Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Маша Сеничиќ: Просторот е своевиден модел за нашите сеќавања
Поезијата не мора да се менува, но би било пожелно да преплави некои неочекувани предели. Движењето, во секој случај, останува во нејзината срж.

фотографија: Александар Дудуковиќ

 

Маша Сеничиќ (р. 1990) е сценаристка, писателка и новинарка од Белград. Дипломирала драматургија и магистрирала Теорија на драмски уметности и медиуми. Пишува проза и поезија и нејзините дела се објавени во зборници, антологии и списанија. Има објавено две збирки поезија: „Океан“ (2015), за која ја добива наградата „Млади Дис“, и „Повремена како викенд населба“ (2019) за која ја добива наградата „Душан Васиљев“. Маша има учествувано во различни проекти и едукативни работилници, пред се од областа на аудиовизуелната култура, како учесничка, авторка, соработничка, организаторка, модераторка и менторка, пред сѐ во областа на филмот и театарот. Како предавачка работела на различни едукативни проекти од областа на аудиовизуелната култура („Критичен камп“, „Мал филм“…)

Маша беше гостинка на овогодинешниот книжевен фестивал „Друга приказна“, а разговорот со неа го водеше нашата уредничка, Душица Лазова. За Медуза, Маша и Душица го пренесоа својот разговор во дигиталниот простор. 

Да почнеме со тоа што ќе ги мапираме точките во кои се поврзуваат два твои интереси: поезијата и драматургијата. Раскажи ни зошто се одлучи да студираш драматургија и колкаво е нејзиното влијание врз твојата поезија?

Од самиот почеток, драматургијата ја сметав за применето пишување, а таквиот однос кон текстот потекнува од тоа како го доживувам сопственото творештво, односно фактот дека никогаш не го мистифицирам пишувањето или уредувањето како некаков нужно инспиративен процес. За мене поезијата не е резултат на некаков набој туку на работа, истражување и насочување на текстот, па иако делото е поттикнато од автентичен момент на чувствување, разбирање и забележување, истото не застанува тука. Уште поважно, драматургијата претставува вештина за создавање слики во туѓиот ум, што ја направи мојата поезија попрецизна, односно влијаеше на тоа да изобилува со замисливи сцени чии описи се економични, наместо симболични споредби. Се разбира, некој друг го забележал тоа – како би било можно да имам толку јасен поглед за моите книги – но звучи како да е во склад со моите идеи.

Кога ја засака поезијата и што ти се допаѓа кај неа како книжевна форма?

Ми се допаѓа слободата на формата и нејзината необременетост со граматички правила и/или синтакса. Јазикот е тука за да се изврти, менува, приспособува, истовремено да звучи и да означува – понекогаш е доволно само едно од тие две. Кога првпат се сретнав со такви поигрувања што ме збунија и воодушевија – на пример, во песните на Е. Е. Камингс, Ј. Шалго, В. Деспотов, О. Давиќ – си помислив: тука сè е можно, ме заинтересира ваквиот текстуален простор. Тоа што не знам што точно претставува тоа сè (што може да биде) ме мотивира да продолжам да работам на поезијата, не само на песните, туку на поезијата како основа за истражување на некои (можеби нови) хибридни форми.

 

Во повеќе интервјуа велиш дека си опседната со просторот. Твоите две поетски збирки носат топографски или географски имиња кои означуваат одреден простор. Понатаму, просторот го среќаваме и во самите песни – без разлика дали станува збор за интимен простор (куќа, стан, викендица), јавен простор (музеј, пошта, институција) или измислен простор, односно простор кој останал да живее во сеќавањата. Зошто просторот е толку важен за тебе? Дали во твоите песни просторот претставува некаков симбол или повеќе се работи за егзистенцијален факт од кој извира твојата поезија?

Да цртав малку попрецизно или да имав повеќе трпение за математика, сега ќе бев архитектка. Навистина мислам дека просторот нè дефинира на некој суштински начин, од инфраструктурата што го насочува нашето движење во урбаните средини до терасите на хотелите каде што го поминавме детството. На психолошко ниво, просторот е своевиден модел за нашите сеќавања. Просторот, значи, претставува и факт и симбол и претпоставка и наратив. Како што пишува театарската режисерка и сценографка Мета Хочевар во својата книга Простори на играта – „ништо не може да се случи без да се случи некаде“.

Твојот докторски труд ги систематизира местата на сеќавање од реалниот па сè до дигиталниот простор. Тоа ме води до моето следно прашање. Дали и каде ја гледаш иднината на поезијата во дигиталниот простор? Дали поезијата треба да претрпи промени за да се прилагоди на интернет архитектурата?

Верувам дека иманентниот ритам во хипертекстот е истото она што го одредува значењето/природата на поезијата, па за мене тие се согласуваат и се разбираат преку овој идентичен потенцијал на движење. Поезијата создадена на мрежите бара посебна дискусија и одговори на голем број проблематични прашања, но ме фасцинира брзината со која се прилагодува формата (за ова веќе постојат добри есеи – и за разносот, и за естетските и содржинските барања на поезијата на социјалните мрежи). Верувам дека е важно да се направи разлика помеѓу поезија 1) која е создадена за мрежите, на нив; 2) која едноставно се споделува онлајн; и 3) која го црпи својот поетски материјал од онтологијата на интернет или програмскиот јазик и не нужно мора да се состои од текст. Конечно, да одговорам на прашањето: поезијата не мора да се менува, но би било пожелно да преплави некои неочекувани предели. Движењето, во секој случај, останува во нејзината срж.

 

Следствено на тоа, дали хипер текстот може да биде поетски текст?

Може, како што тоа може да биде и скалата што го опишува влијанието на ветерот врз однесувањето на морската површина. Мислам дека е важно да се гледа на идејата за поетското како нешто што ја надминува содржината и се прелева во намерата; затоа го барам поетското, а не само поезијата во некоја канонска смисла. Поетска може да биде и врската меѓу две слики, недостатокот на каузалност, инсистирањето на сликата – а не самата слика.

Во твојата втора поетска збирка, песните се поставени во референтен однос со други текстови: од листи за купување и записи од телефонски именик до теориски дискурс, извадоци од есеи, итн. Зошто се одлучи да ги вметнеш овие текстови? Која е нивната релација со твојата интимна архива?

Делумно го одговорив ова во претходното прашање, но се работи за некаква форма на предлагање и поништување на материјал кој може да биде поетски и ситуација во која со менување на контекстот – односно со сместување на текстот во рамка на нешто што се нарекува поезија – се менува ставот и/или погледот на читателот; упатството да го гледа текстот во книгата како поезија потоа го сфаќа како предизвик, како можност.

Една мала анегдота ме принуди за второто издание на мојата книга, кое веќе некое време виси во воздухот, да подготвам текст во чија основа лежи прашањето зошто толку нè мачи потеклото на текстот? Навистина, зошто е тоа така кога тој може да се деконструира, разложи, реконтекстуализира, вткае во нова текстура? А анегдотата е: за промовирање на мојата книга Повремена како викенд населба, мојот уредник случајно извлече дел од текстот што е преземен, чиј автор не сум јас, а кој всушност претставува прекршена Бофорова скала; јас само одбрав да го сместам овој пасус во полето на поезијата. Впрочем, и тој чин не е занемарлив, т.е. како што забележува Кенет Голдсмит, „и изборот е авторство“.

 

Во твојата песна „викенд населби“ двапати велиш „се изморив од доследноста“. Која е цената на доследноста и слободата на недоследноста?

Овие стихови се однесуваат на уморот од доследноста што се перципира однадвор, не на внатрешниот порив да бидеме верни на себе, туку на доследноста што другите мислат дека ја препознаваат во нас. Потребата да бидеме смирени, сведени, линеарни – што доаѓа од премолчениот договор со луѓето кои сакаат да мислат дека нè познаваат, засилено од предвидливоста на нашите постапки. Уморува да се движите во дадена рамка, никогаш да не заплачете во супермаркет (ако баш таму ни се плаче), да се стремиме да станеме личност која никогаш не јаде после осум часот (и нема да го прекрши тоа ниту по цена да гладува) или е беспрекорно внимателна кон туѓите родендени. А сепак, секој пропуст во тој систем го доживуваме како мала социјална пропаст и затоа постојано се трудиме нашите чувства да ги подредиме на праволиниско однесување.

За крај, кој е следниот простор што сакаш да го истражиш?

Моментално ме окупираат две теми: ништо како простор, дупката како неисполнива форма на материја која сепак не е лишена од значење (во текстот или во светот). И пожари – грандиозни и застрашувачки, диви пожари што никнуваат над одморалиштата, метрополите, во природните паркови. Селма Асотиќ во својата одлична поетска книга Reci vatra напиша – „Пожарот нема иднина. Какво олеснување за пожарот“, додека пак еден чешки министер, по најголемиот пожар во историјата на земјата, пред два месеци изјави – „Пожарот е… изгаснат“. И навистина, може ли нешто друго да се случи со пожарот? Областа на согорување, значи, е она што имам намера да го истражам.

 

Фотографиите се дел од приватната архива на Маша Сеничиќ.

Избор песни од Маша во превод можете да прочитате тука и тука.

НАПИШАНО ОД:
  • Душица Лазова
  • September 29, 2022
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Френсис Ха“ – првото „дете“ на Бамбах и Гервиг
Френсис е збунета, смотана, изгубена, весела, разиграна, уморна, висока, смешна, харизматична и чудна. Има 27 години и нема стабилна врска, работно место или дом. Често е сама и повремено осамена.
  • Од Калина Качoровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Самовили: танц низ опресијата и слободата
За еманципаторниот потенцијал на самовилите.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Радикална пријателска љубов
Зошто да не ја славиме пријателската љубов на начинот на којшто ја славиме романтичната љубов?
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
5 ЖЕНИ ЗБОРУВААТ НА ТЕМА: НАДЕЖ
Неда Чаловска, Ружица Максимовска, Ена Утевска, Џане Крешова и Вики Младенова споделуваат од каде црпат чувство на надеж.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како да се борам за подобро утре, кога веќе не ни верувам во утре?
Ода за откажувањето, автодеструкцијата и потрагата по надеж.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА
Љубовта како себеспознавање и неизбежна загуба: Кон графичкиот роман „Сината е најтоплата боја“
Прашањето каде оди љубовта кога нас нè снемува е како темно-сино облаче кое ги следи двете протагонистки и конечноста на нивната материјална врска.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жени жртви или жени злосторници­?
Случајот на Пале Илкоска.
  • Од Тамара Славеска Апостоловски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се подготвиме за апокалипсата?
Кон романот ,,Време”од Џени Офил
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Тајната женска историја во македонската литература во 19 век
Од големо значење за развојот на македонската книжевност, особено на расказот како форма е ликот на Марија Х. Зрнева.
  • Од Дијана Петрова
  • ФЕМ 101
Феминизам, Јас и Ти
или што мислам кога велам дека сум феминист/ка?
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ЦИЦКИ, КВИР, ШТО?
B-PROJECT Е КВИР КРИТИКА НА ФОТОГРАФИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО
  • Од Елена Петровска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За митот „сама си го барала“
Насилството и непостапувањето како механизми за „покажување“ на местото на жената.
  • Од Дијана Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Пишував за безизлезноста како лично одредиште: Интервју со Румена Бужаровска
Со Румена разговаравме за опсесијата да се избега од Македонија, зависта и недостатокот на лична одговорност, како централни теми во нејзината нова збирка „Не одам никаде“. Ја искористивме можноста и да дознаеме повеќе за нејзиниот неодамнешен престој во САД, развојот на ПичПрич во 2018 и нормално, феминизмот. Разговорот го водеше Калиа Димитрова.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
И транс жените се жени: Интервју со Лила Милиќ
За чекорите кои допрва треба да се преземат за достоинствен живот на трансродовите личности, за Законот за правно признавање на родот, за личните успеси како транс жена и земањето дел во бројни културни настани во изминатиот период, разговараме со Лила Милиќ. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не постои „трансродова идеологија“
(Но трансфобите се реални и гласни)
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сребрениот бран
Да се изразуваме како што се чувствуваме е слобода која најчесто одбираме да не ја прифатиме
  • Од Ана Илиева Лара Тасковска Надеж Кристела Нсингоулоу Николоска Емилија Кузмановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести во Косово: Дали училиштето нé третира како ученички или како објекти?
Како реакција на наводите за силување на малолетно лице од страна на вработен во косовската полиција се одржаа организирани протести во Приштина и Дренас
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Они би ги „контролирале младите“, ние би ги воспитале девојчињата да знаат дека можат да блујат оган
Кај нас редовно се појавувават луѓе кои не покажуваат храбост отворено да застанат зад жртвите на криминал, па својата недоволна информираност и конзервативност ја камуфлираат зад жалопојките поради губењето на семејните вредности.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се родиш повторно?
(опсесијата на поп-културата со новиот почеток)
  • Од Кристина Атанасова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дејтинг мен 
Решив да започнам со користење на дејтинг апликации и, реално, немав поим што правам. 
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Повеќе од нашата работа
Приказни за работата во пандемија, повредите на работничките права, и солидарноста, наспроти продуктивноста, како централна вредност врз која треба да ги градиме нашите релации.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се „плаши“ од трансродовите лица?
Анализа на анти-родовото движење во Македонија.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фактот што не знаеме доволно за матката ни штети на сите нас
Очајно е потребно да станеме подобри во разговарање за репродукција на искрен и отворен начин. Затоа што ако одбраната на вашата позиција бара да се потпрете на невистини, тогаш можеби треба да се запрашате дали воопшто се работи за одбрана.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Емоциите се нашите политички и животни ресурси
Овој колективен гнев треба да се канализира, да се застане цврсто, без компрописи во легитимната борба за нашите животи: Говор на Калиа Димитрова од протестниот марш „Јавна соба е кривично дело“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Три книги „за момчиња“
Три приказни што на различен начин ги критикуваат насилните аспекти на воспитувањето момчиња.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
(О)станување уметници
Кон „Птицата во мене лета каде што ќе посака“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Запознај ја Мави Феникс
Се обидувам да им дозволам на моите феминистички ставови да светат низ секоја песна, секое интервју и воопшто секоја мала работа што ја правам. Време е за сите да застанат против сексизмот кој е насекаде околу нас.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram