Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мизогинијата упатена кон убавите жени
Кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски.

Во нејзината нова книга „Моето тело“¹ супермоделката, претприемачка, активистка, актерка, а сега и писателка, Емили Ратајковски, умешно пишува за многу теми, што е тешко да се избере која е најважната. „Моето тело“ е внимателно напишан мемоар во формат на колекција на лични есеи, во кој Ратајковски ја анализира врската со сопственото тело во рамките на модната индустрија, патријатхатот, сексуалните напади, работните услови на манекенките и инфлуенсер(к)ите, современиот капиталазам, но и начинот на кој Ратајковски го искусува светот како жена која е перцепирана како особено убава и посакувана – а која истовремено е феминистка. Иако книгата е веќе на бестселер листи, сепак „Моето тело“ има добиено измешани критики и мора да се напомене дека дел од критичарките (до сега не сум нашла критика напишана од маж) имаат имплицитен проблем токму со фактот што Ратајковски пишува свесно за сопствената убавина и сексизмот кој таа го искусува заради тоа. 

Уште од првиот есеј од книгата “Beauty Lessons” („Лекции по убавина“), Ратајковски пишува како таа била перцепирана како убава девојка и какви ефекти – позитивни и негативни – тоа имало врз нејзиниот иденитет. Ратајковски пишува: „Од рана возраст знаев дека немав направено ништо за да ја заслужам мојата убавина, исто како што мојот дедо ѝ имаше кажано на мајка ми [во врска со нејзината убавина]. Дали тоа, тогаш, значеше дека мојата убавина беше нешто што ми го даде мајка ми?“ (14) Во рецензијата на „Моето тело“ објавена на The Guardian – која е во најголем дел позитивна – Бека Ротфелд со право ја критикува Ратајковски за тоа што таа зборува за сопствената убавина како нешто природно дадено, а не нешто во кое таа самата има инвестирано пари, труд и време. Односно, иако може да кажеме дека Ратајковски е „природно“ убава, нејзината убавина во рамките на моделството е производ на трудот кој таа го вложува во нејзината професија, почнувајќи од одржување на нејзиното тело, до шминкањето и стајлинот, сѐ до трудот и вештините вложени во нејзините фотосесии.

Иако критиката на Ротфелд држи вода и треба да се земе предвид, сепак, начинот на кој Ратајковски пишува за својата убавина е необичен и едноствно не е нешто на што сме навикнати да го читаме, особено не од моделка која е позната по својот надворешен изглед. Додека ја читав книгата, повремено чувствував одреден степен на љубомора, но дури почесто се чувствував како Ратајковски да се фали секој пат кога ќе ја спомне својата убавина. Сепак, тоа би било површна интерпретација на оваа критички настроена книга. Всушност, читајќи ја книгата сфатив дека постои табу во тоа една жена да знае дека е убава и посакувана, без самото истакнување на оваа реалност да биде автоматски интерпретирано како „фалење“. Во поп културата и партијархалната матрица, женската убавина е често претставена како нешто што треба да ѝ биде соопштено на жената од страна на маж или нејзиното опкружување, но скоро никогаш нешто што една жена едноставно го знае за себе. Ако убавата жена е свесна за својата убавина или пак се грижи премногу за својот изглед, тогаш таа е перцепирана како суетна и, на некој начин, помалку убава. Можеби најдобар пример за овој феномен е познатата песна „What makes you beautiful“ (Што те прави убава) на бои бендот One Direction каде што рефренот е следниот: 

You don’t know, oh-oh

You don’t know you’re beautiful, oh-oh

That’s what makes you beautiful

Во превод: „Ти не знаеш дека си убава/ токму тоа те прави убава“. Посакуваната девојка во песната му е убава на нараторот токму поради нејзината несвесност за нејзината убавина. Што ако таа би била свесна за нејзиниот изглед? Дали тоа би ја направило непривлечна во очите на нараторот? Иако, во повеќе наврати во книгата, Ратајковски се сомнева дали таа е „навистина убава“, таа несомнено претставува нешто комплетно различно од идеалот на несвесно убавата девојка на One Direction. 

Свесни или несвесни за нивната убавина, често жените кои општеството ги перцепира како исклучително убави или посакувани се соочуваат со специфичен вид на сексизам, за кој ретко вистински се дискутира. Познатата македонска манекенка Катарина Ивановска делумно зборуваше за овој вид на сексизам во последното издание на ПичПрич, феминистичка иницијатива која ја промовира женската усна историја. Ивановска рече: „Убавите жени сме по дифолт глупави, паметните жени сме по дифолт грди.“ Како убава жена која истовремено сака да би сериозно сфатена како лево ориентирана политичка активстка и писателка, Ратајковски дури признава дека и таа има интернализирана мизогинија по ова прашање во есејот „Bc Hello Halle Berry“ кога таа го чита мемоарот на актерката Деми Мур, пишувајќи: 

Ја осудив Деми пред да ја прочитам нејзината книга. Ја перцепирав како секси и не многу повеќе од тоа. Ти од сите луѓе. Ти која само што си го постираше газот на Инстаграм и имаш дрскост да се жалиш дека светот не те сфаќа сериозно? Каква е*ана лицемерка. Сакав да можам да ја имам мојата Инстаграм тезга, продавајќи бикини и што било друго, и истовремено да бидам почитувана за моите идеи и политички ставови, сѐ друго освен моето тело. (…) Ѝ пишав порака на другарка ми Џесика: ‘Фак, дури и јас имам интернализирана мизогинија.’“ (88-9) 

Ратајковски е многу искрена во овој есеј за начинот на кој таа понекогаш се гледа себе си преку општествената призма која ги осудува убавите жени за тоа што се убави. Ако една жена е убава, таа не може да биде ништо повеќе од објект и апсолутно не може да биде сфатена сериозно на професионално ниво. Во истиот есеј, Ратајковски пишува дека кога почнала да глуми, нејзиниот агент ѝ рекол дека мора да се „направи грда“ ако сака да биде сфатена сериозно како актерка. Таа го споредува ова искуство со фамозно убавата актерка Хали Бери, пишувајќи: „Хали Бери беше секси, си помислив, но таа дури успеа да земе Оскар кога се направи грда, во Monster’s Ball“ (93). Преку овој и два други примери, Ратајковски имплицитно заклучува дека во сегашната општествена матрица, убавите жени се сфатени сериозно само ако се оградат од својата убавина (и сексуалност). 

Дали можеби критичарките кои негативно ја оцениле оваа книга всушност придонесуваат токму кон овој вид на сексизам? Моли Јанг, критичарката која пишува за New York Times, ја нарекува книгата на Ратајковски „сериозна, лична, репетитивна и кратковидна“. Насловот на рецензијата на Јанг е „Во свет кој експлоатира жени, Емили Ратајковски се експлоатира себеси. Дали е тоа подобро?“ Не сум сигурна како некој може да се експлоатира сам себе, кога експлоатацијата по дефиниција е економска релација во која работодавецот ги зема придобивките од вишокот вредност која ја создава работникот преку неговиот труд – нешто што се случува во практично секое професионално поле во капиталистичката економија. Но, освен нелогичноста на насловот на Јанг, таа не ги сфаќа сериозно темите кои Ратајковски ги опфаќа, особено околу сексизмот кој го искусуваат убавите жени, пишувајќи го следното за горе-дискутираниот есеј: 

Насловот на есејот произлегува од цитатот на Хали Бери: „Мојот изглед не ме поштеди ниту една тешкотија“. Се кладам дека милиони непривлечни луѓе не би се согласиле. 

Ратајковски во ни еден момент не пишува дека на „грдите“ жени им е полесно, туку едноставно зборува за специфичниот вид на сексизам кој имал негативни ефекти врз нејзе и кој апсолутно има ефект врз милиони жени кои се перцепирани како особено убави во општеството. Во книгата, Ратајковски исто така пишува за повеќе лични искуства со силување и сексуално вознемирување, кои произлегле токму од нејзината перцепирана привлечност и посакуваност, како и нејзината професија каде таа, како работничка (особено на почетокот на кариерата), често се наоѓала во подредена позиција. Со нејзината критика, Јанг практично ѝ вели на Ратајковски да заќути и да не се жали бидејќи на „грдите“ жени им е далеку потешко. Слична рецензија има објавено Софи Гилберт за The Atlantic во која таа го пишува следниот параграф: 

Се чини дека е немилосрдно да се истакне дека таа прави лажна дихотомија – дека има опции помеѓу размена на слики од неа за бесплатен одмор и гладување на улица. Но, тоа не е поентата. Прашањето што постојано ми беше во глава додека читав беше дека Ратајковски толку јасно сака да има сè: комплетна контрола врз продажбата на нејзиниот имиџ; моќ; пари, да; но и пофалби што е повеќе од објект, што може луцидно да каже колку претрпела поради токсичниот систем – и сè уште страда поради нејзиното тековно учество. Како што велат, таа бара премногу. 

Но зошто Ратајковски „бара премногу“? Дали Ратајковски и други моделки не заслужуваат да се безбедни на работното место? Дали пак проблемот на Гилберт е тоа што Ратајковски не е објект или тоа што таа воопшто се осмелила да пишува на оваа тема? Дали критиката на модната индустрија на Ратајковски би била валидна само ако таа престане да биде манекенка? Дали ако Ратајковски стане „грда“ и се огради од својата убавина и сексуалност, конечно би била сфатена сериозно? 

Како многу книги, „Моето тело“ не е совршена книга, но е апсолутно фасцинантна колекција на есеи преку која Ратајковски длабоко ја анализира својата убавина, својата кариера и матриците преку кои општеството ја слави, но и осудува. Преку „Моето тело“, работата на манекенките се демистифицира, побивајќи ја претпоставката дека е „лесна“ и „гламурозна“, туку професионално поле во кое манекенките се често екплоатирани и мети на сексуално вознемирување. „Моето тело“ треба да се чита критички, но и емпатично, без да заборавиме дека Ратајковски и остананите манекенки и модели  не се објекти, туку луѓе и работници/чки кои искусуваат специфични проблеми наметнати од патријархатот и капитализмот. Проблеми кои дефинитивно заслужуваат да бидат слушнати. 

 

 

 

¹ Ratajkowski, Emily. My Body. New York, Metropolitan Books/Henry Holt and Company, 2021.

 

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • February 21, 2022
смешно
  • ФЕМ 101
Што е тука смешно?
Пред неполни две недели македонската јавност се разбуди во едно од најодвратните случаи на родово-базирано насилство во земјава—Телеграм групата Јавна соба, чиј опис уште поодвратно гласеше ,,дружење и зезањe''.
  • Од Елена Петрова
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Андреа Угриновска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суровата реалност на „Слугинка“ – серија која непоколебливо го насочува објективот кон сиромашните жени
Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Лудиот астронаут со родово-квир пресврт
Квир телото како место на можности и отпор во расказот „Да и Гомора“ на Семјуел Делејни
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гласови кои недостасуваат: Водич за жени филозофи наспроти нивната исклученост од учебниците
„The Philosopher Queens“ ги истакнува мислителките од Хипатија до Хана Арент, за кои авторките велат дека ги нема во повеќето книги за филозофијата.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Скриената неправда меѓу средношколските клупи
Со знаење и свест во борба против менструалната неправда и сиромаштија.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Принтот не е мртов
  • ФЕМ 101
5 ЖЕНИ ЗБОРУВААТ НА ТЕМА: НАДЕЖ
Неда Чаловска, Ружица Максимовска, Ена Утевска, Џане Крешова и Вики Младенова споделуваат од каде црпат чувство на надеж.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #2
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
ИЗГЛЕДОТ КАКО ПРЕПОРАКА
И покрај тоа што жените долго време ја водат битката за докажување на својата компетентност и квалификуваност на пазарот на трудот, на моменти и самите тие се обесхрабрени од праксата на вработување врз основа на привлечен надворешен изглед и убава насмевска.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Иво Куновски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Водич за Трејси Емин, ‘enfant terrible’ на британската уметност: Прв дел
Трејси Емин e дел од изложбата Родови перцепции во Музејот на современата уметност - Скопје. Прочитајте сè за оваа легендарна уметница и погледнете ја изложбата во МСУ каде се изложeни 39 современи уметнички дела од 25 жени.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Заедно посилни
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Врховниот суд на САД се обидува да го забрани абортусот: дали Америка е сè уште слободна земја?
Не постои посуштински услов на едно демократско граѓанство од контролата на една личност врз сопственото тело. Без тоа, не можеме да се наречеме слободна земја.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тања Милевска
  • ФЕМ 101
МВР ме прави огрочена и лута
Полицијата никогаш во минатото не била клучна во оваа борба, па баш затоа е тешко да се замисли дека некогаш во иднината би можела да биде
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Биди Безбедна
Треба да се стремиме кон системско адресирање на изворот на родово базирано насилство во едно општество, но, во меѓувреме, додека тоа се постигне, треба да ги користиме сите механизми за спречување, заштита и превенција од насилство. Биди безбедна.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што претставува фемицидот?
Деновиве многу девојки и жени споделуваат црно-бели фотографии од себе под хаштагот #challengeaccepted  како знак на меѓусебно поддршка. Меѓутоа, изворот на овој „тренд“ всушност се наоѓа во Турција.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Теодора Соколовска
  • КВИР, ФЕМ 101
@Skopje Queer Youth
Ново онлајн едукативно место за квир теми <3
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Бидување заедно од дистанца
Одново ќе го откриеме средиштето на состојба на домување (condizione domestica). Ќе имаме можност, конечно, да го откриеме нејзиниот политички потенцијал, од каде што приватноста не е лишена.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Опасното користење на приватните сексуални наративи на жените против нив
Приватните сексуални наративи на жените се користат против нив, дури и по смртта.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Примените на еротското: еротското како моќ, Одри Лорд
За да се одржи себеси, секоја опресија мора да ги корумпира или изобличи оние различни извори на моќ во културата на угнетуваните кои можат да создадат енергија за некаква промена. За жените, тоа значело да се потисне еротското како можен извор на моќ и знаење од нашите животи.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Борбата за егзистенција на текстилните работнички
Па и овоа време-невреме, со оваа корона шо нè фати, со пусти страх идам на работа, од дека пари за живеачка, не па за лекови на болниот ми сопруг...Толку ми се плаче дури да се дерам на глас ама стиснам заби и ќутам.
  • Од Ена Бендевска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • Од Вања Кирова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Случај на силувано девојче во Задар: Борба против системот кој понижува, уценува и лаже
Во овој момент најважно е да се прати порака за поддршка на девојчето, дека не е сама и да се прати предупредување за односот на системот кон сексуалното насилство и лицата кои го преживеале.
  • Од Сибел Амет
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Повеќе од нашата работа
Приказни за работата во пандемија, повредите на работничките права, и солидарноста, наспроти продуктивноста, како централна вредност врз која треба да ги градиме нашите релации.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Најголемата желба ми е да се оформи силно студентско феминистичко движење: Интервју со Катерина Иванова
Системското насилство не е проблем на индивидуите кои го искусуваат, тоа е проблем на целата заедница.
  • Од Благица Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram