Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колку е безбеден јавниот простор за жените?
Поради чувството на небезбедност жените се принудени да трошат повеќе време да стигнат до посакуваната дестинација или да потрошат повеќе пари, доколку од страв да пешачат сами, решат да стигнат до посакуваната дестинација со автобус или такси, иако автобусите и такси возилата се исто така места каде што повторно жената може да искуси некаква форма на родово-базирано насилство.

„Очигледно е дека градовите се изградени, дизајнирани, и планирани, првенствено, од мажи. Оттука, станува збор за доминантно машка перспектива за тоа како градовите функционираат или треба да функционираат.“

Лесли Керн

Јавен простор е простор што треба да е отворен и достапен за сите луѓе. Под поимот јавен простор се подразбираат улици, тротоари, паркови, плажи, јавни институции како болници, библиотеки, училишта, универзитети, лифтови, јавен превоз, но и други институции (полиција, влада, итн.) во коишто просторот може да е делумно јавен и достапен за сите луѓе.

Општо е познато дека жените се постојана мета на разни форми на насилство, меѓу другото и на јавните простори, од непосакувани дофрлања и коментари, свиркање, зјапање, гестикулации, допири, малтретирање, па дури и силувања и фемицид. Ваквите настани ја намалуваат желбата за движење, појавување и дејствување на жените во јавниот простор, а со тоа се намалува нивната видливост и влијание во јавноста. Понатаму, им се ограничува пристапот до одредени услуги и им се нарушува, односно до извесна мера, спречува остварување на слободата на движње како човеково право. Поради чувството на небезбедност жените се принудени да трошат повеќе време да стигнат до посакуваната дестинација или да потрошат повеќе пари, доколку од страв да пешачат сами, решат да стигнат до посакуваната дестинација со автобус или такси, иако автобусите и такси возилата се исто така места каде што повторно жената може да искуси некаква форма на родово-базирано насилство.

Безброј примери – слични, и многу лични

Пред околу една година имав непријатна ситуација во лифтот во зградата во која живеам што направи да се чувствувам дека безбедноста ми е загрозена. Оттогаш почнав да размислувам за тоа колку пати во текот на својот живот се имам почувствувано небезбедно кога сум се движела сама или со уште некоја женска личност на некој јавен простор. Почнав да разговарам на оваа тема со другарките и сфативме дека уште од мали, повеќето од нас биле предмет на нечиј непосакуван, неприостоен поглед, допир, или коментар. Таквото непосакувано внимание најчесто било од некој постар чичко во автобус, добро познат „маалски манијак“, случаен разминувач во ноќта, или група на момци кои довикувале од некој автомобил на улица. Разговаравме за тоа како при секоја таква ситуација сме се чувствувале загрозено, исплашено, понижено и засрамено и тоа не по наша вина. Тоа ме натера да размислам колку родово-базираното насилство е секојдневие на жените и девојките и колку (не)безбедно тие се чувствуваат во јавниот простор.

Тажна анкета

Се решив да направам анкета на оваа тема. Според истата, на прашањето да дадат оценка од 1 до 5 за тоа колку се чувстуваат безбедни кога се движат во јавниот простор (при што 1 значеше воопшто небезбедно, а 5 потполно безбедно), повеќето испитанички одговорија дека не се чувствуваат безбедно. Девет од десетте девојки што учествуваа во анкетата искусиле сексуално вознемирување кога се движеле или нашле во некој јавен простор, сами или во друштво на друго женско лице. На прашањето како се справуваат со ваквите ситуации,најчестите одговори беа, забрзано одење, игнорирање, обид да се смени насоката кон поосветлен пат или место каде има повеќе луѓе. Од одговорите открив и дека една од девојките има утребено спреј за самоодбранаа, а многу од нив одговорија дека една од стратегиите што ги користат за да се чувствуваат побезбедно е зборувањето (или преправањето дека се зборува) на телефон. Иако, можеби на психолошко ниво помислата дека не сме сами ни ја зголемува сигурноста, во реалноста тоа не би можело многу да ни помогне.

Да се пријави или не?

Бројките на пријавување на ваквите случаи се поразителни. Според податоците на Министерството за внатрешни работи во 2019 година имало вкупно 11 регистрирани кривични дела „задоволување на полови страсти пред други“. Сигурна сум дека оваа бројка е далеку поголема во реалноста. Па тогаш, на што се должат малите бројки на пријавување? Би дала две причини за тоа: прво, недовербата во институциите дека ќе одговорат на пријавата и ќе се заангажираат околу фаќање на насилникот, кој што според Кривичниот законик би добил парична казна или казна затвор до една година; второ, нормализирањето на ваквите појави при што жените и девојчињата од мали се учат дека машките едноставно се такви и дека треба да се прифати нивното такво однесување. При секоја објава на социјалните медиуми (што исто така можат да се сметаат за јавен простор) за некоја случка на сексуално вознемирување ќе наидете на коментари што ја напаѓаат жената поради тоа што „одела таму кадешто не би требало и требала тоа да го очекува, не била пристојно облечена, си го барала“ без да се свесни дека со тоа ѝ кажуваат како да се облекува и однесува и каде смее или не смее да се движи, додека на мажот „само му се присакало нешто, бил испровоциран, давал комплимент или можеби дури само се шегувал“, без да се осуди неговото однесување. Проблемот лежи во тоа што уште од мали, растени сме во општество во кое преовладуваат партијахални вредности, кадешто мажите се охрабруваат да даваат комплименти, да го зграбат она што го сакаат или она што им се допаѓа, да се горди на својата машкост, сила, и на својот полов орган. Од друга страна, девојчињата се учат да се насмевнуваат и да бидат претпазливи. Не се посветува доволно внимание на домашно воспитување, медиумите пласираат погрешни вредности и потхрануваат погрешни стереотипи, немаме сексуално образование, ниту пак систем и институции што нудат поддршка, што резултира со недоволно разбирање на сериозноста на ваквите случаи.

Која е соодветната казна?

Се разбира, затвор или парична казна не би го решиле проблемот. Проблемот е системски и длабоко вкоренет во нашата култура, а решението е јасно. Потребна е едукација (домашна, медиумска и училишна), превоспитување (сесии со психолог или психијатар) за насилниците, зголемена присутност и ажурност на полицијата, отворање на телефонски линии за пријавување за ваков тип на насилство, и секако, подобрена инфраструктура на градот. Има бројни примери од многу земји во светот кадешто со поголемо осветлување, поголема присутност на полицијата и користење на апликации за безбедност, процентот на сексуално вознемирување се намалил, а безбедноста на жените се зголемила.

Што можеме да направиме?

Да ја кренеме свеста за родово-базираното насилство на јавните простори (преку учество во проекти и движења како #СегаКажувамКадеНеОдам), да обесхрабруваме нормализирање на ваквиот тип на однесување, и да ја симнеме апликацијата БидиБезбедна.

НАПИШАНО ОД:
  • Марија Ангеловска
  • November 25, 2022
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Треба да ја преиспитаме категоријата жена
Авторката на револуционерната книга Gender Trouble вели дека не треба да се изненадуваме кога категоријата жени се проширува и ги вклучува и транс жените.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Последните моменти од одлуката Ро во една од најголемите клиники за абортус во Америка
Во клиника за абортус во Хјустон, ден на вознемиреност, конфузија и страв откако Врховниот суд го укина уставното право на абортус.
  • Од Тимот на Медуза
Игор Тошевски, Совршен баланс, 2000
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Цвеќе на злото: дискурзивна рамка на квир дискриминацијата
Вовед во публикацијата „Стандарди на Советот на Европа за заштита и спречување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“.
  • Од Вики Младенова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово-несензитивни закони и родови стереотипи
Правни бариери во пристапот до правда на жените-жртви на семејно насилство.
  • Од Адвокат Тамара Славеска Апостоловски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Ани Ерно
„Можеби вистинската цел на мојот живот е моето тело, чувства и мисли да станат текст; нешто разбирливо и универзално, со што моето постоење ќе се спои со животите и главите на другите луѓе.“
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ментално здравје: контекст, релации и политики
Клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.
  • Од Ана Блажева
  • ФЕМ 101
Во фокус: Турција и Сирија
Бројот на жртви во Турциja и Сириjа е во постоjaн пораст.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Повик за програма за истражувачки есеи
Доколку се залагаш за родова еднаквост, имаш пасија и искуство со пишување и ти треба простор за раст и пласирање на своите идеи, ова е повикот за тебе.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пенси во Неапол или за: ведрата трагичност на расличностувањето
Излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Невидливиот баталјон“: Жените од украинската армија маршираат во штикли
„Жените, исто како мажите, се борат во војнички чизми“. Неодамна објавените слики кои ја промовираат престојната воена парада во Украина беа широко критикувани поради одлуката женските кадети да парадираат во штикли.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Примените на еротското: еротското како моќ, Одри Лорд
За да се одржи себеси, секоја опресија мора да ги корумпира или изобличи оние различни извори на моќ во културата на угнетуваните кои можат да создадат енергија за некаква промена. За жените, тоа значело да се потисне еротското како можен извор на моќ и знаење од нашите животи.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Библиотеките како простор и за квир заедниците
Каква е праксата во клучните светски библиотеки со кои соработува НУБ и зошто библиотеките треба да бидат сигурен простор за ранливите млади луѓе.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Апатичноста кон насилството против жените е загрижувачко и неприфатливо
Како да постапиме со фактот дека под секоја медиумска објава за родово базирано насилство, нашата јавност едногласно вели „таа самата си е крива“?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нешто е гнило во УКИМ – забележани сигнали на сексуално насилство, но владее правило на молк
„Приказните се тие. И тешки и сурови и дел од нив (пре)чести.“
  • Од Ивана Смилевска
  • ФЕМ 101
Борбата за права на текстилните работнички е борба за македонската жена
Разбирањето и емпатијата се основните двигатели на секоја промена.
  • Од Марија Бошковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сè уште верувам во моќта на сексуалната слобода
Што би значело да се оди чекор подалеку од согласноста и она што не ни се допаѓа за да откриеме што навистина ни се допаѓа?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За Ендру Тејт и загрoзените машки видови
Феноменот Ендру Тејт не треба да ни претставува никакво изненадување, зашто тлото за подемот на една толку токсична, но привлечна, медиумска персона беше веќе убаво оплодено од квази интелектуални Јутуб ликови исплашени од таканаречената woke култура и женското омоќување, на чело со Џордан Питерсон. 
  • Од Билјана Кочоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Абјектноста на културата на забава
Чинот на веселење и славење на нашата видливост засекогаш ќе биде абјектен во очите на оние што нè презираат, не нè разбираат и се плашат од нас.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лолита: модерното свето писмо на денешните тинејџерки
Девојките со сон да станат нимфетата Лолита претставена преку гледната точка на Кјубрик, стануваат жртвите за кои пишува Набоков.
  • Од Евгенија Несторовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!
  • Од Јована Јовановска
  • ФЕМ 101
Надежта е во неоткажувањето
Да се биде е веќе однапред и да се биде заедно.
  • Од Вики Младенова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто сѐ уште ни треба Парадата на гордоста?
Парадата е симбол на политичката борбата за еднакви права и социјално прифаќање на ЛГБТ лицата и ослободување од стегите на патријархалните норми.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се подготвиме за апокалипсата?
Кон романот ,,Време”од Џени Офил
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Како пандемијата ме лиши од амбиции
Сè што некогаш сум го сметала за нормално, стабилно или безбедно ќе исчезне. Родителството и работата повеќе не беа одвоени; сè се згрутчи во леплив, непријатен хаос од кој беше невозможно да се избега.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Да се биде новинарка во Македонија
И покрај многубројните вербални и физички напади врз новинарките, повеќето резултираат со осуда од страна на здруженијата кои ги штитат новинарите и од јавноста, но неретко институциите остануваат неми и не излегуваат со јавен став против нападите.
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Протестен собир: Не сме безбедни!
Бараме одговорност од надлежните институции, бидејќи не се чувствуваме безбедно во своите градови:
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безусловни почетници
Оваа книга не е совршена, но е совршен обид во борбата за еден можен феминистички свет.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Брза vs. одржлива мода: Зошто е ова феминистичко прашање?
Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда.
  • Од Александра Спасеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Забраните за абортус ги одземаат човековите права. Еве зошто мораме солидардно да застанеме против нив
Владите мора да го прошират пристапот до безбеден, легален и достапен абортус и контрацепција за сите луѓе. Не само што тоа е хуманиот начин, туку е и државна обврска според меѓународното право.
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Декриминализацијата ќе придонесе кон намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници
Ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат на Маршот на црвените чадори, по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
(Не)безбедни простори
Безбедносните техники се толку длабоко навлезени во женското искусто на градот, што доколку некој ме праша дали ми е страв да се шетам сама навечер, би кажала не. Но тоа не би била вистината.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пофалба на глупоста II
(Мет Волш, „Што е тоа жена?“, и вистината) 
  • Од Каи Гладкова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суровата реалност на „Слугинка“ – серија која непоколебливо го насочува објективот кон сиромашните жени
Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram