Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за геј изобилството: како ТВ индустријата продава современа квир елита
Дали поголемиот диверзитет и вклучувањето на квир ликови во новите верзии на „Озборувачка“ и продолжението на „Сексот и градот“ се знак за напредок или пропаганда за (не)постоењето на современа квир елита?

Од промото за новата верзија на „Озборувачка“ (Gossip Girl), јасно е дека во серијата нема да изостане наклонетоста кон сексуални интриги по кои е позната и дека таа го исполнува ветувањето на извршниот продуцент и сценарист Џошуа Сафран (Joshua Safran) за тоа дека овојпат ќе видиме поголем диверзитет и дека самата серија ќе биде „екстремно квир“. Во меѓувреме, од And Just Like That, продолжението на „Сексот и градот“, ја потврдија улогата на Сара Рамирез (Sara Ramírez) како Џе Диаз, „небинарна, квир стендап комичарка… чија скандалозна смисла за хумор и прогресивен, човечки преглед на родовите улоги ја имаат направено славна неа и нејзиниот подкаст“. 

Целта на новите одлуки за бирање актер(к)и е да ја преоблечат сеприсутната бела хетеросексуалност на двете серии. Освен кратката тројка во која учествуваше Хилари Даф, во оргиналната верзија на „Озборувачка“ беше прикажана само квир сексуалноста на Ерик ван дер Вудсен (Connor Paolo), проследена со борба и траума.

Од друга страна, иако во „Сексот и градот“ имаше неколку јавно отворени геј ликови, како Стенфорд Блеч (Willie Garson) и Ентони Марентино (Mario Cantone), нашите четири протагонистки—Кери (Sarah Jessica Parker), Шарлот (Kristin Davis), Миранда (Cynthia Nixon), и Саманта (Kim Cattrall)—беа отсечно казнети само при помислата воопшто да застранат од хетеросексуалноста. 

Кога Саманта, најактивната и сексуално-позитивна протагонистка во шоуто, почна да се гледа со уметницата лезбејка Марија (Sônia Braga), нејзините пријателки беа шокирани и безобѕирни. „Она не е лезбејка; сигурно ѝ снемало мажи!“, се огласува Шарлот, чиј што флерт со моќна лезбејска клика беше прикажан како директен одговор на нејзиното разочарување од мажите во Њујоршкиот „базен“ на слободни мажи. Кери, сомнително успешна колумнистка за секс, смета дека да се гледаш со бисексуален маж е премногу конфузно и емотивно неиздржливо за неа и нејзиниот сензибилитет. „Алчно дупло брцање“, заклучува Миранда, која еднаш глумеше дека е геј за да ја воодушеви нејзината шефица за време на партија бејзбол.

Оттука, има смисла зашто двете серии сакаат да ги обноват своите политики и да застанат на линија со прогресивниот zeitgeist (дух на времето) кој бара рамноправна и соодветна репрезентација и кој го слави дистанцирањето од белата хомогеност. Понатаму, дополнително прави смисла да се постават не-белите и квир субјектите на Њујоршката позадина; сепак се работи за град кој е познат по својот огромен диверзитет и кој е обоен во квир историјата и организирањето. 

Но дали оваа репрезентација е рамноправна? Дали треба да бидеме внимателни додека „Озборувачка“ и „Сексот и градот“ се обидуваат да отворат пат за една нова квир елита? Без разлика дали се работи за скалите на Метрополитен на Апер Ист Сајд или отварањето на ново бистро во Вест Вилиџ, наративите на овие две серии се целосно врамени во величењето на горната средна класа. Тие се „маринирани“ во екстраваганција и изобилие, каде високата мода, помпезните настани и ексклузивноста се главните обележја на успехот (иако мора да се признае дека во двете серии имаме ликови кои се сметаат за приземјени). Оваа маринада навидум целосно се вклопува во доминантната слика за квир животите.

„Една од највкоренетите слики кои јавноста ги има за ЛГБТ лицата е токму нивниот космополитски, претенциозен стил на живеење“, напиша Нејтан Мекдермот (Nathan McDermott) во 2014 во статија за Altantic. Но тоа е скроена вистина која ги отфрла вистинските животни искуства на квир Американците. „Како и повеќето стереотипи, митот за геј изобилството е едно големо преувеличување,“ пишува Мекдермот. „Во реалноста, геј Американците се соочуваат со диспропорционално поголеми економски предизвици во споредба со нивните стрејт сограѓани“.

Во ТВ индустријата сè уште недостасуваат автентични репрезентативни наративи кои успеѓно ќе ја доловат интерсекцијата помеѓу квир и класната припадност. Митот за геј изобилството, како што е прикажан од Мекдермот, создава тропи кои погрешно ја прикажуваат економската сигурност и успехот на нашите квир заедници. Иако изгледа охрабрувачки да видиме високо успешни квир лица на екранот, ваквото прикажување нема никаков ефект врз статистиките кои покажуваат дека еден од четири квир Американци се соочува со ограничен пристап до храна и дека квир младината сочинува дури 40% од бездомната млада популација.

Но, и покрај овие алармантни бројки, сè уште ни сервираат наративи во кои сиромашните средини и средините на работничката класа се средишта на омраза, насилство и конзерватизам. Видео спотот на Тејлор Свифт од 2019 за You Need to Calm Down нуди една визуелна артикулација на овој сентимент. Продуцирана како ода на ЛГБТК+ заедницата и кампања за Законот за еднаквост, во видеото Свифт се наоѓа во шарен камп за приколки опкружена со хор кој е главно составен од квир ѕвезди (RuPaul, Ellen DeGeneres, Adam Lambert, Laverne Cox). Тензијата во видеото доаѓа од демонстрацијата на група хомофоби, стереотипно прикажани како необразовани, запуштени „реднеци“. Видеото „ја конструира својата визија за ЛГБТК+ Прајдот преку посрамотување на сиромашните. Оваа тактика ги обесчестува корените на Прајдот во бунтовите во Стоунвол, водени пред половина век токму од сиромашните и квир лицата од работничката класа“, образложува проф. Надин Хабс (Nadine Hubbs) во текст за Frieze. „[Визијата е] проектирана врз стереотипот за реднекот трансфоб/хомофоб—фигура која е доста присутна во културата и е прикажана како смртоносна во филмовите Boys Don’t Cry (1999) и Brokeback Mountain (2005)“.

Преовладувањето и повторувањето на овој наратив може да го доведе во опасност начинот на кој квир лицата навигираат низ просторот и нивните идентитети. Најпрво, ја лоцира настраноста во простори кои се или недостапни или елитистички (како што се универзитетите или метрополите) и создава непотребна дихотомија гледано низ призмата на прогресивните политики. Лесно е да се создаде имагинарен свет во кој руралните градови се конзервативни и полни со омраза и притоа да се игнорира фактот дека богатите елити (Доналд Трамп, Џ. К. Роулинг, Кејтлин Џенер) разгоруваат политички агенди кои се вистинска закана за ранливите квир заедници. Второ, ја ограничува и изобличува репрезентацијата на сиромашните квир лица и оние кои се дел од работничката класа. Најпосле, ја задушува нашата способноста да создадеме класна свесност и да изградиме солидарност со сиромашните и луѓето од работничката класа.

Наместо тоа, текот на денешната квир репрезентација е диктиран од мејнстрим преокупираноста со изобилието и елитизмот, продавајќи ни еден американски сон на зајадлива чесност, неограничен потрошувачки потенцијал и новооткриена близина до државниот систем преку акумулирање на моќ и богатство—драстично оддалечување од радикалните девијантни квир лица од 70-тите и 80-тите. „Озборувачка“ и „Сексот и градот“ можат слободно да ја збогатат својата актерска екипа со ликови наменети за публиката од пост-2020-тите, нивниот наративен склоп ќе остане ист; хиерархијата и исклучувањето ги градат и одржуваат екстраваганцијата и елитизмот—логиката на белата надмоќност—која продолжува да ги диктира социјалните неправди во Њујорк и пошироко. По една ваква година во која КОВИД-от ги разоткри расните и класни разлики кои се сошиени во наметката на нашите политички и економски системи, каков ефект има тоа што телевизијата продолжува да ги величи елитите? Џошуа Сафран вети дека новата верзија на „Озборувачка“ ќе се осврне на привилегираноста на храбри и нови начини, па останува времето да покаже како овие две серии ќе се справат со преклопувањата на расата, сексуалноста и класата. Но во време кога Прајд се претвори од протест во парада, а корпоративната кооптација го омекна и испра колективното реагирање на заедницата, се чини дека квир успешно се позиционира како највозбудливата маркетинг стратегија. Дали овој богат нов бран на сексуална слобода сигнализира револуција или асимилација? Не можам да се воздржам, а да не се запрашам: Дали подемот на квир елитата е знак за прогрес или пропаганда?

Извор: Bitch Media

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • September 23, 2021
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пофалба на глупоста II
(Мет Волш, „Што е тоа жена?“, и вистината) 
  • Од Каи Гладкова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали Академијата мисли дека филмот Little Women се режираше сам?
Време е да се фрлат номинациите за Оскар оваа година директно во оган.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Dykes on Bikes: Кратка историја
Зошто Dykes on Bikes поворката е клучен дел од ЛГБТК+ протестите и маршовите ширум светот?
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизмот и сексуалната работа
„Јас сум сексуална работничка, доброволно ја избрав оваа професија, ги заслужувам сите права како и било која друга жена!”
  • Од Елеонора Чичевска и Маргарита Глигуроска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Steam Room: Вечерва ќе оствариме многу желби
Како дел од Скопскиот викенд на гордоста, вечерва ќе го проследиме настапот dragON forever, третиот дел од трилогијата dragON.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто сѐ уште ни треба Парадата на гордоста?
Парадата е симбол на политичката борбата за еднакви права и социјално прифаќање на ЛГБТ лицата и ослободување од стегите на патријархалните норми.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Борбата за права на текстилните работнички е борба за македонската жена
Разбирањето и емпатијата се основните двигатели на секоја промена.
  • Од Марија Бошковска
  • MЕДУЗА TV, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сексуалните малцинства, родот и медиумите
Медиумските дискурси не се огледало, туку активни креатори на нашата реалност.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зрачни и во полн цут: монструозното-женско во филмот „Мидсомар“
Родова перспектива на ликот на Дени во филмот „Мидсомар“.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Од мое гледиште – обука за критичко феминистичко пишување на Прво па женско#9
Ги очекуваме вашите апликации до 28 мај
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Секоја промена започнува со љубов кон себе и своето тело: Интервју со Елисавета Димовска
За секој напредок кој сум го имала во сила или градење мускулна маса сум добила коментар – доволно ти е, немој повеќе. Сум се запрашувала, дали иста реакција би добил и маж на мое место?
  • Од Бисера Илкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Низ уметничките соработки ги преобликуваме начините на тоа како (можеме да) живееме заедно
Интервју со кореографката и изведувачка Викторија Илиоска по повод премиерата на нејзиниот нов танцов перформанс „Ми треба ново тело“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Во фокус: Сачин Литлфедер
„Треба да ја задржиме нашата смисла за хумор во секое време. Тоа е нашиот метод за преживување.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фестивал на менструација
Надминувањето на менструалната сиромаштија значи да се препознае нееднаквоста и за тоа да се зборува јавно.
  • Од Ангела Бошкоска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Марко и Елена
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Водич за Трејси Емин, ‘enfant terrible’ на британската уметност: Прв дел
Трејси Емин e дел од изложбата Родови перцепции во Музејот на современата уметност - Скопје. Прочитајте сè за оваа легендарна уметница и погледнете ја изложбата во МСУ каде се изложeни 39 современи уметнички дела од 25 жени.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Подмолното прваче
Подмолното прваче наводно сака да научи за феминизмот, родовата нееднаквост и патријахатот, но сите информации сака да му бидат уредно сервирани и со питок јазик
  • Од Елена Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Моника Стојановска: Пишувам отворено, сонливо и искрено
Може да кажам дека моите песни се една (за мене) потребна, но за жал погрешна психоанализа на другиот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нашиот пат – 25 женски приказни од историјата
Тииит!Инк. ве поканува на промоцијата на публикацијата „Нашиот пат - 25 женски приказни од истроиајта“,  во петок (01.10), во кафе-книжарницата „Буква“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Време е да се збогуваме со стигмата на разводот
Практикување феминистичката слобода во ригидни средини.
  • Од Ивана Настева
  • ФЕМ 101
Целосната еманципација на жената било неотстварено ветување во социјалистичкиот контекст
Интервју на Славенка Дракулиќ со унгарската научничка која напиша книга за феминизмот во Југославија
  • Од Коалиција Маргини
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА
Песна на годината: Anna Wintour од Azealia Banks
Нашата омилена вештерка е веројатно првата која најумешно го подготвува и развива рецептот за вистинската форма и пропорција на најделикатесниот микс на хаус и хип-хоп.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Што е нормално?
Најлошата услуга која си ја правиме себеси е да се ограничиме на она што било и она што досега сме можеле да го видиме и осознаеме.
  • Од Билјана Кочоска
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Will you tell them?” Промоција на книга и изложба на Јован Јосифовски
Изложбата е составена од творби и книга кои се продукт на повеќемесечно истражување и работа на авторот во соработка со PrivatePrint студиото.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Перформативната уметност те носи на емотивно возење со луда железница: Интервју со Нао Бустаманте
Она што особено ми се допаѓа кај перформативната уметност е непосредната размена со публиката која се менува во истиот момент додека се создава.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • КВИР, ФЕМ 101
@Skopje Queer Youth
Ново онлајн едукативно место за квир теми <3
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Дали знаеш?
Видео кампањата за подигање на јавната свест за превенција, заштита и намалување на дискриминација врз жената.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram