Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Крчкај си на тивко
За феноменот психолошка манипулација (gaslighting)

После завршени 20 тераписки сесии за една година, мојата терапевтка долж насмевка ми кажа дека овој завршен циклус си има свој термин и се нарекува, создадена нова персона. Тоа што ми го соопшти ми звучеше многу убаво. Трудот и нурнувањето длабоко во себе навистина вродија со плод. Постапувам поинаку и невообичаено. Креаирав нов начин. Закована за старите програми и шеми мислев дека таков начин нема. Но, како што има навики има и одвики, и јас сум жив и потврден доказ за тоа.

Запишувањето на јога, вклучувањето на телото и присуството, како и тераписките сесии, беа мојот почеток и џиновски чекор. Исплива жената и вистината. Од мене, за мене, во мене и со мене. Болката е моќник да нè врати во Себето, долж ‘рбетот, да нè освести, разбуди и дрмне. Кога е директна, било дали очекувана или не, според искуството, е „технички“ поподнослива за преживување и надминување. Брзо реагираме на таквата болка. Но, кога е умислено изврзана, манипулативно скроена и треба долго време за да се забележи, подмукло се протнува во сите клетки и бара соодветна стручна помош и многу трпение.

Таквиот притисок, колку и да се глуми дека е надминат, е плинска боца. Не сме свесни на кое кафе ќе снема плин или ќе ни пукне во рака ако ја заборавиме боцата на топло. Зошто плинска и каква врска има тоа со плинот/гасот?

Ни јас не знаев до скоро. Зборот гас е неологизам за првпат употребен во раниот 17 век од страна на фламански хемичар J.B. van Helmont. Зборот на Ван Хелмонт се чини дека бил само фонетска транскрипција на грчкиот збор χάος – хаос. Хаос, поради тоа што одредени гасови се со натприродно потекло, како и нивната способност да предизвикаат смрт. Најкарактеристични својства за гасот се притисокот и температурата. Знаеме што се случува при дисбаланс на термичката рамнотежа.

 

Сомнеж во сопствената перцепција, меморија и проценка

 

 

Неодамна ја прочитав книгата на д-р Робин Штерн, The Gaslight Effect: How to Spot and Survive the Hidden Manipulation Others Use to Control Your Life. Требало да ја прочитам сега, а не пред 4 години кога ја живеев ситуацијата, а не бев свесна во каква токсична врска бев вовлечена, а која со сите сили се обидував да ја спасам.

Претставата „Плинска светлина“ на британскиот драматург Патрик Хамилтон од 1938 година и нејзините филмски адаптации од 1940 и 1944 година ја раскажуваат приказната за една млада брачна двојка Манингем во викторијански Лондон. Џек е шармантен и подмолен криминалец кој намерно ја полудува својата сопруга Бела, богата наследничка, со цел да го стекне нејзиното богатство. Насловот на оваа драма, gaslighting, се објаснува како еден вид психолошка злоупотреба што вклучува лукава манипулација и контрола врз жртвата која со текот на времето почнува да се сомнева во сопствената перцепција, меморија и проценка. Таа станува несигурна во своите способности, сликата за себе, ја губи самодовербата, и на крајот, сопственото толкување на реалноста и „здравиот разум“. На македонски јазик, овој поим би се опишал како манипулативно полудување/психолошка манипулација. Или разговорно, би кажале излуди ја жртвата и владеј!

Оној кој злоупотребува намерно и систематски и дава лажни информации на жртвата чија крајна цел е да ја направи физички, психички и финансиски подредена. На почетокот, ова се ситни лаги кои постепено прераснуваат во нешто многу посериозно, и ако жртвата преиспита што ѝ се сервира како вистина, таа често е обвинета дека самата се лажела. Во неговите намери, оној кој злоупотребува не само што ќе се фокусира на жртвата, туку и ќе се обиде да ги сврти членовите на семејството и пријателите против неа. Иако манипулацијата е широко распространет метод за влијание врз другите, во случајот на gaslighting не се работи само за средство за убедување на жртвата, туку и воспоставување на контрола над неа.

Др. Штерн ги наведува следниве тактики на психолошка манипулација:

Отворено лажење – оној кој злоупотребува очигледно и бесрамно ја лаже жртвата и со тоа ја става во состојба во која веќе не е сигурна во вистинитоста на што и да каже, што ја зголемува нејзината несигурност и ја прави несреќна.
Негирање на кажаното – иако нешто навистина било кажано од страна на оној кој злоупотребува , ја убедува жртвата во спротивното. Тој целосно го отфрла вистинскиот факт и со тоа ја доведува жртвата во состојба на повторно испитување.
Несовпаѓање на зборови и дела – оној кој злоупотребува редовно кажува едно, а прави друго, затоа е важно да се обрне внимание на неговото однесување, а не на зборовите.
Играјќи си со она што ѝ е највредно – оној кој злоупотребува ќе ја нападне и критикува жртвата во врска со она што ѝ е од исклучително значење, како што е личниот идентитет, семејството, децата…
Давање лажна надеж – оној кој злоупотребува повремено ќе ја фали жртвата, што дополнително ќе ја збуни по редовните критики. Позитивната епизода ќе го разниша мислењето на жртвата за оној кој злоупотребува („Па, можеби и не е толку лошо.”), и всушност е уште еден пресметан обид што ќе резултира во несигурност на жртвата и доведување во прашање на реалноста. На крајот, жртвата генерално ќе биде пофалена само за нешто што му користи на оној кој злоупотребува .
Проекција – оној кој злоупотребува редовно ќе ѝ ги припишува своите недостатоци на жртвата. Честите обвинувања, иако се целосно неосновани, ја ставаат жртвата во состојба на потреба постојано да се оправдува и брани. На овој начин, вниманието на жртвата се пренасочува од оној кој злоупотребува кон нејзиното сопствено однесување.
Вртење на други луѓе против жртвата – оној кој злоупотребува наоѓа луѓе кои ќе застанат покрај него и против жртвата. Тој ќе ѝ зборува на жртвата дека овие луѓе кажале нешто против неа или се согласиле со него дека е, на пример, бескорисна, има прекумерна тежина, невкусно се облекува и слично. Додека таквите информации ќе бидат презентирани како добронамерни и како обид да ја освестат жртвата за нејзините недостатоци за да работи на нив, вистинската цел е да ја разниша нејзината самодоверба и да ја наруши нејзината слика за себе.
Дијагностицирање лудило – озборување на жртвата пред другите, преиспитување на нејзиниот здрав разум и наведувајќи ја да заклучи дека нешто не е во ред со неа. Со текот на времето, таа отворено ги убедува другите дека не е психички здрава.
Прогласување на други лажговци – оној кој злоупотребува ја убедува жртвата дека другите луѓе, дури и оние кои се најблиски до неа, се против неа и дека ја лажат од разни (имагинарни) причини. Само тој ѝ ја кажува вистината и само нему може да му верува. Целта на овие напори е да се изолира жртвата од другите (дури и од најблиските луѓе) и да се направи уште позависна од него.
Постепено исцрпување на жртвата – од првични повремени лаги и случајни критики, оној кој злоупотребува со текот на времето ја зголемува фреквенцијата и интензитетот на неговите деструктивни дејства врз жртвата.

Во заклучокот на книгата, др. Штерн, како и многу други терапевти кои работат на овој психолошки феномен, се повикуваат на експериментот со жабата од 19тиот век на двајцата психолози Хајнцман и Голц (Goltz, F., (1869) Beitrage zur Lehre von den Functionen der Nervencentren des Frosches, Berlin. / Heinzmann, A. (1872). “Ueber die Wirkung sehr allmäliger Aenderungen thermischer Reize auf die Empfindungsnerven“). „Ако температурата на водата не се зголеми повеќе од 0,02˚C во минута, жабата продолжува да седи во тенџерето додека конечно не се свари и умре. Кога водата се загрева побрзо од тоа, жабата скока и преживува “.

Постепеното и нежно загревање на водата ја зголемува температурата на телото на жабата без таа да забележи. Кога водата почнува да врие, жабата повеќе не може да ја контролира температурата на телото и ќе се обиде да скокне, но бидејќи веќе ја изгубила својата сила, не е во можност да го стори тоа. Значи, таа умира во врела вода без да може да стори нешто за да се спаси. Ако жабата се потопеше во вода загреана на 50 ˚C, таа веднаш ќе скокнеше и ќе преживееше, а со тоа што останува во водата, иако потопла, истата ѝ е толерантна на температурата на телото и постепеното затоплување не смета дека и е опасно за опстанок.

 

 

Дали си жртва на gaslighting?

 

 

Во комуникацијата, оној кој злоупотребува користи реченици како: никогаш не сум го кажал / сторил тоа, што зборуваш, повторно забораваш, претеруваш, се вознемируваш за ништо, смири се, ги извртуваш нештата, се заебавав, престани да измислуваш, не си нормална, ти си виновна, аман, ептен си чувствителна, а да побараш помош, секогаш нешто на тебе ти се случува…, и слично.

Тактиките на gaslighting ги користат оние кои злоупотребуваат. Претежно тие го покажуваат своето вистинско лице единствено пред жртвата, додека пред други се претставуваат како сосема поинаква и пријатна личност. Обично се работи за лица кои имаат нарушување на личноста (најчесто нарцисоидна), а често се работи и за психопати.

Подолгото изложување на gaslighting резултира со колапс на самодовербата на жртвата и позитивна слика за себе и зголемување на чувството на несигурност, анксиозност, депресија и беспомошност, па дури и развој на посттрауматско стресно нарушување. На овој начин, оној кој злоупотребува ја зголемува својата моќ над жртвата и може полесно да ја користи во остварувањето на своите лични интереси.

Во таквите ситуации постојано се запрашувате за сè (каква личност сте, дали донесувате добри одлуки, дали сте доволно добри кон другите, дали сте пречувствителни итн.) и им се извинувате на сите околу вас, а особено на оној што ве злоупотребува. Се чувствувате збунето, не сте задоволни, иако навидум нема оправдани и објективни причини за тоа. Задржувате информации од семејството и пријателите, имате впечаток дека нешто не е во ред, но не знаете точно што. Почнувате да го лажете оној што злоупотребува за да избегнете критики и обвинувања. Тешко ви е да донесете едноставни одлуки. Размислувате двапати пред да започнете разговор на некои теми. Ви се чини дека не можете да направите ништо како што треба и секој ден размислувате за сè што сте направиле и дали ќе бидете нападнати или критикувани за нешто. Избегнувате да зборувате директно со оној кој ве злоупотребува и претпочитате да го правите тоа преку посредник. Ви се чини дека порано сте биле посигурни во себе, порелаксирани и весели, а сега сте очајни и несреќни.

Две и пол години ми траеше агонијата. Уште толку, а и повеќе, работата на себе и враќањето на вербата во себе. За да може жртвата успешно да се спротивстави и да ги избегне катастрофалните последици од ефектот на „сварената жаба“, треба да се обиде, кога ќе може и ќе е подготвена (јас верувам дека секој има свое време за освестување според својот психолошки капацитет), да побара помош.

Ако се чувствувате изложени на психолошка злоупотреба во врска (партнерство, пријателство, работен однос, односот со родителите…), верувајте во она што го гледате, слушате и чувствувате. Бидете истрајни во своите мислења и проценки – ако сте сигурни во своите проценки, не отстапувајте од нив, без оглед колку другата страна ве одвраќа или ве напаѓа. Опкружете се со позитивни и добронамерни луѓе – поминете време и бидете во контакт со луѓе кои ве прифаќаат и сакаат какви што сте и со кои се чувствувате пријатно. Нека служат како второ мислење во проценката на ситуациите околу кои не сте се согласиле со оној кој ве злоупотребува.

Изложете го насилникот – известете го оној кој ве злоупотребува дека сте свесни за неговите обиди да манипулира и збуни. Прекинете ја врската – ако злоупотребата продолжи и откако оној кој злоупотребува отворено се соочи со своето однесување, најдобро е да се стави крај на врската, пријателството или деловната соработка. Во партнерства, забележете го прибегнувањето на оној кој злоупотребува кон т.н. улизување (hoovering), особено кога ќе дојде моментот да го напуштите. Тогаш тој ќе ве поплави со љубовни изјави, пофалби и ќе ги истакне вашите позитивни квалитети. Ќе ве увери дека врската ќе се промени на подобро. А ако одлучите да останете во врската, ситуацијата многу брзо се враќа во нормала.

Вистината сум јас и јас сум вистината. Така живеам денес. Цврсто и со проверка, верба и доверба во себе. Учам во секој нов чекор. И ја ширам Вистината, да допре до кому и да треба. Дозволувам да искусам нови ситуации, но и посветено се грижам за себе и разговарам отворено. Внимавам низ секоја емотивна состојба да имам систем на поддршка. Знам, не сум сама.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • Кристина Ивановска
  • September 15, 2021
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Историскиот миг на кој Милена Радуловиќ му даде лице
Од моментот кога Милена Радуловиќ одлучи да проговори и да го пријави насилникот за сексуално насилство, веќе ништо не е исто.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се подготвиме за апокалипсата?
Кон романот ,,Време”од Џени Офил
  • Од Душица Лазова
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Спокојното поврзување на телото и просторот
Ве запознаваме со Ивана Јовановска, поетеса од Скопје која се занимава со прашањето на телото и просторот (кон внатре и кон надвор) каде тоа се развива, боли, се бунтува...
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
ЖЕНАТА И ГРАДОТ
Преку пишувањето му се овозможува на телото да продолжи да постои. Така обработувањето на сеќавањата е најмакотрпната активност во средина каде времето се забавува „до точка на застанување“ и каде часовите „како капки пот, лека-полека се откинуваат и капат“
  • Од Мања Величковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Совршена жртва“
И јас бев тинејџерка која одеше на забави, но за среќа јас немав свој Брет Каванау
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женскиот штрајк во Полска продолжува
Протестите во Полска по страшната пресуда на Уставниот суд продолжуваат да се случуваат секојдневно во над 100 места и градови.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Феминизам, Јас и Ти
или што мислам кога велам дека сум феминист/ка?
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Згодна маратонка го истрча полумаратонот по гаќички“. Tоа што освои прво место е второ.
Родовите норми и стереотипи се овековечуваат и зајакнуваат преку неурамнотеженото и патријархално медиумско претставување на жените и мажите во спортот.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангела Рајчевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто разводот е добар?
За децата и родителите е подобро да живеат среќно и разделено, отколку несреќно и заедно.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ирена Цветковиќ
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од правото на телесната автономија? 
Осврт кон правото на абортус во САД.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Цената на водењето политика во услови на шовинистички менталитет
Oд вкупно 660 избрани градоначалници во период од 25 години и седум круга локални избори, само 18 се жени.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Симона Србиновска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Модернизирана винтиџ хомофобија
Денес, на многу мејнстрим медиуми веќе не е прифатливно отворено да се користат расистички, сексистички, хомофобични и други видови на погрдни зборови во дебатните емисии. Затоа модерните хомофоби како Сашо Тасевски мораат нивните предрасуди да ги скријат преку различни реторички стратегии.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ќотекот е од рајот
Како видеото протекува не знаеме, меѓутоа самиот факт што некој сакал да го “овековечи” овој момент ни укажува на желбата за понатамошно споделување на чин на насилство како триумф.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Мора да зборуваме за полициската бруталност
Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи,
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пандемија во сенка
Не поминаа ни два месеци откако алармот беше вклучен, за веќе да можеме да ги увидиме иницијалните ефекти и фатални последици кои пандемијата односно изолацијата ги има врз жените во нивните домови.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • Од Вања Кирова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дискреција и затајување: За митот на менструацијата
Кога нормална телесна функција спречува една индивидуа да оди на училиште или на работа или кога менструацијата претставува сериозни здравствени ризици поради недостапноста на производите, огласувачите треба да дојдат до следново „откритие“: дека тие жени не треба да гледаат среќни фигури во тесна бела облека и скокање покрај плажа.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Пелин Балабан
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Апсурдноста на модерните вештерски кампови во Јас не сум вештерка (2017)
Што се случува кога мислењето на колективот ќе се земе здраво за готово, а молчењето како потврден одговор.
  • Од Радица Стојановска
  • Од Радица Стојановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Евоцирање на спомени од Прво па женско 2019
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: (Не) ми е страв
Стравот го ограничува движењето на телото во просторот. Стравот може да ве натера да ја промените насоката на движење, да не направите некое движење или воопшто да не излезете од дома.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фиона Сампсон – Три песни
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Андоновистика (втор дел)
Лелееее! Венко, бре, не замарај!
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жени жртви или жени злосторници­?
Случајот на Пале Илкоска.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Славеска Апостоловски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизмот и сексуалната работа
„Јас сум сексуална работничка, доброволно ја избрав оваа професија, ги заслужувам сите права како и било која друга жена!”
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Елеонора Чичевска и Маргарита Глигуроска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто сексуалните работници го одбележуваат 3 март?
Сексуалниот работник пред сè е човек, а потоа сексуален работник. Оттука, има еднакви човекови права како и сите други луѓе.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Лила Милиќ
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата болка е политичка
Мојата болка е сечија болка. Сè додека јас живеам со мојата болка сите живееме во грч.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангел Димитриевски

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram