, , ,

Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché

На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше.

Фотографија: Амар Качар
Фотографија: Амар Качар

Сите што ме познаваат знаат дека на одреден упорен и тврдоглав начин навистина го сакам градот Скопје. Но, ако нешто сериозно му фалеше на ноќниот живот на овој град (бидејќи се’ друго е совршено!), тоа се локални дрег кралици. Баш затоа, не можам да бидам посреќна што на 26 декември, благодарејќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).
The Haus of Fauché e составена од четири дрег кралици, Naoki Onna, Tōkyō de Ville, Vera Versxce и Kaja Mor. Куќата ја основаат Naoki и Tōkyō, а подоцна се приклучуваат Vera и Kaja. Секоја кралица со својот различен стил допринесува на синергијата помеѓу овие дрег сестри. Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настап, дрег културата и плановите за иднината. Разговорот го водеше Калиа Димитрова.

 

Kако се чувствувате по првиот настап како колектив?

 

Naoki Onna: Јас сум сеуште под импресии, бидејќи настапот се случи неодамна и сум многу горда и среќна што ги запознавте легендарните деца на Хаус оф Фаше. Моќта на овој настан ја бевме почувствувале како афтершок кој со себе ја носеше цела опресирана квир енергија. Чувството на среќа ме облеа кога слободата и таа иста енергија што секоја од нас ја носеше успеавме да ја пренасочиме кон публиката.

Kaja Mor: Се чувствувам толку среќна и горда на нас. Додека сите ние сме толку различни во нашите стилови на дрег, нашата љубов кон дрег ни помогна да го создадеме Haus of Fauché. Воедно сум толку благодарна што ни беше дадена платформа за да ги споделиме нашите таленти со публиката, кои ни дадоа голема љубов и поддршка. Не можам да дочекам да им покажам на луѓето што сè навистина може да направи Haus of Fauché.

Vera Versxce Vendetta: Hmm, well… as a Haus and as a drag queen, I feel like I achieved something in my life, specifically when it comes to expressing the drag/queer culture. But also quite lost in the essence of drag since this very first performance is one of the starter performances in this country. It’s a pleasant feeling to know that there were a lot of people in the room and they lived for every performance we did, and it’s shocking that people really enjoyed it. (I mean, I could tell that from the amount of TIP$$$, lol). And I feel happy and my drag sisters are amazing talented, totally unique, never the same, not scared, brave, queens! So yeah. Cheers Skopje! We officially have drag queens now.

Tōkyō de Ville: Се чувствувам прекрасно. Среќен сум што сега имам дрег фамилија со која што можам да ги споделам сите убави и неубави моменти. Ме радува тоа што секоја од нас има различен стил , но тоа е она што како куќа нѐ издвојува од другите.

 

Фотографија: Амар Качар
Сите  го знаеме мотото на RuPaul: If you can’t love yourself, how in the hell are you gonna love somebody else! 
Што е тоа што вас ве мотивира како млади дрег кралици? Што ви значи дрегот лично?

 

Naoki Onna: Пред сé дрегот го гледам како протест против токсичната машкост, која како траума се всадила во поголемиот број од нас, а посебно зема замав на балканот. Исто така, го гледам како политичко право на единката да создава естетско доживување, а само по себе значи ослободување од горе наведената траума.

Kaja Mor: За мене, дрег претставува моќ. Знам дека звучи супер клише, но тоа е точно. Се сеќавам на мојот прв пат на дрег шоу и колку бев фасцинирана од самодовербата и моќта на кралиците. Сè уште го чувствувам тоа, иако сум била на многу дрег шоуа, а правејќи дрег и самата на себе си го зајакнав тоа чувство на моќ. Освен тоа, дрег значи слобода од границите на што општеството му кажува на човекот што може или не може да направи. Тоа е исто така слобода од статус кво. За мене, замаглувањето на родовите маргини ми овозможува да ги поништам годините на рестриктивно општествено уредување кое се обиде да ме присили кон одредена форма. Мислам дека на тој начин, дрегот работи кон погубување на угнетувачките системи на моќ, како што се патријархатот, токсичната машкост, мизогинијата и хетеронормативноста, меѓу другите.
Дрегот е неверојатен медиум за самоизразување и ширење на љубов и храброст. Сакам кога луѓето ќе ме видат да се чувствуваат охрабрени да бидат свои, автентични себеси.

Vera Versxce Vendetta: Drag means EVERYTHING! Haha, yes! EVERYTHING. To me, personally is the manifestation of the femininity that I, as a queer person, has it in me and I always suppressed it in order to please other, you know, socially acceptable bulsh*t. Which it’s socially contradictory because we’re saying a big F**K YOU to the heteronorms, and most importantly, we look sickening. :D. and the process of transforming is the most divine feeling. You’re becoming a completely different person, but deep down it’s part of you, and it’s interesting… everything is eexaggerateddddd!

Tōkyō de Ville: Дрег претставува активизам. Инспирација за оние кои што сѐ уште се затворени во шкафот да се ослободат и да бидат она што навистина се. Дрег е начин на живот кој дрег кралиците не го избираат, тој ги избира нив. Кај дрег ми се допаѓа слободата на искажување на алтер егото. Она што не сме во реалниот живот, може да бидеме како дрег. Трансформација со која што си дозволуваме на самите себе да сме тоа што сакаме да бидеме, да го правиме она што сакаме да го правиме,  да инспирираме, шириме љубов и позитивна енергија. Јас не сум жена, ниту сакам да бидам жена. Мојот дрег само ја дава таа илузија, шминка која е слика на женски карактеристики.

 

Фотографија: Амар Качар
Какви беа вашите дрег почетоци? Дома пред огледало, или? 

 

Naoki Onna: Хм… Моментот кога почуствував дека треба да бидам дел од оваа субкултура беше во еден од геј баровите во Le Marais, во Париз. Ми пријде група на дрег кралици и ме поканија да поминам една вечер како член на на нивниот хаус. Кога на себе ги ставив сите тие дрег реликвии, како под екстаза можев да ја идентификувам потребата ова да постои и во мојот град.

Kaja Mor: Најраните спомени што ги имам играјќи со родот се околу мојата куќа носејќи ги потпетиците на мајка ми (кои тогаш беа премногу големи, но сега се премногу мали за мене). Отсекогаш сум била креативна личност и ме привлекувал уметничкиот аспект на шминката. Во комбинација со мојата љубов кон перформанс кога бев помлада, дрег ми изгледаше како совршен медиум за самоизразување. Дрег беше нешто што сакав да го правам веќе подолго време и конечно бев во можност да се изразам преку првиот настап нa Haus of Fauché. Тоа беше навистина едно од најубавите доживувања во мојот живот!

Vera Versxce Vendetta: Ugh, weird… but also quite natural. It turns out I’ve been doing drag when I was a child too (I loved wearing heels and gowns back then), and I always felt like a super model. A SKINNY LEGEND! But, officially it was on 1st of April, where dressing up as you wish is socially acceptable. SO, I was like, f**k it. Let’s do drag with no budget. So I did it at my friend’s house. And I stole my mom’s dress (she never knew) and I began putting on my drag persona, turns out, I’m a b*tch! This inner lady in me, uhh she’s vocal! BUT AGAIN, with a hair extension, no heels. The nontraditional way of drag. But I was happy with the result. Drag allowed me to feel relevant even though I still looked “masculine”. But again, The gender bender experience, ugh I think, everyone should experience it!

Tōkyō de Ville: Почетокот на мојата дрег персона започна уште од раните години кога ги облекував фустаните на баба ми и танцував. Јавно за прв пат во дрег се појавив кога имав осум години, на првоаприлска забава во моето основно училиште. Но, тогаш не знаев што претставува дрег. Кога започнав со шминка пред огледало постојано експериментирав, го истражував моето лице откривајќи каква шминка е соодветна за постигнување на посаканиот ефект на илузија односно слика од жена.

 

Фотографија: Амар Качар
Која ви е омилена дрег кралица во моментов?

 

Naoki Onna: Избегнувам мојот суд за техничка изведба да биде базиран врз фаворити, само затоа што верувам дека не постојат кралици кои сами по себе не се уметност, а знаеме дека не постои погрешно  уметничко дело.

Kaja Mor: Дали треба да изберам само една? Затоа што ако е така, не мислам дека ќе можам да одговорам на ова прашање! Добивам инспирација од толку многу дрег кралици: Blu Hydrangea, Imp Queen и Sasha Velour се дефинитивно кралици на кои им обрнувам многу внимание.

Vera Versxce Vendetta: Hmm, a lot! My fellow drag sisters are my favorite drag queens because there’s something so raw about them, it’s so brutal, even though we’re in the beginnings, there’s something so fierce about them! And in the mainstream drag scene (basically American) I get inspired by Sasha Velour, Katya (gosh I love how abstract her comedy is), Bianca Del Rio is one of my faves because she is so brutal, but when in drag, her “hateful” comments are perceived as hilarious. Oh, and Adore Delano, a non conformist in the drag scene. Loves it!

Tōkyō de Ville: Тешко е да се избере фаворит помеѓу толпа на одлични кралици. Омилени ми се моите сестри. Но, доколку треба да издвојам личност, перформер, кој имал најголемо влијание врз мене, не само како дрег кралица, дефинитивно е Дејвид Хојл.

 

Фотографија: Амар Качар
Што следно да очекуваме од вас?

 

Naoki Onna: Moжам само да ви кажам дека секогаш има место за секој од вас да дојдете на едно од нашите настапи и сами да видите. 😉

Kaja Mor: Креативноста нема граници. Мислам дека ќе биде многу полесно да ви покажам 😉

Vera Versxce Vendetta: I have no clue… I tend to surprise myself too! Although, I thought of some concepts. Getting political is fun, and breaking taboos is also fun, and drag allows me to make those things happening! So yeah, COME THROUGH!

Tōkyō de Ville: Подобро е да се нема очекувања, затоа што The Haus of Fauché прави неочекувани нешта.

 

Фотографија: Амар Качар

 

Фотографија: Амар Качар

 

Фотографија: Амар Качар
НАПИШАНО ОД:

Калиа Димитрова

Jan 14, 2019

Коментари
Scroll to Top