Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
Албена Баева ќе има своја изложба на деветтото издание на Прво па женско, на 11.06 – петок. Во текстот таа открива малку за нејзиниот креативен процес, вкрстување на егзактните науки со уметноста и иднината на човештвото со вештачката интелигенција.
На 12.06 – сабота имате шанса да го проследите разговорот со неа и Станимир Панајотов, на платото во МКЦ, каде ќе зборуваат за омразата и мизогинијата во дигиталниот свет и како Албена, со нејзината изложба, тоа го трансформира во манифест за женска моќ.
Разговорот го водеше Ајнур Касо.

 

Албена, годинава деветтото издание на фестивалот Прво па женско го преиспитува концептот на ‘јавно’, во контекст на глобална пандемија. Во време на екстремно видлива родова, класна и расна поделеност, просторот помеѓу нас освен што стана визуелен симбол на пандемијата, дотолку појасно ја откри и тензичната сопоставеност на јавните и приватните добра. На кој начин ваквата сопоставеност на јавното наспроти приватното влијаеше врз твојата уметничка пракса?

 

Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта. Ги користам заедничките простори за да ги истражам интимните прашања и обратно; да ги примамам луѓето со личните искуства, како би дала коментар за јавни и општествени прашања. Интерактивните инсталации на извесен начин служат како врата преку која посетителите имаат шанса да се поврзат.

 

Во твоите минати изложби „Only The Two of Us“ (2015), „Archeologies“ (2014) и „The Last Benjamin“ (2014), можеме да забележиме дека очекуваш публиката да се вклучи во интерактивниот процес, понекогаш дури и да применува физичка сила. Каква беше реакцијата на гледачите досега, и што забележа додека ја набљудуваше публиката?

 

На луѓето им е забавно. А тоа и е мојата намера. Сакам да се чуствуваат опуштено и да бидат отворени; сакам со леснотија да ги водам низ одредени теми со цел да изградат соодветен однос кон можноста да се поврзат.

 

Користиш машинско учење (machine learning) и вештачка интелигенција (artificial intelligence) за да ги создадеш твоите интерактивни инсталации. Што научи во текот на овој процес?

 

Во моите интрерактивни инсталации користам просторни сензори и креативно кодирање. Почнав да истражувам и работам со машинско учење и вештачка интелигенција во 2019. Се интересирам за вештачката интелигенција и улогата на интелигентните машини во нашето општество. Дали вештачката интелигенција ќе значи крај на човештвото или сепак можеме да изнајдеме попаметен приод и да ја искористиме во борбата против климатската криза и хуманитарните кризи? (Истражувањето и работата) ми се како рутинска вежба и секој ден учам по нешто ново. Низ работниот процес со технологија во последниве дванаесет години научив дека ништо не е совршено, сè може да се расипе и ако сакаме нештата да функционираат, треба прецизно да го изанализираме и адресираме проблемот. И треба да запамтиме дека ние сме тие кои ги создаваат машините. Сите наши проблеми потекнуваат од одлуките кои ги носат луѓето. Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот.

 

 

Насловот на твојата изложба „Овцата, змијата, кучката и нивната свиња“ (којашто ќе имаме прилика да ја видиме на овогодинешното издание на фестивалот Прво па женско) одекнува со употреба на имиња на животни како дисфемизам, како средство за деградација, минимизирање или понижување на поединци кои не се одобрени или осудени. На кој начин насловот ја рефлектира твојата уметничка цел изразена преку изложбата?

 

Насловот едноставно го именува она што е во изложбата. Сите овие зборови не нужно се навредливи. Во изложбата, првобитните погрдни значења бидуваат исклучени од самите термини и на тој начин се оснажуваат наново.

 

Поради интерактивноста на твојата инсталација, публиката е поканета длабоко да се вклучи во искуството. Во таа смисла, публиката, како и некој трагач по пророштво во Делфи, ги комбинира парчињата и трагите расфрлани на ветрот за да создаде сопствено читање на пророштвото. Каде ти, како уметник, се гледаш себеси во создавањето на овој нов дијалог?

 

 

Физичката активност придава дополнителен слој. Публиката не само што ја гледа и слуша инсталацијата, туку можат преку допир да ги почуствуваат студените металните решетки на монотоното тркало (hamster wheel). Како уметница внимателно го поставувам и раководам целиот процес. Не е до мене да давам одговори, туку да поставувам прашања и затоа сакам да оставам место за случајности, интерпретации и можности во самата дискусија.

 

Твојот начин да ги идентификуваш, прилагодиш и преобразиш твоите хибридни, пола животински – пола женски, 3Д-печатени модели ја предизвикува познатата древна непријатност на човештвото спрема чувствата кон изопачените химери. Што може да ни кажеш за оваа нејасна линија, каде што се надминува разбирањето на основата на човечкото, животинското и машинското.

 

Вкрстените уметнички дела (crosspieces) ни ја разработуваат имагинацијата уште од античката историја. Митолошките чудовиштка, богови и духови – сите тие се супер начин на кој може да се контролира наративот. Обично, сите вкрстени уметнички дела симболизираат одредена моќ. Ова е една од причините зошто скулптурите од оваа изложба имаат толку смисла. Истренирани сме да поинстоветуваме одредена моќ со определено чудовиште. А навредите, од друга страна, не претставуваат моќ, туку алатка. Оттука, кога посетителите ќе видат преубава мала скулптура крстена по навреда, принудени се на терминот да му зададат ново позитивно – оснажено значење. И 3Д технологијата која ја користам, дополнително ги збунува сетилата. На изглед е класична, заради материјалот и бојата,но видливи се и посебните технолошки слоеви, кои се пак карактеристични за 3Д принтот.

 

 

Во есејот „A Cyborg Manifesto“, Дона Харавеј ја коментира политиката на киборгот, изјавувајќи дека тоа е „борбата за јазик и борбата против совршената комуникација, против единствениот код што совршено го преведува целото значење, централната догма на фалогоцентризмот. Затоа, политиката на киборгот инсистира на бучава и се залага за загадување, радувајќи се на нелегитимното спојување на животни и машини“. На кој начин твојата работа има за цел да ја постигне борбата против совршената комуникација?

 

Како што ќе рече Харавеј ,,важно е да останеш со конфликтот’’. Преку моите дела, ја барам сродноста меѓу машините и луѓето, како едни поинакви партнери на човештвото.

 

За време на твоето професионално искуство, може ли да се сетиш на некоја критична точка којашто ѝ дала форма на твојата уметничка пракса?

 

 

Можеби беше првиот пат кога почнав да изучувам Pure Data, софтвер за креативно програмирање. Се заљубив во можностите да вкрстам различни пристапи и сфери во уметноста, директно преку машинска интерактивност. Одеднаш си најдов заеднички терен помеѓу мојата љубов кон уметноста и наклонетоста кон егзактните науки.

 

Глобалната пандемија ги промени нашите животи. Особено за уметниците стана потешко да стекнат нови искуства / да одат на изложби / да патуваат. Како се справуваш со предизвиците на пандемијата и дали може да споделиш со нас на каков начин се справуваш со ситуацијата?

 

 

Не сметам дека се справувам добро, туку едноставно чекам да помине бурата. А додека чекам, ги усовршувам рецептите на баба ми. И се обидувам да откријам како да создадам релевантни дела во денешниве услови.

 

На крај, на што работиш сега? Што можеме да очекуваме и да видиме од тебе во иднина?

 

Работам на неколку проекти поврзани со вештачка интелигенција. Имам ново солистичко шоу во Софија Trust Territories, од 10 јуни до 2 јули. Ова е заеднички проект со руската кураторка Наталија Фукс, кој вклучува вештачка интелигенција со цел да создаде упатства за уметнички дела. Некои од упатствата ги изработувам во галерискиот простор на Гете-институт Бугарија. На 20 јуни, заедно со група руски куратори, ќе бидам дел од онлајн перформансот Manifest of manifests, на фестивалот Synthesis Aesthetics. За целите на овој проект создадовме прилагодена база на податоци со над 200 манифести и прецизно прилагоден GPT-2 јазичен модел. Крајната презентација ќе биде читање на резултатите кои ќе ги генерира вештачката интелигенција. Исто така сум дел од лабораторијата за етика во вештачката интелигенција во Гете институтот. Овде работам заедно со стручни лица од балканскиот регион, кои проучуваат и работат на теми поврзани со етиката во вештачката интелигенција.

*Албена Баева годинава има изложба на фестивалот Прво па женско „Овцата, змијата, кучката и нивната свиња“.

 

 

 

 

 

 

Албена Баева е визуелна уметница, кураторка и продуцентка која фокусот на своето творештво го пронаоѓа на раскрсницата помеѓу уметноста, технологијата и општествените науки. За нејзините интерактивни инсталации наменети за урбани средини, таа користи машинско учење (ML) и вештачка интелигенција (AI), физичко сметање, креативно програмирање и направи-сам техники.
Албена е ко-основачка на Runabout project – платформа за нови изведувачки инструменти, Reaktiv – студио за интерактивен дизајн и на галеријата Gallery.
Нејзините дела биле изложени во повеќе музеи за современа уметност во Есл (Австрија, 2011 година), ЕММА (Финска, 2013 година), МЦВ Војводина (Србија, 2015 и 2019 година), галерии и фестивали за видео и перформанси во Австрија, Бугарија, Чешка, Кипар, Данска, Франција, Финска, Германија, Унгарија , Италија, Литванија, Швајцарија, Србија, Турција, Украина и САД.
НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • June 9, 2021
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести против сексуалното насилство во Албанија
„Не си сама“, „Државата е силувачот“, „Твојата ќерка не е виновна“, се некои од слоганите околку кои беше организиран протестот.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија
Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
5 ЖЕНИ ЗБОРУВААТ НА ТЕМА: НАДЕЖ
Неда Чаловска, Ружица Максимовска, Ена Утевска, Џане Крешова и Вики Младенова споделуваат од каде црпат чувство на надеж.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Партнерското насилство во квир врските  
Кон Куќата од соништата на Кармен Марија Мачадо.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Грација Атанасовска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Не мора да сме среќни за празниците
Настранување од божиќниот идеал во филмската нарација на Carol
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 причини зошто треба да се гледа серијата Mrs. America
„Поборниците за женското ослободување сакаат да создадат полово-неутрален, феминстичко-тоталитарен кошмар.“
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Емоциите се нашите политички и животни ресурси
Овој колективен гнев треба да се канализира, да се застане цврсто, без компрописи во легитимната борба за нашите животи: Говор на Калиа Димитрова од протестниот марш „Јавна соба е кривично дело“.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Немаме повеќе време ниту трпение за декларативни заложби за родова еднаквост во спортот: Интервју со Силвија Митевска
Спортистките и нивните спортски резултати и достигнувања се ретко претставени во медиумскиот простор, а во случај кога се претставени, тие најчесто се поврзани со изгледот. Спортските достигнувања се потценети и се во заден план.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Маркс за родот и семејството: резиме (прв дел)
Човечките суштества би морале да станат способни да се видат едни со други како вредни за себе, наместо да гледаат како нешто што вреди само на она кое една индивидуа може да го обезбеди за друга.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • Од Вања Кирова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Наследството на отпорот на Југословенката: ископување на политичкото тело на феминистичкото и квир омоќување
Повик за учесници на еднодневен семинар со проф. Јасмина Тумбас на 08 јуни, Скопје
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • ДИЈАЛОЗИ, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јас да ѝ верувам на правната држава?
Интервју со Џејлан Велиу.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
7 месеци мојот живот и траума лежат во фиока во обвинителство
Сведоштво на гевгеличанката чии фотографии се споделувале на „Гевгелија Хаб“
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Вирџинија Вулф ја преобрази женската биографија во „Орландо“
„Орландо“ зборува за важноста да се биде свесен за сопственото историско, лично и колективно минато како жена и за потребата од негово реобмислување и реиспишување.
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Марш за 8 Март
Сиромаштијата има женско лице.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Митовите за убавина и женската сексуалност
Жената учи како да изгледа сексуално привлечна, а речиси никогаш не учи како да ја осознае сопствената сексуалност.
  • Од Доротеа Огненовска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Нивната борба е сечија борба – 50те жени на Сент Луис
Приказните на жените на Сент Луис не се само приказни од локалната историја или приказни кои се поврзани со националната историја на САД. Тоа се лични приказни кои во одреден сегмент, форма и време ги среќаваме кај многу други жени во минатото, но и денес.
  • Од Ангелина Станојоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нам жените потешко ни се простуваат грешки: Интервју со Лана Басташиќ
Пишувам главно за женското искуство затоа што тоа е и мое искуство.
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога го дизајниравме Комитет, дизајниравме за себе и нашите пријатели: Интервју со Никола Николовски и Дамјан Кокалевски
ЛГБТИ заедницата во Скопје нас лично ни има дадено многу. И како дел од таа зедница која со години е исфрлана и терана да мигрира од еден во друг простор, нема поголемо задоволство да се дизајнира простор кој ќе биде дом за сите нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Дали знаеш?
Видео кампањата за подигање на јавната свест за превенција, заштита и намалување на дискриминација врз жената.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кондоми – инструменти за игри на моќ
Стелтинг и отпорноста кон користење кондоми кај хетеросексуалните мажи
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Наталија Станојевиќ
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Стојаноска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Опасното користење на приватните сексуални наративи на жените против нив
Приватните сексуални наративи на жените се користат против нив, дури и по смртта.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet _moooki
Доколку сте слаби на Инстаграм профили со автентични илустрации, тогаш дефинитивно треба да ја заследите _moooki, профил зад кој стои сестрано креативната Моника Стојановска.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Да се биде новинарка во Македонија
И покрај многубројните вербални и физички напади врз новинарките, повеќето резултираат со осуда од страна на здруженијата кои ги штитат новинарите и од јавноста, но неретко институциите остануваат неми и не излегуваат со јавен став против нападите.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Највлакнестата жена на светот
Отстранувањето на влакната за мене не е брз дел од секојдневната грижа за себе. Тоа е активност која бара многу време и пари.
  • Од Вања Кирова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Врховниот суд на САД се обидува да го забрани абортусот: дали Америка е сè уште слободна земја?
Не постои посуштински услов на едно демократско граѓанство од контролата на една личност врз сопственото тело. Без тоа, не можеме да се наречеме слободна земја.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од правото на телесната автономија? 
Осврт кон правото на абортус во САД.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нашиот пат – 25 женски приказни од историјата
Тииит!Инк. ве поканува на промоцијата на публикацијата „Нашиот пат - 25 женски приказни од истроиајта“,  во петок (01.10), во кафе-книжарницата „Буква“.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ќотекот е од рајот
Како видеото протекува не знаеме, меѓутоа самиот факт што некој сакал да го “овековечи” овој момент ни укажува на желбата за понатамошно споделување на чин на насилство како триумф.
  • Од Бојана Јовановска
смешно
  • ФЕМ 101
Што е тука смешно?
Пред неполни две недели македонската јавност се разбуди во едно од најодвратните случаи на родово-базирано насилство во земјава—Телеграм групата Јавна соба, чиј опис уште поодвратно гласеше ,,дружење и зезањe''.
  • Од Елена Петрова
  • Од Елена Петрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 13 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram