Помина повеќе од еден месец од почетокот на инвазијата на Газа и Палестина од страна на Израелската армија предводена од крајно десничарската влада на Бенџамин Нетанјаху, со цел да се Израел да се „одбрани” од “луѓето животни” кои живеат во тој регион. Освен про-Израелска пропаганда во западните медиуми видовме и глобален пораст на pinkwashing реторика, дури и во нашата земја.
Според Decolonize Palestine, pinkwashing се однесува на тоа кога една држава или организација се повикува на правата на ЛГБТК+ луѓето со цел да го одврати вниманието од нејзините штетни практики. StandWithUs, ционистичка група формирана во 2009, е една од најзастрашувачките престапници на ова мешање на ционизмот со квир ослободувањето. Поттикната од стотици милиони шекели доделени на иницијативата „Brand Israel“ од страна на израелското Министерство за надворешни работи, групата започнала кампања која биле вклучени брошури кои го прогласуваат Израел за „геј рај“ за квир Палестинците, како и провокативни реклами во локалните весници во регионот со наслови како „Хамас, ИСИС и Иран убиваат хомосексуалци како мене“.
Преку вакви групи, а и дирекна владина пропаганда, Израел го користи овој наратив за да го сврти вниманието од вистинските прекршувања на човековите права на Палестинските луѓе. Израелската влада исто така има и PR тим кој е посветен во оркестрирање на висoко профилни настани, како на пример концерти со реномирани музичари, екстравагантни паради на гордоста и забави и музички програми специфични таргетирани за ЛГБТК+ луѓето меѓу кои беше и 64-то издание на Изборот за песна на Евровизија во 2019 година во Тел Авив. Овој стратешки маневар дополнително го одвлекува вниманието од угнетувањето на Палестинците и дава фасада на прогресивност. Со ваквиот наратив лесно се протнува анти-Арапска и анти-муслиманска реторика која ги претставува овие народи и култури како инхерентно хомофобични, уназадени и варварски. Ова допринесува до лажен наратив, според кој Палестинците оправдано заслужуваат Израелска воена окупација наместо ослободување.
Овој застрашувачки наратив кој е навлезен во нашата држава, дел од ЛГБТ заедницата го зеде здраво за готово, меѓудругото, поради десничарска пропаганда на социјални медиуми, расизам, исламофобија или пак од неедуцираност и неинформираност. Ако ме прашате мене и ред други засегнати истомисленици, ќе кажеме дека без разлика дали има или нема хомофобични и трансфобични луѓе во окупираниот регион, тие не заслужуваат да страдаат и да бидат бомбадирани и масовно избришени од планетата. Ќе нагласам, таму живеат и луѓе кои се дел од нашата заедница и заслужуваат да бидат безбедни, почитувани и слушнати. Но за тоа да биде реалност, прво граѓаните во Палестина и Газа треба да живеат слободно и да не стравуваат дека сите нивни човекови права ќе бидат прекршени, или нивните животи ќе бидат одземени поради окупација и етничко чистење.
Се растревожив кога видов како луѓе од ЛГБТИ+ заедницата, дел од кои и сум се дружел, и живеат во оваа и тоа како дискриминиторска држава, даваат поддршка на слични држави кои ги прекршуваат човековите права и меѓународни конвенции и вршат и/или одобруваат геноцид. Да не се залажуваме, Израел како и Македонија се конзервативни, традиционални и хомофобични/трансфобични држави. Тие можат да водат безброј платени владини кампањи и измами за да продадат прогресивен имиџ, но суровата реалност е дека ЛГБТИ луѓето повторно ќе бидат дискриминирани, осудувани и изложени на насилство.
Ве прашувам, каде е вашата емпатија, сочувството и солидраноста со угнетените, дискриминираните, оттуѓуваните, без разлика дали се од нашата држава или жители на друга, без разлика на нивната вероисповед и боја на кожа, кон палестинските жени и деца, кон Палестинските мажи кои мора деноноќно да стражарат и да ги носат мртвите тела на своите блиски и сакани до болниците, откако со голи раце ги бараат и ископуваат од под урнатините.
Затоа ве повикувам да излеземе на протест во сабота пред Владата и да покажеме солидарност со народот на Палестина и ЛГБТ+ луѓето кои живеат таму.
FROM THE RIVER TO THE SEA, PALESTINE WILL BE FREE!
Препорачано читање: A Liberatory Demand from Queers in Palestine
Текстот е напишан од локален квир активист