Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Кога жена ќе се осмели да возврати на машката суровост
Наелектризираниот говор го отелотвори гласот на искуствата, фрустрациите и гневот на милиони жени и мажи чии денови, животи и реалности биле обликувани од честопати навредливи, понекогаш вулгарни изрази на патријархална моќ.

Алекандриа Окасио-Кортез застана и одржа еден од најдобрите говори што неодамна беа слушнати во Претставничкиот дом, и не само што го посочи претставникот на Флорида, Тед Јохо – затоа што ја нарече „одвратна“, „надвор од твојот ебен памет“ и „ебена кучка“ на скалите на Капитол пред новинарите во вторникот – таа зборуваше за тоа како тој вид на говор е нормализиран и употребуван против секаков вид на жени, било кога.

Тоа беше едно извонредно ораторство, јасно и прецизно, особено за некои од најиспреплетените динамики на родовиот дисбаланс на моќ во политичкиот, јавниот и личниот живот.

Откако испадот на Јохо беше пријавен во Капитол Хил, тој одржа говор чија цел беше неговото извинување, иако всушност беше далеку поблизу до бледо самооправдување. „Бидејќи сум во брак 45 години и имам две ќерки, особено внимавам на мојот речник “, рече Јохо во говорот во кој не го спомна името на Окасио-Кортез и во кој тој бесмислено одби да се извини за „мојата страст или за тоа што го сакам мојот Бог, моето семејство и мојата земја“.

Окасио-Кортез изјави дека баш ова не-извинување, а не неговиот првичен испад е она што ја натера да одржи говор во кој таа го посочи користењето на семејството и личната асоцијација со жени во домашното опкружување како доказ за неговата почит кон нив. Окасио-Кортез истакна дека и таа е нечија ќерка и дека тоа на никој начин не ја заштитило неа или другите жени, исто така ќерки и сопруги, од влијанието на деградирачкото и сексистичкото понижување.

„Можете да имате ќерки и да ги конфронтирате жените без каење“, рече Окасио-Кортез. „Можете да прикажете слика пред светот на семеен маж и повторно да им се обраќате на жените без никаква грижа или мислејќи дека сте неказниви. Тоа се случува секојдневно во оваа земја.“

Наелектризираниот говор го отелотвори гласот на искуствата, фрустрациите и гневот на милиони жени и мажи чии денови, животи и реалности биле обликувани од честопати навредливи, понекогаш вулгарни изрази на патријархална моќ. Еден од талентите на Окасио-Кортез како политичарка е нејзината способност да се поврзе и да комуницира јасно, интелектуално и емоционално, со маси луѓе; говорот што таа го даде во четвртокот целосно ги покажа овие таленти и таа беше насекаде пофалена за истите. Главниот и одговорен уредник на New Yorker, Дејвид Ремник, напиша колумна во која сугерираше дека Окасио-Кортез ја поседува „реторичката динамика“ која веќе долго отсуствува од Претставничкиот Дом и ја пофали нејзината одбрана на пристојност, „на принципот, и на безбројни жени“, додека поранешниот шеф на DNC, Хауард Дин твитна, „Сега сум убеден дека АОК го има она што е потребно за да се кандидира за претседателка и да биде претседателка.“

Но, дел од покритието на влијателноста и одекот на говорот на Окасио-Кортез – ја овековечи токму родовата неурамнотеженост на моќта која говорот требаше да ја предизвика. Конфликтот кој го започна Јохо и на што реагираше Окасио-Кортез во New York Times, беше прикажан како пример за нејзината агресивна политичка амбиција, наместо како одговор на самите сили што долго време ја држеа неостварлива политичката моќ за жените како Окасио-Кортез, а претпоставена норма за мажи како Тед Јохо.

Приказната на Тајмс за говорот беше насловена – „А.О.К. Ослободи вирална осуда на сексизмот во Конгресот“ и започна со забележување дека Окасио-Кортез, најмладата жена во Конгресот која пристигна таму во 2019 година,„ ги крши традициите “. Тајмс нејзиниот говор го опиша ако уништивач на нормите и ги опиша говорите за поддршка на нејзините колеги – вклучително и оној во кој Прамила Џајапал се присети дека беше наречена „млада дама“ која не знае „ниту една проклета работа“ од претставникот на Алјаска, Дон Јанг – како момент на „културен пресврт“.

Сите овие зборови некако ги прикажаа Окасио-Кортез и нејзините соработнички како разочарувачки и хаотични сили што некако се појавиле во ова сценарио, посочувајќи дека тие ги разнишале нормите на начин на кој оригиналниот, вулгарен испад на Претставникот Јохо не го сторил тоа. (Можеби зборовите на Јохо не беа сфатени како еруптивни и правило-уништувачки затоа што обраќање кон жените со погрдни имиња во вашата глава или со пријателите или на скалите пред вашето работно место – е норма многу повеќе отколку што повеќето сакаат да прифатат).

Како што истакна Марк Харис на Твитер, „Тајмс“ само го отпечати целиот епитет во еден текст за Окасио-Кортез, читајќи го во забележникот на Домот, откако одби да ги испечати зборовите во една претходна сторија, кога би му биле припишани на Јохо.

Ова остави впечаток дека единствената личност која всушност ги кажала зборовите „ебена кучка“ била самата АОК, а не човекот што ги посочил кон неа. Дополнително, весникот ја опиша како некој што врши „пробивање на секој слог во вулгарното“, зацврстувајќи го погледот кон изјавите на Окасио-Кортез како невистинити, без да посочи дека иако таа јасно говореше, сепак го одржа својот говор со најмирниот и најблаг тон што може да се замисли. (Претходна приказна на „Тајмс“ за не-извинувањето на Јохо и првичниот одговор на Окасио-Кортез на не-извинувањето ја опиша како да го “нагрди него” почнувајќи со опис на тоа како таа „насилно го отфрлила“ неговото извинување.)

Новинарите на „Тајмс“ напишаа дека Окасио-Кортез „извонредно ги користи нејзините клеветници за да го засили нејзиниот сопствен политички бренд“ („брендот“ на Окасио-Кортез е предмет на честа медиумска покриеност; ретко кога се зборува дека моќните бели мажи создаваат брендови; тие, едноставно, имаат кариери.) Тајмс опиша како, во пресрет на зборовите на Јохо, „медиумски спретната“ г-ѓа Окасио-Кортез започна акција за создавање на дисруптивни и вирални настани“. Можеби изгледа невино да ја нарекуваат „медиумски спретна“, но и тоа е некој вид на сила – медиумско познавање, и заедно со тоа, комуникативна острина – која го намалува и замаглува фактот дека Окасио-Кортез не била личноста која првично го создала ова нарушување.

Опишувајќи ги одлуките на нејзиниот тим за тоа како да одговорат, Тајмс постави плашливи цитати околу нивните планови „да разговараат за тоа како АОК била притисната и јавно исмејувана“, наместо едноставно да известува дека таа била…притисната и јавно исмејувана. Целата работа сугерира дека таа некако го оркестрирала сето ова; дека нејзините акции биле активни и самопослужни, додека Јохо беше пасивен актер, неговиот единствен придонес во ситуацијата бил обезбедувањето на платформата од која ситуацијата може да започне. Како што рече „Тајмс“: „Републиканците одамна се обидоа да ја обзнанат г-ѓа Окасио-Кортез како аватар на злото на Демократската партија, потег што г-ѓа Окасио-Кортез го искористи за да ja засили својата дрска, „нетрпелива-кон-будалаштини” репутација.

Тука нема никакво признание дека Тед Јохо, кому самиот не му недостасува политичка и професионална амбиција, исто така, го градел својот бренд со тоа што решил да ѝ се обрати на Окасио-Кортез пред новинарите. Не е препознаено ни тоа дека ова всушност беше во негова полза. Процентот на Американци кои некогаш слушнале за „Тед Јохо“ експоненцијално се зголеми во изминатите 48 часа и неговото име сега херојски ќе резонира низ широк опсег на Американци АОК/женомразачи.

Она што е исто така точно и премолчено е начинот на кој деградацијата и отфрлањето на жените – како одвратни, луди, но и како што примерите на Џајапал не’ потсетија, како инфантилни, некомпетентни, нерационални и глупави – беше клучен за градењето и одржувањето на несразмерно машка моќ во американскиот политички, економски, социјален и сексуален живот. И тоа е пред да дојдеме до начините на кои сеприсутноста на дехуманизирачки и агресивен јазик кон жените може да има многу реални, насилни импликации – како неодамнешното убиство на синот на судијата Естер Салас од страна на анти-феминистот Рој Ден Холандер – и високиот процент на современо масовно насилство.

Како поинаку да го испразните теренот ако не преку опишување на вашите врсници како некомпетентни, недопадливи, непрофесионални? Без разлика дали мажите го изговараат тоа гласно, на улица или пред политичките известувачи, намалувањето на нивните идни колешк – нивните идеолошки и изборни противници и конкуренти за моќ – помогна да се расчисти потенцијалната пречка за нивните професионални патишта. Но, белиот машки опортунизам, без разлика дали е во форма на агресивна навреда отелотворена од страна на Јохо оваа недела, или едноставно прифаќајќи ги предностите што им ги овозможува широкото системско непочитување на другите, ретко е анализирано како вид на активна сила што отсекогаш постоела.

Наместо тоа, истренирани сме да ги гледаме реакциите на мажи кои не се бели упатени кон бели мажи како некој вид на корисен пат до моќта. На многу начини ни е кажано дека индивидуите кои не се бели мажи имаат свои конкретни карти во рака – race & gender cards – за да напредуваат, додека белите мажи едноставно…напредуваат. Моќта на белите мажи е толку претпоставена што комплетно ја разликуваме од она што едноставно го препознаваме како „моќ“, а со тоа и потшепнатата импликација дека оние кои имаат авторитет некако го заработиле тој авторитет на фер начин, додека оние што го оспоруваат авторитетот и начините на кои истиот се злоупотребува се злобни манипулатори. Oва се провлекува токму овде, бидејќи она што Окасио-Кортез го направи со говорот беше дел од нејзината работа, делот што се однесува на претставувањето на луѓето и нивните искуства и ефективно комуницирање во име на оние што доживеале повреда. Со други зборови, таа всушност ги заслужи сите придобовки кои ги доби по тоа.

Во меѓувреме, патријархалната злоупотреба на моќ останува очекувана, па нема ни да биде забележана како кршење на нормите или граѓанството, или пак како нарушувачка или хаотична. Наместо тоа, таа едноставно коегзистира со авторитетот, заповедувањето, хуманоста на белите мажи – таа е само дел од тоа како всушност изгледа нивната моќ.

Земете предвид како самиот Јохо го објаснил неговото согледување на Окасио-Кортез во неговиот говор во Домот – како израз на неговата „страст“, како некаков синоним за неговата вера во Бог и неговата љубов кон семејството. И дека постарата колешка на Окасио-Кортез во нејзината партија, претсавничката Стени Хојер веднаш одговори на говорот на Јохо, нарекувајќи ги неговите зборови „соодветни“, затоа што „јазикот кој одбираме да го користиме е важен.“

Да, важен е. Јазикот којшто се користи кога се зборува за Окасио-Кортез е особено важен и ќе продолжи да биде, додека таа се издига на американската политичка сцена.

Додека читаме коментатори кои ја раскажуваат приказната за женската амбиција, женскиот разум и порив, сите од нив сигурно и се политички анимирачки сили – како што и биле за сите тие мажи кои им претходеле во американската политика – се надевам дека луѓето можат да запомнат дека анализата не е погрешна, но дека е за жал, нецелосна. Бидејќи сè додека не можеме да видиме како белите мажи го користеа сексизмот и расизмот за своја придобивка – како тие го изградија својот сопствен „бренд“, американскиот бренд – на грбот на ебените кучки засекогаш, баш и не читаме една комплетна приказна.

 

 

 

 

Извор: The Cut 

НАПИШАНО ОД:
  • Гала Насева
  • August 18, 2020
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово базирано насилство: Кривично дело кое останува толерирано
Некои медиуми го нарекоа „хорор“, некои „грозоморно“, некои „трагедија“. Но, ретки беа јавните гласила кои лани на 10 септември го именуваа убиството во Гостивар со точното име – „фемицид“.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
КРИК 06 : : Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина
Предавање на Катрин Малабу, проследено со дискусија модерирана од Петар Милат и Славчо Димитров „Жена, женственост, трансфеминизам: алтернативи или дилеми?“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
На сите ни е потребна „Секс едукација“
„Сексуална едукација“ би им ја препорачала на сите, а пред сè на младите кои преку забава ќе научат повеќе за сексот, а ќе откријат и нешто за сопствената сексуалност.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога го дизајниравме Комитет, дизајниравме за себе и нашите пријатели: Интервју со Никола Николовски и Дамјан Кокалевски
ЛГБТИ заедницата во Скопје нас лично ни има дадено многу. И како дел од таа зедница која со години е исфрлана и терана да мигрира од еден во друг простор, нема поголемо задоволство да се дизајнира простор кој ќе биде дом за сите нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто не можам да престанам да размислувам на жените без деца?
Пред да добијам деца, никогаш не размислував за жените кои избрале да не станат мајки. Сега постојано размислувам за нив и ги забележувам насекаде. Имаат нешто што јас го барам, прозорец кон животниот пат што јас не сум го избрала.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борбата против родово базираното насилство бара системски промени
На почетокот на годинешната кампања ,,16 дена активизам против родово базираното насилство’’, нашата главна порака е што поскоро да се пристапи кон усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Валканата мала тајна на сексот без обврски
Што е она што нè тера да имаме секс без обврски? Дали уживаме во тоа? Дали имаме некаква добивка—или, пак, ризикуваме да бидеме повредени? И најпосле, кои, всушност, сме „ние“?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мизогинијата упатена кон убавите жени
Кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Библиотеките како простор и за квир заедниците
Каква е праксата во клучните светски библиотеки со кои соработува НУБ и зошто библиотеките треба да бидат сигурен простор за ранливите млади луѓе.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Друг поредок е можен: кон интеркултурно право (прв дел)
Првиот дел од текстот на Боавентура де Соуза Сантош во кој нè запознава со некои од неговите клучни коцепти.
  • Од Вики Младенова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со свој камен поглава
Кратка приказна за потрагата по здравствен систем во време на пандемија.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Политиката на трудничкиот стил на Ријана
Кога ќе се вкрстат правото да имаш контрола врз сопственото тело и правото да се облекуваш онака како што сакаш.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Држава што не постапува е држава што силува
Тука сме, ве следиме, и нема да ве оставиме на раат!
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
За Атиџе, хероината на дваесет и првиот век
Атиџе е жена која не се заборава. Не се заборава грижата за мајка ѝ, лупењето на бананите, миењето на косата, не се заборава Атиџе на пазар, вечната борба со небрежноста на соседот, вкусот на медот и дефинитвно не се заборава пораката „пола за мене, пола за пчелите“, симбол за женската грижа и труд.
  • Од Калина Качoровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време на жените
Грижата за локалното, за она што го гледаме пред себе, за оние кои се близу до нас и сакаме да ги заштитиме е вистинската мотивација и движечка сила на хероината.
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
Феминистичка 2018!
Со желба да рефлектираме кон она што сме го постигнале во измината година, но и она што не' размрдало, возбудило, вознемирило, во денешниот текст неколку авторки од Медуза издвојуваат значајни моменти од 2018 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Највлакнестата жена на светот
Отстранувањето на влакната за мене не е брз дел од секојдневната грижа за себе. Тоа е активност која бара многу време и пари.
  • Од Вања Кирова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Не мора да сме среќни за празниците
Настранување од божиќниот идеал во филмската нарација на Carol
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Колку вреди неплатениот труд на жените?
Како да му објаснам на мојот 3 годишен син дека „на мојот компјутер нема цртан и мама праќа меил“? Честопати незавршената работна задача подразбира останување доцна во ноќта, за да се доврши несработеното.
  • Од Тања Стоименовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јавната соба е секаде околу нас
Јавни соби ќе постојат сè додека жртвите се виновни, виновниците неказнети, а родово-базираното насилство е „дружење и зезање“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Партнерското насилство во квир врските  
Кон Куќата од соништата на Кармен Марија Мачадо.
  • Од Грација Атанасовска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Will you tell them?” Промоција на книга и изложба на Јован Јосифовски
Изложбата е составена од творби и книга кои се продукт на повеќемесечно истражување и работа на авторот во соработка со PrivatePrint студиото.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Марко и Елена
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС 1
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • ФЕМ 101
Полициската бруталност и расизмот против Ромите
Ретко се зборува за условите во кои живееат Ромите кај нас, а кога се зборува тоа често се гледа низ традиционалната призма на лични избори или различен менталитет, наместо многукратна и повеќеслојна системска дискриминација.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на Медуза
12 ноември (понеделник) е денот кога Медуза официјaлно се вдоми на meduza.mk. По тој повод организиравме кратка промоција и малку подолга прослава за добар почеток на новата феминистичка веб-платформа.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Водич за Трејси Емин, ‘enfant terrible’ на британската уметност: Прв дел
Трејси Емин e дел од изложбата Родови перцепции во Музејот на современата уметност - Скопје. Прочитајте сè за оваа легендарна уметница и погледнете ја изложбата во МСУ каде се изложeни 39 современи уметнички дела од 25 жени.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Приказни од изолацијата
Без конкретна форма, цел и насока, овој колажен текст служи да ни помогне да си ги структурираме мислите и да креираме една скромна меморија на ова време.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Биди Безбедна
Треба да се стремиме кон системско адресирање на изворот на родово базирано насилство во едно општество, но, во меѓувреме, додека тоа се постигне, треба да ги користиме сите механизми за спречување, заштита и превенција од насилство. Биди безбедна.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Чашка слобода: или сé што треба да знаете за менструалната чашка, но никој не ви го кажал
Важно е да бидеме информирани и на тој начин да ги правиме изборите кои се најдобри за нас затоа што нашите тела го заслужуваат тоа.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram