛГРАД

Зелените полиња измешани со други живи бои се топат во бетонски блокови кои обележано го двојат мазниот автопат. Она што окото може да го види, а срцето да го почувствува добива студени сиви нијанси, но дури и таму има нешто интересно, што може да се премислува. Остануваат 5 до 6 часа пат кои ни за телото ни за срцето не се малку. Во празниот простор меѓу неизвесноста на новото и потребата за промена, јас сум уште еден мигрант на своите желби со срце оставено на милион места. Слоевите на мојата припадност стануваат пофлуидни од било кога – станувам уморна од ограничувањата и започнувам да се отворам кон светот. И посакувам да можам лесно и безболно да го менувам тлото по земјава без престан, за да не заборавам што значи да се диши со полни гради.

ЗАГРЕБ – КОН КАРЛОВАЦ

Тивок и примерен е Загреб во раните утрински часови, поспан и помалку мрачен, но пријатен. Го оставам за неколку дена подоцна и брзам кон внатрешноста на меѓународната автобуска станица во потрага по билет кон Карловац – мал и мирен град близу Загреб, но исклучително непознат за мене. Го пијам првото сомнително кафе по 12 часа пат и се будам со гласовите на динамичните патувачи кои купуваат карти, менуваат пари, влечат куфери.

Пред мене се судираат и разминуваат луѓе од цел свет. Некои емотивно се прегрнуваат и допираат, некои пробуваат да ја разберат вредноста на куните, трети спијат врз нивниот багаж. Секој си го следи патот во определен ред а мене, мојата хаотичност ме издвојува во несмасноста кога патувам.

Еден час до пристигнувањето во Карловац, малиот град за кој не знам многу, јас сум зрно кое е дел од градбата на овој свет и нема ништо поубаво во тоа – наоѓањето на својата (не)важност во големата слика која дава чувство на мир. Добро е да се чувствуваш безначајно на толку важен начин, си велам на себеси. Така се расте.

 

 

Белешка бр.3

♫ Wild – Here we go ♫

…Diving in
While the currents fast
Gotta leave the past, it’s in the past
Yeah, I won’t look back

Strike a match
Watch the flames go higher
We can burn much brighter
If we don’t look back…..

 

КАРЛОВАЦ

Секое пристигнување е спој на многу различности. Живот што зазема облици и динамики што потсетуваат на активности, присутност, младост, смеа и новости. Карловац ме обзема со еден чуден спокој што не го искусувам често. Наспроти впечатливиот Загреб кој е гласен, елитен, своевремено и авангарден, овој град е тивок и ненаметлив. Ненатрупан со продавници, споменици и објекти, во него рутината како најдобро да го пронашла својот дом, па се вгнездила во животите на локалците, во малите југоносталгични ресторани, едноставните булевари, големите зелени површини и хрватските навики на живот. Кога чекориш по неговите скромни улици не си обременет од животот кој ги гризе големите градови, иако реалноста е иста. Можеби затоа малите градови отсекогаш го носеле шармот на спокојот, особено ако се блиску до вода.

Парковите му се неговото насмеано лице, особено во стариот град каде формираат прекрасни мали плажи на реката Корана. Стариот дел на Карловац е празен и нималку динамичен, но тоа не ми пречи. Во него остатоците од минатото сè уште гласно шепотат и покрај малите локали и ресторани, продавници и игралишта – фокусот најмногу е на зеленилото. Сè друго ја турка динамиката на градското кон новиот дел на градот, скромен и рамнодушен, но и срамежливо про-европски. Малите градови како Карловац се судир меѓу брзото и динамичното, наспроти обидот за бавен и тивок живот од кој помалите места не се предаваат, на моја голема радост.

Размислувам каде во процесот на патувањата најмногу се задржувам ментално, и сфаќам дека не станува збор за дестинацијата колку за самото пристигнување до неа. Во одлуката да се оди, да се движи и да се биде немирен во духот ја пронаоѓам својата храброст и си дозволувам да се менувам, да се запознавам и да си поставувам многу прашања на кои не можам да го понудам одговорот веднаш. Едно од тие прашања е, зошто токму овие десет дена во Карловац целосно ме деконструираа и ме предизвикаа да почнам одново да се градам?

Она што можам да го направам засега е да ги ставам слушалките на себе и одново да се препуштам на патот. Закажувам нови средби со себе далеку од дома, дишам и затворам очи додека пред мене се вртат сликите на безброј прекрасни лица и траги кои сега стануваат дел од мене. Станувам збир од искуства, личности и места за кои не сум сигурна дека ќе ги видам пак и учам како да ја прифатам ранливоста на заминувањето, кога на некое туѓо место сум пронашла привремен дом.

 

Белешка бр.4

♫ Vance Joy – We are going home ♫

We’re going home
If we make it or we don’t, we won’t be alone
When I see your light shine, I know I’m home
If you’re waiting all your life, you will never go
When I see your light shine, I know I’m home

(продолжува)

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • April 13, 2023
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска
Книгата „Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска деновиве излезе од печат во издание на издавачката куќа Авант прес од Скопје.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како општеството гледа на моќните жени преку приказот на Медуза
Изгуглај било чие име на позната жена, од Ангела Меркел до Ненси Пелози, во склоп со зборот Медуза. За сите нив ќе добиете резултати со фотошопирана слика од нивниот лик како горгона.
  • Од Моника Јамандиловска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „подобрите и попаметните девојки“ или Како да се искаже неискажливото
„На некоја друга жена ова никогаш не би ѝ се случило.“
  • Од Фросина Крушкаровска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГУЖ#2 Колет (филм & личност)
Во подоцнежните години од животот Колет забележува: “ Колку убав живот имав. Посакувам само да го реализирав и поскоро.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Јас сум Југословенка“ – книга за наследството на отпорот на Југословенката
Интервју со авторката на книгата - Јасмина Тумбас.
  • Од Марта Стевковска
  • ФЕМ 101
Проблемите на лезбејската заедница се продлабочуваат: 26 Април – Ден на лезбејската видливост
Овој ден не смее да остане само потсетување за постоењето на заедницата, туку да биде поттик за насочен активизам кон надминување на проблемите и предизвиците со кои заедницата се соочува.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Моето тело – мојот храм: Приказната на една нео – вагина
Решив за мојата борба да зборувам отворено и експлицитно затоа што сметам дека поинаку не може. Решив да зборувам зашто знам дека некаде има некоја жена што поминала или поминува или ќе поминува низ истиот пат но нема на кого да се обрати, нема со кого да сподели.
  • Од Гасеница
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија
Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Отуѓивите права на жените
На многу начини бременоста е најнеприватното искуство во животот на една жена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Одисеј и Пенелопа или Одисеј и Партенопа: аспекти на романот „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ
Феминистичко читање на ликот на Вдовицата преку симболиката на Партенопа и лисицата.
  • Од Радица Стојановска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Жените во политиката во ранливи средини:Интервју со Рошика Део
Вистинската солидарност се јавува меѓу жените кои ја формираат заедницата, и тоа жените од кои најмалку ја очекувате. Важно е да се потроши време за градење на солидарност, бидејќи кога жената се кандидира на избори, без разлика дали победува или не, таа и олеснува на следната жена која ќе се појави.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Правда за градите
Не можам да тврдам, но верувам дека речиси секоја жена почувствувала некој вид непријатност поврзана со своите гради. Непосакувани погледи и коментари од средината, изнудени допири уште од основно школо што никогаш не биле санкционирани или ред несигурности поврзани со нивната големина, форма и облик, приказни постојат колку и гради на светот.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Дали ехо коморите на Фејсбук индокринираат насилници?
Со цел да изработи платформа која „ќе ги поврзе“ луѓето, Фејсбук лимитира изложување на контрадикторни информации и создава платформа која ги „поврзува“ луѓето со нивната идеологија.
  • Од Јована Герасимовска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Држете ги вашите бројаници подалеку од нашите јајници
Секуларноста е клучен (и моментално ранлив) дел од сложувалката на женското ослободување.
  • Од Нина Раповска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борба со видливата женска невидливост    
 За македонските авторки од 19 век.
  • Од Дијана Петрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Косовските демонстранти бараат да се преземе акција по силувањето на 11-годишното девојче
Според Мрежата на жени во Косово, над 70% од случаите на сексуални напади и силувања во земјата се врз малолетни девојчиња.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Јавна соба е бедна група и слично“: Или како да ги обесхрабриш жртвите да пријават насилство
Да, секако феминистките мислат дека јавна соба е бедна група, но исто така знаат дека е криминална група, а тоа е многу, многу поважно. Крајно време е и институциите да се качат на овој воз и да престанат да им даваат ветер во грб на насилниците.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!
  • Од Јована Јовановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За земјоделките во земјата нема одмор, само работа
„Поради земјоделски активности кои ни се единствен приход во семејството, преживеав два спонтани абортуса.“
  • Од Јована Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога врбата ќе роди грозје
Колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС: РАБОТНИЧКИ И РАБОТНИЦИ ОБЕДИНЕТЕ СЕ! ЗАЕДНИЧКИ ВО БОРБА ЗА НАШИТЕ ПРАВА!
Помина повеќе од една година од пандемијата, а работничките и работниците, сиромашните, младите, жените и сите послаби општествени групи се оние што најмногу страдаа и ќе продолжат да страдаат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Гордост: некогаш, сега и секогаш 
Од немирите на Стоунвол до Парадата во Скопје.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Уметници кои ја трансформирале југословенската култура
Преглед на дел од творештвото на десет југословенски уметници и/или колективи.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од правото на телесната автономија? 
Осврт кон правото на абортус во САД.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не, нема да се предомислам
Митот за неопходноста од мајчинството е традиционален концепт кој ја ограничува женската слобода.
  • Од Нина Раповска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Нè третираа како животни“ – Приказни од породилните сали
Сестрите ми викаа „Не ти кажаа како е на пораѓај?! Убаво ти беше кога го правеше, сега што викаш, што плачеш?“
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Подгответе се за суров оптимизам
На 2 септември, со групната изложба Скршено, отвора овогодинешниот Skopje Pride Weekend.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram