Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Mислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка.

Ми требаше навистина долго време да соберам храброст за да седнам да го напишам ова. Сè уште не сум сигурна дали ќе успеам да го допишам. Соочувањето со сè што ми се случи после породувањето, сè уште е тешко, како рана што не е целосно излечена. За среќа, сега имам прекрасен психијатар, а од неодамна и добар психолог, кои ме разбираат. Но, непосредно по раѓањето на мојот син, немав.

Она што ме извади од најтемната и најдлабока дупка, е кога еден ден седнав и на англиски пребарав како се нарекуваат тие интензивни мисли кои постојано ми се појавуваа во главата и наидов на есеј на таа тема, напишан од жена која се соочила со таква состојба. Тогаш сфатив дека се работи за појава што им се случува и на други луѓе. Сфатив дека не сум сама, не полудувам, не сум единствената со ваков товар… Среќа и сопругот ме поддржува и е активно вклучен во нашето родителствување.

Ова го пишувам за новите мајки кои можеби не знаат англиски, не нашле таков есеј, или немаат поддршка од сопругот, родителите, роднините… Ваквите состојби може целосно да ги разбере единствено оние кои поминале низ нешто слично. Ова е за вас. Ова нека биде есејот кој ќе ви отвори едно прозорче светлина. Не сте сами, не сте луди, не ви се случува само вам. Останете тука, вашето бебе ќе ви биде многу благодарно што сте издржале, верувајте. Да, тешко е, но станува полесно. Наоѓате механизми за борба и полека, свесно или несвесно, ќе видите дека тие механизми всушност функционираат. Останете, доаѓаат добри денови. Ви ветувам.

 

Борба со интрузивни мисли

 

Од моментот кога се породив за мене почна еден непрекинат синџир на стрес. Дали е сè во ред со мене и бебето? Лошиот однос на повеќето вработени во болницата не помогна, само ги разгоре моите стравови. Се вратив дома со синот, но не можев да престанам да мислам дали е сè во ред со нас. Дали е нормално уште да крварам? Кога ќе му помине жолтицата и дали ќе остави последици? Во текот на еден преглед кај мојата матична докторка, ѝ спомнав дека имам потешкотии со лоши мисли. Таа рече дека неа тоа не ја интересира.
Некаде 5 недели по пораѓајот почна мојот пекол. Откако се уверив дека е сè ок со мене и бебето физички, почнав да се плашам дека мора да ми е нешто психички. Можеби полудувам? Интрузивни мисли од најужасен карактер се појавуваа во мојата глава, како да се натпреваруваа која повеќе ќе ме вознемири. Знаев дека немам постпородилна депресија, немав класични симптоми на депресија. Почнав да посетувам психолог зашто знаев дека нешто не е во ред. Не можев да ѝ се отворам целосно. Ми беше срам од мислите што ги имав… Што ако помисли дека не можам да се грижам за моето бебе и повика служба да ми го земе бебето? Се срамев, премногу се срамев од сопствените ужасни мисли. Мислите нема да ги споделам, бидејќи можат некому да бидат тригер, а тоа не ми е целта. Сакам само да знаете дека ако имате мисли кои не ви се чинат „нормалниʺ, – не сте сами и не ви се случува само вам. Вие сте прекрасна мајка, баш бидејќи се грижите дали сте добра мајка.

Мислите не ве дефинираат, како ни постпородилната дијагноза. Не е само депресија, постојат повеќе состојби, но тие се баш тоа – состојби кои поминуваат. Не гуглајте, не барајте дијагнози, тоа е меч со две оcтрици. Не налевајте масло на огнот, ако го храните стравот, тој само расте.

Не постојат правила. Може да сте информирани за сите постпородилни состојби, па сепак да се соочите со некоја од нив. Може да имате совршен постпородилен план, па да се случи пандемија и карантин (како што ми се случи мене). Не осудувајте доколку нешто слично вам не ви се случило, туку обрнете големо внимание на вашата сестра, ќерка, пријателка, роднина, партнерка или сопруга која скоро се породила. Погледнете ја во очи и ако изгледа како да ѝ треба помош, земете ја под рака и најдете психијатар или психолог. Ако не го погодите од прва, појдете кај друг. Верувајте, таквата постапка може да значи спас!

 

Што мене најмногу ми помогна?

 

1. Престани да гуглаш постојано. Читај позитивни теми, слушај убава музика. Ако овој текст ти помогна ок, процесирај го тоа, но не навлегувај во гугл дијагнози и во никој случај не прави онлајн тестови за да откриеш што ти е.
2. На оваа тема не се зборува, бидејќи луѓето се срамат, а често може да биде и тригер. Но, тоа не значи дека не постои: не си сама.
3. Не дозволувај дијагнозата да биде поголема од тебе и да ти влева страв. Тоа што имаш некаква постпородилна дијагноза не те дефинира за цел живот. Консултирај се со психијатар, (стискам палци дека моето дете ќе живее во општество каде посета на психијатар не е табу), дознај што ти се случува, но, не ѝ придвај на дијагнозата големо значење – смисли ѝ смешно име, нека не биде твојот страв поголем од твојата сила.
4. Не плаши се од мислите, не обидувај се да ги оттргнеш, така повеќе растат. Пробај да ги изговориш на глас. Гледаш колку звучат ирационално? Гледаш дека не си ти тоа како личност? Гледаш дека го мислиш она што најмногу те вознемирува? Тогаш како би можела да го направиш тоа што го мислиш? Дај им смешно име на мислите и смешна изрека во главата како реакција на истите…. на пример: Да да, како да не, Господе, што не ќе помислам, глупости!
5. Егото тргни го на страна. Да, тебе ти се случи. Да, не можеш да поверуваш дека тебе ти се случи, ама ти не си ништо посебно, ти си човек, а на луѓето им се случуваат човечки слабости.
6. Мислите те тераат да помислиш дека твоето дете не е безбедно со тебе. Но, напротив. Тоа не може да биде подалеку од вистината. Твоето бебе е сосем безбедно со тебе. Ако наидеш на психолог/психијатар кој те советува да не остануваш сама со бебето, бегај од таму и најди си го вистинскиот терапевт кој е запознаен со вакви состојби, како и начинот на кој се третираат.

 

Кога некој ќе направи операција и после ќе се врати дома, сите му принесуваат нешто за јадење, го тераат да одмара и го прашуваат како е. Кога мајката ќе се врати дома од болница, треба да дои (доколку сака), да крвари долу, да се грижи за детето и да дипли облека…малку нефер, нели?

Мајчинството е ролеркостер од емоции и искуства. Сега треба да се грижиш за ова суштество кое потполно зависи од тебе. Дали ќе успееш? Да. Дали ќе има лоши денови? Да. Но, ќе има и добри…и со тек на време ќе научиш да им погледнеш на стравовите во очи, да им кажеш еј, тука сте? Ок, ама имам работа сега.

Ти си посилна од твоите стравови, твоите мисли и состојби по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка. Ти си човече суперхерој, една ѕверка од човек, зашто успеваш да се носиш со тоа. Сега пушти музика, земи си го детето што никако не се смирува и денес толку плаче што мислиш дека намерно те измачува, и играј! Никој не е совршен, дури ни мајките-инфлуенсерки на Инстаграм – таму гледате само одбрани моменти, а не цел живот.

Ти си супер мајка. Остани каде што си, му требаш на твоето дете кое е толку среќно што тебе те има за мајка.

 

 

 

 

анонимно писмо 

 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • February 16, 2022
  • ФЕМ 101
Бараме од работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на Маршот за Осми март
Маршот ќе се одржи на 8ми Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Декриминализацијата ќе придонесе кон намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници
Ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат на Маршот на црвените чадори, по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Mитот за убавите заспани девојки
Нараторката донесува одлука да преспие една година од својот живот со помош на седативи и антидепресиви. Таа го замислува овој проект како една хибернација, одмор од секојдневните анксиозности и случувања.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
„Јавна соба“ е кривично дело и мора да се санкционира
Најавените законски измени се позитивни, но задоцнети и не се неопходни за да се санкционираат сторителите на „Јавна соба“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Нашите животи се важни!
Нашата различност ни овозможи да развиеме мрежи на поддршка и безбедни простори во кои дел од нас можат да живеат слободно и достоинствено. Нашата маргинализација ни овозможи да се солидаризираме со сите обезправени заедници, а преку нашата борба да се залагаме за еманципација на целото општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Маргиналки
За жените и војната
  • Од Дијана Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Активистки ги прикажаа пораките од „Јавна соба“
Нема да престанеме да го бараме она што ни следува како граѓанки на оваа држава, а тоа е правото да бидеме заштитени од сексуални насилници.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не постои „трансродова идеологија“
(Но трансфобите се реални и гласни)
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за геј изобилството: како ТВ индустријата продава современа квир елита
Дали поголемиот диверзитет и вклучувањето на квир ликови во новите верзии на „Озборувачка“ и продолжението на „Сексот и градот“ се знак за напредок или пропаганда за (не)постоењето на современа квир елита?
  • Од Тимот на Медуза
смешно
  • ФЕМ 101
Што е тука смешно?
Пред неполни две недели македонската јавност се разбуди во едно од најодвратните случаи на родово-базирано насилство во земјава—Телеграм групата Јавна соба, чиј опис уште поодвратно гласеше ,,дружење и зезањe''.
  • Од Елена Петрова
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
Феминизам, Јас и Ти
или што мислам кога велам дека сум феминист/ка?
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нов недискриминирачки закон за потпомогнато оплодување во Малта – Каде сме ние по ова прашање?
Во едно демократско општество кое се стреми кон целосна еднаквост и недискриминација, постоењето на вакви закони кои поставуваат дискриминирачки услови и кои некого исклучуваат од остварување на право е поразително и ја отсликува итната потреба од измени кон подобри законски решенија.
  • Од Јована Јовановска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Нивната борба е сечија борба – 50те жени на Сент Луис
Приказните на жените на Сент Луис не се само приказни од локалната историја или приказни кои се поврзани со националната историја на САД. Тоа се лични приказни кои во одреден сегмент, форма и време ги среќаваме кај многу други жени во минатото, но и денес.
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали Академијата мисли дека филмот Little Women се режираше сам?
Време е да се фрлат номинациите за Оскар оваа година директно во оган.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суровата реалност на „Слугинка“ – серија која непоколебливо го насочува објективот кон сиромашните жени
Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ментално здравје: контекст, релации и политики
Клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
ЖЕНАТА И ГРАДОТ
Преку пишувањето му се овозможува на телото да продолжи да постои. Така обработувањето на сеќавањата е најмакотрпната активност во средина каде времето се забавува „до точка на застанување“ и каде часовите „како капки пот, лека-полека се откинуваат и капат“
  • Од Мања Величковска
  • ФЕМ 101
Дали знаеш?
Видео кампањата за подигање на јавната свест за превенција, заштита и намалување на дискриминација врз жената.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто толку малку мажи читаат книги напишани од жени?
Без разлика дали се работи за Остин или Атвуд, за сестрите Бронте или добитничките на Букер, статистиките откриваат дека мажите немаат желба да читаат жени, а тоа си носи свои последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Френсис Ха“ – првото „дете“ на Бамбах и Гервиг
Френсис е збунета, смотана, изгубена, весела, разиграна, уморна, висока, смешна, харизматична и чудна. Има 27 години и нема стабилна врска, работно место или дом. Често е сама и повремено осамена.
  • Од Калина Качоровска
  • Од Калина Качoровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да ги украдеме женските митски ликови
Со своето (женско) препрочитување на ликовите на Пенелопа и Деметра, Кавареро ги ослободува од стисокот на патријархалното имагинарно
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
5 ЖЕНИ ЗБОРУВААТ НА ТЕМА: НАДЕЖ
Неда Чаловска, Ружица Максимовска, Ена Утевска, Џане Крешова и Вики Младенова споделуваат од каде црпат чувство на надеж.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Јаз
Генерално спортот е преплавен со сексизам на сите нивоа, без разлика дали станува збор за час по физичко во училиште или професионално натпреварување. Спортот е само огледало на родовите стереотипи и нееднаквост, што ја подразбира и нееднаквоста во наградување на достигнувањата.
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
C.A.R.E.
Култура на солидарност како место на соживот:::::
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Дво децениски разговор помеѓу мајка и ќерка: Интервју со Кристина Атанасова од Main days
Ташната не е само моден додаток кој тежи, виси или го носиме со себе, ташната е олицитворение на нашите животи и активности, како и обидот да ги балансираме.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фактот што не знаеме доволно за матката ни штети на сите нас
Очајно е потребно да станеме подобри во разговарање за репродукција на искрен и отворен начин. Затоа што ако одбраната на вашата позиција бара да се потпрете на невистини, тогаш можеби треба да се запрашате дали воопшто се работи за одбрана.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Модернизирана винтиџ хомофобија
Денес, на многу мејнстрим медиуми веќе не е прифатливно отворено да се користат расистички, сексистички, хомофобични и други видови на погрдни зборови во дебатните емисии. Затоа модерните хомофоби како Сашо Тасевски мораат нивните предрасуди да ги скријат преку различни реторички стратегии.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
3 години Медуза
Дали дизајнов не' издава дека заборавивме на сопствениот роденден?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска
Книгата „Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска деновиве излезе од печат во издание на издавачката куќа Авант прес од Скопје.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како да се борам за подобро утре, кога веќе не ни верувам во утре?
Ода за откажувањето, автодеструкцијата и потрагата по надеж.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram