Медуза е феминистичка платформа создадена за девојки, жени, родови и сексуални малцинства – и во суштина сите личности со желба да слушаат, учат и живеат феминистички, кои сакаат да градат меѓусебни мрежи на поврзување, да читаат едни за други и пишуваат: за себеси, за личните/системските (и сите измеѓу) проблеми со кои се соочуваат секојдевно; за своите избори, своите права, своите задоволства, своите тела, своите приказни…
Ако имаш интерес (и искуство) со дигитални медиуми и пишување, и сакаш да научиш повеќе за феминизмот, креирањето и уредувањето на феминистички содржини во пракса, овој повик е за тебе.
Кои се критериумите?
- Да бидеш студент/ка или со завршено високо образование во полето на општествените и/или хуманистичките науки
- Да имаш интерес за (дигитални) медиуми и комуникации – претходно искуство е добредојдено, но не пресудно!
- Да имаш искуство со пишување
- Да бидеш креативна и отворена личност, подготвена да земе активен дел од нашата мисија
Како да аплицираш?
Доколу се гледаш како дел од тимот на Медуза, го чекаме твојот мејл со кратка биографија и еден параграф во кој ќе ни кажеш нешто за тебе и твојата желба да се вклучиш во Медуза, на info@meduza.mk најдоцна до 10 мај.
Праксата во Медуза е платена, а перидот на ангажманот е од 1 апил до 31 декември, со можност за продолжување.
Ако имаш дополнително прашање, слободно пиши ни во инбокс или на мејл!