Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога врбата ќе роди грозје
Колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.

Најочигледната тема на филмот Врба на Милчо Манчевски, веќе раширена по медиумите е љубовта, зачнувањето и мајчинството. Интерно се шегувавме дека можеби подобро име ќе беше Мајки доколку не беше веќе зафатено, но колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.

Многу време се мислев дали воопшто да ја пишувам оваа критика, зашто искрено ги сакам филмовите на Милчо и го ценам како режисер, ама од друга страна филмов ги изневери моите очекувања.

Визуелно и технички е повеќе од привлечен. Изобилува со магични кадри кои потсеќаат на „Пред дождот“ и close up сцени кои го доближуваат невидливото. Секое сецирање носи по некое скриено дијамантче: дали се работи за адети и меѓусебни односи во минатото, или секојдневни егзистенцијални проблеми во сегашноста, има што да понесете како сеќавање во вид на реплика, „велигденско јајце“ или впечатлив кадар, но целината некако се губи во деловите.

Не е филмот досаден, не е ни напорен. Многу е лесно да те понесе на едно забавно патување полно со познати референци и ситуации што си ги преживеал или знаеш некој што ги преживеал. Глумците се целосно посветени и природни и вадат најмногу што можат од улогата која им е доделена.

Но приказната делува наодлучно и неубедливо. Првиот дел кој зафаќа една третина од филмот се одигрува во минатото (и тоа пред некој век), но ако си признаеме кај живееме, може слободно да се случува и денес во некое поизолирано македонско село, додека пак без носиите и руралните пејсажи, можеше да се случува дури и во град.

 

 

Вторите две третини од филмот се лоцирани во Скопје денес, или вчера, или пред десет години или можеби по десет, зашто секако овде толку брзо не се менуваат работите.
Она што мене ме буни во овој филм, кој се претставува како женски, е повторно таа женска тема. Денес е модерно да се обработуваат тие прашања и е прилично кул да си тренди, но кога уметничко дело се труди да влезе во некаква политичка или општествена порака таа треба да е поубедлива.

Заедничкиот именител на трите жени во приказните е дека сите три не можат да зачнат. Додуша, на вторите две и тоа дека се сестри, но да речеме темата е желбата да се стане мајка. Проблемот што јас го имам е тоа што овој проблем не е длабоко обработен. Пример: зошто жените толку сакаат да зачнат? Дали тоа им е наметнато од општеството, од мажите или од самата природа? Дали жена не може да е жена без дете? Кој е ставот на филмот во однос на тоа?

Потоа, машките ликови во филмот се како препишани од некоја доминатрикс женска фантазија. Делуваат слабо и дезориентирано. Изманипулирани и неадекватно емоционални. Со целосно непознати мотиви и желби, освен тоа што сакаат деца, но и тоа не се знае од кај доаѓа. Мажите, со исклучок на попот (ултимативниот патријарх), кој доминираше само во една сцена, скоро да немаа никаква моќ.

Првиот сопруг е претставен како глуп, дури и старата „вештерка“ кажа дека не е многу бистар, сакаше деца и донесуваше непромислени одлуки.

Вториот маж (дечко) – таксистот е наивен уште од првата сцена, кога половина час ја чека полицијата за увид на дождот. Не ја подобри сликата и во наредните сцени кога не знае да ги чита сигналите што му ги испраќа девојката, која го засака токму поради неговата неприродна чесност. Претставен е како човек без компас, кој повторно од никаде сака деца (можеби зашто девојка му беше оптеретена со тоа со години?). Позајмува пари за бебешки креветчиња и играчки уште пред ембрионите да станат фетуси, кои нема начин да ги врати, а се случува да не му платат за долго возење, зашто немал ситно.

Третиот пак сопруг се појави само во една сцена, кога го земаат детето од дом и овој му нуди играчка противпожарен камион. Веднаш потоа несмасно му крева рака на исплашеното дете за „да пукне“ на што детето се измокрува во панталони. Со еден потез и тој е тргнат од сликата, како некој кој не знае да се снајде како родител.

Првата приказна е магиска и надреална, но за гледачот многу помистериозни се реалните елементи како на пример: од каде протераниот пар имаше земја, куќа и стока, кога младичот кога ја побара девојката за жена рече дека ќе позајми? Потоа, како тоа тие живеат сосем изолирани од другите луѓе без комуникација, соработка, размена на добра? Прв човек (освен бабата) кој го видовме да размени нешто со нив беше воденичарот во последната сцена од тој дел, кој во дејството се појавува после десет години од нивното бегство.

Целата таа приказна е интересна како документарен приказ на тоа што сè жените пробувале во минатото за да зачнат, но нема порака или заклучок што може да го извлечеме освен можеби дека верувањето во магии, клетви и гревови доведува до некакво фаталистичко остварување на очекувана судбина.

Делот пак, што се одвива во сегашноста е непотребно заплеткан и плиток. Двете сестри единствено свое остварување гледаат во тоа да имаат дете. Помладата знаеме дека се обидувала да зачне долго време, но не сме директни сведоци на нејзината борба, но само на нејзиното налудничаво драматизирање на сред фонтаната со трудната Олимпија. Сепак, кога конечно успева да зачне, решава да се ослободи од едниот близнак за кој е предвидено дека нема да има нормален живот, при што во конфликт со таткото го кажува фамозното „моја матка“. Откако ги губи двата фетуси во зафатот, уште помалку смисла има идејата дека тоа неа и е најважно, но го остава мажот, кој не умее да и прости, иако неговата наивност таа ја прчита како знак дека тој умее да сака.

Постарата пак сестра, која е многу подобро ситуирана, се откажала од борбата да има свој пород и решила да посвои. Нејзината борба сега е да го прифати малиот Кире кој воопшто не зборува, и да го се обиде да го прилагоди на состојбата дека тој сега има мајка.

Најголемиот проблем кој го имам во врска со филмот е дека нема став. Не е храбар да ги детектира центрите на моќ, општествените притисоци и реалната состојба на жените во општеството. Првата жена е таа која одлучува сè и ги носи нештата на грб, но е толку многу изолирана што едноставно е невозможно да замислиме како е тоа можно во средината и времето во кое е сместена. Втората жена работи две работи за да преживее, но целото нејзино однесување делува нестабилно и необјасниво. На крај успева да зачне случајно, поради скинат кондом за време на кежуал секс…Третата пак жена упева да го придобие детето кога му дава да управува со воланот во колата?

Јас не можам да разберам зошто се избрани овие три приказни? Која е главната идеја? Дали треба да заклучиме дека жените се остваруваат себеси само преку мајчинство? Иако имаше две сцени каде жени кои имаат деца ги малтретираат истите. Дали постерот за трето дете и споменикот на Олимпија требаше да ни кажат дека општеството ги принудува жените да сакаат да раѓаат? Но тоа не беше толку силно претставено преку другите односи. Дали треба да заклучиме дека мажите ги тераат жените да имаат деца? Зашто во првите две приказни тие беа дури и погласни во врска со таквото барање.
Потоа како тоа на бабата и успеа да им помогне при зачнувањето и која беше поентата да бара три месечно бебе да и помага по дома? Дали можеби таа Рамплстилтскин сага сака да ни каже дека треба да се помириме со судбината или дека доколку се бориме против неа треба да платиме скапа цена?

Филмот започнува силно, својата кулминаиција ја доживува на 10 минути од почеток, кога таткото поп со синовите ги тепа двајцата млади зашто „направиле беља“ и ја проколнува ќерка му која бега. За жал, како што продолжува натаму се помалку добива на силина и многупати едно по друго ги изневерува очекувањата.

Тук таму се сопнував на по некој камен, кој требаше да симболизира некоја тежина, па налетував на врби кои требаше да симболизираат плодност и растење, но суштината ми се лизгаше низ прстите како водата во реката која го голтна детето.

Знам дека многумина го доживеаа многу посилно, можеби трагично и впечатливо, но за мене овој филм немаше ни доволно емоција, ниту пак длабина за да биде наречен женски.

НАПИШАНО ОД:
  • Билјана Кочоска Танеска
  • November 8, 2019
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Агресивно феминистичко читање на старите грци
За да ја разберете историјата на аверзија кон моќните жени, читајте ги старите грци, тврди славната класичарка од Велика Британија, Мери Бард
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Бидејќи ниеден феминистички настан не може да помине без да биде прославен на Медуза, со четирите Тиииитовки разменивме впечатоци од овогодинешната програма, се потсетивме на другите фестивалски изданија и воздивнавме пред убавината на женското другарство.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Треба да ја преиспитаме категоријата жена
Авторката на револуционерната книга Gender Trouble вели дека не треба да се изненадуваме кога категоријата жени се проширува и ги вклучува и транс жените.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Добро запомнете го името Исра
Интерсекциски преглед на феминизмот во Палестина
  • Од Викторија Постоловска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Инкриминација на демнење е само еден чекор во борбата со системскиот сексизам во македонските институции
Важно е да се напомене дека оваа промена на законикот сѐ уште не е официјално изгласана од страна на пратениците во Сообранието и затоа нејзината имплементација не е започната. 
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
Во фокус: Илинка Митрева
Едно од најпроминентните лица на политичкиот дијалог и дипломатијата
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
8 март – Леб и мир
На Меѓународната социјалистичка женска конференција во 1910 година во Копенхаген, бројни активистки за женски права, помеѓу кои и Клара Цеткин, предложиле да се одбележува меѓународен ден на жената за да се охрабри движењето за женски права и да се изгради поддршка за борбата за универзално право на глас за жените.
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: РАЗГОВОР
Ана Блажева, Наталија Теодосиева и Славчо Димитров ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизмот и сексуалната работа
„Јас сум сексуална работничка, доброволно ја избрав оваа професија, ги заслужувам сите права како и било која друга жена!”
  • Од Елеонора Чичевска и Маргарита Глигуроска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Апсурдноста на модерните вештерски кампови во Јас не сум вештерка (2017)
Што се случува кога мислењето на колективот ќе се земе здраво за готово, а молчењето како потврден одговор.
  • Од Радица Стојановска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колку е безбеден јавниот простор за жените?
Поради чувството на небезбедност жените се принудени да трошат повеќе време да стигнат до посакуваната дестинација или да потрошат повеќе пари, доколку од страв да пешачат сами, решат да стигнат до посакуваната дестинација со автобус или такси, иако автобусите и такси возилата се исто така места каде што повторно жената може да искуси некаква форма на родово-базирано насилство.
  • Од Марија Ангеловска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #1
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести во Косово: Дали училиштето нé третира како ученички или како објекти?
Како реакција на наводите за силување на малолетно лице од страна на вработен во косовската полиција се одржаа организирани протести во Приштина и Дренас
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
(Не)безбедни простори
Безбедносните техники се толку длабоко навлезени во женското искусто на градот, што доколку некој ме праша дали ми е страв да се шетам сама навечер, би кажала не. Но тоа не би била вистината.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Бараме од работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на Маршот за Осми март
Маршот ќе се одржи на 8ми Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Митовите за убавина и женската сексуалност
Жената учи како да изгледа сексуално привлечна, а речиси никогаш не учи како да ја осознае сопствената сексуалност.
  • Од Доротеа Огненовска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Семејството на прво место: Подемот на антиродовото движење во Северна Македонија
Говорот на омраза насочен кон ЛГБТ заедницата во Северна Македонија е во пораст, но жртвите ретко го пријавуваат. Во меѓувреме, „антиродовото“ движење, остварува придобивки.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Ми треба ново тело“ – приказ на градењето родов и перформативен идентитет
Кон танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“ на Викторија Илиоска.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Интерсекционалноста и улогата на родот во книгата „Седумте мажи на Евелин Уго”
Евелин е жртва на сексизмот - од страна на големиот Холивуд. Евелин е жртва на патријархатот, за кој жената е секогаш виновна, дури и кога молчи.
  • Од Ивана Цилевска
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Борбата за егзистенција на текстилните работнички
Па и овоа време-невреме, со оваа корона шо нè фати, со пусти страх идам на работа, од дека пари за живеачка, не па за лекови на болниот ми сопруг...Толку ми се плаче дури да се дерам на глас ама стиснам заби и ќутам.
  • Од Ена Бендевска
  • ФЕМ 101
Во фокус: Сачин Литлфедер
„Треба да ја задржиме нашата смисла за хумор во секое време. Тоа е нашиот метод за преживување.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Брза vs. одржлива мода: Зошто е ова феминистичко прашање?
Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда.
  • Од Александра Спасеска
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.02
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Дома“ не е безбедно за сите
Она што е заедничко за жртвите на семејно и родово базирано насилство, е дека излезот од насилните средини најчесто го наоѓаат во своите групи за поддршка кои се надвор од домот.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Телото и (постхуманистичките) феминистички практики во фокус на Венециското биенале
Претставувањето на телата и нивните метаморфози, односот помеѓу поединците и технологијата и врската помеѓу телата и Земјата се само дел од темите на овогодинешното Биенале.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нов недискриминирачки закон за потпомогнато оплодување во Малта – Каде сме ние по ова прашање?
Во едно демократско општество кое се стреми кон целосна еднаквост и недискриминација, постоењето на вакви закони кои поставуваат дискриминирачки услови и кои некого исклучуваат од остварување на право е поразително и ја отсликува итната потреба од измени кон подобри законски решенија.
  • Од Јована Јовановска
  • КУЛТУРА
ГУЖ #1 Yaeji
Мислам дека музика може да трансцедентира јазик
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Наследството на отпорот на Југословенката: ископување на политичкото тело на феминистичкото и квир омоќување
Повик за учесници на еднодневен семинар со проф. Јасмина Тумбас на 08 јуни, Скопје
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram