Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книгата?
Листа на наслови од неколку македонски издавачки куќи кои можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.

Утре започнува 35. издание на Меѓународниот саем на книгата. Саемот ќе се одржи од 4ти до 10ти мај во Арена „Борис Трајковски“, во периодот помеѓу 10 и 20 часот.

Во продолжение ќе најдете повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.

Насловите од домашните и странски автор(к)и кои ќе ги најдете тука промовираат феминистички и/или квир вредности, обработуваат таква тематика или, пак, едноставно го продолжуваат женското писмо со одлични писателки.

 

Артконект

Артконект никогаш не разочаруваат со своите одлични изданија. Од поновите, ја препорачуваме „Неугодноста на квечерината“ од Марике Лукас Рејнефелс. Фантастичен роман напишан од перспективата на млада тинејџерка која живее во конзервативно протестантско семејство и се обидува да ја истражи својата сексуалност.

Специјално за Саемот, од печат излегува и преводот на „Пет куси романи и неколку раскази“ од италијанската писателка Наталија Гинзбург, за која издавачите се особено возбудени.

Кој не си ги купи лани графичките романи „Ирмина“ и „Сината е најтоплата боја“, треба да го направи тоа оваа година. Исто така, од Артконект ги препорачуваат и постарите изданија во едицијата Измислени светови, како „Вегетаријанка“ од Хан Канг, „Американа“ од Чимаманда Нгози Адичи или „Вернон Субутекс“ од Виржин Депант. 

Нашиот тим ви ги препорачува и одличниот роман на Лана Басташиќ, „Фати го зајакот“, збирката „Антарктик“ од Клер Киган за која ни пишуваше проф. и писателка Калина Малеска, како и „Мајки и камионџии“ од Ивана Добраковова, уште една збирка раскази за која можете да прочитате во текстот на Дијана Петрова.

На штандот на Артконект можете да ја најдете и прекрасната сликовница за деца и возрасни „Птицата во мене лета каде што ќе посака“, смислена, напишана и илустрирана од Сара Лундерберг.

 

Темплум

На штандот на Темплум, не ги пропуштајте насловите од едицијата Квир сквер:

  • „Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин – капитално тело во квир теоријата во маестрален превод на Огнен Чемерски. „Како да се биде геј“ прави длабинска анализа на квир културата и субјективитетот на геј-мажите.
  • „Поматувањата на воспитаникот“ – Роберт Музил
  • „Морис“ – E. М. Форстер
  • „Во својот двор“ – Сузана Тратник
  • „Ред за ручек“ – Уршка Стерле

Од поновите наслови, ги препорачуваме збирката „Феминистички народни песни“ илустрирана од три сјајни уметници, која сведочи за богатството на македонскиот фолклор и зборникот „Попреченост – текстови за инвалидните тела“, книга која настојува да го поттикне знаењето за попреченоста кај нас со што ќе поттикне емпатија, солидарност и вклученост на овие лица во општеството.

Исто така, нема да погрешите со збирката „Глава што лебди“ на Марија Ангеловска, победничката на литературниот конкурс „Новите!“ за 2021. Ако сте по расказите, проверете ги и збирките „Разнишан свет” на Ирена Јурчева и „Градски и шумски приказни“ на Мимоза Петреска-Георгиевска. Ако сакате поезија, тука се одличните стихозбирки „Вештерките денес“ на Калиа Димитрова, „Осетлива на светлина“ на Магдалена Хорват и двете стихозбирки на талентираната музичарка и поетеса Ива Дамјановски „Почнуваме“ и „Тријажа“.

Од Темплум ги препорачуваат и:

  • „За ова се разговара само со зајаци“ oд Ана Хоглунд – Поетско-сликарска книга во која авторката комбинира техники на колаж, фотографија и сликарство за да го прикаже комплексното чувство на главниот лик: ем да се биде различен, ем едновремено да се стреми кон градење заедница.
  • „Раздавање на душата“ од Цветанка Трпкова – Зачудувачки свежи и живи раскази, педесетина и повеќе години по настанувањето.
  • „Нарилник за вештерки“ од Дубравка Угрешиќ
  • „Пргавиот заjак“ – сликовница напишана од Пандалф Вулкански, илустрирана од Будимка Поповска

На оваа листа мораме да го додадеме и стрипот „Забранетиот плод“ на Лив Стромквист кој на неверојатно забавен начин ја истражува културната конструкција и односот на општеството кон женскиот полов орган. А ако сакате да ги израдувате најмладите (или детето во вас), наш предлог е преслатката сликовница „Морис и фустанот со боја на мандарина“ од Кристин Балдачино за која подетално пишува Фросина Крушкаровска.

 

Сигмапрес

Од Сигмапрес ги добивме следниве препораки:

  • „Блажените години на казната“ – Флер Јеги
  • „Животно во женски пол“ – Емануела Канепа
  • „Доволно е да заврши денов“ – Антонела Латанци
  • „Забрането читање“, „Министерство на болката“, „Баба Јага снесе јајце“, „Нема никој дома“ – Дубравка Угрешиќ
  • Трилогијата на Агота Кристоф: „Големата тетратка“, „Доказот“, „Третата лага“
  • „Кон светилникот“ – Вирџинија Вулф
  • „Дали е ова човек“, „Потонатите и избавените“ – Примо Леви

 

ТРИ

Од Книжарница ТРИ ги препорачуваат новите изданија на една од најистакнатите македонски авторки – „Мојот маж“, „Осмица“ и „Не одам никаде“ од Румена Бужаровска кои ќе пристигнат на штандот на ТРИ на овогодишниот Саем на книгата и ќе ве премислат да си ги имате во ново издание, дури и ако претхоно ги имате читано. Со секое читање откриваме некој нов слој од книгите и од себеси. Уште една домашна авторка што не се пропушта е Ана Аврамовска со својата одлична дебитантска книга „Водни тела“. И да не ја заборавиме беспрекорната Ана Јовковска која со својот „Емотивен талог“ го крена мегафонот и ги разгласи приказните од женската кујна.

Може многу да научиме и од Елизабет Зот, хероината на „Лекции по хемија“ – историска фикција за жената која не е само убава, туку е и исклучително умна, талентирана и без влакна на јазикот (неприфатлива комбинација во машкиот свет на 60-тите). „Кирка“ од Мадлин Милер е уште еден моќен палимпсест за волшебничката на која не ѝ треба никој за да стане она што е во срцевината. Жената што е независна дури и кога е во најголема опасност. Оваа книга не случајно беше меѓу финалистките за Women’s Prize for Fiction.

И онака како што на Ана Ахматова (изборот на песни во издание на ТРИ е топла препорака) веќе не ѝ требаат нозете, вам не ви треба ништо повеќе освен книгите! Качете се врз книгите, вреснете со зборовите, исправете се уште повисоко.

 

Антолог

Од тимот на Антолог ни ги препорачуваат следниве наслови: 

  • „Терај си го плугот по коските на мртвите” и „Бизарни раскази” од Олга Токарчук, нобеловка и феминистка, која се огласува против хомофобијата во својата родна Полска.
  • „Војната нема женско лице” од Светлана Алексиевич за која ни пишуваше Радица Стојановска.
  • „Во понеделник ќе нè сакаат“ од Нахат Ел Хачми – мотивирачки роман за комплексноста на идентитетот, припадноста и борбата за себеоткривање. Роман за смелите девојки, што скршнуваат од правиот пат за да бидат слободни. Иако боли.
  • „Сакај ме повеќе од сè на светот“ од Мира Фурлан – Она што ја прави Фурлан посебна и своја е токму потребата да се биде слободен (по секоја цена, во секоја смисла).
  • „Мачкино око“ од Маргарет Атвуд
  • „Балерини“ од Мирженка Чехова

Тука е и книгата на нашата Лилјана Дирјан, „Тешка свила”, писателка која не само што го продолжува женското писмо и е наградувана за нејзиното творештво на светско нво, туку е и основачка на Друштвото на независни писатели на Македонија.

Потоа „Лисица”, „Европа во сепија” и „Доба на кожата” од Дубравка Угрешиќ која важи за една од најкарактеристичните гласови меѓу европските романсиери. Би ја издвоиле и „Обвинета“  од Славенка Дракулиќ, во кој таа пишува за болката (психичка, но и физичка), тагата, женското тело, детството, староста и пропуштени можности.

 

ПНВ Публикации

Од ПНВ Публикации ги препорачуваат:

  • „Карпа во морето“ ‒ стихозбирка од Павлина Атанасова
  • „Хранител(к)и“ ‒ збирка раскази од Лилјана Пандева
  • „Слобода А“ ‒ стихозбирка од Ана Голејшка Џикова
  • „Мајка ми знае што се случува по градовите“ ‒ стихозбирка од Радмила Петровиќ
  • „Смртен исход од атлетските повреди“ ‒ роман од Милица Вучковиќ
  • „Деца“ ‒ роман од Милена Марковиќ (68. Нинова награда)
  • „Омарнина што омалаксува“ ‒ стихозбирка од Марија Велинова
  • „Ловостој.“ ‒ стихозбирка од Моника Херцег
  • „Понеделник или вторник“ ‒ збирка раскази од Вирџинија Вулф
  • „Годишни времиња“ ‒ роман од Јулијана Величковска
  • „На ракавот на градот“ ‒ стихозбирка од Ивана Јовановска
  • „Вештерката Лоис“ ‒ новела од Елизабет Гаскел
  • „Слободата чекори гола“ ‒ стихозбирка од Марам ал-Масри
  • „Ерато“ ‒ стихозбирка од Дерин Рис-Џоунс
  • „Прием во градината“ ‒ збирка раскази од Кетрин Менсфилд

Во рамки на Саемот, ќе биде промовирана и стихозбирката „Прости песни [на кого помислуваш кога смртта мисли на тебе]“ од Александра Спасеска во петок (5ти мај), во 19ч.

 

Полица

На штандот на Полица ќе ги најдете: „Мандарините“ (том 1 и 2) на Симон де Бовоар, „Госпоѓа Бовари“ на Гистав Флобер и „Крајот на Еди“ на Едуар Ли. 

Од домашни автори, можете да ги најдете обновените изданија на трите романи на Петар Андоновски: „Очи со боја на чевли“, „Страв од варвари“ и „Телото во кое треба да се живее“, како и поетската збирка на Моника Стојановска, „Има и такви денови“.

Од Полица ја препорачуваат и збирката раскази „Даена“ од канадската авторка Норма Данинг. Во Даена, што значи „оние што не се гледаат“, маестрално раскажувајќи приказни, Норма Данинг користи хумор и досетливи детали за да создаде привлечни ликови што се спознаваат себеси живеејќи во непријателска земја во која предрасудите, мизогинијата и неправедноста се скриени, а сепак се очигледни.

 

Или-Или

Домашни автор(к)и на штандот на Или-Или:

  • „Скопје од високата зона“ – Калина Малеска
  • „Денот на црвот“ – Симона Јованоска (роман на годината 2022)
  • „Лето во кое те нема“ – Петар Андоновски (првиот македонски квир роман)
  • „Вечерен автобус“ – Стефан Алијевиќ
  • „Млечни заби“ – Хана Корнети
  • Делата на Фросина Пармаковска, Лидија Димковска, Оливера Ќорвезироска и Кица Колбе

Странски наслови:

  • „Фауна“ – Кристијан Вадне 
  • „Кревки ангели“ – Ноеми Киш
  • „Болка од камен“ – Милена Агус
  • „Олга“ – Бернхард Шлинк
  • „Растроена жена“ – Јулија Франк
  • „Малечката Лили“ – Карафиат Оршоја
  • „Алчност“ – Елфриде Јелинек
Бегемот

Ако сте фан на канадската писателка Маргарет Атвуд, неколку од нејзините романи се преведени од Бегемот („Приказната на робинката“, „Завети“ и „Алиас Грејс“). Тука ќе ги најдете и збирките раскази од Алис Манро („Бегалка“, „Мил живот“, „Месечините на Јупитер“ и „Танцот на среќните сенки“), а од Бегемот ги препорачуваат и романот „Мансарда“ од Марлен Хаусхофер и „Престапни години“ од Оливера Ќорвезироска.

 

Арс Ламина

Нашите фаворити од Арс Ламина се романот „Лазарка” на Љупчо Петрески, класикот „Ноќна шума” од Џина Барнс, „Млечни заби” од Лана Басташиќ, како и 12те реобјавени книги на Оливера Николова. 

Од таму ни ги препорачуваат:

  • „Лулу“ од Јана Мишо
  • „Храбри наместо совршени“ од Решма Саџани
  • „Фурам феминизам“ од Ламија Бегагиќ, Марина Величковиќ
  • „Океј сум! Помагајте!“ од Анабел Ривкин и Емили Мекмикан
  • Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња – дел 1 и 2
  • „Јас сум Малала“ од Малала Јусафсај
  • „Дамски гамбит“ од Волтер Тевис

Ако ви се допадна романот „Нормални луѓе“ на Сали Руни и истоимената серија, можеби би сакале да го прочитате романот „Разговор со пријатели“ од истата писателка. Двете книги се достапни на македонски јазик на штандот на Култура. 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • May 3, 2023
  • ФЕМ 101
Во фокус: Турција и Сирија
Бројот на жртви во Турциja и Сириjа е во постоjaн пораст.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
„Јавна соба“ е кривично дело и мора да се санкционира
Најавените законски измени се позитивни, но задоцнети и не се неопходни за да се санкционираат сторителите на „Јавна соба“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Летање змeјови
Слободата е концепт кој дозволува и бара да се трансформира и надградува.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Променливо облачно
Легендата вели, здружено, нашите бели дробови можат да создадат ветер.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Will you tell them?” Промоција на книга и изложба на Јован Јосифовски
Изложбата е составена од творби и книга кои се продукт на повеќемесечно истражување и работа на авторот во соработка со PrivatePrint студиото.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #2
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жени кои ја зеле правдата во свои раце
Од Сестринствата во Шангај до Окупа во Мексико, ова се групите жени низ историјата, кои се обиделе да се оттргнат од идејата за полициска заштита и наместо тоа, на насилството одговориле на свој начин.
  • Од Благица Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Улогата на „крвните сестри“ лезбејки во борбата против СИДА во 80-тите
За лезбејките кои храбро се обединиле за да им помогнат на геј мажите заболени од СИДА и им се спротивставиле на стигмата и неправдите врз квир заедницата.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за родовобазирано насилство
Денешната форма на медиумите, не е само класична, туку сноси моќ и одговорност.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шира и моќта на различноста
Серијата може да ја гледате сами или со деца, погодна е и за големи и за мали, а особено за сите девојчиња кои растат и имаат потреба да се најдат себеси во активна улога која значи нешто за подобрувањето на светот или општеството во кое живеат.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам (именка): множина
(вовед кон збирката Лоша феминистка)
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА
Љубовта како себеспознавање и неизбежна загуба: Кон графичкиот роман „Сината е најтоплата боја“
Прашањето каде оди љубовта кога нас нè снемува е како темно-син облак кое ги следи двете протагонистки и конечноста на нивната материјална врска.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што треба да знаеме за абортусната грижа за време на КОВИД-19?
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Оклопни возила за спречување на семејно насилство
Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата.
  • Од Џејлан Велиу
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
BLM лектири
Не е доволно да не сме расисти. Мора да бидеме антирасисти.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нешто е гнило во УКИМ – забележани сигнали на сексуално насилство, но владее правило на молк
„Приказните се тие. И тешки и сурови и дел од нив (пре)чести.“
  • Од Ивана Смилевска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Држете ги вашите бројаници подалеку од нашите јајници
Секуларноста е клучен (и моментално ранлив) дел од сложувалката на женското ослободување.
  • Од Нина Раповска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кетрин Малабу: Клиторисот им пркоси на концептите на доминација и моќ
Значи, постои суштество кое може да доживее оргазам без да раѓa? Значи има уживање кое не подразбира цена?
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Јас сум Југословенка“ – книга за наследството на отпорот на Југословенката
Интервју со авторката на книгата - Јасмина Тумбас.
  • Од Марта Стевковска
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жива филологија
Дали и како може да се живее одовде или отаде животот?
  • Од Вики Младенова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Историскиот миг на кој Милена Радуловиќ му даде лице
Од моментот кога Милена Радуловиќ одлучи да проговори и да го пријави насилникот за сексуално насилство, веќе ништо не е исто.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зрачни и во полн цут: монструозното-женско во филмот „Мидсомар“
Родова перспектива на ликот на Дени во филмот „Мидсомар“.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #9
Фестивалот нуди алтернативни мрежи и погледи кон идни начини на здружување на сите оние кои системски истуркани, а експлоатирани.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Маша Сеничиќ: Просторот е своевиден модел за нашите сеќавања
Поезијата не мора да се менува, но би било пожелно да преплави некои неочекувани предели. Движењето, во секој случај, останува во нејзината срж.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јавната соба е секаде околу нас
Јавни соби ќе постојат сè додека жртвите се виновни, виновниците неказнети, а родово-базираното насилство е „дружење и зезање“.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести против сексуалното насилство во Албанија
„Не си сама“, „Државата е силувачот“, „Твојата ќерка не е виновна“, се некои од слоганите околку кои беше организиран протестот.
  • Од Сара Миленковска
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Глад – Роксен Геј
Ова е мемоар на моето тело бидејќи, најчесто, приказните за телата како моето се запоставуваат, отфрлаат или исмеваат.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Брачна приказна“ е крај на прикаските за бракот
Филмот „Брачна приказна“ е најдлабокото, најпотресното и најреалното нешто што го гледав оваа година.
  • Од Билјана Кочоска Танеска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram