Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мајката (не) знае најдобро
Родовиот јаз во обврските околу грижата и воспитувањето на децата и малата, (скоро непостоечка) поддршка на мајките.

Мајка сум. Не сакам да бидам дефинирана само по тоа, но факт е дека имам одговорност кон моето дете 24/7. Нема да ја романтизирам врската помеѓу мајката и децата, љубовта е секако неоспорна, наместо тоа ќе ја акцентирам реалната страна на секојдневниот живот со деца. А реалноста е дека е тешко, на моменти дури толку тешко што се прашувам како воопшто во денот постигнувам да бидам и мајка. Постојат дилеми, притисок, обврски, грижи, а родителството бара и огромно трпение и посветеност како и воспоставување на модел на воспитување. Не е нешто што може да се исклучи на копче, да се паузира за одреден период или да се почне од почеток.

Во семејна заедница со двајца родители, одговорноста за детето е и на двајцата родители. Сепак, кога станува збор за семејство со мајка и татко, наметнатите патријархални вредности испливуваат на површина во поголема или помала мера. Тука на сцена настапува традиционалната токсична машкост според која жените се тие кои на свој грб треба го носат воспитувањето и грижата за децата, па следствено родителството се поврзува само со мајчинството. Иако познавам мажи (вклучително и мојот) кои се вклучени во грижата, воспитувањето и обврските околу децата и домот, сепак поразително е дека поголемиот товар сè уште паѓа на жената.

Тоа го покажуваат и статистиките, па така во едно истражување на „Реактор“ е наведено дека жените во земјава дури и кога се вработени исто како и мажите, во просек посветуваат три пати повеќе време на грижа за децата и извршување на неплатена домашна работа споредено со мажите. Економски неактивните жени пак во просек поминуваат 4,6 пати повеќе време во грижа за децата и домашните обврски споредено со економски неактивните мажи.

Според друго истражување од „Реактор“ за „Мажите и грижата“, меѓу неактивното женско население на работоспособна возраст, 55% се регистрирани од официјалната државна статистика како „домаќинки“ – категорија што упорно и стопроцентно ги опфаќа жените и категорија која во официјалната државна статистичка номенклатура постои само како феминатив – домаќинка.  Во просек, жените во Република Северна Македонија извршуваат 72,5% од вкупната неплатена работа поврзана со грижа, додека придонесот на мажите едвај надминува една четвртина од вкупниот обем на неплатената работа. На дневна основа, во споредба со мажите, жените трошат 18 пати повеќе време за миење садови, 12 пати повеќе време за чистење, 9 пати повеќе време за готвење и 3 пати повеќе време за грижа околу децата.

„Мажот ми ми помага по дома“

Неодамна зборував со една пријателка која не живее тука. И двете имаме деца, вработени сме со полно работно време и сме посветени на нашите домови, но и кариери. Разговорот траеше околу два часа и сè што зборувавме беше поврзано со нашите деца и домашните обврски. Нашите сопрузи не беа спомнати во разговорот, освен во референцата за „помош“ по дома. Зборот помош во едно домаќинство во нашето општество често се употребува во јавниот дискурс за татковците во едно семејство. Па така често може да слушнете прашања, „дали сопругот ти помага по дома?“ или „дали ти помага со детето?“. Ова размислување е време да се промени. Таткото не е надворешно лице кое доаѓа да помогне со чистење, перење, готвење или со чување на децата, туку е рамноправен член во една заедница во која одговорноста треба да е споделена. Тој не е „помош“ туку е исто толку одговорен колку и мајката за грижата и воспитувањето на децата и обврските во домот.

Ваквата ситуација е резултат на длабоко вкоренетите норми и традиции на партријархатот кога во минатото жените немале можност да бидат вработени и чија главна грижа биле децата и домот, а мажот бил тој што заработува и го носи лебот дома. Оттука доаѓа и биолошкиот изговор на мажите кој сепак остана ист и во денешното модерно општество: „Мајката знае најдобро за детето“ или „Мајчинскиот инстинкт е најдобар“. Тој изговор општеството и законите го поддржуват. Кај нас сè уште не може да се земе поделено родителско отсуство после раѓањето на детето. Иако законски постои можност таткото да биде на родителско отсуство од првичните девет или петнаесет месеци, тоа е на сметка на мајката која треба целосно да се откаже од него. Комбиниран модел кај нас сè уште не постои.

Според податоци од ФЗОМ само 44 мажи искористиле родителско отсуство (породилно) во 2018 година. Минатата година беа најавени измени во Законот за работни односи, со кои е планирано породилното отсуство од сегашните девет месеци да се продолжи за уште три месеци.  Со новите измени во Законот за работни односи породилното отсуство од работа би било околу 12 месеци, од кои 5 месеци се предвидени како задолжително отсуство на мајката. Остатокот, ќе може да се комбинира со таткото, што е новитет во законската рамка.

Последниве две години со пандемијата од Ковид 19 стана уште поочигледен родовиот јаз во грижата за децата. Една од родовосензитивните мерки на Владата за справување со пандемијата предизвикана од Ковид-19 беше ослободувањето од работа на еден од родителите кои имаат деца до десетодишна возраст. Навидум, оваа мерка се чини дека ја препознава поделеноста на правата и обврските на родителите во рамките на домот и грижата за децата, но според податоците оваа мерка во најголем дел ја користеа мајките. Ваквите податоци повторно ја извадија на површина родовата нееднаквост во нашето општество, што всушност е директен резултат на недоволната посветеност и работа на ова поле во периодот пред кризата.

 

Во сенката на постпородилната депресија

Не можам да не се осврнам и на емотивниот и менталниот притисок кога станува збор за тоа како е да се биде мајка, почнувајќи од бременоста. Роксен Геј во својот есеј „Отуѓивите права на жените“ зборува за тоа колку бременоста е и јавно и приватно искуство.

„Во идеален свет, бременоста би била интимно искуство што го делат само жената и нејзиниот партнер но, поради многу причини, тоа е невозможно. Бременоста е искуство што повикува на јавно делување и го принудува женското тело да биде дел од јавниот дискурс. На многу начини бременоста е најнеприватното искуство во животот на една жена“, вели Роксен Геј во својот есеј.

Исто толку колку што е јавна бременоста, би рекла дека е јавно и станувањето мајка, но само околу грижата и чувањето на бебето. Една жена која штотуку станала мајка ќе се соочи со безброј совети за тоа што треба и не треба да прави, што е правилно, а што не е, во чувањето на бебето. Тука на маса се поставуваат брдо „правила“ воспоставени исто така од патријархалното општество, и ако мајката сака да постапи поинаку во очите на дискриминаторите е немајка или не е доволно посветена. Нејзината емоционална и психичка состојба многу често не се зема предвид во овие „правила“. Сè уште табу тема кај нас е постпородилната депресија и анксиозност. На европско и светско ниво според СЗО од 10 до 15 проценти од жените добиваат постпородилна депресија откако ќе станат мајки, a дури една од пет прворотки од земјите во развој поминува низ постпородилна депресија. Во Македонија нема официјална статистика за тоа колку проценти од жените се соочуваат со постпородилна депресија.

Психолошката поддршка кај нас е на толку ниско ниво, а е толку многу важен сегмент од станувањето мајка. На ниту една посета на лекар заедно со моето дете не сум била прашана за тоа како сум, како се чувствувам и справувам со новите предизвици, ниту сум била упатена во тоа што значи постпородилна депресија и анксиозност. Вртлогот од емоции, несигурноста, стравот, исцрпеноста, хормонските промени, промените во расположение, чувството на вина и срам, губењето на апетитот, недостатокот на сон, почетните предизвици и скриениот плач на мајката се многу реални и се случуваат. Не сакам повторно да се потсетувам и да давам примери за тоа што се случува во главата на една мајка која се соочува со постпородилна депресија или анксиозност за да не бидат тригер некому, само ќе ја истакнам потребата од препознавање на симптомите и од стручна и приватна поддршка.

Редно време е да се поставуваат прашања, да се преиспитуваат однесувања, да се зборува отворено и искрено за родителството и да престане да се романтизира секоја релација помеѓу мајката и детето. Редно време е и надлежните институции да ги сменат законите и да овозможат порамноправна родова поделба на одговорноста за грижата, чувањето на децата и неплатениот труд, како и да се отворат повеќе државни градинки и институции за згрижување на децата во предучилишна возраст. Редно време е и да се обезбедат механизми за грижа на мајката, да се даде поддршка, приватна и системска, за да може една мајка да се препознае и надградува себеси и надвор од мајчинството без грижа на совест и институционални пречки. За мене ова е нужно ако сакаме да постигнеме родова еднаквост и да ја покренеме свеста за ослободување од стегите на патријархатот, кои штетат на жените, но и на мажите. И секако, да оставиме едно посвесно и порамноправно општество за нашите деца.

НАПИШАНО ОД:
  • Марта Стевковска
  • October 18, 2022
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кетрин Малабу: Клиторисот им пркоси на концептите на доминација и моќ
Значи, постои суштество кое може да доживее оргазам без да раѓa? Значи има уживање кое не подразбира цена?
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доктор-јаснување“: Кога докторката не ги слуша пациент(к)ите
Излегувањето на д-р Шуплиновска-Јордановска ме направи гневна, но сепак ми е мило што ПичПрич обезбеди форум каде што публиката можеше дирекно да се обрати на лице кое има позиција на моќ
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кондоми – инструменти за игри на моќ
Стелтинг и отпорноста кон користење кондоми кај хетеросексуалните мажи
  • Од Наталија Станојевиќ
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Системот (не) функционира: Зошто Македонките повеќе се охрабруваат да пријават семејно насилство откако ќе се преселат во странство?
Родово базираното насилство го поткопува здравјето, достоинството, безбедноста и автономијата на своите жртви, но сепак останува обвиткано во култура на тишина.
  • Од Александра Спасеска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизам и климатска правда: Женскиот одговор на колективната неодговорност
Климатските промени се и криза на човековите права. Криза која бара феминистички одговори.
  • Од Александра Спасеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Јаз
Генерално спортот е преплавен со сексизам на сите нивоа, без разлика дали станува збор за час по физичко во училиште или професионално натпреварување. Спортот е само огледало на родовите стереотипи и нееднаквост, што ја подразбира и нееднаквоста во наградување на достигнувањата.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како да се борам за подобро утре, кога веќе не ни верувам во утре?
Ода за откажувањето, автодеструкцијата и потрагата по надеж.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести против сексуалното насилство во Албанија
„Не си сама“, „Државата е силувачот“, „Твојата ќерка не е виновна“, се некои од слоганите околку кои беше организиран протестот.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Тајната женска историја во македонската литература во 19 век
Од големо значење за развојот на македонската книжевност, особено на расказот како форма е ликот на Марија Х. Зрнева.
  • Од Дијана Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Информирај се – Трансформирај се
Неприфаќањето во општеството доаѓа од недоволна информираност, а помалку од омраза и одбивање.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пандемија во сенка
Не поминаа ни два месеци откако алармот беше вклучен, за веќе да можеме да ги увидиме иницијалните ефекти и фатални последици кои пандемијата односно изолацијата ги има врз жените во нивните домови.
  • Од Бојана Јовановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Балканските бездомнички
Зошто женските деца сè уште се дискриминирани при поделба на наследство?
  • Од Љупка Ѓошева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Примените на еротското: еротското како моќ, Одри Лорд
За да се одржи себеси, секоја опресија мора да ги корумпира или изобличи оние различни извори на моќ во културата на угнетуваните кои можат да создадат енергија за некаква промена. За жените, тоа значело да се потисне еротското како можен извор на моќ и знаење од нашите животи.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Они би ги „контролирале младите“, ние би ги воспитале девојчињата да знаат дека можат да блујат оган
Кај нас редовно се појавувават луѓе кои не покажуваат храбост отворено да застанат зад жртвите на криминал, па својата недоволна информираност и конзервативност ја камуфлираат зад жалопојките поради губењето на семејните вредности.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Глад – Роксен Геј
Ова е мемоар на моето тело бидејќи, најчесто, приказните за телата како моето се запоставуваат, отфрлаат или исмеваат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 10 | Ecstatic Bodies
Јубилејното издание на Skopje Pride Weekend 2022, фестивал на квир уметност, култура и теорија, оваа година ќе се случува од 2 - 11 јуни и 15 - 17 септермври.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Борба против менструалната сиромаштија и стигма: Интервју со Period. The Menstrual Movement Skopje
Едукацијата е клучна и за оние кои менструираат и оние кои не менструираат. Самиот тој процес на сегрегација најчесто при едуцирање на овие теми, остава голем непополнет простор со информации кај оние кои не менструираат и дополнително ја стигматизира менструацијата.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
“Бенд со женски вокал” не е факинг музички жанр!
Навистина сакам да ги имам одговорите или брзо решение за тоа како да создадеме еднаква репрезентативност помеѓу мажите и жените во музичката индустрија, но тоа е нешто што ќе треба време да се промени.
  • Од Игор Јадровски
  • КВИР, ФЕМ 101
Лудиот астронаут со родово-квир пресврт
Квир телото како место на можности и отпор во расказот „Да и Гомора“ на Семјуел Делејни
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женскиот поглед во визуелната уметност: Во комуникација со делото
Погледот отсекогаш бил, и е, политички.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!
  • Од Јована Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безусловни почетници
Оваа книга не е совршена, но е совршен обид во борбата за еден можен феминистички свет.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Брза vs. одржлива мода: Зошто е ова феминистичко прашање?
Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда.
  • Од Александра Спасеска
  • ФЕМ 101
Колку вреди неплатениот труд на жените?
Како да му објаснам на мојот 3 годишен син дека „на мојот компјутер нема цртан и мама праќа меил“? Честопати незавршената работна задача подразбира останување доцна во ноќта, за да се доврши несработеното.
  • Од Тања Стоименовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за геј изобилството: како ТВ индустријата продава современа квир елита
Дали поголемиот диверзитет и вклучувањето на квир ликови во новите верзии на „Озборувачка“ и продолжението на „Сексот и градот“ се знак за напредок или пропаганда за (не)постоењето на современа квир елита?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жртвите на сексуално насилство истапуваат “дури” после извесно време?
Она што можеме да го направиме за жртвите на насилство, ако ги познаваме, е да обезбедиме безусловна емпатија и поддршка откако ќе ни се доверат
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Секоја промена започнува со љубов кон себе и своето тело: Интервју со Елисавета Димовска
За секој напредок кој сум го имала во сила или градење мускулна маса сум добила коментар – доволно ти е, немој повеќе. Сум се запрашувала, дали иста реакција би добил и маж на мое место?
  • Од Бисера Илкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шира и моќта на различноста
Серијата може да ја гледате сами или со деца, погодна е и за големи и за мали, а особено за сите девојчиња кои растат и имаат потреба да се најдат себеси во активна улога која значи нешто за подобрувањето на светот или општеството во кое живеат.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за родовобазирано насилство
Денешната форма на медиумите, не е само класична, туку сноси моќ и одговорност.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Правда за градите
Не можам да тврдам, но верувам дека речиси секоја жена почувствувала некој вид непријатност поврзана со своите гради. Непосакувани погледи и коментари од средината, изнудени допири уште од основно школо што никогаш не биле санкционирани или ред несигурности поврзани со нивната големина, форма и облик, приказни постојат колку и гради на светот.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram