Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Модернизирана винтиџ хомофобија
Денес, на многу мејнстрим медиуми веќе не е прифатливно отворено да се користат расистички, сексистички, хомофобични и други видови на погрдни зборови во дебатните емисии. Затоа модерните хомофоби како Сашо Тасевски мораат нивните предрасуди да ги скријат преку различни реторички стратегии.

На 7ми јуни, се одржа дебата помеѓу Ирена Цветковиќ, доктор по родови студии и извршна директорка на невладината организација Коалиција Маргини и актерот Сашо Тасевски, на темата колку македонското општество е (не)дискриминирачко. Без да навлегувам во социјално-општествената нееднаквост на ЛГБТИ заедницата во Македонија или пак во различните квалификации на говорниците во оваа дебата, во овој напис едноставно би сакала да ги дискутирам реторичките тактики кои ги користи Тасевски за да ја легитимизира својата хомофобија — нешто што можеме да го очекуваме пред и после втората парада на гордоста која ќе се одржи на 26ти јуни.

Во 21виот век на многу мејнстрим медиуми веќе не е прифатливно отворено да се користат расистички, сексистички, хомофобични и други видови на погрдни зборови во дебатните емисии. Затоа модерните хомофоби како Сашо Тасевски мораат нивните предрасуди да ги скријат преку различни реторички стратегии, како преку корисењето на фрази како „ЛГБТИ пропаганда“ или наведување дека таа наводна пропаганда е премногу „агресивна“. Еден од првите аргументи на Тасевски во дебата со Цветковиќ е тоа што невладините организации и ЛГБТи заедницата туркаат политичка агенда.

Апсурдноста на овој аргумент е што нормално дека концептот на ЛГБТИ права — како и правата на жените или етничките малцинства — е политичко прашање, на сличен начин како што одземањето на истите права е исто така политичка агенда. Но овој политички процес кој се одвива на начин на кој што се одвиваат многу политички процеси од страна на Тасевски е претставен на малициозен начин. Во првиот дел од дискусијата тој драматично зборува за тоа како ЛГБТИ правата преминуваат од општествено табу во прифатлива тема на дискурс. Тасевски во ниеден момент не кажува експлицитно зошто е толку лошо во едно општество да се отвараат теми околу маргинализираните заедници, туку само користи застрашувачки наратив и фрази како „сатанизација на родителите“ за доловување на одредена монструозност.

Преку овие стратегии, Тасевски никогаш не кажува дека тој лично не сака ЛГБТИ луѓето да станат еднакви граѓани во македонското општество бидејќи, нели, тоа би било хомофобично. Наместо тоа, Тасевски го деперсонализира проблемот и зборува за тоа како луѓето, а не тој, се всушност тие кои не се спремни да ја прифатат ЛГБТИ заедницата. Исто така Тасевски постојано кажува дека секој има право на избор и живот, бидејќи сака истовремено да се претстави како поддржувач на човекови права, не-хомофоб, но и конзервативец, додека неколку пати го користи зборот „инфилтрација“ како да ЛГБТИ луѓето и нивните поддржувачи немаат право да бидат дел од образовните и државните институции.

Можеби најефикасната стратегија која Тасевски ја користи е загриженост за децата и што тоа значи за улогата на родителите. Тасевски е загрижен дека оваа „пропаганда“ наводно ги „збунува“ децата — друга личност која го тврди истото е Гордана Гоџо, претседателката на здружението „Од нас за нас“ кое шири лажни вести за Сеопфатното Сексуално Образование, невладината организација ХЕРА и Корона вирусот. Тоа што е интересно за Тасевски е што тој користи сличен јазик каков што бил користен од страна на анти-геј активистката Анита Брајант и конзервативниот калифорниски политичар Џон Бригс во САД во доцните 1970тите, но на малку позатскриен и модернизиран начин.

„Она што не го сакам, во што гледам тоталитарни тенденции е кога некој со свои агенди, со свои планови, сака да ми влезе дома преку образовниот систем, преку она што децата треба да го учат,“ вели Тасевски.

Анита Брајант зборува за оваа наводна хомосексуална инфилтрација на патријархалното семејство и децата на малку поексплицитен начин.

„Јас не ги мразам хомосексуалците! Но како мајка, јас мора да ги бранам своите деца од нивното зло влијание… Тие сакаат да ги регрутираат вашите деца и да ги учат за доблестите на станувањето хомосексуалци,“ напишала Брајант¹ во едно писмо со кое пробувала да собере пари за нејзината организација Save Our Children Inc. (Спасете ги нашите деца) која постоела од 1977 до 1979.

Брајант е запаметена како една од најштетните христијански анти-геј активистки во историјата на САД. Брајант ја формираше организацијата Save Our Children Inc. во 1977 како обид да се укине веќе донесениот закон за анти-дискриминација кој вклучувал сексуална ориентација во Дејд Каунти, Флорида, општината каде Брајант живеела. Преку процесот на граѓански иницијативи, Брајант и нејзината организација собрале доволно потписи за да има можност да се гласа за овој закон на следните избори. Кога избирачкото тело на Дејд Каунти добило можност да гласа за или против иницијативата на Брајант, ЛГБТи заедницата доживеала голем пораз и иницијалниот закон бил повлечен.

Оваа победа на христијанската анти-геј десница на Брајант набргу инспирираше друг предлог-закон воа сосема друг дел од САД: по предлог на локалниот политичар Џон Бригс, жителите на Калифорнија гласаа на референдум за „Proposition 6“ (или Prop 6) кој исто така стана познат како „the Briggs Initiative“ на 7ми ноември, 1978. Proposition 6 предоложуваше геј мажите и лезбејките да не можат да се квалификуваат за работни места во државните училишта во Калифорнија. По огромна мобилизација од страна на активисти, како и поддршката на Харви Милк, првиот отворено геј политичар во Калифорнија, оваа иницијатива на крај не беше поддржана од страна на калифорнискиот електорат. Сепак, Prop 6 имаше негативни ефекти врз животите не само на геј мажите и лезбејките кои веќе работеле во школскиот систем во Калифорнија кои можеле да ги загубат своите работни места, туку и квир заедницата која наеднаш искусувала дополнителна стигматизација и потенцијална дискриминација. Дел од текстот на Proposition 6 гласи вака:

„Вашите права како родител, граѓанин и даночен обврзник се под закана. Коалиција на хомосексуални наставници и нивните поддржувачи пробуваат да ја искористат огромната моќ на нашиот образовен систем за да им го наметнат нивниот бренд на неморалност на вашите деца. (…) Ние не го оспоруваме правото на возрасни личности да решаваат проблеми како што тие мислат дека е најдобро, но ние се противиме да тие решенија бидат наметнати на нашите деца.“

Јазикот во предлог-законот Prop 6 е очигледно инспириран од идејата на Брајант за хомосексуалците кои наводно ги регрутираат децата, но исто така многу потсеќа на јазикот кој го користи Сашо Тасевски, кој е многу загрижен за тоа што потенцијално неговото дете во училиште би можело да научи дека постојат различни сексуалности, а не само хетеросексуалност.

„За време на паузата, како што рече [Цветковиќ] мене не ме интересира тебе да те сменам пошто ти имаш веќе изградено мислење, идејата е да ги сменам оние кои не знаат кај тераат. Значи младите умови да ги реформатираме, нешто ново да стаиме на нив. Е, тоа е она што мене не ми се допаѓа кога моето дете дома Мила [Царовска] или кој и да е друг го учи во градинка или во школо или било каде дека тој не треба да остане во стереотипот кој што можеби ние дома го учиме дека еден ден ќе се ожени, ќе има деца и така натаму. [Образовниот систем] му остава голем простор и му проширува рамката за тоа дете да биде збунето. Му кажуваат ти утре можеш да се ожениш, ама можеш и да се омажиш. А може па со мажот со кој што ќе живееш, ќе си посвоиш и дете и сето тоа е нормално. Тука јас имам проблем,“ вели Тасевки и потоа на поемотивен начин од предходно и корситејќи почудна метафора вели:

„Значи не го учи моето дете каде да го стави морковчето. Јас ќе му кажам кај да го стаи, бидејќи јас сум одговорен за него до неговата осумнаесетта година или додека се осамостои. Тука јас имам проблем: агресивноста на тоа, влегувањето во домот.“

Интересно е што Тасевски постојано ја користи сликата за „домот“ како некое свето место кое треба да се брани од надворешни сили и непријатели, каде родителите имаат апсолутна власт врз своите деца. Без Тасевски да каже на каков вид на семејство мисли, јасно е дека се зборува за патријархалниот идеал на хетеросексуален брачен пар и нивните деца. Тасевски имплицитно ги исклучува другите видови на семејства, како на пример исто-родовите заедници, или едно-родителските семејства и на тивок, деперсонализиран начин наложува кој е едниствениот модел на прифатливо семејство.

Како и Џон Бригс, во оваа дебата Тасевски изразува одредена анкциозност за губењето на својот авторитет како родител, заради нови концепти кои би требало да се внесат во образованието. Неговиот став може и да се интерпретира како негова желба за тоталитарна контрола врз неговото дете — нешто за што тој постојано ги обвинува невладините организации и ЛГБТИ луѓето. Односно, луѓето како Брајант, Бригс и Тасевски се тие кои агресивно промовираат хетеро-нормативни вредности со тоталитарна тенденција каде дури и изборното сексуално образование, учењето за различноста, па и самото присуството на ЛГБТИ луѓе околу децата, веќе претставува огромна опасност за патријархалното семејство.

Но за кои деца зборуваме? Каде се овие браначи на децата кога се во прашање квир младите? Каде е Сашо Тасевски кога се во прашање 25% од геј момчињата кои планирале самоубиство? Или пак 41% од трансродовите луѓе кои се обиделе да си го одземат животот?

Одговорот на овие прашања е јасен: ЛГБТИ младите не се важни ниту за винтиџ, ниту пак за модерните хомофоби. Квир младите се третираат како да не постојат, како да квир е нешто што се станува преку „регрутирање“ од страна на возрасни геј личности и невладини организации. За Тасевски, очигледно е многу поважно да биде слушнат неговиот родителски авторитет и да може да му каже на неговото дете каде да го „стави морковчето“, отколку каков ефект ваквата реторика има врз вистинските животи на квир децата.

Во 21виот век можеме да очекуваме уште многу луѓе како Сашо Тасевски со вакви аргументи кои се многу слични на класичните и поексплицитните хомофобични аргументи, но сега со поголема затскриеност. Тие нема да користат погрдни зборови на телевизиските емисии, но ќе ги нарекуваат геј парадите агресивни или пак ќе се жалат за некоја наводна голотија. Тие ќе тврдат дека ги поддржуваат човековите права на ЛГБТИ заедницата ама не под нивен покрив. Тие ќе го бранат домот и семејството, но не и квир младите кои за нив, секако, не ни постојат. За да вистински обезбедиме човекови права, општествено прифаќање и безбедност за ЛГБТИ заедницата, мораме да знаеме како да препознаеме хомо/би/трансфобија која активно се претставува како „загриженост за децата“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

¹Овој текст ги црпи историските информации за Анита Брајант и Џон Бригс од следниот академски напис: Tina Fetner, “Working Anita Bryant: The Impact of Christian Anti-Gay Activism on Lesbian and Gay Movement Claims”, Social Problems , Vol. 48, No. 3 (August 2001), pp. 411-428.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • June 24, 2021
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Steam Room: Вечерва ќе оствариме многу желби
Како дел од Скопскиот викенд на гордоста, вечерва ќе го проследиме настапот dragON forever, третиот дел од трилогијата dragON.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.03
Провери го распоредот на предавања и работилници и пријави се најдоцна до 12 април.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Лудиот астронаут со родово-квир пресврт
Квир телото како место на можности и отпор во расказот „Да и Гомора“ на Семјуел Делејни
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
ВО ФОКУС: АФЖ
Антифашистичкиот фронт на жените на Југославија е основан на Првата меѓународна конференција на жените на која што учествуваа 166 делегатки од цела Југославија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Бидување заедно од дистанца
Одново ќе го откриеме средиштето на состојба на домување (condizione domestica). Ќе имаме можност, конечно, да го откриеме нејзиниот политички потенцијал, од каде што приватноста не е лишена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Meduza talks: Создавање речник за болката
Оваа среда, во 19:0ч., почнуваме со Meduza talks, а наши први гости се Ангел Димитриевски и Ана Блажева.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Ани Ерно
„Можеби вистинската цел на мојот живот е моето тело, чувства и мисли да станат текст; нешто разбирливо и универзално, со што моето постоење ќе се спои со животите и главите на другите луѓе.“
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Згодна маратонка го истрча полумаратонот по гаќички“. Tоа што освои прво место е второ.
Родовите норми и стереотипи се овековечуваат и зајакнуваат преку неурамнотеженото и патријархално медиумско претставување на жените и мажите во спортот.
  • Од Ангела Рајчевска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Андреа Угриновска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хероините на нашето време: Интервју со Јана Јакимовска
По повод изложбата „Хероините на нашето време“ на Јана Јакимовска, Медуза разговараше со Јана за нејзината работа, отворањето на изложбата, неодамнешниот престој во Њујорк, хуморот и жената. Разговорот го водеше Калиа Димитрова. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Mислев дека имам внатрешно крварење и умирам: Приказни за прва менструација
Менструацијата е телесен, приватен и интимен процес, но стигмата, срамот и сиромаштијата се прашања кои мора да се адресираат јавно.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што всушност се случува кога една земја го забранува абортусот
Романија под Чаушеску создаде дистописки хорор од пренаселени, нечисти сиропиталишта, додека илјадници жени починаа од "абортуси по подруми".
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Историскиот миг на кој Милена Радуловиќ му даде лице
Од моментот кога Милена Радуловиќ одлучи да проговори и да го пријави насилникот за сексуално насилство, веќе ништо не е исто.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Глорија Стајнем: Вистината ќе те ослободи, но прво ќе те напне!
Брилијантноста на ова дело е што може да допре буквално до секого – начинот на кој Стајнем твори е непроценлив, а игривоста и хуморот во нејзините реченици влеваат некое чудно чувство на надеж дека и покрај тоа што борбата е тешка и долга, сепак не сме сами.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: ТЕМНИНА
Лени Фрчкоска, Сара Миленковска и Ивана Батев ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога врбата ќе роди грозје
Колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Христина Иваноска
Овој петок, погледнете ја изложбата на уметницата Христина Иваноска, насловена „Документот кој недостига“, како дел од настанот Архиви на невидливите: „Македонка - Орган на АФЖ“ (1944-1952): историски искуства и културна меморија.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ментално здравје: контекст, релации и политики
Клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.
  • Од Ана Блажева
  • ФЕМ 101
Женското лице на еколошката свест
Движењето за заштита на животната средина со децении, ако не и векови, било предводено и поддржувано од страна на жени.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали Академијата мисли дека филмот Little Women се режираше сам?
Време е да се фрлат номинациите за Оскар оваа година директно во оган.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доктор-јаснување“: Кога докторката не ги слуша пациент(к)ите
Излегувањето на д-р Шуплиновска-Јордановска ме направи гневна, но сепак ми е мило што ПичПрич обезбеди форум каде што публиката можеше дирекно да се обрати на лице кое има позиција на моќ
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Тајната женска историја во македонската литература во 19 век
Од големо значење за развојот на македонската книжевност, особено на расказот како форма е ликот на Марија Х. Зрнева.
  • Од Дијана Петрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 2021 | Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Оваа година фестивалот ќе се одвива од 2 до 8 јуни, во МСУ Скопје и КСП Јадро
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
  • Од Калиа Димитрова
  • MЕДУЗА TV, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сексуалните малцинства, родот и медиумите
Медиумските дискурси не се огледало, туку активни креатори на нашата реалност.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПичПрич: Влакна
Во 20.00 часот во Кино Милениум ќе се одржи четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
“Бенд со женски вокал” не е факинг музички жанр!
Навистина сакам да ги имам одговорите или брзо решение за тоа како да создадеме еднаква репрезентативност помеѓу мажите и жените во музичката индустрија, но тоа е нешто што ќе треба време да се промени.
  • Од Игор Јадровски
  • Uncategorized, КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Втор дел
Ако и вие како нас не можете да се наситите на прекрасните фотографии од Скопје Прајд, во прилог втор дел галерија фотографии.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пoстпородилна депресија
Додека ја доев ќерка ми замислував како ја фрлам од прозорец
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: И жените се присутни во историјата на музиката
Неприфатливо е да се завршуваат музички училишта без да се знаат храбрите претставнички кои се бореле да ја претстават својата уметност.
  • Од Тамара Стојаноска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Моника Стојановска: Пишувам отворено, сонливо и искрено
Може да кажам дека моите песни се една (за мене) потребна, но за жал погрешна психоанализа на другиот.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram