Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Mитот за убавите заспани девојки
Нараторката донесува одлука да преспие една година од својот живот со помош на седативи и антидепресиви. Таа го замислува овој проект како една хибернација, одмор од секојдневните анксиозности и случувања.

Во „Мојата година за одмор и релаксација“ (My Year of Rest and Relaxation, Penguin Press, 2018), дело на американската писателка Отеса Мошфех (Ottessa Moshfegh), неименувата нараторка донесува одлука да преспие една година од својот живот со помош на седативи и антидепресиви. Таа го замислува овој проект како една хибернација, одмор од секојдневните анксиозности и случувања. Продолжениот сон е начин на отуѓување од сè што ја опкружува и вознемирува: мислите за своите починати родители, бесполезните пријателства и депресивниот социјален живот, работата во уметничката галерија и врската со Тревор. Oваа хибернација е нејзина реакција на едно општество кое никогаш не спие – Њујорк во почетокот на новиот милениум. Сакајќи да ја успие апатијата што ја чувствува за градот, град што таа го смета за површно место создадено по капиталистички убедувања, со медиокритетска културна сцена и егоцентрични граѓани – се затвора во својот стан на „Upper East Side“ и ја започнува својата година за спиење. Нејзината цел е да биде колку што е можно помалку будна во текот на денот и да го ограничи својот живот на јадење, спиење и гледање филмови.

Нараторката е привилигирана жена на дваесет и четири години, со диплома од „Колумбија“ и со богато наследство оставено од родителите. Себеси се опишува како висока, слаба, русокоса, убава и млада. Иако е свесна за своите привилегии, таа чувствува дека животот е тежок, а реалноста депресивна. Сонот и летаргијата, за неа, претставуваат разумно решение за бегство од своите мисли и чувства:

„Единствените вести што можев да ги читам се оние со сензационалистичките наслови на локалните дневни весници во трафиките. Само кратко ќе вперев поглед во нив додека плаќав за моето кафе. Буш против Гор за претседател. Некој битен умрел, киднапирано е дете, сенатор украл пари, познат атлетичар ја изневерувал неговата бремена жена. Се случуваа нешта во Њујорк – како и секогаш – но ништо не допираше до мене. Ова е убавината на спиењето – реалноста се оделуваше и се појавуваше во мојот ум како случајност, како филм или како сон.“

Рeва, нејзината најдобра другарка, е единствената што ја посетува помеѓу моментите на седатирање. Ликот на Рева е спротивен од „недопадливиот“ главен женски лик кој со својот циничен поглед кон светот шокира и провицира. За разлика од својата другарка која преку спиењето се обидува да се ослободи од сите дефинирања кое општеството ѝ ги наметнува, Рева живее според научени фрази и совети од книги за самопомош, за тоа како да се биде успешна и среќна жена. Таа е пример за продуктивна млада жена на новиот милениум – работничка во брокерска фирма, во врска со својот оженет шеф, во дизајнирана облека, со маникир и планови за викенд. Токсичниот позитивизам, како начин на справување, не ја прават Рева среќна, туку исцрпена, осамена и булимична.

Главниот лик бегајќи од конформизам и борба за статус, се откажува од рутините што модерното општество ѝ ги наметнува на жената: „Престанав да се чупам, престанав да се фарбам, престанав да се депилирам, престанав да си ја чешлам косата. Не правев хидратација и ексфолијација. Не се бричев.“ Но, под дејство на психоактивни супстанци, во сон, порачува долна облека од „Victoria’s Secret“ и резервира термини за депилација и спа третмани: „Изгледа, додека спиев, некој површен дел од мене почнал да цели кон живот на убавина и сексапил.“

Протагонистката овој проект го замислува како чин на трансформација, и чистење од претходните трауми и шанса за нов почеток. Нејзината крајна цел не е игноратност и одделување од реалноста, туку повторно раѓање и потреба за нова и чиста перцепција на стварноста.

На крај, спиењето ја поврзува со нејзината почината мајка, која во текот на нејзиниот живот ја доживува како ладна жена, мрзелива и бесполезна, препуштена на здодевниот живот во богатото предградие. Се сеќава дека љубовта и топлината на мајката ја чувствува единствено во моментите кога спијат заедно додека мајката е во алкохолизирана состојба или мамурна.

„Би можела да си измислам дека мајка ми одбиваше да работи по дома како своевидно феминистичко тврдење за нејзиното право на одмор, но всушност мислам дека таа одбиваше да готви и чисти, бидејќи сметаше дека со тоа може да се зацементира нејзиниот неуспех како кралица на убавината.“

Но, и начин за конечно да ја оплака својата мајка која последен пат ја гледа на болнички кревет во кома:
„Дури и со цевка низ грлото, машина залепена на лицето за да дише, таа сепак беше убава.“
Преку создавањето на лик на убава летаргична мајка и ќерка која сака да спие за да се разбуди, писателката креира опозиција: заспана мајка/разбудена ќерка. Со ова, писателката го свртува вниманието кон досегашното портретирање на „убавите заспани жени“ во литературата и кинематографијата, а чинот на успивање на жената го осмислува како креативен чин за преродба на жената.

Годината симболично завршува пред нападот на кулите-близначки во 2001 година. Преку ликот на разбудената жена, писателката портретира една нова генерација, која ако на почетокот на новиот милениум се исцрпуваше со нормите на капиталистичкото општество, сега се обидува да го ревизира и испита вредносниот систем на тоа општество.

НАПИШАНО ОД:
  • Кристина Атанасова
  • August 20, 2020
  • КУЛТУРА
Песна на годината: Anna Wintour од Azealia Banks
Нашата омилена вештерка е веројатно првата која најумешно го подготвува и развива рецептот за вистинската форма и пропорција на најделикатесниот микс на хаус и хип-хоп.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нов недискриминирачки закон за потпомогнато оплодување во Малта – Каде сме ние по ова прашање?
Во едно демократско општество кое се стреми кон целосна еднаквост и недискриминација, постоењето на вакви закони кои поставуваат дискриминирачки услови и кои некого исклучуваат од остварување на право е поразително и ја отсликува итната потреба од измени кон подобри законски решенија.
  • Од Јована Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Тие се бомби“: Машкиот поглед и борбата против родово базираното насилство
Хероините во центарот на приказната како да се таму само за да им се случуваат непријатни нешта, по што се турнати на маргините на филмското дејство, без многу анализа на нивните страдања.
  • Од Јована Ѓорѓиовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната жена од Медената земја
Пола за мене, пола за нив, повторува традиционалната пчеларка, додека медитативно им пее на пчелите.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Политиката на трудничкиот стил на Ријана
Кога ќе се вкрстат правото да имаш контрола врз сопственото тело и правото да се облекуваш онака како што сакаш.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Глад – Роксен Геј
Ова е мемоар на моето тело бидејќи, најчесто, приказните за телата како моето се запоставуваат, отфрлаат или исмеваат.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сајбер насилство: Безбедност и самоцензура
На кој начин да бидеме побезбедни во сајбер просторот? Дали ограничувањето на изразувањето и слободата се легитимни мерки на (само)заштита или пак претставуваат форма на (само)цензура? Дали и колку треба да сме внимателни што објавуваме и испраќаме? И финално, како да бараме соодтвена системска заштита, кога упорно гледаме како институциите потфрлаат во ова поле?
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Can we concentrate? – Кратка размисла за изборот и егзистенцијата кон Танц на раце без наслов од boychild
„Денес немам никаква желба. Освен можеби да молчам и да ја гледам, во тишината да ја остварам сета важност на оваа необична случка: присутноста на Ани, тука спроти мене.“ ― Жан-Пол Сартр, Тегобност, 210
  • Од Мања Величковска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
НЕ треба да значи НЕ! – „Нетипичните“ жртви на силување во Македонија не можат да го пријават и да го докажат делото
Кривично дело силување според Кривичниот законик во Македонија е само доколку е употребена физичка сила и закана врз жртвата од страна на сторителот и даден видлив отпор од страна на жртвата. Случаите во кои отсуствуваат овие два елемента, а сепак се работи за силување, се невидливи и непризнаени од нашите институции.
  • Од Марта Стевковска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пенси во Неапол или за: ведрата трагичност на расличностувањето
Излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси.
  • Од Вики Младенова
  • КВИР, ФЕМ 101
Кралиците кои создаваат кралици
Писмо на Миз Крекер која пишувајќи за нејзината релација со дрег-мајката, низ приказната за љубовта, пријателството, поддршката и растењето, доближува една перспектива за животот во дрег заедниците.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што се случува со жените во отсуство на медиумски тропи?
Дали отсуството или отфрлањето на тропите служи само за да воведе нова? Кои сме ние без оковите на нашиот угнетувач?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
So long 2019!
Со цел да ја затвориме оваа година, прашавме неколку од нашите авторки што е тоа по што ќе ја паметат изминатата година.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Борбата за егзистенција на текстилните работнички
Па и овоа време-невреме, со оваа корона шо нè фати, со пусти страх идам на работа, од дека пари за живеачка, не па за лекови на болниот ми сопруг...Толку ми се плаче дури да се дерам на глас ама стиснам заби и ќутам.
  • Од Ена Бендевска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Дво децениски разговор помеѓу мајка и ќерка: Интервју со Кристина Атанасова од Main days
Ташната не е само моден додаток кој тежи, виси или го носиме со себе, ташната е олицитворение на нашите животи и активности, како и обидот да ги балансираме.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Нашите животи се важни!
Нашата различност ни овозможи да развиеме мрежи на поддршка и безбедни простори во кои дел од нас можат да живеат слободно и достоинствено. Нашата маргинализација ни овозможи да се солидаризираме со сите обезправени заедници, а преку нашата борба да се залагаме за еманципација на целото општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд: Ослободувањето на квир заедницата значи ослободување на целото општество
Неколку дена во годината многу од нас можат да бидат најавтентичните верзии од себе си, но наскоро треба да се вратат кај нивните семејства и заедници каде што никој не знае за клучен дел од нивните животи. Е затоа ни треба Скопје Прајд.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Опасното користење на приватните сексуални наративи на жените против нив
Приватните сексуални наративи на жените се користат против нив, дури и по смртта.
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: ПРОМЕНА
Нашите авторки Анастасија Марковска, Елена Петрова и Благица Димитрова ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за геј изобилството: како ТВ индустријата продава современа квир елита
Дали поголемиот диверзитет и вклучувањето на квир ликови во новите верзии на „Озборувачка“ и продолжението на „Сексот и градот“ се знак за напредок или пропаганда за (не)постоењето на современа квир елита?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали „Еуфорија“ навистина го идеализира користењето на дроги?
„Помислата дека можеби можам да бидам добра личност ме поттикнува да пробувам да бидам добра личност,“
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Пишував за безизлезноста како лично одредиште: Интервју со Румена Бужаровска
Со Румена разговаравме за опсесијата да се избега од Македонија, зависта и недостатокот на лична одговорност, како централни теми во нејзината нова збирка „Не одам никаде“. Ја искористивме можноста и да дознаеме повеќе за нејзиниот неодамнешен престој во САД, развојот на ПичПрич во 2018 и нормално, феминизмот. Разговорот го водеше Калиа Димитрова.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Дали ехо коморите на Фејсбук индокринираат насилници?
Со цел да изработи платформа која „ќе ги поврзе“ луѓето, Фејсбук лимитира изложување на контрадикторни информации и создава платформа која ги „поврзува“ луѓето со нивната идеологија.
  • Од Јована Герасимовска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кога домот не е безбеден
Голготата на жртвите на родово-базирано насилство кои одлучуваат да го напуштат домот и да останат без покрив над глава со цел да се спасат од насилникот.
  • Од Марта Стевковска
  • ФЕМ 101
Што ако сум „single“?
Сфатив дека за да бидам со друг, не би требало да го сменам моето автентично и единствено јас.
  • Од Сара Симоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сиромаштијата има женско лице
Галерија од вчерашниот Марш за женски права.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Историскиот миг на кој Милена Радуловиќ му даде лице
Од моментот кога Милена Радуловиќ одлучи да проговори и да го пријави насилникот за сексуално насилство, веќе ништо не е исто.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram