Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.

„Слатки денови на дисциплина“ (“Sweet days of discipline”, New Haven, 2018) e полуавтобиографско дело на Флор Жеги (Fleur Jaeggy) во кое пишува за годините поминати во интернат за девојчиња. Делото е збир од меланхолични сеќавања за животот во Институтот Бауслер во повоената Швајцарија и опсесијата на четиринаесетгодишната нараторка да ја освои совршената нова девојка во институтот – Фредерик. Нараторката се потсетува на најранливите години од својот живот, кога далеку од своите родители, расте во атмосфера на летаргија и хипнотизирачка покорност. „Интернат е како харем,“ се потсетува кога ги опишува комплексните врски помеѓу женските ликови, затворени во простор на постојан надзор и дисциплина. Во институтот, каде идентитетот на ученичките е обликуван од ладната тишина и некажано од една страна и нареденото, од друга, нараторката портетира галерија на осамени млади девојки и нивниот копнеж за лична слобода.

„Секогаш си мислев дека можам да ги измамам, дека нивната моќ е привремена“ е идејата на раскажувачката – непослушната девојка. Неуморните обиди да го прелаже авторитетот и неуспехот да креира генеричен лик на покорна ученичка ја прават недисциплираната девојка во институтот. Учи француски, германски и култура, но, како што нагласува таа, воопшто не учи; омилен дел од денот и се утринските прошетки во природа барајќи самотија додека му завидува на светот.

„Послушноста и дисциплината го диктираа темпотото во Институтот Бауслер. Од ден на ден, Фредерик даваше добар пример. Расеани, некоја од нас можеби ќе заборавеше да ја поздрави директорката кога ќе се разминевме со неа во ходникот. Дури и во авторитарен режим некому е дозволено да се изгуби во мислите. Фредерик, која се чинеше дека постојано се губи во мислите, ниту еднаш не пропушти да ја поздрави директорката. ”

Како контраст на ликот на раскажувачката, недисциплираната девојка, (воедно и нејзин копнеж) се појавува ликот на Фредерик: девојка толку совршена што пред нејзината елеганција, послушност и самодисциплина трепери дури и самиот авторитет во интернатот. Оваа надчовечка дисциплина ја опседнува недисциплираната девојка. Ја набљудува, проучува и ја имитира како начин да се дисциплинира самата себе, да биде Фредерик, но и да ја освои. Откако ќе ја запознае подобро ќе открие дека нејзината дисциплина е фасада. Всушност, храбрите и слободоумни идеи и тајни што се кријат под совршената персона ја прават интригантна. Кога Фредерик ќе каже дека идеите се сила, таа мисли на одреден отпор против авторитетот и обид да го зачува своето себство.

„Во училиште – иако мислам дека веќе се подразбира – таа беше најдобра во сè. Таа веќе знаеше сè, од генерациите што доаѓаа пред неа. Таа имаше нешто што другите го немаа; сè што можев да сторам е да го оправдам нејзиниот талент како подарок пренесен од мртвите “.

Овој цитат го потврдува стравот од добрите, послушни девојки. Се работи за веќе добро позната нарација што сме ја научиле од филмовите и книжевноста (па, и во нашата култура кога ќе се каже: „многу арно не е на арно“), а тоа е дека под маската на дисциплираната девојка секогаш се крие нешто мрачно и непознато, нешто изопачено, дури и нечовечко. Загадочно „нешто“ кое го препознаваме во музиката и текстовите на Лана дел Реј (Lana Del Rey) или Били Ајлиш (Billie Eilish). Во последните неколку години тие го даваат својот глас на „лошите девојки“ кои во филмот и во книжевноста завршуваат неславно или умираат. Кога тие пеат: „I’m that bad type“ или „I’m the board, the lightning, the thunder, kind of girl who’s gonna make you wonder“ ја преземаат контролата и создаваат своја нарација за себе. Албумот „Born to Die“ предизвика контроверзност кога Лана Дел Реј ја опеваше „изопачената Лолита“ – убава, млада, но опасна и хаотична. Преку нивната музика, Лана Дел Реј и Били Ајлиш, ги потврдуваат најголемите стравови на културата: девојките можат да бидат нестабилни и непредвидливи и во секој момент да ја вознемират патријахалната средина.

Впрочем, нивните стихови се одмазда. Особено ако се земе предвид текстот на Мунира Мун Чаранија (Munira Moon Charania) која истражувајќи ја реториката на идентитетот и дисциплината во училиштата за девојки, почнувајќи од самите брошури на институциите со слики од девојчиња облечени во кратки здолништа и високи чорапи, ќе го опише адолесценското тело како хиперсимболичен палимстест на западното општеството: приватно посакувано, а јавно игнорирано, тело хиперсензитивно на кое му се придава хипербезначајнoст. Иако во нашите простори не постојат интернати за девојчиња, сепак уште од најрана возраст се инсистира да се „стави детето на своето место,“ и на неговото тело да се испишат траумите и лудоста на малограѓанската средина, најчесто преку будење срам и зазор од себе. Па така, една од наредбите со кои се врши дисциплинирање од авторитетите кон девојките е: „не се однесувај како машко“ или „не биди девојче“ кон момчињата.

Заедничкото кај недисциплираната девојка, нараторката, и дисциплираната, Фредерик, е актот на имитацијата. Ако „казнуваната“ ја имитира „наградуваната“ и „признаената“ за да стекне чувство на вредност, послушната девојка, Фредерик, го имитира авторитетот. И на овој начин, совршената девојка со мрачна тајна го задава последниот удар на режимот, затоа што нејзината имитација не е ласкање, туку цинично криење и систем да се зачува личната слобода. Организираноста и дисциплината на Фредерик се заговор, систем да се прележе авторитетот:
„Таа беше организирана, Фредерике, таа беше опсесивно уредна, како нејзините книги за вежби, како нејзиниот ракопис, како нејзините плакари. Бев убедена дека тоа ѝ е стратегија за да не привлекува внимание, да се крие, да не се меша со другите или едноставно да се држи на дистанца.“

Ако митот за совршено дисциплираната девојка е лага, односно совршена девојка не постои, тогаш кој ја измислил? Чија измислица е Фредерик? Најверојатно е да се претпостави дека таа доаѓа од фантазијата на авторитетите, а подоцна и од фантазијата на пазарот, односно, совршената и дисциплираната девојка како рекламен материјал кој продава преку предизвикување завист кај недисциплираните/несовршените.

Па така, ова дело целосно го испитува митот за (не)дисциплинираната девојки и потрврдува дека во целата оваа размена на лаги, најлажна е покороноста на дисциплираната девојка.

НАПИШАНО ОД:
  • Кристина Атанасова
  • October 5, 2020
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со свој камен поглава
Кратка приказна за потрагата по здравствен систем во време на пандемија.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што се случува со жените во отсуство на медиумски тропи?
Дали отсуството или отфрлањето на тропите служи само за да воведе нова? Кои сме ние без оковите на нашиот угнетувач?
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога личното станува теоретско: кон романот ,,Аргонаутите” на Маги Нелсон
Аргонаутите (The Argonauts, 2015) е последниот роман на американската писателка и професорка Маги Нелсон, позната по нејзините жанровски експерименти.
  • Од Душица Лазова
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мизогинијата упатена кон убавите жени
Кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Пишував за безизлезноста како лично одредиште: Интервју со Румена Бужаровска
Со Румена разговаравме за опсесијата да се избега од Македонија, зависта и недостатокот на лична одговорност, како централни теми во нејзината нова збирка „Не одам никаде“. Ја искористивме можноста и да дознаеме повеќе за нејзиниот неодамнешен престој во САД, развојот на ПичПрич во 2018 и нормално, феминизмот. Разговорот го водеше Калиа Димитрова.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кондоми – инструменти за игри на моќ
Стелтинг и отпорноста кон користење кондоми кај хетеросексуалните мажи
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Наталија Станојевиќ
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспешната родова транзиција во Кожата во која живеам на Педро Алмодовар (La piel que habito, Pedro Almodóvar)
Ако ја боли, ќе си трпи.
  • Од Анастасија Марковска
  • Од Анастасија Марковска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Mислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Александрија Окасио-Кортез за победата на Бајден, загубата во Домовите и што следува за левицата
Окасио-Кортез ги отфрли неодамнешните критики од некои членови на Демократскиот дом кои ја обвинија левицата на партијата дека ги чинела неколку важни позиции. Некои од членовите што изгубија, рече таа, станале „седечки патки“.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Луњата
Хаосот е нештото од кое треба најмногу да стравуваме, но во последно време верувам дека е нештото што најмногу го сакаме.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на „Дијалози“
Во четврток ќе прославиме една година љубов, пријателство, и феминистичко пишување и дејствување.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Борбата за егзистенција на текстилните работнички
Па и овоа време-невреме, со оваа корона шо нè фати, со пусти страх идам на работа, од дека пари за живеачка, не па за лекови на болниот ми сопруг...Толку ми се плаче дури да се дерам на глас ама стиснам заби и ќутам.
  • Од Ена Бендевска
  • ФЕМ 101
Причините зад криминалното однесување на жените наспроти апсурдите во застарените македонски учебници
Реалниот живот покажува дека во голема мера кривичните дела на жените се поврзани токму со домот каде се случува насилство, постојат традиционални очекувања од жената и/или виктимизација.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од вон. проф. д-р Ангелина Станојоска
  • ФЕМ 101
„Јавна соба“ е кривично дело и мора да се санкционира
Најавените законски измени се позитивни, но задоцнети и не се неопходни за да се санкционираат сторителите на „Јавна соба“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нашите приказни се важни!
Денес, 17 Мај, Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија, интерсексфобија и трансфобија, го прославуваме со кампања под глобалното мото: „Да ја прекинеме тишината!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бил Бр е јак (yuck)
Сите знаеме дека на човек може да му ги познаеш ставовите токму преку вицовите. Хуморот е само одбрамбен систем на егото. Оправданието: тоа е само шега, не е ништо освен оправдување.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Водич за Трејси Емин, ‘enfant terrible’ на британската уметност: Прв дел
Трејси Емин e дел од изложбата Родови перцепции во Музејот на современата уметност - Скопје. Прочитајте сè за оваа легендарна уметница и погледнете ја изложбата во МСУ каде се изложeни 39 современи уметнички дела од 25 жени.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Информирај се – Трансформирај се
Неприфаќањето во општеството доаѓа од недоволна информираност, а помалку од омраза и одбивање.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Камала Харис не е феминистичка хероина
Потенцијалната победа на Харис можеби би било кршење на стаклениот плафон, но за жал, не би била вистинска феминистичка победа.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Јаз
Генерално спортот е преплавен со сексизам на сите нивоа, без разлика дали станува збор за час по физичко во училиште или професионално натпреварување. Спортот е само огледало на родовите стереотипи и нееднаквост, што ја подразбира и нееднаквоста во наградување на достигнувањата.
  • Од Бојана Јовановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Цената на водењето политика во услови на шовинистички менталитет
Oд вкупно 660 избрани градоначалници во период од 25 години и седум круга локални избори, само 18 се жени.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Симона Србиновска
  • ФЕМ 101
Кога жена ќе се осмели да возврати на машката суровост
Наелектризираниот говор го отелотвори гласот на искуствата, фрустрациите и гневот на милиони жени и мажи чии денови, животи и реалности биле обликувани од честопати навредливи, понекогаш вулгарни изрази на патријархална моќ.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за геј изобилството: како ТВ индустријата продава современа квир елита
Дали поголемиот диверзитет и вклучувањето на квир ликови во новите верзии на „Озборувачка“ и продолжението на „Сексот и градот“ се знак за напредок или пропаганда за (не)постоењето на современа квир елита?
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Перформативната уметност те носи на емотивно возење со луда железница: Интервју со Нао Бустаманте
Она што особено ми се допаѓа кај перформативната уметност е непосредната размена со публиката која се менува во истиот момент додека се создава.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Анусот како критички пункт за ново читање на стварноста одзади
Кон танцовиот перформанс „Силата на С“ од Алексадар Георгиев – Аце.
  • Од Мања Величковска
  • ФЕМ 101
Полошо од ништо: Како МВР соучествува во родово базирано насилство
Кога станува збор за родово базирано насилство, има посебен вид на овозможување, поттикнување и нереагирање од страна на полицијата.
  • Од Сара Миленковска
  • Од Сара Миленковска и Љупка Трајановска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
*WAP* на најјако
Или зошто за многу луѓе влажна вагина значи опасна вагина
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче!
Од жените се очекува да се плашат. Ги учиме девојчињата да бидат срамежливи, плашливи, внимателни, наместо храбри и љубопитни. Ги учиме дека нивните тела се ранливи и им го всадуваме стравот од повредување со што им ја намалуваме довербата во нивните сопствени тела.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Мора да зборуваме за полициската бруталност
Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи,
  • Од Елена Гаговска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram