Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кондоми – инструменти за игри на моќ
Стелтинг и отпорноста кон користење кондоми кај хетеросексуалните мажи

По сексуалниот однос со Зејн, Арабела сфаќа дека тој во меѓувреме го извадил кондомот. Отпрвин, исфрустрирана и збунета, таа подоцна разбира дека е измамена на таков начин, што немала ни секунда време да разбере дека била злоставена.

Ова е само еден дел од широкиот опсег на сексуални злоставувања што Мекејла Коел ги опфаќа во нејзината ТВ Серија „Можe да те уништам“ (I may destroy you) што беше главната тема на разговор на 73-тото доделување на Еми наградите. Она што ова серија јасно го има за цел е да ги принуди гледачите да го искусат широкиот опсег на сексуалните злоупотреби вклучувајќи ја и онаа најсуптилната – стелтинг.

Стелтинг (stealthing) е неконсензуално отстранување на кондом, со други зборови, скришно отстранување или оштетување на кондомот за време на сексуален однос без согласност и знаење на партнерот/партнерката.

Коел покажува дека овој чин не секаде се смета за злоставување, туку варира во зависност од културата и земјата. Како што главната протагонистка на серијата Арабела нагласува, додека стелтинг се смета за силување според британскиот закон, во Австралија е „налик силување“(a bit rapey). И покрај тоа, вистинската последица не е секогаш јасна.

 

Отпорност кон употреба на кондоми и видови тактики

 

Стелтингот како пракса на намерно отстранување на кондомот без знаење на партнерот историски прват се обработува во контекст на геј заедницитe, каде користењето на кондоми и комплексноста на сексуалните односи се поврзани со ризикот од ширење на ХИВ вирусот. Па така, од квир перспектива, овој феномен има богата историја и многу аспекти за дискусија. Сепак, оваа пракса постои и кај хетеро-сексуалнте односи. Жените сè почесто стануваат жртви на овој феномен кој за многу мажи е последната шанса за некористење на кондом, кога нивната партнерка сака заштитен сексуален однос.

Имено, хетеросексуалните мажи често одбиваат и избегнуваат да користат кондом при сексуален однос со својата партнерка. Згора на тоа, ако нивната партнерка сака да користи кондом, голем дел од нив користат разни тактики, за што постојат и цели интернет форуми, за да ги наведат своите партнерки кон незаштитен секс, иако и самите се свесни дека таа пракса претставува голем ризик за неговото здравје и здравјето на партнерката. Докажано е дека мажите почесто пробуваат да избегнат користење на кондоми, отколку нивните партнерки на разни начини (Black, 2011). Една студија спроведена во Австралија тврди дека една од три жени се жртва на стелтинг. (Латимер и др., 2018).

Во очи на порастот на овој феномен, веќе можеме да зборуваме за терминот Oтпорност кон употреба на кондом (Condom use resistance), што се однесува на успешни обиди да се избегне употреба на кондом во сексуални односи со партнер/ка која сака да користи кондом (Davis, 2014).

Мажите користат различни тактики на отпорност кон употреба на кондом кои можат да се категоризираат како принудни или не-принудни. Принудните тактити се јавуваат кога се користат агресивни или манипулативни дејствија за да се избегне употреба на кондом со партнерка која сака да користи кондом. Примери на принудна стратегија се: заведување (возбудување на нивната партнер/ка при што би се согласила да не користат кондом), емоционална манипулација (на пример, предизвикување чувство на вина кај партнерката на употребата на кондом), вербално убедување дека не постои ризик (на пример, уверување дека нема СПИ), и закани (на пр. заканување дека партнерката ќе наштети ако инсистира на употреба на кондом), дури и прикриено оштетување или отстранување на кондомот.

Примери на непринудни тактики, од друга страна, вклучуваат намалена чувствителност (на пример, инсистирање на партнерката дека сексот не е толку пријатен со кондом), немање доволно финансиски средства и директно барање (на пример, јасно да се наведе дека не сака да користи кондом).

Слично на сексуалната принуда, принудните тактики се разликуваат од непринудните по тоа што вклучуваат закана од несакан исход (на пример, психолошки, релациски или физички), што има за цел да ја спречи способноста на партнерката да направи информирана и консензуална одлука.

 

 

Но, зошто ова се случува?

 

 

Феноменот за кој овде станува збор е проблем на глобално ниво и е непријатна и опасна ситуација со која во хетеро сексуалните односи, најчесто се соочуваат и ги сносат последиците девојките.

Не требаше да барам подалеку од мојот круг на пријателки за да добијам јасна слика колку е всушност отпорноста кон користење кондом нормализиран дел од сексуалната комуникација и култура. Повеќето од девојките со кои зборував, при вакви ситуации добивале конкретни и директни одговори како: Абе кој користи тоа денес, Не ми е природно, Ми се спушта кога ќе стаам, Знам да се контролирам бе, уживај, Не е тоа-тоа со кондом, Што праиш со мене тогаш ако мислиш дека ќе ти пренесам нешто, и  слични варијации.

Поголемиот дел од нив прифатиле да не користат кондом, само за да избегнат непријатна ситуација или од страв да не бидат одбиени.

Одовде, се наметнува клучното прашање: Зошто мажите го прават ова?

Убедувањето да не се користи кондом и тактиките што се употребуваат не се опасни само заради високиот ризик на преносливи болети и несакана бременост, туку зашто целосно ја одземаат контрoлата и можноста за одлука и согласност од рацете на жените. Стелтингот буквално ја злоупотребува согласноста на партнерката, но бидејќи е нешто нормализирано, жртвите најчесто го минизираат искуството.

Една од најчестите причини е тврдењето дека сексот за нив е подобар без кондом. Но, јасно е дека не се работи само за претпочитање или задоволство. Дури и кај „стелтерите“ кои ги вадат кондмите поради поубавото чувство, нивните дејствија најчесто се поврзани со прикриена мизогинија. Без разлика на причините, тактиките за некористење на кондом се себични чинови на воспоставување контрола, моќ и сопствеништво на телото на нивната партнерка. (Бродски, 2017). Задоволството од овие чинови е користењето на таа моќ врз своите партнерки, правејќи нешто за што тие не дале согласност.

Застрашувачки е фактот што хетеросексуалните мажи свесно би го ставиле под ризик своето здравје и здравјето на партнерката поради поголемо задоволство. Иако повеќето сексуално преносливи инфекции кај мажите се асимптоматски, истите кај жените се симптоматски и можат да доведат до трагични последици. (CDC, 2011), Тоа е енормно важен факт што многу мажи го занемаруваат.

Стелтингот во многу држави веќе се смета за сексуално злоставување, но за жал, не секаде, вклучувајќи ја и Македонија. Фактот што горенаведените тактики се сметаат за нормални најмногу се должи на недостатокот од, или лошо сексуално образование, недостатокот од отворена комуникација за овие прашања, како и дискрепанцата во сексуалната моќ кај хетеросексуалните парови. Без разлика дали квир или хетеро, кога оној што треба да користи презервативи пробува да го избегне истото со разни набедувања или без согласност на партнерката/партнерот, тоа e де факто неконсензуален сексуален однос. Очигледно е дека овој феномен воошто не е нов, но ретко се дискутира, а сериозноста и можните послеици не се доволно нагласени. Баш затоа, повеќе од неопходно е да се развие свеста за овој проблем кон појаснување дека какво било прекршување на согланоста и довербата на партнерката/партнерот за време на сексуален однос е грда игра на моќ и не смее да се смета за вообичаена и прифатлива пракса при сексуален однос.

 

 

 

 

 

 

Текстот на авторката е напишан како дел од обуката „Од мое гледиште“, којашто се одржа од 1 до 13 јуни, во рамките на фестивалот Прво па женско #9. Обуката беше организирана во соработка со феминистичката платформа Медуза.

 

 

Библиографија:
Abramson PR, Pinkerton SD. (2002) With pleasure: Thoughts on the nature of human sexuality. New York: Oxford University Press.

Albarracín D, et al. (2000). Structure of outcome beliefs in condom use. Health Psychology.

Black DS, Sun P, Rohrbach LA, &Sussman S (2011). Decision-making style and gender moderation of the self-efficacy-condom use link among adolescents and young adults: Informing targeted STI/HIV prevention programs.

Centers for Disease Control and Prevention (2011).10 Ways STDs Impact Women Differently from Men.

Chibbaro Lui (2017) Gay men, straight women hit by ‘stealthing’: Washington Blade. 

Davis KC, Schraufnagel TJ, Kajumulo KF, Gilmore AK, Norris J, & George WH (2014). A qualitative examination of men’s condom use attitudes and resistance: “It’s just part of the game”. Archives of Sexual Behavior.

Davis J.L (2004).Many Men Don’t Use Condoms: WebMD,

Davis et all. (2013). Young Men’s Condom Use Resistance Tactics: A Latent Profile Analysis.

Latimer et al. (2018) Study Suggests ‘Stealthing’ – Non-Consensual Condom Removal – a Common practice: Monash University. Melbourne.

Mateo. (2019). Stealthing Is a Dangerous Type Of Sexual Abuse – Here’s What You Need To Know About It. 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • Наталија Станојевиќ
  • October 13, 2021
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Андоновистика (втор дел)
Лелееее! Венко, бре, не замарај!
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Како да се биде другарка со друга жена
Есеј за женското пријателство од Роксен Геј.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Брачна приказна“ е крај на прикаските за бракот
Филмот „Брачна приказна“ е најдлабокото, најпотресното и најреалното нешто што го гледав оваа година.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Најдобрите изложби во САД кои ја прославуваат 50-годишнината од Стоунвол
Од Њујорк до Бостон и Хјустон, подолу се дел од ликовните изложби низ САД кои го слават Stonewall 50.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што се случува со жените во отсуство на медиумски тропи?
Дали отсуството или отфрлањето на тропите служи само за да воведе нова? Кои сме ние без оковите на нашиот угнетувач?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заминувањето на Ана Карина
Иако во ерата на новиот бран никогаш докрај не беше постигнато целосно одвојување на женските улоги од веќе создадените патријархален наративи, за првпат почнаа да се отвораат прашањата за женската индивидуалност на филм, а улогите на Карина се токму оние кои го овозможија овој иновативен и неизбежно потребен потфат.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
По масовните протести, дополнителните забрани за абортус во Полска се одложени
Пресудата на Уставниот суд требаше да стапи на сила на 2 ноември, но сè уште не е објавена во службен весник.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Право на избор“
Зошто невакцинирањето не е прашање на телесна автономија.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.
  • Од Ангелина Станојоска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Декриминализацијата ќе придонесе кон намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници
Ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат на Маршот на црвените чадори, по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Мора да зборуваме за полициската бруталност
Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи,
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Агресивно феминистичко читање на старите грци
За да ја разберете историјата на аверзија кон моќните жени, читајте ги старите грци, тврди славната класичарка од Велика Британија, Мери Бард
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: И жените се присутни во историјата на музиката
Неприфатливо е да се завршуваат музички училишта без да се знаат храбрите претставнички кои се бореле да ја претстават својата уметност.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Стојаноска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали Академијата мисли дека филмот Little Women се режираше сам?
Време е да се фрлат номинациите за Оскар оваа година директно во оган.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Принтот не е мртов
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 серии за гледање за време на изолација
Серии чии дејствија ги осветлуваат присутните општествени проблеми кои предолго беа игнорирани од страна на телевизиската продукција
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Капитализмот има свои ограничувања
Џудит Батлер за пандемијата COVID-19 и нејзиниот растечки политички и социолошки ефект во Америка.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 причини зошто треба да се гледа серијата Mrs. America
„Поборниците за женското ослободување сакаат да создадат полово-неутрален, феминстичко-тоталитарен кошмар.“
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Кога жена ќе се осмели да возврати на машката суровост
Наелектризираниот говор го отелотвори гласот на искуствата, фрустрациите и гневот на милиони жени и мажи чии денови, животи и реалности биле обликувани од честопати навредливи, понекогаш вулгарни изрази на патријархална моќ.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Подгответе се за суров оптимизам
На 2 септември, со групната изложба Скршено, отвора овогодинешниот Skopje Pride Weekend.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА
Родови политики и сексуални идентитети во Планината Броукбек
Планината Броукбек е место кое надвор од светот во кој живеат, надвор од цивилизацијата и општеството кое ги класифицира и осудува, надвор од „вистинскиот живот“ со своите пространи пејзажи ја доловува слободата и можноста на остварувањето на нивната врска.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Кристијан Стефановски
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за родовобазирано насилство
Денешната форма на медиумите, не е само класична, туку сноси моќ и одговорност.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПичПрич: Влакна
Во 20.00 часот во Кино Милениум ќе се одржи четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Иво Куновски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.02
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Секоја промена започнува со љубов кон себе и своето тело: Интервју со Елисавета Димовска
За секој напредок кој сум го имала во сила или градење мускулна маса сум добила коментар – доволно ти е, немој повеќе. Сум се запрашувала, дали иста реакција би добил и маж на мое место?
  • Од Бисера Илкоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram