Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.

Вчера започна 34. издание на Саемот на книгата кој ќе трае до 9ти мај, во Арена Борис Трајковски. Саемот може да се посети секој ден, од 10 до 20 часот.

Во продолжение ќе најдете повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.

Насловите од домашните и странски автор(к)и кои ќе ги најдете тука промовираат феминистички и/или квир вредности, обработуваат таква тематика или, пак, едноставно го продолжуваат женското писмо со одлични писателки.

Артконект

Веќе пишувавме за извонредниот графички роман „Сината е најтоплата боја“ од Жил Маро, по кој е снимен и наградуваниот филм со истото име. На штандот на Артконект можете да ја најдете и прекрасната сликовница за деца и возрасни „Птицата во мене лета каде што ќе посака“, смислена, напишана и илустрирана од Сара Лундерберг.

Ви ги препорчуваме и збирката „Антарктик“ од Клер Киган за која ни пишуваше проф. и писателка Калина Малеска, како и „Мајки и камионџии“ од Ивана Добраковова, уште една збирка раскази за која можете да прочитате во текстот на Дијана Петрова.

Специјално за Саемот, од печат излегува и преводот на единствениот (засега) роман на Лана Басташиќ, „Фати го зајакот“.

Темплум

На штандот на Темплум, не ги пропуштајте насловите од едицијата Квир сквер:

  • „Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин – капитално тело во квир теоријата во маестрален превод на Огнен Чемерски. „Како да се биде геј“ прави длабинска анализа на квир културата и субјективитетот на геј-мажите.
  • „Поматувањата на воспитаникот“ – Роберт Музил
  • „Морис“ – E. М. Форстер
  • „Во својот двор“ – Сузана Тратник
  • „Ред за ручек“ – Уршка Стерле

Од поновите наслови, ги препорачуваме збирката „Феминистички народни песни“ илустрирана од три сјајни уметници, која сведочи за богатството на македонскиот фолклор и зборникот „Попреченост – текстови за инвалидните тела“, книга која настојува да го поттикне знаењето за попреченоста кај нас со што ќе поттикне емпатија, солидарност и вклученост на овие лица во општеството.

Исто така, нема да погрешите со збирката „Глава што лебди“ на Марија Ангеловска, победничката на литературниот конкурс „Новите!“ за 2021 чија промоција ќе се одржи овој четврток (05/05) во МКЦ со почеток во 20:30ч.

Ако сте по расказите, проверете ги и збирките „Разнишан свет” на Ирена Јурчева и „Градски и шумски приказни“ на Мимоза Петреска-Георгиевска. Ако сакате поезија, тука се одличните стихозбирки „Вештерките денес“ на Калиа Димитрова и „Осетлива на светлина“ на Магдалена Хорват.

На оваа листа мораме да го додадеме и стрипот „Забранетиот плод“ на Лив Стромквист кој на неверојатно забавен начин ја истражува културната конструкција и односот на општеството кон женскиот полов орган. А ако сакате да ги израдувате најмладите (или детето во вас), наш предлог е преслатката сликовница „Морис и фустанот со боја на мандарина“ од Кристин Балдачино за која подетално пишува Фросина Крушкаровска.

Или Или

Домашни автор(к)и на штандот на Или-Или:

  • „Скопје од високата зона“ – Калина Малеска
  • „Денот на црвот“ – Симона Јованоска (роман на годината)
  • Румена Бужароска – „Мојот маж“ (достапна и на албански), „Не одам никаде“
  • Петар Андоновски – „Лето во кое те нема“, „Страв од варвари“
  • „Млечни заби“ – Хана Корнети
  • Делата на Фросина Пармаковска, Лидија Димковска и Оливера Ќорвезироска

Странски наслови:

  • „Кревки ангели“ – Ноеми Киш
  • „Болка од камен“ – Милена Агус
  • „Олга“ – Бернхард Шлинк
  • „Растроена жена“ – Јулија Франк
  • „Малечката Лили“ – Карафиат Оршоја
Антолог

Од тимот на Антолог ни ги препорачуваат следниве наслови: „Терај си го плугот по коските на мртвите” и „Бизарни раскази” од Олга Токарчук, нобеловка и феминистка, која исто така се огласува против хомофобијата во својата родна Полска.

Потоа, „Војната нема женско лице” и „Чернобилска молитва” од Светлана Алексеевиќ, уште една нобеловка и писателка која била сметана за толку бунтовна, па дури и радикална, што нејзините дела со години биле цензурирани во Русија. Тука е и книгата „Женски декамерон” од Јулија Вознесенскаја, една од најзначајните руски писателки.

Од балканските простори дефинитивно би ја издвоиле книгата на нашата Лилјана Дирјан, „Тешка свила”, писателка која не само што го продолжува женското писмо и е наградувана за нејзиното творештво на светско нво, туку е и основачка на Друштвото на независни писатели на Македонија.

Потоа „Лисица”, „Европа во сепија” и „Доба на кожата” од Дубравка Угрешиќ која важи за една од најкарактеристичните гласови меѓу европските романсиери. Би ја издвоиле „Невидлива жена” од Славенка Дракулиќ, хрватска писателка чии дела за феминизмот се преведени на многу јазици.

ПНВ Публикации

Од ПНВ Публикации ги препорачуваат:

  • „Ловостој.“ ‒ стихозбирка од Моника Херцег
  • „Понеделник или вторник“ ‒ збирка раскази од Вирџинија Вулф
  • „Доилката“ ‒ роман од Лилјана Пандева
  • „Годишни времиња“ ‒ роман од Јулијана Величковска
  • „Гладоморје“ ‒ збирка раскази од Јована Матевска Атанасова
  • „На ракавот на градот“ ‒ стихозбирка од Ивана Јовановска
  • „Вештерката Лоис“ ‒ новела од Елизабет Гаскел
  • „Слободата чекори гола“ ‒ стихозбирка од Марам ал-Масри
  • „Ерато“ ‒ стихозбирка од Дерин Рис-Џоунс
  • „Прием во градината“ ‒ збирка раскази од Кетрин Менсфилд

Понатаму, на штандот на Полица ќе ги најдете: „Мандарините“ (том 1 и 2) на Симон де Бовоар, „Госпоѓа Бовари“ на Гистав Флобер и „Крајот на Еди“ на Едуар Ли.

Ако ви се допадна романот „Нормални луѓе“ на Сали Руни и истоимената серија, можеби би сакале да го прочитате романот „Разговор со пријатели“ од истата писателка. Двете книги се достапни на македонски јазик на штандот на Култура. 

Нашите фаворити од Арс Ламина се романот „Лазарка” на Љупчо Петрески, класикот „Ноќна шума” од Џина Барнс, „Млечни заби” од Лана Басташиќ, како и 12те реобјавени книги на Оливера Николова.

Матица пријатно нè изненади со неодамна објавениот превод „На Земјата сме кратко прекрасни“ (On Earth We Are Briefly Gorgeous), дебитантскиот роман на Оушн Вуонг.

Ако сте фан на канадската писателка Маргарет Атвуд, неколку од нејзините романи се преведени од Бегемот.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • May 4, 2022
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: ТЕМНИНА
Лени Фрчкоска, Сара Миленковска и Ивана Батев ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што следно ни носи Скопскиот викенд на гордоста?
Кон самостојната изложба „Еластично насилство“ на Јован Јосифовски и настапот dragON forever – третиот и последен дел од кореографската трилогија dragON на STEAM ROOM.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
За изолацијата и перспективите
Перспективата е новиот ментален простор што треба да го отвориме за да може да ја освоиме слободата. Меѓите да се трансцендираат во просторот на можното, наместо во просторот на физичкото и ограниченото.
  • Од Ана Блажева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во нашите учебници жените се „невидливиот род“
Во учебниците на просторот на Југославија секогаш побројни биле коњите (на војсководците), отколку жените.
  • Од Ивана Хаџиевска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Најдобрите изложби во САД кои ја прославуваат 50-годишнината од Стоунвол
Од Њујорк до Бостон и Хјустон, подолу се дел од ликовните изложби низ САД кои го слават Stonewall 50.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
И транс жените се жени: Интервју со Лила Милиќ
За чекорите кои допрва треба да се преземат за достоинствен живот на трансродовите личности, за Законот за правно признавање на родот, за личните успеси како транс жена и земањето дел во бројни културни настани во изминатиот период, разговараме со Лила Милиќ. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кетрин Малабу: Клиторисот им пркоси на концептите на доминација и моќ
Значи, постои суштество кое може да доживее оргазам без да раѓa? Значи има уживање кое не подразбира цена?
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За похумана разделба
Секоја загуба немилосрдно нѐ фрла во бездна. Но, секоја загуба создава и замислени заедници.
  • Од Јелена Никодиноска Чаповска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Работилница за полиаморијата (политика и задоволства)
Среда (11.05) во Комитет со почеток во 18 часот ќе имаме можност да се дружиме со Марта Шушак и Мима Симиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Проблемите на лезбејската заедница се продлабочуваат: 26 Април – Ден на лезбејската видливост
Овој ден не смее да остане само потсетување за постоењето на заедницата, туку да биде поттик за насочен активизам кон надминување на проблемите и предизвиците со кои заедницата се соочува.
  • Од Тимот на Медуза
May Sarton
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се живее нежно во свет кој е суров
Меј Сартон за тоа како да се победи смртоносната рамнодушност на денешното време.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Активистки ги прикажаа пораките од „Јавна соба“
Нема да престанеме да го бараме она што ни следува како граѓанки на оваа држава, а тоа е правото да бидеме заштитени од сексуални насилници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кејт Винслет во „Мер од Исттаун“: средовечноста е далеку од свиснат стомак
Кејт Винслет отсекогаш била смела. Но да има стомак, и тоа таков што се тресе и мрда на начин на кој прилично невпечатливо се мрдаат стомаците на повеќето 45-годишни жени е сè уште доста шокантно и тема на ударни вести.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Феминизам, религија и нијанси
Што велат некои од најпознатите феминистки за религијата?
  • Од Бисера Ѓуровска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За митот „сама си го барала“
Насилството и непостапувањето како механизми за „покажување“ на местото на жената.
  • Од Дијана Петрова
  • КУЛТУРА
ГУЖ #1 Yaeji
Мислам дека музика може да трансцедентира јазик
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Мизогинијата на скептиците за климатските промени
Зошто десничарите толку многу ги мразат Грета Тунберг и Александрија Окасио-Кортез? Истражувачите имаат вознемирувачки одговори на тоа прашање.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Капитализмот има свои ограничувања
Џудит Батлер за пандемијата COVID-19 и нејзиниот растечки политички и социолошки ефект во Америка.
  • Од Гала Насева
Илустрација на Arsh Raziuddin. Извор: Getty
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Откупување на себеси“: Осврт кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски
Самосвесното проучување на експлоатацијата на женските тела на Ратајковски пропушта соодветно да ја истражи креираната и дотерана слика за себе
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Радикална пријателска љубов
Зошто да не ја славиме пријателската љубов на начинот на којшто ја славиме романтичната љубов?
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Слободата како трпелив труд
Како да практикуваме колективна и вклучувачка феминистичка слобода?
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сиромаштијата има женско лице
Галерија од вчерашниот Марш за женски права.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 причини зошто треба да се гледа серијата Mrs. America
„Поборниците за женското ослободување сакаат да создадат полово-неутрален, феминстичко-тоталитарен кошмар.“
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хероините на нашето време: Интервју со Јана Јакимовска
По повод изложбата „Хероините на нашето време“ на Јана Јакимовска, Медуза разговараше со Јана за нејзината работа, отворањето на изложбата, неодамнешниот престој во Њујорк, хуморот и жената. Разговорот го водеше Калиа Димитрова. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Јас сум Југословенка“ – книга за наследството на отпорот на Југословенката
Интервју со авторката на книгата - Јасмина Тумбас.
  • Од Марта Стевковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Квир угледот наспроти родовата слобода: Историски преглед на трансмизогинијата
Дури во раните години на 20-тиот век „полот станал цис“, односно почнал да се дефинира и назначува единствено врз основа на гениталиите.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Родови перцепции – Нови методи на размислување и визуелизации за родовата репрезентација: Интервју со Кумјана Новакова
На наше огромно задоволство вечерва во Музејот на современата уметност - Скопје во 20:00 часот се отвора изложбата Родови Перцепции | Perceptions Engendered, фокусирана на женската уметност.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА
Родови политики и сексуални идентитети во Планината Броукбек
Планината Броукбек е место кое надвор од светот во кој живеат, надвор од цивилизацијата и општеството кое ги класифицира и осудува, надвор од „вистинскиот живот“ со своите пространи пејзажи ја доловува слободата и можноста на остварувањето на нивната врска.
  • Од Кристијан Стефановски
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колективна негрижа
Заеднички учествувавме во хаосот наречен реалност.
  • Од Сара Миленковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Балканските бездомнички
Зошто женските деца сè уште се дискриминирани при поделба на наследство?
  • Од Љупка Ѓошева
  • ФЕМ 101
ВО ФОКУС: АФЖ
Антифашистичкиот фронт на жените на Југославија е основан на Првата меѓународна конференција на жените на која што учествуваа 166 делегатки од цела Југославија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Мора да зборуваме за полициската бруталност
Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи,
  • Од Елена Гаговска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram