Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога го дизајниравме Комитет, дизајниравме за себе и нашите пријатели: Интервју со Никола Николовски и Дамјан Кокалевски
ЛГБТИ заедницата во Скопје нас лично ни има дадено многу. И како дел од таа зедница која со години е исфрлана и терана да мигрира од еден во друг простор, нема поголемо задоволство да се дизајнира простор кој ќе биде дом за сите нас.

Комитет е нов простор во Скопје за социјализација и интеракција меѓу различните заедници, со фокус на поддршка и промоција на нови иницијативи во КВИР уметноста и културата. Дизaјнот на овој простор беше донација од архитектите Никола Николовски и Дамјан Кокалевски. За целиот развој на Комитет и нивниот однос кон овој нов простор прочитајте во интервјуто.

 

Работата на просторот Комитет беше практично “from scratch”. Од каде црпевте инспирација за овој проект?

 

 

И двајцата се образувавме во Токио. Таму всушност се запознавме и ја имавме нашата прва соработка во ателјето на Итсуко Хасегава. Современата јапонска архитектура е константна наша инспирација кога станува збор за естетиката во проектите на кои работиме. Чист, минимлистички пристап, бели простори оплеменети со дрво е нешто во што ние лично уживаме и се чуствуваме пријатно.
Но, овој проектот за нас има подлабока димензија која го надминува површното прашање за изглед и естетика. Предизвик беше да се најде одговор како да се креира ентериер кој ќе понуди простор каде квир заедницата може да најде дом и да го чуствува тој простор како свој. Како да се изгради место кое ќе биде заедница за луѓе кои сеуште се маргинализирани во ова општество. На ова прашање ние црпевме инспирација од нашите лични искуства и простори кои сме ги чувствувале како дом на нашето културно и забавно битисување. Конкретно би ги споменале Spectrum и Secret Project Robot во Бруклин, два многу значајни центри за њујоршката ЛГБТ супкултура. Како и Комитет, и овие места се изградени со минимални средства, подложни се на постојана трансформација, седиште се за различни тековни настани и просторот лесно се адаптира за дневни и ноќни содржини. Типично за овие, и други на нив слични места, е дека ентериерниот дизајн не доминира. Содржината е таа што го оплеменува просторот, а ентериерот е во постојана изградба и промена. Минатите настани се видливи во просторот долго откако ќе завршат, а новите го трансформираат и носат свежина. Токму така е замислен и Комитет, како место кое е подложно на трансформации, а својата смисла ја добива само преку постојани промени.

 

 

Комитет е наменет како место за млади, со фокус на промоција и поддршка на КВИР уметност и култура. Како просторот одговара на овие потреби?

 

Просторот го дизајниравме како база која ќе задоволува потреби за неколку типа на различни програми: кафуле и место за социјализација, место за состаноци, работилница, трибина, дрег перформанс, кино проекции, изложби… Идејата е нашиот дизајн да биде костурот на Комитет, кој нуди можност понатаму самите корисници на просторот да го додефинираат и му дадат суштински насоки. Затоа избегнавме да креираме место со јасно дефинирани програмски целини и простор доминиран од ентериерни елементи. Сем барот и платформата која тентативно е сцена, се останато е подложно на промена и трансформација. Корисниците на Комитет се тие кои ќе можат да го адаптираат и одлучат како просторот треба и ќе се користи. За пример „сцената“ е сцена само доколку на нејзе има перформанс, остатокот од времето таа може да се користи за седење, работа ако на нејзе се постават маси, кино ако се постави платно или галерија ако на се постави инсталација. Квир уметноста и културата, како и просторот на Комитет, немат јасно дефинирани граници помеѓу различните форми на изразување. Флуидност во секој аспект беше тоа што сакавме да го понудиме, и се надеваме дека успеавме во тоа.

 

Дизајнот на просторот беше ваша донација за заедницата. Со оглед на тоа што и двајцата не живеете во Скопје, што значи Комитет за вас, професионално и приватно?

 

 

И професионално и приватно за нас оваа “донација” има големо емотивно значење. Иако веќе подолго време живеаме надвор од Скопје, нашите идентитети и формативни живони искуства се нераскинливо поврзани со Скопје. Дел од нашите најдраги пријатели се витален дел од скопската квир сцена, и секогаш кога сме во Скопје времето го минувам со нив. Кога го дизајниравме Комитет, дизајниравме за себе и нашите пријатели. Дизајниравме место во кое ние би сакале да битисуваме.

Идеја за проектот настана по првичното барање од Кочо Андоновски за совет во врска со овој простор. Кога отидовме во просторот сфативме дека е потребно многу повеќе од совет, но ни беше јасно дека Комитет не е во можност да одвои дополниелни средства за проектирање на веќе минимален буџет за изведба. Така и се случи нашиот ангажман во овој проект, без многу размислување за тоа каква форма и бенифит овој проект ќе има за нас двајца, ние се понудивме да го дизајнираме просторот про-боно.

Ден-два пред да се сретнеме со Кочо присуствувавме на затварањето на Скопскиот Прајд Викенд. Дрег кралиците имаа неверојатен перформанс, организаторите и учесниците на Викендот донесоа во Скопје неверојатна енергија која го направи Скопје да биде поубаво од било кога. Токму таа енергија на несебично давање на овие луѓе е она што не натера нас да се вклучиме во овој проект. ЛГБТИ заедницата во Скопје нас лично ни има дадено многу. И како дел од таа зедница која со години постојано е исфрлана и терана да мигрира од еден во друг простор, нема поголемо задоволство да се дизајнира простор кој ќе биде дом за сите нас.

Професионално за еден архитект има две идеални сценарија – да дизајнира за себе или да има клиент кој ќе остави да биде комплетно воден низ проектниот процес. Овојпат ние ја имавме таа среќа, да дизајнираме за себе и да имаме идеални клиенти. Целиот тим, а особено Кочо Андонов и Регина Сајков, ни дадоа потполна дизајнерска слобода и направија проектот да се изведе во потполност како што беше замислен. Првата фаза од неговото реализирање изгледа одлично, а веруваме така ќе бидат и следните чекори. Реткост е во Македонија да се најдат клиенти со кои ќе имаш mind-melt и го разбираат универзалниот јазик на добар дизајн. Тимот на Комитет беше токму тоа, идеален клиент.

 

 

 

Простори од типот на Комитет, кои служат како места за социјализација, културна размена и интеракција меѓу различните заедници се повеќе од потребни во градови како Скопје, каде недостасува поддршка за развој на независната култура сцена. Што би ни порачале пред отворањето на овој простор?

 

 

Окупирајте го и направете го свој. Овој простор ќе има смисла само кога во него секој ќе се чувствува добредојден, кога секој ќе има можост да допринесе и направи нешто. Комитет треба да биде простор за социјализација и заедништво, и токму преку делење на тоа заедништво, споделување на нашето квир искуство ќе создадеме нешто уникатно и инспиративно за сите нас.

 

 

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • December 5, 2019
  • ФЕМ 101
Прашање на почит, воспитаност и љубов
Средствата и формите на борба се различни во зависност од општествено-политичкиот контест, но за мене најпредизвикувачки останува да ги „ловам“ меките форми на ненамерно репродуцирање на патријархални вредности и очекувања, често и низ суштински искрени „најдобри намери“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Или како сите, или ништо – Мајки и камионџии
Колку повеќе има исти, толку потешко се прифаќаат различните.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Дијана Петрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Нашите животи се важни!
Нашата различност ни овозможи да развиеме мрежи на поддршка и безбедни простори во кои дел од нас можат да живеат слободно и достоинствено. Нашата маргинализација ни овозможи да се солидаризираме со сите обезправени заедници, а преку нашата борба да се залагаме за еманципација на целото општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Револтирани сме од начинот на кој се перцепира нашата работа
ЈАДРО бара од Министерството за култура подобар третман на независната сцена
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Прв дел
Оние кои беа знаат, оние кои не беа веројатно слушнаа. Првата Парадата на гордоста во Скопје беше сé што можевме да замислиме и повеќе.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Борбата за егзистенција на текстилните работнички
Па и овоа време-невреме, со оваа корона шо нè фати, со пусти страх идам на работа, од дека пари за живеачка, не па за лекови на болниот ми сопруг...Толку ми се плаче дури да се дерам на глас ама стиснам заби и ќутам.
  • Од Ена Бендевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пејзажи на отпорот/Landscapes of Resistance
Како може еден пејзаж да говори?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кејт Винслет во „Мер од Исттаун“: средовечноста е далеку од свиснат стомак
Кејт Винслет отсекогаш била смела. Но да има стомак, и тоа таков што се тресе и мрда на начин на кој прилично невпечатливо се мрдаат стомаците на повеќето 45-годишни жени е сè уште доста шокантно и тема на ударни вести.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да ги украдеме женските митски ликови
Со своето (женско) препрочитување на ликовите на Пенелопа и Деметра, Кавареро ги ослободува од стисокот на патријархалното имагинарно
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Запознај ја Мави Феникс
Се обидувам да им дозволам на моите феминистички ставови да светат низ секоја песна, секое интервју и воопшто секоја мала работа што ја правам. Време е за сите да застанат против сексизмот кој е насекаде околу нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
Жени кои ја зеле правдата во свои раце
Од Сестринствата во Шангај до Окупа во Мексико, ова се групите жени низ историјата, кои се обиделе да се оттргнат од идејата за полициска заштита и наместо тоа, на насилството одговориле на свој начин.
  • Од Благица Димитрова
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.02
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
3 години Медуза
Дали дизајнов не' издава дека заборавивме на сопствениот роденден?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
BeFem’s Feminist Fighters
Колку сте запознаени со BeFem, српскиот фестивал за феминистичка култура и акција, кој го имаше своето 9 издание овој месец?
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бел хукс: „Нашата прва љубов е љубовта кон себе“
Плодната писателкa, мислителка и теоретичарка дискутира за љубовта кон себе и за тоа како искрено да ја процениме сопствената вредност.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кондоми – инструменти за игри на моќ
Стелтинг и отпорноста кон користење кондоми кај хетеросексуалните мажи
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Наталија Станојевиќ
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Микејла Коел ве предизвикува да ја напишете приказната која ве плаши
Авторката и актерка Микејла Коел го освои посакуваното признание за нејзината серија „Може да те уништам“, која го фикционализира силувањето кое таа го има преживеано.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Најголемата желба ми е да се оформи силно студентско феминистичко движење: Интервју со Катерина Иванова
Системското насилство не е проблем на индивидуите кои го искусуваат, тоа е проблем на целата заедница.
  • Од Благица Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам (именка): множина
(вовед кон збирката Лоша феминистка)
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Митовите за убавина и женската сексуалност
Жената учи како да изгледа сексуално привлечна, а речиси никогаш не учи како да ја осознае сопствената сексуалност.
  • Од Доротеа Огненовска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борба со видливата женска невидливост    
 За македонските авторки од 19 век.
  • Од Дијана Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Жените во политиката во ранливи средини:Интервју со Рошика Део
Вистинската солидарност се јавува меѓу жените кои ја формираат заедницата, и тоа жените од кои најмалку ја очекувате. Важно е да се потроши време за градење на солидарност, бидејќи кога жената се кандидира на избори, без разлика дали победува или не, таа и олеснува на следната жена која ќе се појави.
  • Од Сара Миленковска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram