Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Mислев дека имам внатрешно крварење и умирам: Приказни за прва менструација
Менструацијата е телесен, приватен и интимен процес, но стигмата, срамот и сиромаштијата се прашања кои мора да се адресираат јавно.

Првите неколку месеци срам ми беше од шушкањето на улошките кога се отвораат и толку полека правев сѐ во тоалет, што процесот на менување улошка траеше по 15 мин.

 

Ми беше потребно одредено време да дојдам на вистинското место за да пишувам на оваа тема. Од мојата прва менструација се поминати 15 години и ми беше тешко да ја оживеам атмосферата и периодот од животот кога капките крв на гаќите може да претставуваат најголема траума или среќа. Интроспекцијата и читањето на приказните за искуствата со прва менструација од Period. The movement Skopje, ме вратија на една емоција која ми се чини е инхерентно поврзана со првата менструација – омразата и сомнежот кон сопственото тело, особено кога менструацијата доаѓа „прерано“, „предоцна“ или пак воопшто не доаѓа.

Јас бев од тие малку деца кои беа подготвени за својата менструација од дома. Мајка ми прв пат во четврто одделение на екскурзија во Претор освен со куфер ме испрати и со пакетче влошки: за секој случај. Цимерките во соба ми се чудеа. Самото присуство на влошки во собата на таа возраст го влечеше на површина наметнатиот срам од сопствените тела, срамот на тие неколку деца што први добија менструација, стравот од промените за кои повеќето не бевме подготвени, стравот дека нашите тела се надвор од наша контрола… После 5 години поминати во влечење на влошки наоколу и неколку „длабоки муабети“ со девојчињата во класот што останавме без менструација и бевме именувани како „даски“, конечно добив во осмо одделние и бев пресреќна. Се сеќавам дека ми падна огромен товар од плеќите. Во тоа време уживав во фактот што менструацијата е мала „женска тајна“. Ги обожавав нашите кодови за менструација (кои секако беа општо познати) и скришното подавање на влошки под клупа, не размислувајќи зошто треба да го криеме тој дел од себеси.

Сепак, едно туѓо искуство година дена по мојата прва менструација направи да размислам која е цената на таа тајна. Бев дел од национален поетски камп во Охрид и собата ја делев со 4 девојчиња, од кои најмалата (која во овој текст ќе ја наречам Еми) имаше 10 години. Неколку дена по почетокот на кампот ја најдов Еми како лежи на креветот и липа закопана во перницата. После неколку обиди да ја разберам што зборува, успеав да сфатам што се случува. Еми тотално неподготвена доби менструација на свои 10 години, во одморалиште со еден тоалет на целиот спрат, без влошки и веројтно без доволно пари за влошки за целиот престој. Иако само неколку години постара, и за тоа девојче речиси непозната, ми беше доделена улогата која традиционално ја земаат мајките во семејствата. Морав да ја утешам, да ѝ објаснам што значи менструацијата, колку често доаѓа/трае, да ја осигурам дека болката во грбот и долниот дел од стомакот е, за жал, доста честа појава и дека иако е невообичаено, не и ненормално да добиеш на 10 години. Потоа морав да ѝ покажам како се користи влошка, да ѝ правам друштво и да ѝ чувам стража во тоалетот, додека таа не престана да плаче и повторува срамота, срамота, срамота…Јас пак, упорно се прашував како никој никогаш не ѝ кажал ништо за нејзиното тело? И уште поважно, зошто? Улогата која ми беше доделена во тој момент ја сфатив доста сериозно, речиси свечено, но тоа не го промени едноставниот факт дека не бев јас таа што требаше да ѝ ги соопшти овие вести.

Еми таа вечер се спакува, а следниот ден си замина дома и го пропушти целиот камп за кој аплицирала и била меѓу мал број избрани деца од целата земја. Тажна е помислата дека првата (и генерално менструацијата) може да, и многу често, претставува најлошо изненадување кое ти краде од убавите нешта во животот. Воопшто не ми е чудно што првата менструација често е пропратена со чувства на срам и омраза кон себе. Помеѓу прерано и предоцна, помеѓу прљава крв и извор на живот, помеѓу дарба и клетва, помеѓу молк и болка, помеѓу женска тајна и јавен срам, ужасно е тешко да се прифати менструацијата за тоа што е: нормален телесен процес за кој сите треба да бидеме подготвени и информирани.

Менструалната стигма е една од лицата на срамот кој го чувствуваме кон нашите тела, иако на сите ни е јасно дека постои единствен лек против оваа болест: отворена комуникација. Сепак, нема потреба да се нагласи дека менструацијата, во пакет со други телесни процеси, се веројатно последни на агендата за разговор на семеен ручек, особено во поконзервативни заедници и средини. Според УНИЦЕФ, многу млади немаат комплетно, ниту пак прецизно знаење за менструацијата како нормален биолошки процес. Едукацијата на девојките, но и на момчињата, пред да добијат менструација за прв пат, ја јакне нивната самодоверба, допринесува кон социјална солидарност и охрабрува здрави навики. Ваков тип на информации мора да бидат достапни и во домовите и на училипте. Дополнително, сеопфатната едукација би го нормализирала и фактот дека менструацијата не е поврзана со нашиот родов идентитет.

Ментруалната стигма е штетна и историски ја уназадува нашата телесна слобода, преку перпетуирање на митови и верувања, наместо факти и практични информации. Истата таа стигма стои зад праксата на исфрлување на жените кои менструираат надвор од домот во Непал, зад верувањето дека менструацијата е болест, избегнување на спорт, изостанување од училиште/работа, непрактикување на сексуални односи и ред други верувања кои значително го намалуваат нашиот квалитет на живот.

Поголем дел од нашата младост ја поминуваме криејќи дека, горе-доле, еднаш месечно крвариме, а според некои проценки тоа се околу 7 години од животот. Молкот за менструацијата е пропратен со протнување на менструални продукти во потемни ќеси, обавезно ставање во џеб на истите доколку се оди во тоалет во некој локал, криење на искористени продукти по чанти доколку нема корпа за отпадоци во тоалетот и секако, бегање од јавното око доколку се појави дамка на облеката.

Во срцето на овој срам е самото избегнување/одбивање да се комуницира на оваа тема во семејствата, а кога тоа се случува е или задоцнето, или врамено како прашање за кое се комуницира по женска линија. Ова е нешто што интуитивно и искуствено го знаев, но се изненадив од недостатокот на исклучоци од ова правило, барем во нашата земја.

Со цел да добиеме и споделиме повеќе информации поврзани токму со првата менструација, здруживме сили со Period. The Menstrual Movement Skopje кои изминатата година собираа приказни поврзани со првата менструација кои се достапни за читање на нивните мрежи, а дел од нив ги прикажуваме и преку видео форма. Она што може да се извлече како шема, односно, колективна реалност од овие приказни, е фактот дека повеќето млади добиле информации поврзани со менструација откако веќе добиле за прв пат.

Бев меѓу првата во одделението што добија. Не знаев ни што е тоа. Отидов во тоалет еднаш и имаше крв.

Не добив никакви дополнителни информации, а во тоа време немав ниту интернет, ниту некој со кој се чувствував удобно да прашам што ова, всушност, значи.

Прво помислив дека имам добиено некој вирус, но ете излезе дека е прва менструација. Земав такси и се вратив дома, мајка ми ме научи како се користат производите за хигиена. Секогаш се прашувам зашто претходно не ме подготви на нешто такво, туку се молчеше сè до последен момент додека да се случи.

Страшниот недостаток од комуникација во оваа област е дополнително загрижувачкa ако се погледне од родова призма. Речиси по правило мајките (или други женски лица од фамилијата) се тие кои треба да ги „едуцираат“ ќерките за менструацијата, додека другите/машките членови од семејствата се целосно изоставени од овој наратив.

Помислив дека имам внатрешно крварење и дека умирам. Изгубена во просторот и времето само знаев дека некако требаше да стигне таа информација до мајка ми aka медицинската сестра која сигурно знае што да се прави. Ги наполнив гаќите со тоалет хартија (можеби и цела ја потрошив) и со надеж за помош се упатив кон нејзе.

Се преплашив и отидов кај мајка ми, таа ми објасни, иако не бевме сигурни дали е тоа, зошто имав само 11 години. Покасно не сакав да се помирам со тоа.

Се јавив кај мајка ми и морам да и се заблагодарам на нејзината директорка која ја пушти да дојди. Таа дојде ми донесе санитарни влошки и ми покажа како убаво да ја наместам. Можда дента додека бев на школо 5 пати и ѕвонав да ја препрашам за да бидам сигурна. Мислев дека бев спремна , но изгледа беше повеќе теоретски него во практика.

Првите неколку месеци срам ми беше од шушкањето на улошките кога се отвораат и толку полека правев сѐ во тоалет – процесот на менување улошка траеше по 15 мин.

 

Овој конзервативен став кон телесноста, сексуалноста и репродуктивниот систем има пошироки и далекусежни последици по живoтот и здравјето на младите, отколку единствено недостаток на информации. Да, дури и да не се баш подготвени за процесот, девојките сами ќе успеат да научат како се користат меснтруални продукти. Меѓутоа, доколку ниту во домот, ниту во училиштето темата не е застапена, од каде ќе добијат информации што значи оваа голема промена и на кои начини може да се манифестира? Кој ќе им ги разбие митовите за што сè не смее да се прави за време на менструација? Кој ќе им објасни дека првата менструација не значи сексуална зрелост? Кој всушност ќе им го објасни тоа и на момчињата? Како ќе побараат пари за менструални продукти ако е срамота да се изговори зборот во домот? Финално, како ќе градиме политики и општества кои не го обележуваат телото со срам, доколку менструациајта е притисната во приватното и сè уште гледана како „женско прашање“?

И додека можеби звучи како пренесувањето на ваков тип на информации од мајките на ќерките е „најприродната“ опција, ова е и најлесниот начин за одржување на статус квото по ова прашање. A во овој случај, статус квото подразбира грешни информации, митови, криење, трауми, исмевање, отфрлање на прашањето од јавниот дискурс, како и маргинализирање на лицата кои не се цис-родови.

Преку овој традиционален модел на младите им се испраќа порака дека за своето тело не треба да комуницираат со членови од семејството од „спротивниот пол“, што е проблематично и може многу деца да ги остави сами во овој период на тектонски промени. Дополнително, на овој начин се врши непотребна и прерана сексуализација на телата на младите девојки, а транс момчињата и небинарните млади, се целосно изоставени од овие наративи.

Молкот околу менструацијата, меѓудругото, води и до менструална сиромаштија, која традиционално се разбира како недостапност на средства за менструална хигиена, тоалети со несоодветни услови за одржување на менструална хигиена на работно место или во образовна институција, и како таква се поврзува со земји во развој. Сепак, со популаризирањето на оваа тема и концепт во последните години и самото значење на овој термин е проширено кон недостаток на информации и едукација за менструалниот циклус, како и недостаток на политики за неоданочување на средствата за хигиена и политики за боледување за време на менструација, како процеси за кои допрва треба да се застапува кај нас.

Или, како што пишува Ангелина Цветковска во својот текст за менструалната сиромаштија, „табуата и стигмата околу менструацијата не дозволуваат за овие проблеми да се зборува отворено и искрено, со што се потценува сериозноста на проблемот и се игнорира улогата на институциите. Кога менстурацијата се третира како нешто непријатно или тајно, се смета дека и решенијата на проблемите кои ги креира менструалната сиромаштија треба да бидат лични и скришни. Стигматизацијата води до тоа менструалната сиромаштија да не стане тема на разговор во нашите институции. А јасни решенија постојат, како и бројни позитивни примери од други држави.“

Менструацијата е телесен, приватен и интимен процес, но стигмата, срамот и сиромаштијата се прашања кои мора да се адресираат јавно. Прибирањето и споделување на различните приказни и искуствата поврзани со првата менструацијата како што тоа го прават Period., како и сите останати активности кои ги спороведуваат во борба со менструалниот молк имаат неколку силни страни. Од една страна, колку темата е подостапна во јавноста, толку повеќе се нормалзира и излегува од доменот на срамот. Од друга страна, со овие процеси се уважуваат многубројните трауми на девојките кои во главно се должат на очајниот недостаток на информации и податоци од ова поле.

Сепак, колку и да се важни овие помествања во јавниот дискурс, потребно е систематизирано и демократско споделување на знаење за нашата телесност. Менструацијата е биолошки, но и социјален процес, кој мора да дестигматизира и демистифицира. Воведувањето на сеопфатно сексуално образование е еден важен чекор во тој процес, а и кон бришење на родовиот вакуум во кој се случуваат овие разговори. Со колку повеќе и поточни информации за нашите тела располагаме, толку послободно живееме и имаме простор да се прифатиме и сакаме. Дури и кога крвариме.

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • July 15, 2021
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Жените во политиката во ранливи средини:Интервју со Рошика Део
Вистинската солидарност се јавува меѓу жените кои ја формираат заедницата, и тоа жените од кои најмалку ја очекувате. Важно е да се потроши време за градење на солидарност, бидејќи кога жената се кандидира на избори, без разлика дали победува или не, таа и олеснува на следната жена која ќе се појави.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женското лице на војната и историјата
Кон романот „Војната нема женско лице“ од Светлана Алексиевич
  • Од Радица Стојановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија
Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
МВР ме прави огрочена и лута
Полицијата никогаш во минатото не била клучна во оваа борба, па баш затоа е тешко да се замисли дека некогаш во иднината би можела да биде
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Дали за Доналд Трамп конечно заврши шоуто?
Знаеме дека Трамп ќе се обиде да стори сé за да остане на власт, да ја избегне таа крајна катастрофа во животот - да стане „губитник“
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (втор дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на тројца млади луѓе од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Згодна маратонка го истрча полумаратонот по гаќички“. Tоа што освои прво место е второ.
Родовите норми и стереотипи се овековечуваат и зајакнуваат преку неурамнотеженото и патријархално медиумско претставување на жените и мажите во спортот.
  • Од Ангела Рајчевска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Косовските демонстранти бараат да се преземе акција по силувањето на 11-годишното девојче
Според Мрежата на жени во Косово, над 70% од случаите на сексуални напади и силувања во земјата се врз малолетни девојчиња.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нашиот пат – 25 женски приказни од историјата
Тииит!Инк. ве поканува на промоцијата на публикацијата „Нашиот пат - 25 женски приказни од истроиајта“,  во петок (01.10), во кафе-книжарницата „Буква“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Can we concentrate? – Кратка размисла за изборот и егзистенцијата кон Танц на раце без наслов од boychild
„Денес немам никаква желба. Освен можеби да молчам и да ја гледам, во тишината да ја остварам сета важност на оваа необична случка: присутноста на Ани, тука спроти мене.“ ― Жан-Пол Сартр, Тегобност, 210
  • Од Мања Величковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Од мое гледиште – обука за критичко феминистичко пишување на Прво па женско#9
Ги очекуваме вашите апликации до 28 мај
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Тие се бомби“: Машкиот поглед и борбата против родово базираното насилство
Хероините во центарот на приказната како да се таму само за да им се случуваат непријатни нешта, по што се турнати на маргините на филмското дејство, без многу анализа на нивните страдања.
  • Од Јована Ѓорѓиовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Every body is a beach body
Заеби кој што ќе каже или како ќе те погледне. 40 степени е, облечи бикини, шорцеви или кратко фустанче, ок е.
  • Од Кика Авеиро
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Оклопни возила за спречување на семејно насилство
Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата.
  • Од Џејлан Велиу
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Деветтиот по ред Викенд на гордоста Скопје ќе се одржи во периодот од 2-9 јуни, во Музејот на современа уметност, КСП ЈАДРО и кафе барот Шортбас.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.
  • Од Ангелина Станојоска
  • ФЕМ 101
Глорија Стајнем: Вистината ќе те ослободи, но прво ќе те напне!
Брилијантноста на ова дело е што може да допре буквално до секого – начинот на кој Стајнем твори е непроценлив, а игривоста и хуморот во нејзините реченици влеваат некое чудно чувство на надеж дека и покрај тоа што борбата е тешка и долга, сепак не сме сами.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За митот „сама си го барала“
Насилството и непостапувањето како механизми за „покажување“ на местото на жената.
  • Од Дијана Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Абортус на слободата на избор под светото начело „за живот“
Десничарските конзервативни партии и во Европа и во САД имаат слични политички аспирации во насока на забрана на абортусот
  • Од Марта Стевковска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родителската поддршка: мост помеѓу хетеро и квир луѓето
За тоа колку јавната поддршка од родителите на квир деца е истовремено контроверзна, субверзивна и неизмерно потребна сведочат реакциите и вниманието кое го доби жената која држеше транспарент „Горда мајка!“ на Парадата на гордоста во Скопје во 2019.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Библиотеките како простор и за квир заедниците
Каква е праксата во клучните светски библиотеки со кои соработува НУБ и зошто библиотеките треба да бидат сигурен простор за ранливите млади луѓе.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Фемицидот и државата
Годините минуваат брзо, бројот на жртвите расте, а институциите упорно одбиваат соодветно да го препознаат фемицидот како кривично дело.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Феминизам, Јас и Ти
или што мислам кога велам дека сум феминист/ка?
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колку е безбеден јавниот простор за жените?
Поради чувството на небезбедност жените се принудени да трошат повеќе време да стигнат до посакуваната дестинација или да потрошат повеќе пари, доколку од страв да пешачат сами, решат да стигнат до посакуваната дестинација со автобус или такси, иако автобусите и такси возилата се исто така места каде што повторно жената може да искуси некаква форма на родово-базирано насилство.
  • Од Марија Ангеловска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ова не е трка, туку обид да се подигне свеста и да се поддржат жртвите на сексуално насилство
Клер Мекфарлен го избира спортот како начин да се исчекори кон промена, зашто тој ги обединува и поврзува луѓето. Но, и поради тоа што смета дека спортот е важен за физичкото и емоционално зацелување на тие кои преживеале насилство.
  • Од Павлина Симоноска
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Денес не се срамам и плашам да кажам: „Јас преживеав семејно насилство.“
Си заминав без ништо, само со еден пар облека и ќерка ми во рацете и зад мене оставив буквално сѐ што создадов како вредност во периодот додека бевме заедно
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Чувајќи ја Франка: Работа околу нега и грижа за време на Корона
Добивањето нега не би требало да биде само луксуз за богатите и повремен комфорт за средната класа, туку пристапна до сите деца и родители. Истовремено, работниците на грижа и нега би требало да се ценети и, се разбира, добро платени.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фактот што не знаеме доволно за матката ни штети на сите нас
Очајно е потребно да станеме подобри во разговарање за репродукција на искрен и отворен начин. Затоа што ако одбраната на вашата позиција бара да се потпрете на невистини, тогаш можеби треба да се запрашате дали воопшто се работи за одбрана.
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram