Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Моника Стојановска: Пишувам отворено, сонливо и искрено
Може да кажам дека моите песни се една (за мене) потребна, но за жал погрешна психоанализа на другиот.

Фотографија: Марија Спироска

 

Првата поетска збирка на Моника Стојановска (р.1993) излезе од печат. Моника дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, отсек Италијански јазик и книжевност. Работи како илустраторка и дизајнерка за својот бренд „Моки“ и како медиумска аналитичарка. Нејзината поезија е објавена во неколку списанија и антологии. Преведувана е на српски и хрватски јазик.

Промоцијата на збирката “Има и такви денови” на Моника Стојановска ќе се случува во Буква на 12ти октомври, среда, во 19:30 часот. За таа цел, Марија Шаклева поразговара со Моника за нејзината поезија и творештво.

 

Се сеќавам на првиот пат кога прочитав твоја песна случајно. Песната беше Amor Fati и ме остави со некоја растрепереност, па ја препрочитав пак за да сфатам што точно чувствував и некоја силна емпатија во мене тлееше и не сакаше директно да ми одговори. Само паметам дека си помислив колку си храбра – да бидеш ранлива пред себе, а потоа и пред другите е многу тешко. Дали поезијата ти помага во тоа?

Најпрво, ти благодарам. Тоа што некоја од песните разбудила нешто толку убаво – како што е сочувствувањето – во тебе, за мене е најголем комплимент. Мојата ранливост што си ја уловила низ стиховите е нешто со коешто на моменти тешко се справувам. Постојано учам како да ја прифаќам и да не се плашам од неа, не за отпосле да ја претворам во нешто друго, туку за да ја пренесам каква што е без задршка. Не сметам дека ранливоста ме дефинира, но сметам дека е многу важен дел од мене – таа ми помага да ги доживувам нештата околу себе толку силно. Некогаш тоа доживување е среќно, некогаш е несреќно. Често, кога е несреќно – добивам потреба да пишувам.  

 

Забележувам во твојата поезија дека понекогаш разговараш со твоите состојби како со личности – нешто истовремено надвор и внатре во тебе. Каква улога има поезијата во ваквата интроспекција и преку што се препознаваш самата себе?

Да, тоа е многу интересна забелешка. Мој драг пријател откако ја прочита збирката ми кажа дека му изгледа како постојано да се обидувам да влезам во главата на тој што го опејувам за да разговарам со него. И навистина е така, иако секогаш е безуспешно. Надоврзувајќи се на твојата забелешка, може да се каже дека и моите состојби ги доживувам како да се свои личности со сопствени мисли во коишто некогаш нема место за мене. Веројатно може да кажам дека моите песни се една (за мене) потребна, но за жал погрешна психоанализа на другиот.

 

 

Често кога ги гледам твоите илустрации и изработки, бидејќи работиш и како илустраторка и дизајнерка на твојот бренд “Моки”, забележувам една тивка смиреност, дури како утеха и прегратка кон самата себе. Се чини како цело време да носиш една убава носталгија. Дали преку творењето се потсеќаш на себеси и колку е важно тоа за тебе?

Вистина е дека сум носталгична личност, и тоа некогаш ме спречува потполно да уживам во сегашноста, затоа што знам дека во следниот момент веќе една сегашност ќе стане минато кое никогаш повеќе нема да се врати, и нема да можам ништо против тоа. Затоа ги архивирам моментите од мојот живот на различни начини, за јас да можам ним да им се вратам. Но и без да се трудам да ги архивирам, многу бои, текстури и мириси од мојот живот природно останале во мене, и кога од никаде ќе се сетам на нив – тоа сеќавање го претворам во некаква форма на уметност. Тоа се отсликува во „Моки“, точно. Во илустрациите има една носталгична нишка и не е секогаш врзана само со мојот живот, туку и со некое минато од кое воопшто не сум била ниту дел, но сепак чувствувам дека ми недостига.

 

Многу ми е убаво кога читам твои препеви, тоа ме инспирираше да се обидам и јас да направам некои препеви и ти благодарам за тоа. Како ги избираш поетесите/поетите чии песни се одлучуваш да ги препееш и кои се оние на кои најчесто им се навраќаш и најмногу сакаш да ги читаш?

Многу ме радува што препевите ти се допаднале и те поттикнале, ти посакувам уште многу препеви. Поетесите и поетите не ги бирам, се концентрирам на нивното име откако ќе завршам со читањето на нивни песни што ме поместиле целосно затоа што до толку ме освоиле. Во тој момент само сакам да го споделам она што го чувствувам со некој друг, притоа преземајќи ја задачата да го преведам на македонски јазик. Преведувам од лично задоволство кое сакам да го намножам. Веројатно песните што ги препејувам несвесно ги бирам според сопствениот сензибилитет. Преведувам нешта кои би сакала да ги напишам. Најмногу ме привлекува современа поезија со слободен стих.

 

 

Последниве години има еден голем наратив и притисок за продуктивност и константен прогрес, па доста луѓе се демотивираат и не се обидуваат ниту да творат. Дали си го осетила ова и ако да, на кој начин успеа да се справиш/ се справуваш? Каков ти беше процесот на создавање на твојата прва поетска збирка?

Од луѓето околу мене никогаш не сум почувствувала притисок за ништо во животот, само поттик и поддршка, и свесна сум дека таа слобода е вистинска привилегија. Сите околу мене знаат дека имам свој ритам. Некогаш сум нетрпелива, многу страствена, и не сакам да чекам ниту минута за нешто, но некогаш го земам времето за себе затоа што чувствувам дека на нешто внатре во мене му е потребно за спокојно да зрее. Така беше со збирката. Никогаш не пишував за да се натпреварувам со некој или со себеси, ниту за да се докажам некому. Всушност, никогаш не пишував за да напишам збирка. Пишувам кога навистина ми доаѓа тој набој. Пишувам отворено, сонливо и искрено, необременета од особена цел или амбиција. И во тоа нема ништо погрешно. Последниве две години чувствував дека стиховите се доволно зрели за да се најдат меѓу туѓите прсти, на хартија, и тоа се случи.

Јас сум активен човек, но не сум опседната со продуктивност. Она што го споделувам, дали е во вид на стих, цртеж или фотографија, го споделувам затоа што навистина сум почувствувала некаков импулс што треба да се материјализира. Мојата награда е неговото изделување од мене, за потоа природно да си го најде патот до луѓето. Јас не се пронаоѓам во романтизирањето на претераната продуктивност или во ненаситната амбициозност, можеби тоа некому му одговара, но дефинитивно не е за мене. За мене мотивација не се само пофалниците, признанијата, или чудењето кај другите за тоа како успеваш да најдеш време толку да твориш. За мене мотивација е и кога некој ќе ја препознае твојата искреност без да бидеш особено гласен или наметлив, и токму на неа ќе ѝ даде шанса.

 

За крај, што е она што те прави радосна?

Времето поминато со блиските луѓе. Времето поминато сама со себе. Бучавата од гласовите на блиските луѓе. Тишината кога сум сама со себе. 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • October 12, 2022
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Одисеј и Пенелопа или Одисеј и Партенопа: аспекти на романот „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ
Феминистичко читање на ликот на Вдовицата преку симболиката на Партенопа и лисицата.
  • Од Радица Стојановска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Жените во политиката во ранливи средини:Интервју со Рошика Део
Вистинската солидарност се јавува меѓу жените кои ја формираат заедницата, и тоа жените од кои најмалку ја очекувате. Важно е да се потроши време за градење на солидарност, бидејќи кога жената се кандидира на избори, без разлика дали победува или не, таа и олеснува на следната жена која ќе се појави.
  • Од Сара Миленковска
  • КВИР, ФЕМ 101, ФИЛМ
Смртта и животот на Марша П. Џонсон (The Death and Life of Marsha P. Johnson)
Во име на месецот на гордоста и #BlackLivesMatter протестите, да се едуцираме за личностите кои го посветиле својот живот на борбата за ослободување.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА
Родови политики и сексуални идентитети во Планината Броукбек
Планината Броукбек е место кое надвор од светот во кој живеат, надвор од цивилизацијата и општеството кое ги класифицира и осудува, надвор од „вистинскиот живот“ со своите пространи пејзажи ја доловува слободата и можноста на остварувањето на нивната врска.
  • Од Кристијан Стефановски
  • ФЕМ 101
„Јавна соба“ е кривично дело и мора да се санкционира
Најавените законски измени се позитивни, но задоцнети и не се неопходни за да се санкционираат сторителите на „Јавна соба“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Запознај ја Мави Феникс
Се обидувам да им дозволам на моите феминистички ставови да светат низ секоја песна, секое интервју и воопшто секоја мала работа што ја правам. Време е за сите да застанат против сексизмот кој е насекаде околу нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА
Феликс Гонзалез – Торес: забавно провокативен, смртно сериозен
Талентот на Феликс како уметник беше тоа што ја разбра моќта на суптилноста.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
The M word: или зошто цензурирањето на менструацијата претставува микро сексизам?
Ако воопшто не сакаме да зборуваме за менструацијата од медицински аспект, тогаш како би очекувале овој проблем да се сфати сериозно и како би формирале политики и протоколи за земање боледување за менструални болки ако нашите шефови сметаат дека медицинските факти за нашата болка се премногу „приватни“ за споделување?
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Жени кои ја зеле правдата во свои раце
Од Сестринствата во Шангај до Окупа во Мексико, ова се групите жени низ историјата, кои се обиделе да се оттргнат од идејата за полициска заштита и наместо тоа, на насилството одговориле на свој начин.
  • Од Благица Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: РАЗГОВОР
Ана Блажева, Наталија Теодосиева и Славчо Димитров ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: ТЕМНИНА
Лени Фрчкоска, Сара Миленковска и Ивана Батев ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
смешно
  • ФЕМ 101
Што е тука смешно?
Пред неполни две недели македонската јавност се разбуди во едно од најодвратните случаи на родово-базирано насилство во земјава—Телеграм групата Јавна соба, чиј опис уште поодвратно гласеше ,,дружење и зезањe''.
  • Од Елена Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Перформативната уметност те носи на емотивно возење со луда железница: Интервју со Нао Бустаманте
Она што особено ми се допаѓа кај перформативната уметност е непосредната размена со публиката која се менува во истиот момент додека се создава.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против “родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Светлана Алексиевич: Се надевам дека „Војната нема женско лице“ им дава сила на жените во Украина
Нобеловката Светлана Алексиевич е добитничка на наградата „Букстар 2022“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Невидливиот хорор на семејното насилство во филмот Невидливиот човек
Додека хоророт како жанр доживува обнова, ова е солиден обид да се постави нова динамика помеѓу овој жанр и женскиот лик, после долга историја исполнета со еднодимензионални ликови и експлоатација на женските искуства.
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
Бараме од работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на Маршот за Осми март
Маршот ќе се одржи на 8ми Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Валканата мала тајна на сексот без обврски
Што е она што нè тера да имаме секс без обврски? Дали уживаме во тоа? Дали имаме некаква добивка—или, пак, ризикуваме да бидеме повредени? И најпосле, кои, всушност, сме „ние“?
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Квир по дома: Здравствената криза и социјалната изолација наспроти потребата за заедништво
Ако за мнозинството социјалната изолација подразбира едноставно поминување повеќе време дома, кај квир лицата тоа може да значи буквално затварање во себе или „враќање во плакарот“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Сопствена (универзитетска) соба
Зошто сè уште постои потреба од женски колеџи?
  • Од Милена Сливоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Марш за женски права: Ти не си виновна!
Вчера, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, марширавме под слоганот „Ти не си виновна!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нашиот пат – 25 женски приказни од историјата
Тииит!Инк. ве поканува на промоцијата на публикацијата „Нашиот пат - 25 женски приказни од истроиајта“,  во петок (01.10), во кафе-книжарницата „Буква“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ
Вита е спој на мојот интерест за културно наследство, антропологија, театар, фотографија и филм: Интервју со Филип Петковски
„Vita“ е мултимедијална изложба на Филип Петковски, која вклучува краток филм, авторски фотографии на Жарко Чулиќ, како и фотографии направени од непознати фотографи од првата половина на 20 век.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Врховниот суд на САД се обидува да го забрани абортусот: дали Америка е сè уште слободна земја?
Не постои посуштински услов на едно демократско граѓанство од контролата на една личност врз сопственото тело. Без тоа, не можеме да се наречеме слободна земја.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Косовските демонстранти бараат да се преземе акција по силувањето на 11-годишното девојче
Според Мрежата на жени во Косово, над 70% од случаите на сексуални напади и силувања во земјата се врз малолетни девојчиња.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Инстаграм – гнездо на уметнички
Неколку уметнички чии дела варираат од забранети автопортрети до искрени исповеди и ноар фотографии.
  • Од Анастасија Марковска
  • ФЕМ 101
МВР ме прави огрочена и лута
Полицијата никогаш во минатото не била клучна во оваа борба, па баш затоа е тешко да се замисли дека некогаш во иднината би можела да биде
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Маркс за родот и семејството: резиме (прв дел)
Човечките суштества би морале да станат способни да се видат едни со други како вредни за себе, наместо да гледаат како нешто што вреди само на она кое една индивидуа може да го обезбеди за друга.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Принтот не е мртов
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче!
Од жените се очекува да се плашат. Ги учиме девојчињата да бидат срамежливи, плашливи, внимателни, наместо храбри и љубопитни. Ги учиме дека нивните тела се ранливи и им го всадуваме стравот од повредување со што им ја намалуваме довербата во нивните сопствени тела.
  • Од Бојана Јовановска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram