Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, ФЕМ 101
Квир по дома: Здравствената криза и социјалната изолација наспроти потребата за заедништво
Ако за мнозинството социјалната изолација подразбира едноставно поминување повеќе време дома, кај квир лицата тоа може да значи буквално затварање во себе или „враќање во плакарот“.

Почетокот на пандемијата го гледам како некоја магла која се растегна до недоглед. Првите месец, два од социјалното дистанцирање и остри мерки на изолација беа обележани и од безбројните текстови, видеа и селф хелп мудрости, кои беа толку распространи како содржина, што фалеше уште да ни излегуваат од фрижидер. По релативната нормалност, односно привидот на истото летово (god bless good weather!), сега повторно се најдовме назад во изолација која веќе ми се чини како да трае отсекогаш – засекогаш. Во меѓувреме, многу од нас изгубија работни места, нерви, покрив над главата, и блиски. Значи, нашата моментална појдовна точка е исцрпеност. Од она што го гледам околу мене, во моментов нема ниту еден совет, активност, хоби или алтернативен начин на комуникација кој може барем на кратко да го блокира оној анксиозен и настоичив глас кој вреска уште колку можам да живеам вака?!.

Сепак, потребата од нови начини на поврзување и пружање меѓусебна поддршка нè втурнаа и нас кон објавување на содржина која може да ни помогне заеднички да го пребордуваме ова невреме, а истровремено да посочи кон фактот дека различни маргинализирани групи се диспропорционално погодени од здравствената криза, и тоа на различни начини. Веќе знаеме дека пандемијата ги потврди општествените нееднаквости, но мислам дека вреди одново и одново да ги посетуваме овие теми, со оглед на тоа што пред нас е една долга и тешка зима и ни требаат сите можни ресурси и поддршка за да излеземе живи и здрави од истата, во секоја смисла на фразата. Дотолку повеќе, за менталното здравје во време на криза и справување со новиот период на изолација се зборува многу, но помалку се зборува за овие теми имајќи ги на ум специфичните потреби на маргинализираните групи, за кои често повеќето мејнстрим совети се недостапни или неприменливи.

За квир личностите пролонгираниот период на живот во социјална изолација може да претставува сериозен проблем. Како последица на системската дискриминацијата во секој поглед на секојдневното живеење, ЛГБТИ лицата живеат живот исполнет со стрес и страв, поподложни се на насилство во и вон домот и говор на омраза во сите јавни сфери, се соочуваат со ограничениот пристап до здравство и други социјални услуги, а не ретко се соочуваат со отфрлање и изолација во различни форми. Баш затоа, маневрирањето со здравствената криза може да е особено тешко.

Како група која често е избришана/невидлива за системот, не беше воопшто чудно што не се развија системски услуги кои би им помогнале на ЛГБТИ лицата да се снајдат подобро во новите услови на живеење (освен оние генералните мерки кои беа општо достапни и троа задоцнетото отворање на Националната линија за советување на ЛГБТИ+ лица), па не треба да нè изненадуваат податоците од истражувањето кое го спроведе Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија, според кое 60% од лицата кои земале дел од истражувањето се соочуваат со нарушено ментално здравје како резултат на кризата.

Според резултатите од ова истражување, ЛГБТИ луѓето се делумно информирани во однос на постоечките услуги за заштита на менталното здравје за време на рестриктивните мерки за заштита од КОВИД – 19, но иако многумина имале проблеми со менталното здравје, тие не побарале стручна помош и советување. Причините кои ги навеле за тоа зошто не побарале помош се од различен карактер и варираат од одлагање, минимизирање на проблемите и апатичност, до срав од негативни искуства и откривање на сексуалната ориентација, до генерална недоверба во институциите. Секако, системската дискриминација која е „добро утро“ за повеќето маргинализирани групи не помога во овој поглед. Ова го нагласувам со цел веднаш да се исклучи можноста за пренесување на вината кај оние на кои им е потребна помош.

Зорица Николова, психолог и менаџерка на Сигурната куќа за привремено згрижување на ЛГБТИ личности кои биле жртви на насилство или се соочуваат со бездомништво, вели дека е очекувано во услови на изолација и ограниченост на движење да развиеме чувства на анксиозност, депресија, суисидални или депресивни мисли, но додава дека оваа позицја е особено опасна доколку домашната атмосфера подразбира неприфаќање, нелагодност, омраза па дури и насилство:

 

Ефектите врз менталното здравје на луѓето кои се идентификуваат како ЛГБТИ секојдневно се изложени на овој вид на атмосфера се негативни, непријатни и трауматични. Ова не доаѓа како изненадување со оглед на фактот дека ЛГБТИ луѓето сѐ уште не ги уживаат истите права и слободи во нашата средина.

 

 

Во едно такво сценарио, односно систем кој не само што ги игнорира специфичните потреби на различните граѓани и граѓанки, туку и честопати активно ги дискриминира, ЛГБТИ луѓето, како и другите маргинализирани групи, се горе-доле оставени да се снаоѓаат сами за себе или меѓусебно во специфичните заедници, а токму тоа го направија мои две другарки кои изминатите месеци ги поминаа на село:

Во март, кога почна пандемијата, ја имав таа среќа да избегам на село со мојата партнерка. Таму останавме до летото, работевме онлајн, одржувавме социјална дистанца. Тоа што бевме заедно ни помогна да бидеме делумно иземени од кризата и истата да не нè погоди психички во толкава мера. Заради тоа, кога на кратко ќе се вратевме во Скопје, се чувствував толку изгубено, збунето и исплашено поради отуѓеноста која се појави кај луѓето за толку кратко време, а која мене ме фати неспремна. Летото ме залажа дека работите можеби и ќе се вратат во нормала, па затоа сега вториот бран малку потешко ме погоди. Овој пат, спречени од една посериозна незгода, не можевме да избегаме во нашето ,,прибежиште”, така што останува да се препуштиме на ,,новото нормално” и да создадеме нови механизми на справување. Последниве неколку недели, со мојата партнерка и со три многу блиски пријателки сум принудена на исклучиво онлајн комуникација, на телефонски и видео повици, па почнувам да се чувствувам како Theodore во филмот “Her” кога ќе се заљуби во компјутерскиот програм. Целава ситуација е малку надреална.

Оваа приказна, конкретно можноста да се „избега од реалноста“ е за жал, исклучок, а многу личности со месеци не беа во можност да поминат квалитетно време со своите партнери/партнерки доколку се во врска или луѓе од својата заедница, дел заради ограниченото движење, дел заради фактот што нивните домашни не се запознаени со нивната сексуална ориентација и родова експресија. Така што, ако за мнозинството затворањето дома подразбира едноставно поминување повеќе време дома, кај квир лицата тоа може да значи буквално затварање во себе или „враќање во плакарот“.

За повозрасните и старите ЛГБТИ личности веројатноста да се соочат со делумна или целосна изолација е висока, земајќи предвид дека тоа е еден од проблемите со кој тие се соочуваат на глобално ниво, без оглед дали живееме во пандемија или не. Самиот тој факт може да доведе до посериозни нарушувања на менталното здравје. Старите лица се секако здравствено попогодени од пандемијата, а тоа беше токму наративот кој долго време се користеше за да се „успокои народот“, со што животот и здравјето на постарите веќе се преставени како да се од пониска вредност. Старите лица кои немаат поддршка од својата фамилија или пак немаат фамилија во традиционалната смисла на зборот (а во таа група често спаѓаат квир личности, кои иако не се особено видливи во јавниот простор кај нас, тоа не значи не постојат) во услови како овогодинешните можат да бидат доведени до ситуација на целосна самотија, страв, апатија, безнадежност и беспомошност.

За младите ЛГБТИ личности пак, повлекувањето во домот на подолг период може да подразбира неколку трауматични инстанци. Од една страна тоа најверојатно претставува повлекување од кругот на пријатели и блиски и генерално од простори каде се наоѓа поддршка, разбирање, прибежиште и љубов, што само по себе е трауматично, со оглед на тоа што на тие релации може да се базира самодовербата и емоционалната стабилност на една млада квир личност. Од друга страна, повлекувањето во домот може да значи и „заглавување“ со семејство (или членови на семејство) кои не го одобруваат идентитот на личноста, или пак претставува простор на психичко и/или физичко насилство или опасност од истото.

Наодите од истражувањето од 2018 година „Нееднаквости во здравјето и правата на ЛГБТ- младите на 13 и 15 години во Северна Македонија“ спроведено од Коалиција Маргини, го потврдуваат тврдењето дека овие млади се под далеку повисок ризик од насилство, вознемирување и булинг, а следствено и наршување на менталното здравје. Дополнително, поддршката која ја чувствуваат од семејството е драстично пониска во споредба со другите врсници¹. Според истражувачката и психолог Лина Ќостарова Унковска „многу млади лезбијки, геј, трансродови и меѓуполови (ЛГБТИ) млади не живеат исполнет и среќен живот поради стигмата, дискриминацијата и стравот од насилства. Тоа што најмногу влијае врз нивното ментално здравје и добросостојба се чувството на срам и нелагодност што се „различни“, како и притисоците на средината да ја отфрлат или да ја негираат својата сексуалност / или родова определба, со постојано вербално и физичко малтретирање во врска со тоа. Хомофобијата и сексуално/родово заснованото насилство се најсилната бариера ЛГБТ-младите да живеат квалитетен и исполнет живот. Истражувањето на менталното и социјалното здравје открива алармантни наоди за невидливите трауматски животни искуства на голем број ЛГБТ деца и млади, во отсуство на семејна и институционална поддршка, слаба ефикасност и отсуство на социјални вештини и компетенции за нивно надминување.“

Знаејќи дека за многу ЛГБТИ млади домот е асоцијација на нелагодност и стрес, а во некои случаи и насилство², една ситуација каде тие се приморани поголемиот дел од своето време да го поминуваат баш таму, е во најмала рака проблематично. Иако посоченото истражување се занимава со една тесна возрасна група, не треба да се изостават ниту искуствата на студентите кои поради затворањето на студентските домови мораа да се вратат дома или да најдат друго живеалиште, а секако и оние кои се невработени или со несигурни работни места, самохрани мајки, како и сексуални работници и работнички кои се под особен ризик во периоди на криза. Со оглед на тоа што пандемијата за многу подразбираше губење на работното место или намалени примања, за некои од лицата за кои домувањето со родители или други роднини не е опција, загубата на работата може и да се значи загуба на домот. Таков е случајот со двајца млади во Сигурната куќа, геј маж и транс маж, и двајцата во своите рани дваесетти години:

Еднаш добив отказ поради корона, па спиев кај другарки и среќа се појави Сигурната куќа. Тешко ми беше да добијам нова работа, а сега повторно не одам на работа бидејќи се затвори кафичот каде последно работев. Искрено, не знам што ќе биде.

Мислам дека живеалиштето е главен проблем – лани живеев во студентски, нè известија дека треба да ги напуштиме домовите следниот ден, се преселив со моите заради тоа што буквално немав каде, немав доволно финансиски средства, а и да имав – немав време за таа опција. После низа случувања завршив во SafeHouse. Земајќи во обзир дека сам живеам од 15 години и секогаш сум имал кров над глава, за прв пат ми се случи да немам заради кризата. Втор проблем е наоѓање работа, исто така од 15 работам за дневница, но сега не можам да најдам работа, а и тоа што е понудено е платено на пола од тоа што било претходно. Мислам дека кризава и утре да заврши, мене (а и многу други луѓе што ги познавам) ќе ми треба година, па и повеќе, да застанам на свои нозе, барем финансиски. Голем дел од луѓето, вклучувајќи ме и мене, беа или се приморани да се вратат во средина која е токсична и неприфатлива.

Секако, не за сите млади кои се квир поминување време дома или живеењето со семејството претставува хорор или траума, но ретко кога во една средина како нашата една млада личност која има „различна“ сексуална ориентација или родов идентитет од мнозинството, може целосно тоа да го изразува во доменот на домот. Според еден мој другар дури и со родители кои претставуаваат поддршка и потпора, осаменоста е присутна, но тоа не е ништо ново за животот како квир особа:

Некако се вклопив на овој начин на живеење. Да, тешко е да си квир и да живееш вака, но имам привилегија што живеам со мајка ми, а таа знае све за мене. Откако се деси првиот карантин чувствував одговорност да и кажам некои „тајни“, али она во принцип знаеше, because a mother always knows. Многу сум среќен што таа ме има прифатено и што имам можност пред неа да бидам експресивен со мојот идентитет. За менталното здравје, се соочувам со осаменост, и тоа многу, и тоа ме растажува, али за квир човек не е ништо ниво. Особено во оваа држава, openly queer people се повеќе осамени од привилегираните луѓе. За сексуалното здравје постои маструбација. It helps.

 

Заради сите наведени причини, токму постоењето надвор од домот во просторот на пријателствата, тешко стекнатите заедници и „избраното семејство“ е единствениот начин и простор за себе реализација и автентично-на-себеси живеење за многу квир лица. Дополнително, тоа живеење може (иако не мора да значи) да подразбира пракси и релации кои се практично оневозможени во време на пандемија, како одење во одредени локали и/или клубови кои претставуваат места на заедничко постоење, собири со сличните на себе, (ретките) културни настани кои ги поддржуваат и прославуваат овие идентитети кои се традиционално отфрлени од јавниот простор, сексуални интеркации кои можат да подразбираат промискуитетност, но и консумирање на алкохол и дроги. Дополнително, наратив од типот на „Седи дома за јавното здравје“ може да резонира на тотално различен начин кај луѓе кои јавниот дискурс цел живот ги подучува дека својот идентитет смеат да го изразувават единствено меѓу четири ѕида. За тие луѓе, постоењето надвор од домот е извојувана слобода која не се зема здраво за готово. Кога речиси сите овие познати форми на заедничко живеење се оневозможени на подолг период, и со тоа самото чувство за себеси е ставено под ризик, чувствата на фрустрација, тага и депресија се многу логичен одговор. Тоа се отприлика чувствата со кои се соочува и мојата последна соговорничка, која е бисексуална девојка:

Доволно беше што во нашата земја постојат малку места каде квир популацијата беше добредојдена, па капак на сè истите тие места се затворени или пак работат со намален капацитет. Во мојот случај корона кризата најмногу го погоди моето флертување. Не сум личност што се пушта на чат, па социјалните мрежи не можат многу да ми помогнат. Често ми се случува да имам симпатии кои отворено не се декларирани како геј или би, па затоа подиумот беше место каде што можев да бидам малку послободна, да манипулирам со комуникацијата и допирите, а притоа да не бидам сфатена точно како што сакам, да не речам да се изгорам. Врз основа на експресијата или гестикулациите на другата особа можев да проценам дали имам простор за нешто повеќе или да се повлечам и да продолжам чисто другарски однос. Скоро и не памтам кога последен пат сум флертувала ниту пак да сум сретнала нова симпатија, што само по себе те затвора и фрустрира…

Онлјан групите за поддршка и други слични ресурси секако беа од голема помош за многу луѓе, особено за младите кои и во „нормални“ услови, за кои голем дел од комуникација и социјализација се случува онлајн, а еден таков ресурс кај нас е групата „Заедно во изолација“ која беше доста активна во периодот на заострените мерки на изолација. Во периодот на месецот на гордоста многу локални (Skopje Pride), но и глобални групи (како Global Pride) организираа различни настани, трибини и дискусии од секаков вид, кои претставуваа некој вид на алтернитивна социјализација и поврзување во услови кога Парадите на гордоста беа откажани. Меѓутоа, напоредно со порастот на видливоста на ЛГБТИ лицата во споменатиот период, според податоците на Хелсиншкиот комитет за човекови права, се случи и пораст на хомофобичен и трансфобичен говор на омраза. Дополнително, во повеќе земји се случи да проминенти политички и религиозни лидери пандемијата ја препишуваат на ЛГБТИ луѓето како дежурни криви. Во дадениве услови ефектот од говорот на омраза и други форми на дискриминаторски и навредлив говор може да биде поопасен од порано, доколку од другата страна од информацијата стои личност која е емотивно нестабилна. Сметам дека нема потреба да се навлегува во тоа колку е говорот на омраза и било каков дискурс од ваков тип опасен и штетен, но радо би да нагласам дека ваквите изјави се во најмала рака срамни, имајќи предвид дека во нашата земја повеќето кластери беа креирани токму во перзистентните и необзирните структури на хетеропатријархатот, како што беше случајот со бројни верски обреди, слави, свадби и сличните на нив собири. Од друга страна, сите можни простори и процепи во кои егзистираат квир личностите беа затворени/откажани/одложени, што зборува многу за нивото на одговорност кај овие лица, чии идентитити се традиционално етикетирани како срамни и штетни за поширокото оштество.

Во недостаток на заклучок, би додала дека целта на овој текст не е да посочи дека одредена група е поголема жртва на пандемијата од друга, ниту пак да тврди дека сите квир личности се соочени со проблемите кои ги набројав. Меѓутоа, би било игнорантно да не се воочат потенцијалните и специфичните опасности кои ги носи кризата и социјалната изолација за одредени личности, а со тоа да се игнорира или негира нивната траума. Секако, интерсекцискиот елемент во самата ЛГБТИ заедница прави искуствата во време на криза да се драстично различни за лица затекнати во различни ситуации и средини (како што впрочем и покажаа искуствата презентирани во овој текст), но постојат и некои споделени реалности кои вреди да бидат преставени како такви.

Излишно е да се напоменува дека се потребни институционални, коренити, системски промени во овој поглед, кои би го промениле целокупното општествено ткиво, а не само животот на одредени поединци. Сите информации, статистики и лични приказни укажуваат кон фактот дека здравствената криза веќе се одразува лошо на менталното здравје на сите, а особено на лицата кои и пред тоа живееле живот под стрес и непредвидливост. Донекаде, целта на овој текст беше да се направат видливи специфичните искуства на квир лицата, кои толку често се изоставени од јавниот дискурс, а тоа беше и случајот со оваа криза.

Во меѓувреме, односно во исчекување на пролетта, да се проверуваме и грижиме едни за други. Живеејќи во систем кој потфрла и дискриминира, тоа е најмалку што може да се направи.

 

 

 

 

 

 

¹Речиси една половина од ЛГБТ-момчињата и една третина од ЛГБТ-девојчињата не ја чувствуваат родителската поддршка како доволна, за разлика од високата пропорција на нивните хетеросексуални врсници, кои ја имаат.

²И покрај недопустливо високите пропорции на сите видови насилства и во двете групи испитаници, впечатлива е високата изложеност на момчињата од ЛГБТ-заедницата на повеќекратни малтретирања и злоупотреби, во семејството и пошироко, што ги става во категорија на високоризични жртви на неказнива тортура.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Овој текст е изработен со финансиска поддршка од заедничката програма на Европска Унија и Совет на Европа „Horizonal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022“ – Проект „Промоција на различноста и еднаквоста во Северна Македонија“. Тука искажаните мислења нужно не го одразуваат официјалното гледиште на двете страни.

 

 

 

 

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • November 11, 2020
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на Медуза
12 ноември (понеделник) е денот кога Медуза официјaлно се вдоми на meduza.mk. По тој повод организиравме кратка промоција и малку подолга прослава за добар почеток на новата феминистичка веб-платформа.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мизогинијата упатена кон убавите жени
Кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Борбата за права на текстилните работнички е борба за македонската жена
Разбирањето и емпатијата се основните двигатели на секоја промена.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марија Бошковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марко и Елена
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што треба да знаеме за абортусната грижа за време на КОВИД-19?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести против сексуалното насилство во Албанија
„Не си сама“, „Државата е силувачот“, „Твојата ќерка не е виновна“, се некои од слоганите околку кои беше организиран протестот.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бил Бр е јак (yuck)
Сите знаеме дека на човек може да му ги познаеш ставовите токму преку вицовите. Хуморот е само одбрамбен систем на егото. Оправданието: тоа е само шега, не е ништо освен оправдување.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пенси во Неапол или за: ведрата трагичност на расличностувањето
Излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси.
  • Од Вики Младенова
  • Од Вики Младенова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Нашите животи се важни!
Нашата различност ни овозможи да развиеме мрежи на поддршка и безбедни простори во кои дел од нас можат да живеат слободно и достоинствено. Нашата маргинализација ни овозможи да се солидаризираме со сите обезправени заедници, а преку нашата борба да се залагаме за еманципација на целото општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Заедно посилни
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.
  • Од Ангелина Станојоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Завршни зборови
Верувам дека светот е создаден за нежност, надеж, љубов, солидарност, страст, радост. Но, во светот има ужасна, неподнослива количина насилство.
  • Од Лени Фрчкоска
Илустрација на Arsh Raziuddin. Извор: Getty
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Откупување на себеси“: Осврт кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски
Самосвесното проучување на експлоатацијата на женските тела на Ратајковски пропушта соодветно да ја истражи креираната и дотерана слика за себе
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кој ги носи панталоните (дома)?
Како жените се избориле за правото да носат панталони.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Валканата мала тајна на сексот без обврски
Што е она што нè тера да имаме секс без обврски? Дали уживаме во тоа? Дали имаме некаква добивка—или, пак, ризикуваме да бидеме повредени? И најпосле, кои, всушност, сме „ние“?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГУЖ#2 Колет (филм & личност)
Во подоцнежните години од животот Колет забележува: “ Колку убав живот имав. Посакувам само да го реализирав и поскоро.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Текстилниот погон како страв и трепет
Влегуваш како на минско поле. Една ако се разболе, ојдеме сите.
  • Од Ена Бендевска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Оклопни возила за спречување на семејно насилство
Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Џејлан Велиу
  • ФЕМ 101
Бидување заедно од дистанца
Одново ќе го откриеме средиштето на состојба на домување (condizione domestica). Ќе имаме можност, конечно, да го откриеме нејзиниот политички потенцијал, од каде што приватноста не е лишена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безусловни почетници
Оваа книга не е совршена, но е совршен обид во борбата за еден можен феминистички свет.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пандемија во сенка
Не поминаа ни два месеци откако алармот беше вклучен, за веќе да можеме да ги увидиме иницијалните ефекти и фатални последици кои пандемијата односно изолацијата ги има врз жените во нивните домови.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Руските феминистки протестираат на улиците против војната што ја води Путин
Манифест на руските феминистки кои се обединија против окупацијата и војната во Украина.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
*WAP* на најјако
Или зошто за многу луѓе влажна вагина значи опасна вагина
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ФЕМ 101
Камала Харис не е феминистичка хероина
Потенцијалната победа на Харис можеби би било кршење на стаклениот плафон, но за жал, не би била вистинска феминистичка победа.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Активистки ги прикажаа пораките од „Јавна соба“
Нема да престанеме да го бараме она што ни следува како граѓанки на оваа држава, а тоа е правото да бидеме заштитени од сексуални насилници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Приказни од изолацијата
Без конкретна форма, цел и насока, овој колажен текст служи да ни помогне да си ги структурираме мислите и да креираме една скромна меморија на ова време.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
5 ЖЕНИ ЗБОРУВААТ НА ТЕМА: НАДЕЖ
Неда Чаловска, Ружица Максимовска, Ена Утевска, Џане Крешова и Вики Младенова споделуваат од каде црпат чувство на надеж.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали „Еуфорија“ навистина го идеализира користењето на дроги?
„Помислата дека можеби можам да бидам добра личност ме поттикнува да пробувам да бидам добра личност,“
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
„Дали е среќен 8-ми Март?“ – трет марш по повод Меѓународниот ден на жената
Во присуство на стотици учеснички, Маршот за правата на жените започна од паркот Жена Борец каде активистките јавно апелираа за промени кои водат кон вистинско унапредување на статусот на жената во нашето општество.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram