Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лолита: модерното свето писмо на денешните тинејџерки
Девојките со сон да станат нимфетата Лолита претставена преку гледната точка на Кјубрик, стануваат жртвите за кои пишува Набоков.

Излегувам навечер да го прославам шестнаесеттиот роденден со уште неколку другарки и слушам други девојки на моја возраст како се фалат дека триесет/четириесет годишни мажи им пишувале и им се пуштале. “Не е убав ма, што се маткаш со него?” ѝ кажува другарка ѝ, а таа едноставно ѝ враќа “Си ја живеам мојата Лолита фантазија, остави ме.” Фактот што тој е дупло постар ја прави кул и нема проблем со фактот што тој може да ѝ биде татко. Тоа за нив е позитивно – сè додека тој е постар, тие се посакувани девојки, уште поважно, посакувани од мажи кои не треба да ги посакуваат.

Напишана од рускиот автор Владимир Набоков, Лолита е приказна за очувот Хумберт Хумберт кој е опседнат со својата дванаесет годишна поќерка Долорес Хејз. Контроверзна уште од самото издавање, Набоков никогаш не се стремел да напише педофилско манифесто, туку предупредувачка приказна. Денес Лолита претставува синоним за нимфета – млада девојка која е сексуално атрактивна. Денешната младина имаат создадено цела естетика од овој збор чиј темели лежат во траумите на Долорес Хејз. Мноштвото луѓе ја знаат Лолита, или пак слушнале за Лолита, но само мал дел од нив знаат дека тоа е всушност тајниот прекар на Хумберт Хумберт за Долорес Хејз. Денешната Лолита, Лолита која е нимфета, секс симбол, и инсипрација за млади девојки, не е жртвата која Набоков ја напишал. Ретко кој ја забележува двојноста на Лолита, нема секој време да ја прочита книгата, но секој може да одвои околу два часа за да изгледа една од многуте филски адаптации.

Доколку ја изберете првата и најпопуларната адаптацијата, онаа од Кјубрик, ќе ја гледате Долорес како го заведува Хумберт Хумберт преку сензуални, па дури, и еротски кадри од нејзините нозе и колкови; го добивате впечатокот дека таа го посакува него, својот очув, дека таа нависитна го заведува. Кјубрик ја сексуализира дванаесет годишната жртва на Хумберт Хумберт и ја прави Лолита во денешниот секс симбол со лижавчиња и црвени наочари во форма на срце. Набоков од друга страна, го прави Хумберт Хумберт неверодостојен наратор и ја покажува неговата привлеченост кон Долорес. Тој не ја посакува бидејќи таа е сензуална или пак бидејќи се однесува како возрасна жена – баш напротив. Хумберт Хумберт копнее по Долорес бидејќи таа е дете и е привлечен кон нејзините мали раце и детско тело како и нејзината разиграна, детска природа.

Како последица од мноштвото сексуализирани адаптации на Лолита, почнувајќи од Кјубрик, преку адатапцијата на Адријан Лејн од деведесетите, Лолита феноменот опстојува до ден денес. Веќе навлезен во различни сфери и медиуми, овој феномен лесно се препознава во различни интернет трендови, кои подоцна се интегрираат во секојдневниот живот. Лолита феноменот станува превалентен и во поп културата, од пејачки кои со децении ја доминирале музичката сцена, како Бритни Спирс, па сè до понови ѕвезди како Мелани Мартинез. Првиот хит на Бритни Спирс “Baby one more time” претставува шаблон за сите други музички видеа со сексуализираната ученичка. Мелани Мартинез, успева да ја надмине Спирс со својот дебитантски албум “Crybaby”. Целиот албум се потпира на „бејби“ естетика, па дури и инфантализација на самата Мартинез. Преку играње со коцки испишани со азбуката и честа употреба на цуцли, таа е претставена како новороденче, иако има 20 години кога излегува албумот.

Освен во поп културата, овој феномен се забележува во многу сфери од интернетот. Бел Дафин е позната на социјалните мрежи само поради нејзината сексуализирана детска персона. Преку постирање на експлицитни и еротски слики на различни платформи, таа има повеќе од 2 милиони следбеници. Доколку подлабоко се навлезе во карактеристиките и стандардите на порнографските материјали можат да се пронајдат моштво сличности и референци на ефектот на Лолита, вклучувајќи ја и интимната депилација која го негира сексуалното зрело женско тело. Следствено, Лолита феноменот добива и зацврстеното место во порно индустријата.

Навракајќи се кон двојноста на Лолита, верзијата на Лолита која e создадена од општеството и разните адаптации, е исто така и алатка за фетишизирањето на идејата за женската невиност, како и културата на чистота, која е превалентна во нашето општество. Стандардите за убавина постојано ги притискаат жените да регресираат кон нивната младост, додека пак ги присилува младите девојки да пораснат побрзо.

Секојдневно околу мене гледам млади девојки на моја возраст кои го обожаваат вниманието од постарите мажи. Овие млади девојки се подложни на влијанието и притисокот од нивното опкружување во обид да се чувствуваат достојни и вредни. Не разбирајќи ги опасностите и последиците на нивните постапки тие пробуваат да го задоволат машкиот поглед и притоа го губат нивното детство и адолесценија. Девојките со сон да станат нифетата Лолита претставена преку гледната точка на Кјубрик, стануваат жртвите за кои пишува Набоков.

НАПИШАНО ОД:
  • Евгенија Несторовска
  • November 17, 2022
  • КУЛТУРА
Неортодоксна (2020) или за ослободувањето од товарот на традициите
Приказната за хасидска Еврејка од Бруклин која успева да излезе од рамките на договорен брак и заминува во Берлин, звучи фасцинантно и само како концепт, а уште повеќе кога се заснова на вистински настани.
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Слободата како трпелив труд
Како да практикуваме колективна и вклучувачка феминистичка слобода?
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Марко и Елена
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кондоми – инструменти за игри на моќ
Стелтинг и отпорноста кон користење кондоми кај хетеросексуалните мажи
  • Од Наталија Станојевиќ
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нов недискриминирачки закон за потпомогнато оплодување во Малта – Каде сме ние по ова прашање?
Во едно демократско општество кое се стреми кон целосна еднаквост и недискриминација, постоењето на вакви закони кои поставуваат дискриминирачки услови и кои некого исклучуваат од остварување на право е поразително и ја отсликува итната потреба од измени кон подобри законски решенија.
  • Од Јована Јовановска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за родовобазирано насилство
Денешната форма на медиумите, не е само класична, туку сноси моќ и одговорност.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Највлакнестата жена на светот
Отстранувањето на влакната за мене не е брз дел од секојдневната грижа за себе. Тоа е активност која бара многу време и пари.
  • Од Вања Кирова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Како пандемијата ме лиши од амбиции
Сè што некогаш сум го сметала за нормално, стабилно или безбедно ќе исчезне. Родителството и работата повеќе не беа одвоени; сè се згрутчи во леплив, непријатен хаос од кој беше невозможно да се избега.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Камала Харис не е феминистичка хероина
Потенцијалната победа на Харис можеби би било кршење на стаклениот плафон, но за жал, не би била вистинска феминистичка победа.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Проблемите на лезбејската заедница се продлабочуваат: 26 Април – Ден на лезбејската видливост
Овој ден не смее да остане само потсетување за постоењето на заедницата, туку да биде поттик за насочен активизам кон надминување на проблемите и предизвиците со кои заедницата се соочува.
  • Од Тимот на Медуза
Hands
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Стареењето, телото и погледот
Кон расказите „Невидлива жена“ од Славенка Дракулиќ и „Жената на каменот“ од Иво Андриќ
  • Од Радица Стојановска
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Правда за градите
Не можам да тврдам, но верувам дека речиси секоја жена почувствувала некој вид непријатност поврзана со своите гради. Непосакувани погледи и коментари од средината, изнудени допири уште од основно школо што никогаш не биле санкционирани или ред несигурности поврзани со нивната големина, форма и облик, приказни постојат колку и гради на светот.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Септемвриско издание на Skopje Pride Weekend
Септемвриската програма на Skopje Pride Weekend ќе се одржи од 15 до 17 септември.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Личностите пред мојот објектив ме запознаваат со сама себе: Интервју со Лилика Стрезоска
Приказна за портретната фотографија, селењето од Скопје во Берлин, изолацијата и пријателството.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Колку вреди неплатениот труд на жените?
Како да му објаснам на мојот 3 годишен син дека „на мојот компјутер нема цртан и мама праќа меил“? Честопати незавршената работна задача подразбира останување доцна во ноќта, за да се доврши несработеното.
  • Од Тања Стоименовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женска самоодбрана: историја, теорија и пракса
Доживувајќи ги позитивните промени од моето искуство со часови по самоодбрана, решив да го истражам влијанието и историјатот на концептот на женска самоодбрана.
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Најдобрите изложби во САД кои ја прославуваат 50-годишнината од Стоунвол
Од Њујорк до Бостон и Хјустон, подолу се дел од ликовните изложби низ САД кои го слават Stonewall 50.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зад воланот
Ода за движењето, трансформациите и наоѓање засолниште во непостојаното 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога врбата ќе роди грозје
Колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ФЕМ 101
Пратеничка – да се биде или не?
Од досегашните избори видливо е дека речиси ниедна политичка партија не се залага, континуирано и посветено, за родовата еднаквост.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ФЕМ 101
So long 2019!
Со цел да ја затвориме оваа година, прашавме неколку од нашите авторки што е тоа по што ќе ја паметат изминатата година.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Андреа Угриновска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 10 | Ecstatic Bodies
Јубилејното издание на Skopje Pride Weekend 2022, фестивал на квир уметност, култура и теорија, оваа година ќе се случува од 2 - 11 јуни и 15 - 17 септермври.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кетрин Малабу: Клиторисот им пркоси на концептите на доминација и моќ
Значи, постои суштество кое може да доживее оргазам без да раѓa? Значи има уживање кое не подразбира цена?
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ЦИЦКИ, КВИР, ШТО?
B-PROJECT Е КВИР КРИТИКА НА ФОТОГРАФИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО
  • Од Елена Петровска
  • ФЕМ 101
8 март 2019 низ фотографии
Што се случуваше на Меѓународниот ден на жената во градовите низ Европа
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
IN-YOUR-FACE КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ: Кон отворањето на првата самостојна изложба „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска
Со изложбата „Ова објективизирано тело“ се отвори седмиот по ред Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржа во просториите на МКЦ од 9 до 12 мај, 2019 година.
  • Од Мања Величковска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram