Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Колку вреди неплатениот труд на жените?
Како да му објаснам на мојот 3 годишен син дека „на мојот компјутер нема цртан и мама праќа меил“? Честопати незавршената работна задача подразбира останување доцна во ноќта, за да се доврши несработеното.

Работа од дома, само-изолација, карантин, Корона, КОВИД – 19. Се чини овие зборови влегоа во нашиот секојдневен вокабулар, додека постојано, загрижено слушаме и читаме на темата. Не подолго од пред 3 недели, се чинеше како само вест за некоја таму болест, која се шири некаде далеку и нема да нè погоди баш нас. Во најмала рака, I didn’t see it coming! Текстов нема да биде за Корона, но ќе биде за тоа каков ефект имаа ширењето на вирусот и мерките за спречување врз мојот живот, односно врз животот на жените и за она што ме натера да размислувам повеќе од обично – невидливиот, неплатен труд на жените.

Кога се донесоа мерките за спречување на ширење на вирусот, јас веднаш почнав да ги почитувам. Бев во можност да работам од дома, мојот 3 годишен син и онака веќе една недела не одеше во градинка, а со моите родители, кои се на околу 70 годишна возраст, престанавме да си одиме на гости. За среќа, користат вајбер, па не гледаат мене и нивното внуче онлајн и не испуштаат секојдневно да кажат „Оф леле, колку пораснал!“. Нереално, нели?

Таканареченото социјално дистанцирање, одеднаш нè затвори сите дома. Пред да се случи сето ова, си имав воспоставена рутина и структура на мојот живот: носење на син ми во градинка, одење на работа и проаѓање на вечерите со него. После работна недела, доаѓаа викендите – време кога можев да си ја задоволам и другата страна на мојот живот: кафиња, ручеци и сите останати активности што подразбираат социјален живот; секако и драгоценото време што си го посветував на себе.

Понекогаш на крајот на работната недела ми се чинеше дека балансирањето на работата, домот и социјалниот живот не ми оди баш добро и обично бев преморена, сепак, оваа нованастаната Корона-ситуација е навистина едно друго ниво на функционирање и менаџирање обврски. Делумно и поради менталниот товар на неизвесноста која виси над нас, но најмногу во однос на буквалниот, физички товар и обврските кои ги наметнува грижата околу домот.

Одеднаш, неподготвена, влегов во улогата на stay-at-home mum. И во истиот тој момент ја снема слободата да се воздивне на кратко, кога барем 5 минути ќе си земев време за себе и ќе одморев. Јога? – па тоа стана мисловна именка. Ненадејно, сфатив колку е огромен товарот кога се грижиш за домот “full-time”! Mожеби звучи навистина досадно и клише, но секојдневно готвење, перење, раскревање играчки (морам да признаам дека станот во меѓувреме ми се претвори во мини игротека), дезинфекција и повременото пазарење, се многу за сечиј грб. Физичкиот и менталниот товарот се огромни, а гледајќи ги статистиките ова е секојдневието на повеќе од половината работоспособни жени во Македонија. Товарот е особено голем за самохраните родители (од кои околу 80% се самохрани мајки) каде сите овие обврски се уште поголем предизвик, земајќи го предвид и работењето од дома во оваа (кризна) ситуација. Како да му објаснам на мојот 3 годишен син дека „на мојот компјутер нема цртан и мама праќа меил“? Честопати незавршената работна задача подразбира останување доцна во ноќта, за да се доврши несработеното.

Според податоците на Заводот за статистика, само 45% од жените во земјата се активни на пазарот на труд; односно повеќе од половината од жените не ‘одат на работа’. Но, не дека не работат, баш напротив. Овие жени се грижат за домот, за своите родители или родители на своите партнери, за своите деца, за лица во семејството со попречености…Во отсуство на доволно социјални сервиси и услуги, овој товар целосно паѓа на нивниот грб. Според истражување на Реактор „најголемиот дел од граѓаните на Македонија, а особено жените, се согласуваат со тоа дека очекувањата околу извршувањето на домашните обврски се повисоки за жените отколку за мажите. Со ова се потврдува родовата улога на Македонската жена како домаќинка.“ Традиционално, поради родовите стереотипи и прецепција на родовите улоги, ваквите обврски им се „доделуваат“ на жените. Ова не само што ја отсликува родовата нееднаквост, но говори и нешто друго – половина од жените немаат сопствен приход и никаква финансиска независност, иако работат дома. Финансиската зависност пак ги прави поранливи, несамостојни во донесувањето одлуки и секако,повеќе изложени на семејно насилство.

Според Заводот за статистика, во Македонија во просек жените проаѓаат дури 2.5 часа повеќе во извршување на домашните задачи од мажите– во нормални услови. Македонија не е исклучок по ова прашање, па така во светот, жените проаѓаат помеѓу 3 до 6 часа дневно на неплатени активности додека мажите од половина час до два часа . Се разбира, ситуацијата е подобра во скандинавските земји, како Данска или Норвешка, каде жените поминуваат најмалку време во работни обврски, за разлика од Мексико каде на пример жената е заглавена и до 6 часа во домашни задачи.

ОЕЦД – Организацијата за економска соработка и развој го препознава неплатениот труд како клучна алка во развојот на општествата, а забележува дека тој постојано се изостава од економските политики, мерки и планирање, под изговорот на експертите дека е тешко да се измери и квантифицира. Но, токму тоа изоставување и несметање на неплатениот труд како вредност води кон нецелосни и несоодветни економски политики кои дополнително ја зацврстуваат родова нееднаквост и ја маргинализираат жената од мерките на вработување и други области насочени кон нејзино економско зајакнување.

Неодамна, The Guardian излезе со една статија која вели дека Корона вирусот тукушто го направи животот на жените доста потежок. Сличен став беше објавен и во The Atlantic , каде се вели дека ситуацијава е катастрофа за феминизмот. Погодете зошто? Зашто жените ќе го понесат најголемиот дел од товарот на останувањето дома, на децата кои нема да одат во градинка или во училиште и на грижата за болните.

Затоа, додека трае оваа криза, веќе да почнеме да размислуваме за следните чекори и да застапуваме политики кои ќе им помогнат на жените во менталниот и физичкиот товар кои доаѓаат во пакет со активностите на грижа. Потребно е да бараме политики кои ќе им помогнат на работоспособните жени да се вклучат во пазарот на трудот, ќе им овозможат флексибилно работно време доколку им е потребно и достоинствената плата за невидливиот труд.

Еден начин би било финансиски да се вреднува и исплати неплатениот труд. Во една своја анализа , ЕСЕ – Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените го пресметува неплатениот труд на лица (во најголема мера жени) кои се грижат за возрасно лице во семејството, неспособно да се грижи за себе. Па така, овие лица поминуваат 37 часа неделно во грижа, што е речиси еднакво на една работна недела. Тие на семејството му заштедуваат од 9.000 – 15.000 денари, колку што би чинело најмување на лице надвор од семејството.

Другиот начин е да се стремиме да создадеме општество каде родовите норми ќе се променат, а жените и мажите ќе учествуваат подеднакво во поделба на обврските. Потребно е застапување, едукација и промени во политиките на државата.

А дотогаш, за вас сите што сте дома, испијте си го она планирано кафе или чаша вино, без нималку грижа на совест. Јас ќе го сторам токму тоа. На здравје!

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • Тања Стоименовска
  • April 7, 2020
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
So long 2019!
Со цел да ја затвориме оваа година, прашавме неколку од нашите авторки што е тоа по што ќе ја паметат изминатата година.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали Академијата мисли дека филмот Little Women се режираше сам?
Време е да се фрлат номинациите за Оскар оваа година директно во оган.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #8 : Жените се малцинство
Фестивал за феминистичка култура и акција број 8
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Чувајќи ја Франка: Работа околу нега и грижа за време на Корона
Добивањето нега не би требало да биде само луксуз за богатите и повремен комфорт за средната класа, туку пристапна до сите деца и родители. Истовремено, работниците на грижа и нега би требало да се ценети и, се разбира, добро платени.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јас да ѝ верувам на правната држава?
Интервју со Џејлан Велиу.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женскиот штрајк во Полска продолжува
Протестите во Полска по страшната пресуда на Уставниот суд продолжуваат да се случуваат секојдневно во над 100 места и градови.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Жртвите на сексуално насилство треба да знаат дека не се сами и дека постојат безбедни места за нив – промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство
Сексуалното насилство и неговите облици се едни од најмалку пријавуваните случаи на насилство, особено кога станува збор за силување во брак или од страна на интимен партнер.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фактот што не знаеме доволно за матката ни штети на сите нас
Очајно е потребно да станеме подобри во разговарање за репродукција на искрен и отворен начин. Затоа што ако одбраната на вашата позиција бара да се потпрете на невистини, тогаш можеби треба да се запрашате дали воопшто се работи за одбрана.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Апсурдноста на модерните вештерски кампови во Јас не сум вештерка (2017)
Што се случува кога мислењето на колективот ќе се земе здраво за готово, а молчењето како потврден одговор.
  • Од Радица Стојановска
  • Од Радица Стојановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Имав абортус“
Црната дупка во женскиот и јавниот дискурс
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за геј изобилството: како ТВ индустријата продава современа квир елита
Дали поголемиот диверзитет и вклучувањето на квир ликови во новите верзии на „Озборувачка“ и продолжението на „Сексот и градот“ се знак за напредок или пропаганда за (не)постоењето на современа квир елита?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Микејла Коел ве предизвикува да ја напишете приказната која ве плаши
Авторката и актерка Микејла Коел го освои посакуваното признание за нејзината серија „Може да те уништам“, која го фикционализира силувањето кое таа го има преживеано.
  • Од Тимот на Медуза
  • MЕДУЗА TV, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сексуалните малцинства, родот и медиумите
Медиумските дискурси не се огледало, туку активни креатори на нашата реалност.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Иво Куновски
  • КВИР, ФЕМ 101, ФИЛМ
Смртта и животот на Марша П. Џонсон (The Death and Life of Marsha P. Johnson)
Во име на месецот на гордоста и #BlackLivesMatter протестите, да се едуцираме за личностите кои го посветиле својот живот на борбата за ослободување.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Полициската бруталност и расизмот против Ромите
Ретко се зборува за условите во кои живееат Ромите кај нас, а кога се зборува тоа често се гледа низ традиционалната призма на лични избори или различен менталитет, наместо многукратна и повеќеслојна системска дискриминација.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што можеме да научиме за родово базирано насилство од „Squid Game“
За разлика од сите други натреварувачи, Џи-Јонг не учествува во игрите за да преживее, туку за да умре.  
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
ИЗГЛЕДОТ КАКО ПРЕПОРАКА
И покрај тоа што жените долго време ја водат битката за докажување на својата компетентност и квалификуваност на пазарот на трудот, на моменти и самите тие се обесхрабрени од праксата на вработување врз основа на привлечен надворешен изглед и убава насмевска.
  • Од Бојана Јовановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (втор дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на тројца млади луѓе од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
НЕ треба да значи НЕ! – „Нетипичните“ жртви на силување во Македонија не можат да го пријават и да го докажат делото
Кривично дело силување според Кривичниот законик во Македонија е само доколку е употребена физичка сила и закана врз жртвата од страна на сторителот и даден видлив отпор од страна на жртвата. Случаите во кои отсуствуваат овие два елемента, а сепак се работи за силување, се невидливи и непризнаени од нашите институции.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марта Стевковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доктор-јаснување“: Кога докторката не ги слуша пациент(к)ите
Излегувањето на д-р Шуплиновска-Јордановска ме направи гневна, но сепак ми е мило што ПичПрич обезбеди форум каде што публиката можеше дирекно да се обрати на лице кое има позиција на моќ
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Оклопни возила за спречување на семејно насилство
Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Џејлан Велиу
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Mитот за убавите заспани девојки
Нараторката донесува одлука да преспие една година од својот живот со помош на седативи и антидепресиви. Таа го замислува овој проект како една хибернација, одмор од секојдневните анксиозности и случувања.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
Проблемите на лезбејската заедница се продлабочуваат: 26 Април – Ден на лезбејската видливост
Овој ден не смее да остане само потсетување за постоењето на заедницата, туку да биде поттик за насочен активизам кон надминување на проблемите и предизвиците со кои заедницата се соочува.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пејзажи на отпорот/Landscapes of Resistance
Како може еден пејзаж да говори?
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram