Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Ми треба ново тело“ – приказ на градењето родов и перформативен идентитет
Кон танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“ на Викторија Илиоска.

фотографија на Соња Ставрова

 пишува Елизабет Колевска

 

„Ми треба ново тело“ е дело на младата кореографка и изведувачка Викторија Илиоска која живее и работи помеѓу Северна Македонија и Германија, каде што всушност магистрира на одделот по Кореографија и Перформанс на Институтот за применети театарски студии на Универзитетот Јустус Либиг. Таа и во ова дело, како и во нејзините претходни, ги истражува односите меѓу поимите за идентитет, женската енергија, женската изведбеност и застапеноста на жената во јавната сфера. Со овој најнов перформанс оди чекор понатаму, прикажувајќи и отвoрајќи се пред својата домашна публика со теми кои не се толку застапени, конкретно на нашето географско подрачје. Изведбата на „Ми треба ново тело“ од страна на самата Викторија Илиоска, заедно со нејзината соработничка Настја Ѕубан започна рушејќи ја бариерата помеѓу нив како изведувачки и публиката. Викторија и Настја ја пречекаа публиката, поздравувајќи ги гостите и правејќи минимална конверзација со нив. Целта на овој чин преставуваше доближување до публиката и донесе чувство на „гостопримливост“, како пречек и „добредојде“ во нивниот свет. Во почетокот беа поставени неколку прашања (задачи) од нивна страна, со цел да ја ангажираат публиката. Прашањата што беа поставени беа наговестување за она што следува, суптилно нагласувајќи неколку клучни елементи: дишењето, негово насочување и поимите „soft and solid“ (нежно/тврдо). Публиката можеше да се идентификува себеси како „soft“ или „solid“. Овие два поима понатаму се задржаа и развиваа низ дејството преку соматски истражувања, телесни положби и кореографски и драматуршки решенија. Остатокот од изведбата не вклучуваше директна интеракција со публика, но изведувачките индиректно – преку „специфичен поглед“, креираа и побаруваа „фидбек“ од неа.

Разгледувајќи го просторот на одвивање на дејството, треба да се напомене „белилото“ во кое бевме визуелно обвиени. Сценскиот простор, подот, млекото на подот се елементи кои со својата бела боја ја нагласуваа „мекоста и нежноста“ и асоцијативно нè поврзуваа со тој „внатрешен свет“ кој полека се отвораше пред публиката. Изведбените тела започнаа со своето движење во бавно, развлечено темпо, прикажувајќи едностави движења и позиции проследени со бавно или брзо дишење. Млекото и чашките кои наликуваа на женски гради, ја потенцираа женската енергија која доаѓаше од сцената и семиолошки не поврзуваа со чувството за негување и грижа. Телата на сцена сами по себе зборуваа за спецификата на родовиот идентитет, кој е засебен, индивидуален, личен, што воедно му ја дава слободата да остане таков, без потребата да биде реторички или миметички. Во исто време, задржувајќи го бавното минималистичко движење[1], изведувачките преку индивидуализираните, но истовремено слични тела, прикажуваа слики за надворешни бихевиорални содржини. Трансформативноста минуваше низ тела кои личеа на антички фигури или одредени историски карактери, балетски и танцови пози и слики, до современи и концептуализирани ликови од реалноста кои го споделуваат својот интимен момент на бесконтактно сплотување и екстаза. Млекото и надворешното белило го сменија својот контекст. Белилото ја изгуби својата чистота, валкајќи се од претходно белото и чисто млеко, кое сега доби улога на телесна течност разлеана по истата таа надворешност. Сексуалноста беше проткаена низ дејството, но телата во ниту еден момент не беа во физички контакт. Динамичките промени на дишењето зборуваа за тоа како здивот може да се трансформира, односно да биде индивидуален, синхронизиран или да претставува акција-реакција.

Две тела во сценскиот простор и две енергии кои се разликуваа една од друга, но истовремено надополнуваа. Викторија претставуваше една силна и доминантна фигура, која поседува моќ во своето телесно изразување и изразена мускулеста и атлетска градба, додека кај Настја се чувствуваа промени на „in and out“, присутност и барање, женственост и излегување од истата. Овој дел се заврши со користењето на различни пози и форми на насмевка. Насмевката на лицата кај изведувачките беше миметичка, пресликана, хиперболизирана, несигурна, скромна, пригушена. Секоја една поза или форма на насмевка беше насочена кон публиката, не претставуваше комуникација или дијалог, туку повеќе надворешен приказ на нешто што треба да биде видено однадвор, но истото е променливо не поради внатрешниот ритам, туку поради надворешно прифатените норми.

Промената се случува со стационирањето на изведувачките тела и развојот на нивната меѓусебна дискусија. Дискусијата беше вербална, но говорот беше во формата на lip-sync (плејбек).  Од практичен аспект, снимениот звук ја олеснува изведбата, но истовремено и придава едно ново значење, ја носи улогата кон преигрување. Користењето на гласовите кои не се гласови на самите изведувачки, уште толку го засилува ова чувство. Од перформативен аспект, предизвикот доаѓа при обидот да се прикаже овој говор преку телесни гестикулации и експресии на лицата, односно повторно да се доживее и преземе една веќе готова постоечка содржина. Во говорот се напоменуваат зборовите „pumping“ и „sucking“ кои прикажуваат разновидна палета за нивното разбирање и примена, како и контекстуална или физичка употреба.

По овој дијалог, Викторија и Настја се облекуваат во костими на две бодибилдерски тела. Тие на вртечки платформи ја презентираат својата нова надворешна форма, покажувајќи го своето тело како тело изложено за надворешни восхитувања. Прикажувајќи го конечно добиеното свое ново тело, изведбата добива нова димензија со забавен, игрив карактер, каде што двете изведувачки конечно воспоставуваат и физички меѓусебен контакт. Танцувајќи на ритамот на популарна денс музика која е со ист рефрен како и насловот на делото, тие создаваат сцена во која ја изразуваат среќата здобиена од надворешно конструирана реалност.

Во крајот на овој перформанс, новите тела полека се “издишуваат” и почнуваат да пречат. Латентноста повторно доаѓа на површина.

Во целост делото зборува за родовите идентитети, нивната трансформативност во секојдневниот, уметничкиот и изведбениот свет. Изложеноста на телата и постојаниот стремеж кон „совршенство“ го моделира идеалот за физичкото тело, но преку пумпање и екстрахирање, ние всушност ја исцедуваме сопствената индивидуалност. Танцовата и балетската уметност исто така наложуваат естетизирана форма и одредени нормативи. Реалното тело не секогаш успева да се впише, па затоа е постојаната потрага кон негово менување. Телото е објект на биополитиката и политизирањето на родот во однос на стратегиите на власта и човековиот вид станува објект на политички стратегии, кои имаат моќ врз дисциплинирањето на телото во однос на неговата репродуктивна пракса, сексуалност и целокупно човеково постоење. Всушност сите трансформации кои ги доживува телото на сцена се врзани со епохата, разбирањата и традициите што времето ги носи. Традицијата преку класичниот репертоар е задржана за љубителите на традиционалната приказна форма. За експериментаторите и неконвенционалистите современото општество и сцената нудат стратегии и тактики за изведување и конституирање танчарско – хетеро, хомо, би, полисексуално, андрогено, расно одредено, мажествено, феминизирано, феминистичко, бело, црно, европско, западно,  природно, протетичко и queer тело. Оваа репликација е видлива генерално на танцовата сцена сé повеќе, но борбата за целосно отфрлање на каков било тип дискриминација продолжува. Во перформативноста и теоријата на танцот овие изведбени категории не се третираат како чисто уметнички, естетски категории. Телата сакале или не се насочени кон проблематиките на микрополитиката и нивните системи за репрезентација на уметноста. Телесноста започнува да се третира како индивидуално и автономно право на индивидуата, со што таа би дејствувала и би се изразувала самата себе преку одредена секојдневна и уметничка призма. Културните студии во изминативе неколку децении придонесуваат врз ваквиот третман на телата, со што телото се институционализира и освен индивидуално може да се претстави и како субјективно тело. Врз градењето на изразноста на телата на сцена влијае општествено-историско-политичко-културниот контекст. Во фокусот на интересот на танцот како актуелност повеќе не се третираат техниката или традиционалниот свет на балетот наспроти модернистичкиот свет на танцот, туку проблемите на застапување и репрезентација на процедурите на културата преку танцовото тело. Освен тоа, танцот не е повеќе само физичко изразување и прикажување на систем со одреден очекуван израз. Танцовите тела истражуваат, стануваат ангажирани за своето постоење, изведуваат концептуализирани телесни состојби и процеси, а воедно телата на изведувачите се предмет на работа на формално – синтаксички концептуални анализи, при што се здобиваат со различни статуси. Публиката како директен или случаен набљудувач има можност да се поистовети, пронајде, идентификува, различи, разграничи, сублимира, негира, одрече, но главно со задача да реагира на виденото, па и да стане дел, пронаоѓајќи го својот сопствен културолошки идентитет. Па така, „Ми треба ново тело“ е дело кое сликовито зборува за ваквите транзиции, промени, борби со физикусот, различностите, внатрешното, надворешното презентирајќи и рефлектирајќи еден долг еволутивен родов и перформативен процес.

[1] Минималистичкото во танцот го карактеризира односот на кореографското и изведувачкото (танцовото) преку концептуализирање на телото, движење на телото, односот на телото и објектот во реално време и простор со преструктурирање во анти-техника или анти-танц.

 

Извор: Tiiiit! Inc.

 

Елизабет Колевска е магистерка по балетска педагогија – современ танц. Работи како педагог во ДМБУЦ Илија Николовски Луј, раководи со приватното балетско училиште “Арабеск” и е хонорарна професорка по сценски движења на Универзитетот Еуропа Прима. Партиципира на конференции и симпозиуми во земјава и надвор, каде ги излага своите пишани трудови.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • November 29, 2022
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Имав абортус“
Црната дупка во женскиот и јавниот дискурс
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, ФЕМ 101
Радикална пријателска љубов
Зошто да не ја славиме пријателската љубов на начинот на којшто ја славиме романтичната љубов?
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не постои „трансродова идеологија“
(Но трансфобите се реални и гласни)
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд 2021 низ фотографии
Галерија од Соња Ставрова и Наташа Величковска
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гордост
Пишува Ирена Цветковиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #8 : Жените се малцинство
Фестивал за феминистичка култура и акција број 8
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Глад – Роксен Геј
Ова е мемоар на моето тело бидејќи, најчесто, приказните за телата како моето се запоставуваат, отфрлаат или исмеваат.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Со интеракција и запознавање меѓу заедниците во борба против говорот на омраза
Штетата која се нанесува со говорот на омраза против Ромите е повреда на достоинството на една цела заедница.
  • Од Марија Сулејманова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Системот (не) функционира: Зошто Македонките повеќе се охрабруваат да пријават семејно насилство откако ќе се преселат во странство?
Родово базираното насилство го поткопува здравјето, достоинството, безбедноста и автономијата на своите жртви, но сепак останува обвиткано во култура на тишина.
  • Од Александра Спасеска
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
ЖЕНАТА И ГРАДОТ
Преку пишувањето му се овозможува на телото да продолжи да постои. Така обработувањето на сеќавањата е најмакотрпната активност во средина каде времето се забавува „до точка на застанување“ и каде часовите „како капки пот, лека-полека се откинуваат и капат“
  • Од Мања Величковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со свој камен поглава
Кратка приказна за потрагата по здравствен систем во време на пандемија.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
„Јавна соба“ е кривично дело и мора да се санкционира
Најавените законски измени се позитивни, но задоцнети и не се неопходни за да се санкционираат сторителите на „Јавна соба“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Интерсекционалноста и улогата на родот во книгата „Седумте мажи на Евелин Уго”
Евелин е жртва на сексизмот - од страна на големиот Холивуд. Евелин е жртва на патријархатот, за кој жената е секогаш виновна, дури и кога молчи.
  • Од Ивана Цилевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Емоциите се нашите политички и животни ресурси
Овој колективен гнев треба да се канализира, да се застане цврсто, без компрописи во легитимната борба за нашите животи: Говор на Калиа Димитрова од протестниот марш „Јавна соба е кривично дело“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
*WAP* на најјако
Или зошто за многу луѓе влажна вагина значи опасна вагина
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Маркс за родот и семејството: резиме (прв дел)
Човечките суштества би морале да станат способни да се видат едни со други како вредни за себе, наместо да гледаат како нешто што вреди само на она кое една индивидуа може да го обезбеди за друга.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 10 | Ecstatic Bodies
Јубилејното издание на Skopje Pride Weekend 2022, фестивал на квир уметност, култура и теорија, оваа година ќе се случува од 2 - 11 јуни и 15 - 17 септермври.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Can we concentrate? – Кратка размисла за изборот и егзистенцијата кон Танц на раце без наслов од boychild
„Денес немам никаква желба. Освен можеби да молчам и да ја гледам, во тишината да ја остварам сета важност на оваа необична случка: присутноста на Ани, тука спроти мене.“ ― Жан-Пол Сартр, Тегобност, 210
  • Од Мања Величковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспешната родова транзиција во Кожата во која живеам на Педро Алмодовар (La piel que habito, Pedro Almodóvar)
Ако ја боли, ќе си трпи.
  • Од Анастасија Марковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Проблемот со ,,школите за женственост“  
Сите совети за работа на себе паѓаат во вода ако поттикот е машката валидација, а резултатот е женската сервилност
  • Од Елена Кузмановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Моето тело – мојот храм: Приказната на една нео – вагина
Решив за мојата борба да зборувам отворено и експлицитно затоа што сметам дека поинаку не може. Решив да зборувам зашто знам дека некаде има некоја жена што поминала или поминува или ќе поминува низ истиот пат но нема на кого да се обрати, нема со кого да сподели.
  • Од Гасеница
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто се заљубив во серијата Fleabag
Нема ништо ново во серија која се занимава со сексуални исповеди на главниот лик, фамилијарни трауми и невозвратена љубов, но серијата Fleabag го претставува сето тоа на еден маестрален и свеж начин. Еве ги моите 5 причини зошто треба да ја гледате оваа серија, веднаш.
  • Од Калиа Димитрова
Hands
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Стареењето, телото и погледот
Кон расказите „Невидлива жена“ од Славенка Дракулиќ и „Жената на каменот“ од Иво Андриќ
  • Од Радица Стојановска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Прв дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мајката (не) знае најдобро
Родовиот јаз во обврските околу грижата и воспитувањето на децата и малата, (скоро непостоечка) поддршка на мајките.
  • Од Марта Стевковска
  • ФЕМ 101
Полициската бруталност и расизмот против Ромите
Ретко се зборува за условите во кои живееат Ромите кај нас, а кога се зборува тоа често се гледа низ традиционалната призма на лични избори или различен менталитет, наместо многукратна и повеќеслојна системска дискриминација.
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Премолчувањето на израелскиот колонијализам
Многу мејнстрим весници ги формулираа овие настани како „судир“ или „конфликт“ поради „иселувањата“, со наслови кои придонесуваат кон едно веќе добро познато јазично опкружување.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Маргиналки
За жените и војната
  • Од Дијана Петрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Семејството на прво место: Подемот на антиродовото движење во Северна Македонија
Говорот на омраза насочен кон ЛГБТ заедницата во Северна Македонија е во пораст, но жртвите ретко го пријавуваат. Во меѓувреме, „антиродовото“ движење, остварува придобивки.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женскиот поглед во визуелната уметност: Во комуникација со делото
Погледот отсекогаш бил, и е, политички.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
(Не)Преводливоста на дрег уметноста во „RuPaul’s Drag Race“
Дали преводот на шоуто на македонски би ја доближил и нормализирал дрег уметноста во нашето општество и дали истиот е возможен?
  • Од Ана Илиева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #2
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram