Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Маргиналки
За жените и војната

          Но продавањето на умот е полошо од продавањето на телото; зошто жената која го продава телото ќе го продаде своето моментално задоволство и добро внимава таму да се заврши целата работа. Но кога жената ќе го продаде умот, неговиот анемичен, порочен и болен производ е слободно пуштен во светот да инфицира и корумпира, кај други да го сее семето на болеста. Затоа од вас, Госпоѓо, бараме вие да се обврзете дека нема да сторите прељуба на умот зошто тоа е многу посериозоен прекршок од оној другиот.

Вирџинија Вулф (Три гвинеи)

Гледањето на филмот American traitor: The trial of Axis Sally, ми се поклопи во ист период додека ги читав есеите на Вирџинија Вулф од книгата Три гвинеи.

Тоа што ги поврзува филмот и книгата, иако филмот е нов (2021 година),  е војната и улогата, односно местото на жената во војната. Филмот е направен по вистинска приказна за животот на една американска жена –  уметница и пејачка Milderd Gillars и нејзиното справување со Втората светска војна и преживувањето во хитлеровата Германија каде што ја затекнала војната.

Три гвинеи Вулф ја започнува со писмо, кое всушност дава одговор на друго писмо кое го содржело прашањето „Како според ваше мислење, може да биде спречена војната?“, на што добива одговор: „Едно толку значајно писмо, како што е вашето писмо, што е можеби уникатно во историјата на коресподенцијата, зошто се прашуваме постои ли воопшто образован маж што некогаш прашал некоја жена, како според нејзино мислење може да биде спречена војната?“

Есеите го опфаќаат периодот на Првата светска војна и периодот по неа, филмот го опфаќа периодот на Втората светска војна и периодот после неа. Зедничко на овие две дела е (без)излезната ситуација на жената и во двете војни. Кај Вулф безизлезноста на женското прашање како колектив, во филмот барањето/наоѓањето излез на конкретен женски лик, Axis Sally.

Филмот почнува со судењето на Axis Sally, по завршувањето на Втората светска војна, на кое судење се бара смрттна казна за неа бидејќи со нејзините музички подкасти и шоуа „била на германска страна“ и придонела(?!) кон губењето на американски животи во војната.

Иако Вулф, за положбата на жената во тој период пишува од повеќе аспекти (правото на глас; правото на образование; првото на заработка; правото на заработка по професија која своеволно ќе ја изберат;  местото на жената во религијата, односно црквата, нерационалното полово табу и сл.), ќе се задржам само на тоа: положбата на жената во војната, односно дали жената може(ла) да ја предизвика, спречи или разгори војната, за која била вложуван најголем дел од капиталот (додека за образование на жените речиси и не се вложувало)?

Единствена професија со која жената требало/можела да се занимава и за која била подготвувана цел живот е бракот. За таа неплатена професија, противниците на правото на жените да се вработуваат и заработуваат велат дека секоја жена  всушност добива плата, која е на сметката на мажот, а и‘ ја исплаќа во натура, преку обезбедување живеалиште и храна. И, ако таа е професијата која им била достапна, односно наметната, како жените (би) можеле да ја спречат или предизвикаат војната? На тоа прашање Хелена Нормантон одговара: единствена работа којашто жените во секоја земја можат да сторат  за да ја спречат војната е да престанат да прозиведуваат „топовско месо“. Односно, Вулф вели постои и начин на кој тие можат да помогнат во спречување на војната, а тоа е да одбијат да раѓаат деца.

Axis Sally е свесна дека не може да ја спречи војната, иако е жена која заработува од својата професија, ама свесна е и дека исто како што професијата  и‘ го спасила животот, да не остане гладна и на улица, може да  и’ го спаси животот и сега. Иако таа професија во хитлеровата Германија ја убива дамата, барем ја спасува жената.

На Axis Sally, чиј талент и слава се забележани од Гебелс, и‘ се нуди работа, за која не и‘ е дадена опција да ја одбие, бидејќи одбивањето значи концентрационен логор. Работата која ја добива е во берлинското радио каде држи подксасти, музички емисии и шоуа чија содржина е наметната од  Гебелс. Нејзината работа е да ги чита, на начин на кој ќе допрат до американскиот народ, користејќи ги нејзиниот шарм, талент и слава.

На судењето, од кое зависи нејзиниот живот, таа во детали го прикажува тој период на живот во Германија,  како и повеќекратното силување од страна на Гебелс, кога неколкупати ја менувала  содржината на текстовите кои и‘ биле дадени да ги чита. Опишано е нејзиното секојдневие во  машкиот, тоталитарен свет и понижувањето кое морала да го трпи, чувствувајќи се како крпа со која се бришел подот. Обвинителот не става акцент на тие детали, ниту на силувањето, како што става акцент на нејзиниот свесен избор на професија и свесно  емитување на подкастите и емисиите преку радио, со што го загорзила моралот на американските војници, наведувајќи ја постојано бројката на загинати американски војници во војната. Не го зема предвид фактот за (зло)употребата  на телото, туку единствено што е важно е (зло)употребата на умот, односно зошто дозволила германците да ја натераат да ги чита тие содржини.

Во еден дел,  повторно принудена од Гебелс, таа прави интервју со американски заробеници кое во живо го пренесува преку радио до амеркинаскиот народ. Целта на тие интервјуа била да се докаже дека германците се љубезни и се грижат за американските заробеници. На Axis Sally и‘ се суди и за тие интервјуа, за кои сведок е еден од бившите заробеници. На прашањето кон сведокот зошто на интервјуото кажал дека германците се грижеле за него, одговара дека таа, Axis Sally со нејзината провокативност го убедила да каже така. Не користела никакво оружје, ниту закани, туку едноставно под фустанот не носела гаќи и тој успеал да ѕирне, со што пак го ставила под прашање моралот на американските војници, за кој сега и‘ се суди.

Нејзиниот адвокат во нејзина одбрана бара од поротата да ја гледаат одделно професијата и жената, зашто  во случајот жената ја искористила професијата само за да си го спаси животот. Axis Sally е професија, уметничко име кое, навистина можеби го загрозило моралот на американските војнци, но Milderd Gillars е човек, жена која во тој период се нашла во безмилосната Германија и нашла начин како да го си спаси животот,  кој сега сакаат да и‘ го одземат. Начин, кој во споредба со сите други оружја кои се користеле за време на војната бил најмалку штетен, не дал ниту една директна жртва, па и следствено на тоа, не ја прави  жената воен злосторник.

Тоа што не може да и‘ го прости обвинителството е што за таа професија земала пари, како што Вирџинија Вулф во нејзините есеи наведува дека не се доживува толку срамно ако жената ја работи нејзината професија (која сама ја одбрала), туку срамно е што таа затоа дозволува да биде платена: ако тоа место го профатиш како почесно и корисно, ќе и‘ биде драго… Но фактот дека ќе бидеш платена за таа работа  во целост ја менува целата работа и жалосно ќе те понижи во очите на сите.

 На крај, Axis Sally раскажува за тоа како ја избрала оваа професија, дека ако имала можност да се образува, можеби би одбрала друга професија која ќе и‘ го олесни животот, наместо постојано да ја ставаат на маргините, но тоа не и‘ било дозволено. Раскажува за нејзиниот татко алкохоличар, за нејзиниот очув кој ја силувал и за општеството кое ја заборавило, за сега да и‘ суди.

Вирџинија Вулф вели дека ако на жените им се дозволело да се образуваат; ако за нивното образование се трошеле исто толку големи суми пари, како што се трошеле за нивните браќа; ако им се дозволело да работат по своите професии кои сами ќе ги изберат; ако во црквата добивале иста положба и плата како и мажите; ако добивале еднаква плата за професиите како и што добиваат и мажите, светот сигурно не би бил место во кое прељубата на умот е поголемо злосторство од прељубата на телото.

        „Нашата татковина, поголемиот дел од историјата ме третирала како робинка, ме лишила од образованието и од делот во нејзиниот имот. Нашата татковина престанува да биде моја ако се омажам за туѓинец. Нашата татковина ми ја скратува можноста сама да се заштитувам, ме присилува на други да плаќам голема сума пари за да ме штитат, а притоа е толку малку способна да ме заштити така што мора на ѕидот да напише кои мерки на предосторжност треба да ги преземам во случај на воздушен напад. Според тоа, ако инсистирате да војувате за да ме заштитите мене, или нашата татковина, ајде да си признаеме сериозно и рационално, дека војувате за да го задоволите полниот инстинкт кој не ни е заеднички; од кој вие имате корист која јас никогаш не сум ја имала, ниту пак во иднина ќе ја имам; но не за да ги задоволите моите инстикти, ниту пак мене или мојата татковина, зошто јас како жена, немам татковина.“

НАПИШАНО ОД:
  • Дијана Петрова
  • February 24, 2022
  • КВИР, ФЕМ 101
Лудиот астронаут со родово-квир пресврт
Квир телото како место на можности и отпор во расказот „Да и Гомора“ на Семјуел Делејни
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на „Дијалози“
Во четврток ќе прославиме една година љубов, пријателство, и феминистичко пишување и дејствување.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Принтот не е мртов
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
The M word: или зошто цензурирањето на менструацијата претставува микро сексизам?
Ако воопшто не сакаме да зборуваме за менструацијата од медицински аспект, тогаш како би очекувале овој проблем да се сфати сериозно и како би формирале политики и протоколи за земање боледување за менструални болки ако нашите шефови сметаат дека медицинските факти за нашата болка се премногу „приватни“ за споделување?
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против “родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • MЕДУЗА TV, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сексуалните малцинства, родот и медиумите
Медиумските дискурси не се огледало, туку активни креатори на нашата реалност.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Квир по дома: Здравствената криза и социјалната изолација наспроти потребата за заедништво
Ако за мнозинството социјалната изолација подразбира едноставно поминување повеќе време дома, кај квир лицата тоа може да значи буквално затварање во себе или „враќање во плакарот“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога врбата ќе роди грозје
Колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Луњата
Хаосот е нештото од кое треба најмногу да стравуваме, но во последно време верувам дека е нештото што најмногу го сакаме.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Крчкај си на тивко
За феноменот психолошка манипулација (gaslighting)
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Кристина Ивановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „подобрите и попаметните девојки“ или Како да се искаже неискажливото
„На некоја друга жена ова никогаш не би ѝ се случило.“
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Фросина Крушкаровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Од мое гледиште – обука за критичко феминистичко пишување на Прво па женско#9
Ги очекуваме вашите апликации до 28 мај
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
7 месеци мојот живот и траума лежат во фиока во обвинителство
Сведоштво на гевгеличанката чии фотографии се споделувале на „Гевгелија Хаб“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
ИЗГЛЕДОТ КАКО ПРЕПОРАКА
И покрај тоа што жените долго време ја водат битката за докажување на својата компетентност и квалификуваност на пазарот на трудот, на моменти и самите тие се обесхрабрени од праксата на вработување врз основа на привлечен надворешен изглед и убава насмевска.
  • Од Бојана Јовановска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Декриминализацијата ќе придонесе кон намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници
Ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат на Маршот на црвените чадори, по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Евоцирање на спомени од Прво па женско 2019
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПичПрич: Влакна
Во 20.00 часот во Кино Милениум ќе се одржи четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Бев сексуално нападната и зошто не се плашев да зборувам за тоа
„Молчи, не кажувај“, „Машките ќе си бидат машки“, „Срамота е, не се глупирај!“ и ред други изговори се едни од најчестите причини, покрај стравот, зошто жртвите на сексуално насилство не пријавуваат и не преземаат ништо.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Дамјана Видическа
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Прв дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Втор дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суровата реалност на „Слугинка“ – серија која непоколебливо го насочува објективот кон сиромашните жени
Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Апсурдноста на модерните вештерски кампови во Јас не сум вештерка (2017)
Што се случува кога мислењето на колективот ќе се земе здраво за готово, а молчењето како потврден одговор.
  • Од Радица Стојановска
  • Од Радица Стојановска
  • ФЕМ 101
Протестен марш: Јавна соба е кривично дело
Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кетрин Малабу: Клиторисот им пркоси на концептите на доминација и моќ
Значи, постои суштество кое може да доживее оргазам без да раѓa? Значи има уживање кое не подразбира цена?
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд 2021 низ фотографии
Галерија од Соња Ставрова и Наташа Величковска
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 2021 | Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Оваа година фестивалот ќе се одвива од 2 до 8 јуни, во МСУ Скопје и КСП Јадро
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Не мора да сме среќни за празниците
Настранување од божиќниот идеал во филмската нарација на Carol
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во нашите учебници жените се „невидливиот род“
Во учебниците на просторот на Југославија секогаш побројни биле коњите (на војсководците), отколку жените.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Хаџиевска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Мајчинството (не) е за секого
Филмот ја прикажува голата вистина за општество кое не покажува разбирање кога жените ќе направат нешто што не е во склад со наметнатите очекувања и норми.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram