Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Мажите биле ловци, а жените собирачи на храна. Или не?
Нова студија ја побива старата претпоставката дека мажите ловеле а жените собирале храна.

превод: Елена Петрова и Благица Димитрова

 

 

Со децении, научниците веруваа дека постоела јасна поделба во работата кај примитивните луѓе: мажите главно ловеле, а жените собирале храна. Ваквото гледиште не е присутно само во академските кругови; честопати се користи при застапување на аргументот дека и денес мажите и жените треба да се држат до наводно „природните“ улоги консолидирани уште во раното општество.  

Новата студија ја поништува идејата дека исклучиво примитивните мажи биле ловци, а дополнително и покажува дека отсекогаш постоеле докази за тоа дека жените ловеле. Со ова истражување, научниците поместуваат клучен доказен темел на коишто научниците историски се потпираа за да извлечат заклучоци за тоа каков бил животот пред околу 200.000 години, кога Хомо сапиенс првпат се појавува како вид.

За овој период има ограничени директни докази бидејќи завршува пред околу 9.000 години, откако луѓето полека почнале да го развиваат земјоделството и раните населби. Но, отсекогаш постоеле заедници низ светот, често во области на земјите со низок и среден приход, кои живееле и сè уште живеат со лов и трагање. Заради ова, научниците ги гледаат ваквите заедници како прозорец кон минатото на човештвото, додека антрополозите и другите специјалисти, со дозвола од заедниците, живеат заедно со нив и изработуваат детални набљудувачки извештаи.

Според Роберт Кели, професор по антропологија на Универзитетот во Вајоминг и автор на повеќе познати книги и написи за општества на ловци и собирачи, генерално прифатениот консензус меѓу научниците бил дека овие извештаи претежно укажувале на тоа дека мажите ловат, а жените главно собираат, со повремени исклучоци.

Но, Кели вели дека гледиштата што тој и другите ги застапувале за типичните родови поделби околу ловот се засновале на анегдотски впечатоци од извештаите коишто ги читале, во комбинација со теренската работа на многумина. Според Кели, никој досега не ги систематизирал наодите од набљудувачките извештаи за жените коишто ловат.

И тука некаде влегуваат во приказната истражувачите од новата студија: тимот од Универзитетот во Вашингтон и Универзитетот Сиетл Пацифик. „Решивме да видиме какви податоци всушност постојат за ловот“, вели водечката истражувачка и биолошка антропологиња, Кара Вол-Шефлер.

Стари докази низ нови видици

Вол-Шефлер и нејзините соработници прочешлале записи коишто датират од далечната 1800 година до денес. И наместо да се потпираат на резимето на тие извештаи – како што честопати се случува кога научниците прават голем број вакви анализи – Вол-Шефлер вели „нашата цел беше да се вратиме на оригиналните етнографски извештаи за тие популации и да видиме што всушност било забележано за ловечките стратегии “.

Според нивните наоди – објавени во списанието PLOS One оваа недела – во 79% од општествата за кои постојат податоци, жените ловеле.

Освен тоа, според Вол-Шефлер, пленот од ловот на жените не претставувал само опортунистичко убивање на животните. Најчесто, вели таа, „ловот бил наменски. Жените имале сопствени алати и  омилено оружје. А бабите биле најспособните ловци во селото“.

Со други зборови, „најчесто културите за кои ловот бил важен дел ги обучувале девојките и жените во изработка на алати и лов“, забележува таа. Вол-Шефлер вели дека очекувала да најде докази за жени коишто ловеле, но не до овој степен. „Овој дел од историјата е ужасно потценет“, вели таа, „иако е дел од стручната литература“.

,,Импликациите од овие резултати се потенцијално огромни”, вели Кимберли Хамлин, професорка по историја на Универзитетот на Мајами во Оксфорд, Охајо, чија што област на експертиза е еволутивната наука во контекст на пошироката култура.

„Сметам дека веднаш после митот дека Бог ја направил жена од машко ребро за да му биде помошничка, митот дека мажот е ловец, а жената собирач е веројатно вториот најистраен мит што ја натурализира инфериорноста на жената“, вели Хамлин.

,,Ова ја поттикнува идејата дека мажите треба да бидат насилни и агресивни – дел од основните елементи во супата ‘токсична машкост’. Ова се користи како оправдување на деструктивните машки однесувања, вклучувајќи го и силувањето”.

Популарниот наратив за мaжот како единствениот, односно одбраниот ловец, исто така, се користи имплицитно, па дури и експлицитно, за да се застапуваат политиките кои што ја приоретизираат улогата на мажите како „природен издржувач“. Но оваа наметната улога истовремено и ги ограничува, на пример, недозволувајќи им родителско отсуство, додава Хамлин.

Хемлин тврди дека според истава логика „идејата дека жените се природно предодредени да бидат негувателки и мајки, без разлика дали сакаат или не“, често лежи во сржта на политиките кои што „ги принудуваат жените на мајчинство“ – вклучително и политиките кои го ограничуваат пристапот до абортус и контрацепција.

Па така, наодите на новата студија се „возбудливи“, заклучува Хамлин. „Навистина ќе не охрабри да доведеме во прашање многу од зацементираните идеи за тоа какви се наводно природно мажите и жените.

За научниците, ова значи промена во наративот за ловците

Во однос на тоа колку се важни за науката ваквите наоди од студијата, научниците велат дека се дел од поширок збир на докази којшто се гради со години.

Кели вели дека научниците веќе согледуваат покомплексна слика за ловот кај примитивните луѓе и покрај истрајните стереотипи во популарната култура.

Уште во средината на 1960-тите, според Кели, научниците биле сложни околу доказите дека најголемиот дел од исхраната во општествата на ловци-собирачи била со растително потекло, односно ја собрале жените. „Луѓето велеа: „Треба да го нагласиме ова и ваквите заедници да ги наречеме ‘собирачи-ловци’”.

До 1980-тите, додава Кели, многу повеќе жени станале дел од областа на антропологијата. Во споредба со нивните машки претходници, овие научнички честопати имале поолеснет пристап до жените во заедници коишто собираат храна. Како резултат, науката се здобила со мноштво нови описи на женските активности, вклучително и повеќе докази за жени кои ловат.

Па, првичната реакција на Кели за студијата на Вол-Шефлер е дека, иако организирањето и табеларното прикажување на податоците се „навистина нови и корисни“, кога станува збор за целосната слика што се добива за ловечките практики на жените, „немаше ништо посебно што ме просветли. На некој начин, веќе го знаев сето ова.“

Сепак, Кели издвои еден од наодите. Тој вели дека моменталниот општоприфатен став е дека дури и кога жените ловат по нешто, нивниот начин на лов е многу поразличен од оној на мажите. 

„Прифатениот шаблон е дека мажите со намера одат да ловат голем плен“, вели Кели. „И дека жените со намера одат да собираат растителна храна, и со намера или опортунистички ловат помал, посигурен плен“ – што би значело животни како гуштери или зајци. 

За разлика од тоа, новата студија откри дека во третина од општествата за коишто постојат податоци, жените ловат голем плен. Со други зборови, ги ловеле оние големи цицачи кои се поврзуваат со стереотипот за мажите ловци. 

„Тоа го сметам за нешто ново“, признава Кели, додавајќи дека навистина би сакал да ги види етнографиите коишто биле користени како извор. 

Вивек Венкатараман од Универзитетот Калгари е уште еден антрополог кој изразил сомневање. 

Тој нагласува дека Вол-Шефлер и нејзините колеги биле ограничени да проучуваат само општества за кои има експлицитни записи не само за ловечките практики, туку и за тоа точно кој ловел. Резултатот е дека студијата се заснова врз набљудувања на 63 групи.

„Но, се разбира, имало неколку стотици општества на ловци-собирачи“, вели Венкатараман.

Пропуштени клучни показатели

Ренди Хаас не се согласува со критичарите на студијата. Како антрополог на државниот Универзитет Вејн, Хаас забележува дека општествата што ги анализира студијата на Вол-Шефлер се добро распоредени низ цел свет. Понатаму, Хаас вели: „Повеќе податоци не секогаш значат подобар исход. Мојот впечаток е дека [доказите во студијата] се добро структурирани и висококвалитетни примероци за коишто е поверојатно дека ќе дадат веродостоен резултат, отколку поголем број на примероци со понискоквалитетни набљудувања.“

Згора на тоа, според Хаас, неговото искуство покажува како „речиси универзалното“ гледиште дека мажите се единствените ловци на голем плен може да ја искриви способноста на истражувачите да ги препознаваат спротивните податоци. Освен што се создаваат слепи точки при обидот да се разберат модерните општества на ловци-собирачи, според Хаас се чини дека ова ги навело научниците да пропуштат и многу клучни показатели и кај другиот главен извор на докази за примитивните луѓе: древните гробници и човечките остатоци и артефакти пронајдени таму.

Во 2018, Хаас бил дел од група во Перу која пронашла остатоци од човек стари 9,000 години, закопани со невообичаено многу ловечки алатки. „Само си претпоставивме дека е маж“, се сеќава. „Сите си седеа и велеа нешто во смисла: ‘Леле! Фасцинантно е. Сигурно бил одличен ловец, одличен борец. Можеби бил поглавар!’“

На Хаас не ни му падна на памет да се запраша за родот на човекот, сѐ додека по една недела не пристигна неговиот колега-специјалист за анализа на коскена структура и не им ја претстави бомбастичната проценка: остатоците се чинеа женски.

Тимот користел тогашна нова технологија во тоа поле. Стружејќи ја глеѓта на забите од гробницата, нашле протеини кои недвосмислено потврдија: овој очигледно маестрален ловец е жена. 

Вчудоневидени, Хаас и соработниците одлучиле да ги преиспитаат записите за сличните наоди низ двете Америки во последните 70 години. Од 27 гробници на луѓе со ловечки алатки, најдоа 11 случаи во кои личноста била жена. 

Извршиле статистичка анализа според која овој сооднос се поврзува со веројатноста дека меѓу 30 до 50% од луѓето закопани со ловечки алатки во древните американски гробници се жени. Со други зборови, според Хаас „ловењето на големи цицачи во овој период во двете Америки било родово неутрална активност, или барем речиси родово неутрална.“

Зошто требало толку многу време?

Зошто овие откритија не го свртија вниманието на светот порано?

Хаас вели дека во еден од извештаите за ископините што повторно го анализирале – остатоци од жена пронајдени во 1970-тите, стари 11,000 години со остар камен поставен под главата – научниците што првично го пронашле гробот целосно го занемариле сопственото откритие. 

Хаас вели: „Имаа напишано нешто во смисла: ако овој [остар камен] беше поврзан со маж, ќе си претпоставевме дека е ловечко оружје. Но, бидејќи е поврзан со жена, повеќе смисла има дека бил употребуван како кујнски алат.“ Хаас и коавторите одлучија да го прекласификуваат како ловечки алат.

Она што е уште поважно, според Хаас, е дека во сите, освен еден од случаите, тимот немал ни потреба да ги ревидира првичните заклучоци на ископувачите: тие научници веќе имаа утврдено дека остатоците што ги пронашле се жени закопани со ловечки оружја. Исто како и наодите во студијата на Вол-Шефлер, археолошките докази биле достапни за цело ова време – се криеле на виделина.

„Сите ја имаа сфатено здраво за готово оваа хипотеза дека мажот е ловец. Па, на никој не му текна да ја преиспита,“ вели Хаас. „За многумина ова не беше ни прашање што треба да се постави.“

Но, Кара Вол-Шефлер ги видела наодите на Хаас и токму тие беа она што ја натера да започне со преиспитување на модерните записи. 

Вол-Шефлер вели дека оваа случка треба да служи како потсетник зошто е толку важно да се погрижиме научната заедница да вклучува луѓе со различно потекло.

„Претпоставките што веќе ги имаме кога ги гледаме податоците навистина го обликуваат исходот“, вели таа. „Навистина се надевам дека луѓето ќе ги разгледуваат уште еднаш податоците што веќе ги имаат, за да видиме кои нови прашања може да ги поставиме.“

Извор: NPR

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Петрова
  • July 11, 2023
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жена на годината
За справувањето со родово заснованото насилство и вистинските жени на годината.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Родово и телесно пречитување на практиките на „пумпање“ и „цицање“
Кон танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“ на Викторија Илиоска.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Заедно посилни
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #1
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Најдобрите изложби во САД кои ја прославуваат 50-годишнината од Стоунвол
Од Њујорк до Бостон и Хјустон, подолу се дел од ликовните изложби низ САД кои го слават Stonewall 50.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Приказни од изолацијата
Без конкретна форма, цел и насока, овој колажен текст служи да ни помогне да си ги структурираме мислите и да креираме една скромна меморија на ова време.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово базирано насилство: Кривично дело кое останува толерирано
Некои медиуми го нарекоа „хорор“, некои „грозоморно“, некои „трагедија“. Но, ретки беа јавните гласила кои лани на 10 септември го именуваа убиството во Гостивар со точното име – „фемицид“.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
3 години Медуза
Дали дизајнов не' издава дека заборавивме на сопствениот роденден?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фетишизирањето на „тате проблемите“ преку песните на Лана дел Реј
Како етикетирањето на девојките и жените со тате проблеми ги обесправува и го оправдува насилството.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Како да се биде другарка со друга жена
Есеј за женското пријателство од Роксен Геј.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колективна негрижа
Заеднички учествувавме во хаосот наречен реалност.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести против сексуалното насилство во Албанија
„Не си сама“, „Државата е силувачот“, „Твојата ќерка не е виновна“, се некои од слоганите околку кои беше организиран протестот.
  • Од Сара Миленковска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од Прајд парадите?
Од говор на омраза против ЛГБТ заедницата до националистичка реторика.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто не можам да престанам да размислувам на жените без деца?
Пред да добијам деца, никогаш не размислував за жените кои избрале да не станат мајки. Сега постојано размислувам за нив и ги забележувам насекаде. Имаат нешто што јас го барам, прозорец кон животниот пат што јас не сум го избрала.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Ани Ерно
„Можеби вистинската цел на мојот живот е моето тело, чувства и мисли да станат текст; нешто разбирливо и универзално, со што моето постоење ќе се спои со животите и главите на другите луѓе.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА
Феликс Гонзалез – Торес: забавно провокативен, смртно сериозен
Талентот на Феликс како уметник беше тоа што ја разбра моќта на суптилноста.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пркосот на лезбејската утопија
Кон култниот лезбејски филм “Go Fish” (1994)
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
На 8 Март марширам!
Нека ни е честит денот на женската борба
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време на жените
Грижата за локалното, за она што го гледаме пред себе, за оние кои се близу до нас и сакаме да ги заштитиме е вистинската мотивација и движечка сила на хероината.
  • Од Кристина Атанасова
  • КВИР, ФЕМ 101, ФИЛМ
Смртта и животот на Марша П. Џонсон (The Death and Life of Marsha P. Johnson)
Во име на месецот на гордоста и #BlackLivesMatter протестите, да се едуцираме за личностите кои го посветиле својот живот на борбата за ослободување.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фиона Сампсон – Три песни
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Апатичноста кон насилството против жените е загрижувачко и неприфатливо
Како да постапиме со фактот дека под секоја медиумска објава за родово базирано насилство, нашата јавност едногласно вели „таа самата си е крива“?
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС: РАБОТНИЧКИ И РАБОТНИЦИ ОБЕДИНЕТЕ СЕ! ЗАЕДНИЧКИ ВО БОРБА ЗА НАШИТЕ ПРАВА!
Помина повеќе од една година од пандемијата, а работничките и работниците, сиромашните, младите, жените и сите послаби општествени групи се оние што најмногу страдаа и ќе продолжат да страдаат.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: Махса Амини
Смртта на 22-годишната Иранка која беше уапсена во Техеран поради носење несоодветен хиџаб предизвика бројни протести низ Иран.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
@Skopje Queer Youth
Ново онлајн едукативно место за квир теми <3
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Камала Харис не е феминистичка хероина
Потенцијалната победа на Харис можеби би било кршење на стаклениот плафон, но за жал, не би била вистинска феминистичка победа.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Наследството на отпорот на Југословенката: ископување на политичкото тело на феминистичкото и квир омоќување
Повик за учесници на еднодневен семинар со проф. Јасмина Тумбас на 08 јуни, Скопје
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Јас одлично готвам и Сашо Тасевски повторно не е во право
Ако не се јаде летна манџа, тоа е исто како да не се јаде воопшто.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Вирџинија Вулф ја преобрази женската биографија во „Орландо“
„Орландо“ зборува за важноста да се биде свесен за сопственото историско, лично и колективно минато како жена и за потребата од негово реобмислување и реиспишување.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
8 март 2019 низ фотографии
Што се случуваше на Меѓународниот ден на жената во градовите низ Европа
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Како пандемијата ме лиши од амбиции
Сè што некогаш сум го сметала за нормално, стабилно или безбедно ќе исчезне. Родителството и работата повеќе не беа одвоени; сè се згрутчи во леплив, непријатен хаос од кој беше невозможно да се избега.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram