Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Лажните вести и квазиинтелектуалниот хетеросексизам на Венко Андоновски
Во општеството каде авторитетот на машкиот интелектуалец се смета за извор на апсолутна вистина, навистина не е мала работа еден професор кој има илјадници читања на своите колумни, да пишува написи базирани на лажни вести и застрашувачки репрезентации на ЛГБТИ заедницата.

Откако минатиот викенд ја прочитав колумната По(а)рно сексуално образование во Нова Македонија на Венко Андоновски, не можев да престанам да мислам на неа. Андоновски ми беше познат како интелектуалец и успешен писател, но наеднаш читав нешто што личеше на некохеретен бумерски Фејсбук статус, а не колумна во етаблиран весник. Процесот на аргументација на колумната е отприлика овој:

Jас и моите пријатели немавме сексуално образование, па пак направивме деца (хехе). Не треба децата да учат за секс од порно страници ама па и ССО (Сеопфатно Сексуално Образовение) не ми се свиѓа. Исто така верата и љубовта не можат да се изучуваат „разумно“, па затоа не можеме да имаме сексуално образование. Во ССО програмите ќе се изучува за различни родови идентитети и сексуални ориентации и ова образование „преку грбот на децата, [пробува да го] реши проблемот со општественото прифаќање (па дури и ВИП-вреднување) на хомосексуалноста“. Наместо ССО, јас предлагам да имаме предмет Уметност на лубовта и една од лектирите за тој предмет треба да биде „Лолита“.

Обично не би трошела време на демантирање на аргументи на вакви текстови, но оваа колумна многу ме загрижува не само бидејќи е напишана од некој како Венко Андоновски, туку и бидејќи практично нема извори кои се цитирани и делумно се заснова на лажни вести.

Најпрво, мислам дека ваква колумна треба да нè загрижи бидејќи доаѓа од писател и професор кој се смета за врвен интелектуалец во македонската јавност. Неговиот роман „Папокот на светот“ не само што беше екстремно популарен, туку и се сметаше за висока литература. Многу читатели може автоматски да ги сметаат ставовите изразени во оваа колумна како легитимни, токму поради авторитетот кој Андоновски го има заради своите литературни и академски достигнувања. Интересно е што дел од аргументот се базира на референци на дела од така наречената класична литература како „Ана Каренина“ и „Госпоѓа Бовари“ кои Андоновски ги препорачува како лектири за предлог-часот Уметност на љубовта. Преку овој реторички потег, Андоновски креира илузија на интелектуалност. Односно, преку овие референци, Андоновски се издвојува од обичните сексисти и хомофоби. Тој не користи експлицитно сексистички јазик, туку Андоновски пишува за Лав Толстој и Томас Ман. Андоновски дури и ја предложува „Смрт во Венеција“ како лектира. Па може ли ваков човек да е хомофоб?, ќе си рече некој читател. И тоа како.

Второ, мора пак да напоменам дека ова не е нешто постирано на личен профил на социјални медиуми или на личен блог, туку е објавен текст во етаблиран македонски весник. Текстот нема јасно дефинирани референци и извори за некои од ставовите, односно Андоновски референцира одредени извори како на пример Џозеф Анвин („Сексот и културата“, 1934), но е не до крај јасно каде точно може да се најдат овие информации, како на која страна или од која издавачка куќа се објавени овие студии. Валидноста на аргументот не се сведува на научна или логична аргументација, туку на „верувај ми бе, јас сум Венко Андоновски“.

Едноставно морам да прашам, каде е уредникот на Андоновски? Како некој не му кажал дека оваа колумна (како и уште многу други) имаат сериозни проблеми во нивната аргументација и новинарска легитимност? Секако, во колумна авторот или авторката изразува сопствено мислење и став по одредено прашање, така што колумната како жанр има одредена вградена субјективност. Но, сепак тоа мислење мора да биде поддржано со факти, извори и логична аргументација. Ако тоа не е така, дури може таа колумна да навлезе во реонот на лажни вести. Сметам дека Андоновски тоа го прави во оваа колумна, но тој особено шири лажни вести во неговата хомофобична колумна од Септември, 2020 со наслов Подалеку од децата, крвопијци умоболни. Андоновски го пишува следното:

Читам наслов: „Саем на деца во Брисел“. Читам текст: „Веќе четврти пат, американската организација Men having babies (Мажи што имаат деца), ги отвори денеска и вчера (22 и 23 септември) вратите на „саемот на деца“ во Брисел, за хомосексуалци што бараат „родителски можности за европските хомосексуалци“, целосно игнорирајќи ги европското право и правото на поединечни европски земји… Најниската цена е 95.000 долари (пред четири години беше 60.000 долари), а максималната сума е 160.000 долари. (…) Акцентот е на децата, односно на трговијата со нив. Се ПРОДАВААТ деца.

Кој не би бил гневен по читање вакво нешто? Трговија со деца каде што стотици илјади долари се во прашање? Ако сте хомофоб, оваа вест веројатно уште повеќе би ве разлутила. Но, има мал проблем со колумната на Андоновски: „саемот за деца“ никогаш не се случил на начинот на кој што е опишан од Андоновски. На 21ви и 22ри септември (ни датумите не се точни во колумната), Men Having Babies имале конференција за родителство кај геј мажи, не саем на деца. Секако и во оваа колумна нема референцирани извори за овој настан, така што читателите не можат лесно да ја најдат оваа вест. Прво, отидов на веб страната на Men Having Babies и секако немаше никакви информации, ниту пак цени за бебиња. Men Having Babies е едноставно организација која им помага на геј мажи да имаат деца, го промовира користењето на сурогат мајки и создава мрежи на поддршка. Кога побарав „Brussels child fair“, успеав да најдам неколку медиуми кои ја пренеле веста меѓу кои и Remix Media каде што исто така немаше референци или јасни извори, но и медиуми кои ја сметаат веста за анти-ЛГБТи пропаганда. Исто така во истражувачки напис од Hungarian Spectrum, е објаснето дека Remix Media е уште еден веб сајт кој има врски со Фидез, крајно десничарската партија во Унгарија предводена од Виктор Орбан, и кој објавува пропангадистичка содржина на англиски јазик. Сепак не е до крај јасно како е почната оваа вест бидејќи најдов различни написи на повеќе јазици (италијански, српски, итн.) како и на религиозната веб страна Union of Orthodox Journalists.

По ова мало интернет истражување ми стана јасно дека колумната на Андоновски шири хомофобија базирана на лажни вести. Нормално, имало реакции за колумната, а Андоновски зборува за тие реакции во колумна објавена во Октомври 2020 со наслов Каде се правата на малцинството „талент“?. Во оваа колумна тој се извинува за септемврискиот текст, но и се брани, велејќи дека „меѓу хомосексуалците имам пријатели“ и дека „крвопијци капиталистички умоболни“ … се однесуваше на трговците што им ПРОДАВААТ деца (преку изнајмена матка) на хомосексуалците“. Но октомвриската колумна нема никакво демантирање на лажната вест од неговата септемвриска колумна или објаснување дека плаќање на трудот на една сурогат мајка која согласно носи и раѓа бебе не е исто со трговија на луѓе.

Веќе имаше реакции од повеќе луѓе за колумната По(а)рно сексуално образование каде се зборуваше за потребата на ССО и зашто текстот на Андоновски не држи вода – би го препорачала написот на Лени Фрчковска. Бидејќи веќе има одрена дискусија околу ова, јас би сакала да се фокусирам на специфичен дел од оваа колумната која е поврзана со честата употреба на лажните вести во колумните на Андоновски. Пред да даде објаснување за неговиот предложен предмет Уметност на љубовта, Андоновски пишува: „[Прифаќањето на хомосексуалноста] е дел од една СОЦИОЛОГИЈА на сексуалноста. Тоа не е баш наука за основци, како и културологијата на сексот. Затоа, блиско ми е здружението за човекови права „Од нас за нас“, кое има критички став кон внесувањето на трансродовите идеологии во образованието.“

Кога ја прочитав фразата „трансродовите идеологии“, сѐ ми стана јасно. Веќе со години крајни (alt right) десничари како Бен Шапиро и Џордан Петерсон користат слични фрази и го политизираат самото постоење на трансродовите лица, односно луѓето чив родов идентитет не се совпаѓа со полот кој им бил даден при нивното раѓање. Во последните 6-7 години, трансродовите лица имаат повеќе видливост, а со тоа станаа поголеми мети на десничарските движења. На пример, во САД дури се носеа закони со кои се им се забрануваше на трансродовите лица да одат во тоалетите кои се соодветни за нивниот род. Очигледно овој штетен и трансфобичен дискурс стигнал до Македонија и сега го шири здружението „Од нас за нас“. Фактот што Андоновски дирекно ги референцира „Од нас за нас“ е можеби најопасното нешто во неговата колумна.

„Од нас за нас“ е конзервативно здружение предводено од Гордана Гоџо која има профилна слика со буквата Q во која има мали знамиња со сонцето на Вергина на нејзиниот Твитер профил. Буквата Q во овој случај e очигледна референца на верувачите во QAnon, односно теориите на заговори кои почнаа во САД и се раширија низ целиот свет. QAnon следбениците веруваат дека САД е контролиран од тајна збирштина на сатанисти и педофили кои учествуваат во трговија со деца и заговараат против Доналд Трамп кој за нив е месијата кој треба да ги спаси децата кои се жртви на оваа наводна трговија со луѓе. Ова конзервативно (или крајно десничарско) здружение исто така шири лажни вести за Ковид-19 и вакцините. Во написот Контроверзната страна на сеопфатното сексуално образование, „Од нас за нас“ пишуваат на застрашувачки начин за нешто што тие го нарекуваат „транс-родовата идеологија“ и родовиот спектар преку кои наводно се креира „нова генерација на транс-родови и психички растроени деца“. Тие исто така во истиот напис ја шират лажната теорија на заговор дека американската организација Планирано Родителство (Planned Parenthood) “е вклученa во нелегална трговија на органи од абортирани фетуси”. На 1ви Февруари, Сакам Да Кажам репортираше дека „Од нас за нас“ дури ширеле лажни вести за ССО програмата, тврдејќи дека сексуалното образование ќе почне да се изучува од второ одделение. Ова воопшто не е точно. ССО ќе се изучува од септември 2021 како изборен предмет  од 9то одделение во 4 училишта. Така што, дефинитивно е голем проблем што некој како Венко Андоновски го смета здружението „Од нас за нас“ како блиско и тоа го прокламира јавно.

Во општеството каде авторитетот на машкиот интелектуалец се смета за извор на апсолутна вистина, навистина не е мала работа еден професор кој има илјадници читања на своите колумни, да пишува написи базирани на лажни вести и застрашувачки репрезентации на ЛГБТИ заедницата. Без разлика дали тој сака да признае, Андоновски има голема платформа и авторитет кои ги користи за ширење дезинформации, омраза и шовинизам и тоа е крајно опасно. Но, нормално за апсурдноста на овие колумни не мора да ми верувате мене, слободно прочитајте на веб страната на Нова Македонија.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • February 9, 2021
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Уметници кои ја трансформирале југословенската култура
Преглед на дел од творештвото на десет југословенски уметници и/или колективи.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
„Дали е среќен 8-ми Март?“ – трет марш по повод Меѓународниот ден на жената
Во присуство на стотици учеснички, Маршот за правата на жените започна од паркот Жена Борец каде активистките јавно апелираа за промени кои водат кон вистинско унапредување на статусот на жената во нашето општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шира и моќта на различноста
Серијата може да ја гледате сами или со деца, погодна е и за големи и за мали, а особено за сите девојчиња кои растат и имаат потреба да се најдат себеси во активна улога која значи нешто за подобрувањето на светот или општеството во кое живеат.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • MЕДУЗА TV, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сексуалните малцинства, родот и медиумите
Медиумските дискурси не се огледало, туку активни креатори на нашата реалност.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Променливо облачно
Легендата вели, здружено, нашите бели дробови можат да создадат ветер.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за сексуално насилство
Интервјуто на Информер треба да се разбере како симптом на насилна патријархална култура која глорифицира сексуално насилство.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
За изолацијата и перспективите
Перспективата е новиот ментален простор што треба да го отвориме за да може да ја освоиме слободата. Меѓите да се трансцендираат во просторот на можното, наместо во просторот на физичкото и ограниченото.
  • Од Ана Блажева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Немаме повеќе време ниту трпение за декларативни заложби за родова еднаквост во спортот: Интервју со Силвија Митевска
Спортистките и нивните спортски резултати и достигнувања се ретко претставени во медиумскиот простор, а во случај кога се претставени, тие најчесто се поврзани со изгледот. Спортските достигнувања се потценети и се во заден план.
  • Од Бојана Јовановска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Секоја промена започнува со љубов кон себе и своето тело: Интервју со Елисавета Димовска
За секој напредок кој сум го имала во сила или градење мускулна маса сум добила коментар – доволно ти е, немој повеќе. Сум се запрашувала, дали иста реакција би добил и маж на мое место?
  • Од Бисера Илкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Студентките не се виновни
Сите студент(к)и се повлијаени и оштетени од општата култура на примитивни односи на моќ, атмосферата на страв и неизвесност, сексизам, шовинизам и сите типови сексуално вознемирување.
  • Од Фросина Крушкаровска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Како пандемијата ме лиши од амбиции
Сè што некогаш сум го сметала за нормално, стабилно или безбедно ќе исчезне. Родителството и работата повеќе не беа одвоени; сè се згрутчи во леплив, непријатен хаос од кој беше невозможно да се избега.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Јавна соба е бедна група и слично“: Или како да ги обесхрабриш жртвите да пријават насилство
Да, секако феминистките мислат дека јавна соба е бедна група, но исто така знаат дека е криминална група, а тоа е многу, многу поважно. Крајно време е и институциите да се качат на овој воз и да престанат да им даваат ветер во грб на насилниците.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Јана Бауер: На детето треба да му се даде комплесен карактер, затоа што животот не е црно-бел
За важноста на книжевноста за деца, обврската на писателите на децата да им понудат решенија за тоа како да живеат со другите и мултикултуралноста како обележје на добрата книжевност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За митот „сама си го барала“
Насилството и непостапувањето како механизми за „покажување“ на местото на жената.
  • Од Дијана Петрова
  • ФЕМ 101
Камала Харис не е феминистичка хероина
Потенцијалната победа на Харис можеби би било кршење на стаклениот плафон, но за жал, не би била вистинска феминистичка победа.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Подмолното прваче
Подмолното прваче наводно сака да научи за феминизмот, родовата нееднаквост и патријахатот, но сите информации сака да му бидат уредно сервирани и со питок јазик
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Микејла Коел ве предизвикува да ја напишете приказната која ве плаши
Авторката и актерка Микејла Коел го освои посакуваното признание за нејзината серија „Може да те уништам“, која го фикционализира силувањето кое таа го има преживеано.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Повеќе од нашата работа
Приказни за работата во пандемија, повредите на работничките права, и солидарноста, наспроти продуктивноста, како централна вредност врз која треба да ги градиме нашите релации.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време на жените
Грижата за локалното, за она што го гледаме пред себе, за оние кои се близу до нас и сакаме да ги заштитиме е вистинската мотивација и движечка сила на хероината.
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
ВО ФОКУС: АФЖ
Антифашистичкиот фронт на жените на Југославија е основан на Првата меѓународна конференција на жените на која што учествуваа 166 делегатки од цела Југославија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто „Фурам феминизам“?
 Не што е наше, ама е златно девојче
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колку е безбеден јавниот простор за жените?
Поради чувството на небезбедност жените се принудени да трошат повеќе време да стигнат до посакуваната дестинација или да потрошат повеќе пари, доколку од страв да пешачат сами, решат да стигнат до посакуваната дестинација со автобус или такси, иако автобусите и такси возилата се исто така места каде што повторно жената може да искуси некаква форма на родово-базирано насилство.
  • Од Марија Ангеловска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сао Паоло ја добива првата книжарница за дела напишани само од жени
Жените пишуваат и тоа многу. Толку многу што со нив ќе ги наполниме сите полици на една книжарница.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Последните моменти од одлуката Ро во една од најголемите клиники за абортус во Америка
Во клиника за абортус во Хјустон, ден на вознемиреност, конфузија и страв откако Врховниот суд го укина уставното право на абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали Академијата мисли дека филмот Little Women се режираше сам?
Време е да се фрлат номинациите за Оскар оваа година директно во оган.
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Моника Стојановска: Пишувам отворено, сонливо и искрено
Може да кажам дека моите песни се една (за мене) потребна, но за жал погрешна психоанализа на другиот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога го дизајниравме Комитет, дизајниравме за себе и нашите пријатели: Интервју со Никола Николовски и Дамјан Кокалевски
ЛГБТИ заедницата во Скопје нас лично ни има дадено многу. И како дел од таа зедница која со години е исфрлана и терана да мигрира од еден во друг простор, нема поголемо задоволство да се дизајнира простор кој ќе биде дом за сите нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Феминизам, религија и нијанси
Што велат некои од најпознатите феминистки за религијата?
  • Од Бисера Ѓуровска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Принтот не е мртов
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Френсис Ха“ – првото „дете“ на Бамбах и Гервиг
Френсис е збунета, смотана, изгубена, весела, разиграна, уморна, висока, смешна, харизматична и чудна. Има 27 години и нема стабилна врска, работно место или дом. Често е сама и повремено осамена.
  • Од Калина Качoровска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нешто е гнило во УКИМ – забележани сигнали на сексуално насилство, но владее правило на молк
„Приказните се тие. И тешки и сурови и дел од нив (пре)чести.“
  • Од Ивана Смилевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram