Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога личното станува теоретско: кон романот ,,Аргонаутите” на Маги Нелсон
Аргонаутите (The Argonauts, 2015) е последниот роман на американската писателка и професорка Маги Нелсон, позната по нејзините жанровски експерименти.

Нелсон континуирано ја истражува флуидноста на уметничкиот исказ, па во нејзините дела имаме спој на фикција, поезија, автобиографија, уметничка критика и критичка теорија. Аргонаутите е своевиден хибрид кој не е ниту само мемоар, ниту само автофикција, а ниту пак двете заедно.

Овој роман му припаѓа на жанрот автотеорија каде писателот пишува за својот живот низ призмата на критичката теорија (во случајов феминистичка, квир и психоаналитичка теорија). Во овој тип на текстови, теоријата не се користи само за да се деконструира и фрагментира себството туку критички да се конструира едно етичко, искрено и ранливо ,,јас” кое ,,и покрај тоа што ја препознава сопствената претпоставеност (contingency) и општествената/јазичната определеност, сепак инсистира на стварноста на тоа искуство” (Clare, 2020). Личното мора да стане теоретско пред да стане политичко.

За да го постигне тој ефект, Нелсон користи кратки параграфи наместо поглавја. Кога се повикува на нечија теорија, идеја или размислување, истите ги вметнува во самиот параграф заедно со автобиографскиот текст со кој водат дијалог, а на маргините ги запишува имињата на бројните книжевници и поети, теоретичари, критичари, уметници, филозофи, психоаналитичари, па дури и детски педијатри – многуродовите мајки на нејзиното срце, како што ги нарекува – чии цитати и размислувања ги црпи од нивните книги, есеи, интервјуа, уметнички дела и предавања.

Што се однесува, пак, на содржината, романот прикажува ,,исечоци” и анегдоти од секојдневниот живот на Нелсон и нејзиниот транс-партнер Хари Доџ и предизвиците со кои се соочуваат како квир двојка, па во таа смисла, може да се чита и како љубовно писмо до Хари. (Насловот на романот доаѓа од Ролан Барт кој во една своја книга го споредува субјектот кој вели те сакам со ,,Аргонаутот кој го обновува својот брод во текот на патувањето без да му го промени името”. Задачата на љубовта и јазикот е да го обновуваат своето значење со секоја наредна употреба).

Иако настаните не се секогаш подредени хронолошки, во фокус се ставени неколку клучни периоди од нивната релација: запознавањето и вљубувањето, бракот и живеењето со синот на Хари, и раѓањето на нивниот син Иги. Оваа книга ги истражува (и предизвикува) љубовта и сексуалната желба, личната идентификација и родовиот идентитет, квир заедницата, бракот, градењето семејството, грижата, бременоста и мајчинството.

Една од омилените ,,расправии” на Нелсон и Хари, со која впрочем започнува романот, е ограничувањето или потенцијалот на јазикот. Пред да го запознае Хари, Нелсон се водела според Витгенштајновата премиса дека ,,неизреченото е содржано – неизречливо! – во изреченото” (3) или, како што вели таа, ,,овој парадокс е буквално причината зашто пишувам” (3). Меѓутоа, додека таа верува дека зборовите се доволни, Хари е убеден во спротивното. Според него, зборовите не само што ,,не се доволни, туку се и разорни кон сè она што е добро, вистинско, слободно” (4).

Нелсон почнува да ја преиспитува тврдоглавата потреба на мозокот да ги категоризира нештата, да ги именува и да им лепи етикети. Зборовите почнуваат да ја изневеруваат. Неизреченото и погрешно-изреченото висат во воздухот кога со нејзината пријателка пребаруваат која е најсоодветната заменка за Хари бидејќи таа не се осмелува да го праша иако веќе размислуваат да живеат заедно; кога треба да резервира авионски лет и хотелска соба за нив двајцата; или кога продавачот/ката ќе ја забележи ознаката за пол на кредитната картичка на Хари. Неизреченото се претвора во претпоставки, туѓ срам и (неретко) лутина. Нелсон и Хари успеваат да дојдат до некој компромис – дури и да постојат, вистинските зборови секогаш ќе бидат обоени од лицето кое ги изговара и контекстот во кој ги користи.

Кога се зборува за трансродови лица, класичниот медиумскиот наратив гласи дека тоа се индивидуи кои се родиле во погрешно тело, инсинуирајќи некаков ,,ортопедски аџилак помеѓу две фиксирани дестинации” (65). Во случајот на Хари, според овој наратив, се работи за маж заробен во тело на жена, но Хари не се има упатено никаде бидејќи едноставно не сака да се движи помеѓу (родови) бинарности. Во интервју за LitHub, зборувајќи за својата книга, Нелсон вели дека ,,трансродовото искуство ни нуди богата творечка перспектива кога размислуваме за отелотворувањето на секој од нас, за комплексните феноменолошки искуства на живеењето со/во род(овите), наместо да се фокусираме на трансродовата другост, која најчесто е поставена како надвор од нормата, патолошка и/или скриена”.

Прашањата кои ги отвара личната идентификација и родовиот идентитет ја сочинуваат с‘ржта на оваа книга. Од една страна, тоа го наметнуваат тековните општествени случувања. Нелсон и Хари ќе одлучат да се венчаат баш поради ризикот од усвојување на предлогот бр.8 на референдумот во 2008 год. во Калифорнија со кој се забранија истополовите бракови се до 2012 год. ,,Кутриот брак! Отидовме да го убиеме (неопростливо). Или да го поткрепиме (неопростливо)” (28).

Кога почнуваат да живеат заедно, со нив се вселува и синот на Хари. Мајка ѝ, сакајќи симболично да ѝ покаже дека го прифаќа нејзиното ,,племе како свое семејство” (16), ѝ поклонува шоља со фотографија од неа, Хари и син му, на која Нелсон е во седмиот месец од бременоста. ,,Никогаш немам видено нешто похетеронормативно во животов”, ѝ вели една пријателка. Нелсон е ужасната од подарокот зашто со Хари одлучно одбиваат да се поистоветат со било каква – хетеро ни оддалеку – хомонормативност.

Од маргините на романот се огласува Батлер: ,,Кога или како новите системи на сродство ги имитираат старите форми на семејни групирања и кога или како радикално ги реконтекстуализираат на начин којшто претставува преиспитување на роднинските врски?” (16). Дали субверзивната моќ на квир заедницата е доволна за да го предизвика и трансформира хетеронормативниот семеен идеал? Дали можеби таквиот подвиг ризикува да доведе до негово реидеализирање? Што станува со мејнстрим ЛГБТ+ движењето и неговите неолиберални и асимилационистички струи кои ,,фрлија добра пара да изнудат влез во две историски репресивни структури: бракот и војската” (32).

Покрај психолошката трансформација, Нелсон и Хари поминуваат низ физичка трансформација во романот. По неколку неуспешни IVF обиди, Нелсон останува бремена, а Хари почнува да прима хормонска терапија и прави мастектомија. Чувствувајќи како телото ѝ се менува, Нелсон ја вади бременоста од хетеронормативната рамка и ѝ врачува нов контекст:

,,Дали бременоста по природа е настрана доколку комплетно ја менува нормалната состојба на една индивидуа и предизвикува радикална интимност со – и радикална отуѓеност од – сопственото тело? Како може едно длабоко чудно, необично и трансформативно искуство да претставува симбол на ултимативен конформизам?” (16).

На едно макро ниво, ова е книга за меѓусебната зависност, за вкрстувањата и вмрежувања кои се дел од (со)животот, ниво кое во крајна линија, ни дозволува да ги споиме раѓањето (излегувањето од нечие тело), сексот и читањето, кои Ланг остроумно ги нарекува ,,прошетки по катчињата на туѓите умови и анатомии” (Laing, 2019).

Во Аргонаутите, Нелсон ги користи сопствените и искуствата на своите блиски за да ја разоткрие и соголи тековната култура, политичките и социјалните практики, да истражи што е тоа што толку дрчно се брани и проповеда. Целта поради која ги изложува овие искуства пред критичкото око е да ги сопостави нивната ранливост и виртуозност, цената, но истовремено и вредноста на нивната желба, грижа и слобода.

 

 

 

 

 

 

 

Користена литература:
Laing, O. (2020). Funny Weather: Art in an Emergency. Picador. London, UK.
Clare, R. (2020). Becoming Autotheory. Arizona Quarterly: A Journal of American Literature, Culture, and Theory, Vol. 76, Number 1, Spring 2020, pp. 85-107
Fitzgerald, A. (2015) ‘The Argonauts’: Diary, Theory, Poem, Memoir. Maggie Nelson in Conversation with Adam Fitzgerald. LitHub.

НАПИШАНО ОД:
  • Душица Лазова
  • November 24, 2020
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната фотографија
Преку својата поезија, Плат ги проширува родовите перспективи во патријахалното општество.
  • Од Љупчо Петрески
  • ФЕМ 101
Прашање на почит, воспитаност и љубов
Средствата и формите на борба се различни во зависност од општествено-политичкиот контест, но за мене најпредизвикувачки останува да ги „ловам“ меките форми на ненамерно репродуцирање на патријархални вредности и очекувања, често и низ суштински искрени „најдобри намери“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Кралиците кои создаваат кралици
Писмо на Миз Крекер која пишувајќи за нејзината релација со дрег-мајката, низ приказната за љубовта, пријателството, поддршката и растењето, доближува една перспектива за животот во дрег заедниците.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Радикална пријателска љубов
Зошто да не ја славиме пријателската љубов на начинот на којшто ја славиме романтичната љубов?
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Оваа Барби чувствува
Како Барби одлучи да живее?
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
Маркс за родот и семејството: резиме (прв дел)
Човечките суштества би морале да станат способни да се видат едни со други како вредни за себе, наместо да гледаат како нешто што вреди само на она кое една индивидуа може да го обезбеди за друга.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тања Милевска
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
Игор Тошевски, Совршен баланс, 2000
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Цвеќе на злото: дискурзивна рамка на квир дискриминацијата
Вовед во публикацијата „Стандарди на Советот на Европа за заштита и спречување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Противотровот на нашата егзистенцијална беспомошност
Ник Кејв за тоа како да ги исполниме нашите животи со величествена смисла.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Јасна Жмак: Од театарот треба да очекуваме повеќе
Авторскиот перформанс на пистелката и драматург Јасна Жмак “this is my truth tell me yours” ќе игра на Академска сцена на ФДУ, на 26 септември од 20:00ч. како дел од фестивалот Прво па женско. Запознај ја Јасна со разговорот во прилог.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Со интеракција и запознавање меѓу заедниците во борба против говорот на омраза
Штетата која се нанесува со говорот на омраза против Ромите е повреда на достоинството на една цела заедница.
  • Од Марија Сулејманова
  • ФЕМ 101
„Дали е среќен 8-ми Март?“ – трет марш по повод Меѓународниот ден на жената
Во присуство на стотици учеснички, Маршот за правата на жените започна од паркот Жена Борец каде активистките јавно апелираа за промени кои водат кон вистинско унапредување на статусот на жената во нашето општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Инстаграм – гнездо на уметнички
Неколку уметнички чии дела варираат од забранети автопортрети до искрени исповеди и ноар фотографии.
  • Од Анастасија Марковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
И транс жените се жени: Интервју со Лила Милиќ
За чекорите кои допрва треба да се преземат за достоинствен живот на трансродовите личности, за Законот за правно признавање на родот, за личните успеси како транс жена и земањето дел во бројни културни настани во изминатиот период, разговараме со Лила Милиќ. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Протестен собир: Не сме безбедни!
Бараме одговорност од надлежните институции, бидејќи не се чувствуваме безбедно во своите градови:
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспешната родова транзиција во Кожата во која живеам на Педро Алмодовар (La piel que habito, Pedro Almodóvar)
Ако ја боли, ќе си трпи.
  • Од Анастасија Марковска
  • ФЕМ 101
Полошо од ништо: Како МВР соучествува во родово базирано насилство
Кога станува збор за родово базирано насилство, има посебен вид на овозможување, поттикнување и нереагирање од страна на полицијата.
  • Од Сара Миленковска и Љупка Трајановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГОДИНИ БУДНИ – ПРВО ПА ЖЕНСКО ПОЛНИ 10 ГОДИНИ!
Во тек е јубилејното 10то издание на феминистичкиот фестивал Прво па женско! Од програмата Пролетно будење, не пропуштајте настанот „Срамота!“ (во рамки на Скопскиот викенд на гордоста), оваа сабота од 20ч. во Театар Комедија и перформаност на Оља Грубиќ „Гол живот“, на 18 јуни во Денсинг салата на МКЦ од 19ч. 
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Лудиот астронаут со родово-квир пресврт
Квир телото како место на можности и отпор во расказот „Да и Гомора“ на Семјуел Делејни
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, КУЛТУРА
Феликс Гонзалез – Торес: забавно провокативен, смртно сериозен
Талентот на Феликс како уметник беше тоа што ја разбра моќта на суптилноста.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Митовите за убавина и женската сексуалност
Жената учи како да изгледа сексуално привлечна, а речиси никогаш не учи како да ја осознае сопствената сексуалност.
  • Од Доротеа Огненовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Историскиот миг на кој Милена Радуловиќ му даде лице
Од моментот кога Милена Радуловиќ одлучи да проговори и да го пријави насилникот за сексуално насилство, веќе ништо не е исто.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
На сите ни е потребна „Секс едукација“
„Сексуална едукација“ би им ја препорачала на сите, а пред сè на младите кои преку забава ќе научат повеќе за сексот, а ќе откријат и нешто за сопствената сексуалност.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хероините на нашето време: Интервју со Јана Јакимовска
По повод изложбата „Хероините на нашето време“ на Јана Јакимовска, Медуза разговараше со Јана за нејзината работа, отворањето на изложбата, неодамнешниот престој во Њујорк, хуморот и жената. Разговорот го водеше Калиа Димитрова. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Родово и телесно пречитување на практиките на „пумпање“ и „цицање“
Кон танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“ на Викторија Илиоска.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од правото на телесната автономија? 
Осврт кон правото на абортус во САД.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
The M word: или зошто цензурирањето на менструацијата претставува микро сексизам?
Ако воопшто не сакаме да зборуваме за менструацијата од медицински аспект, тогаш како би очекувале овој проблем да се сфати сериозно и како би формирале политики и протоколи за земање боледување за менструални болки ако нашите шефови сметаат дека медицинските факти за нашата болка се премногу „приватни“ за споделување?
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сиромаштијата има женско лице
Галерија од вчерашниот Марш за женски права.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram