Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Мора да зборуваме за полициската бруталност
Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи,

Последниве неколку недели речиси не е возможно да се избегне темата на полициска бруталност. Во Миенаполис на 25ти мај 2020 беше убиен Џорџ Флојд од страна на полицаецот Дерек Шовин кој 8 минути и 46 секунди седеше на вратот на Џорџ додека тој не умре од загушување. Американската и светската јавност повторно виде брутално убиство на црн маж од страна на бел полицаец. Но за разлика од многуте други убиства од страна на полицијата, после смртта на Џорџ Флојд радикални протести се јавија во градови низ сите 50 американски држави како и интернационални протести во солидарност со нив. За разлика од претходните #BlackLivesMatter (#ЦрнитеЖивотиСеВажни) протести кои бараа правда за индививудални црни луѓе убиени од страна на полицијата како Сандра Блaнд, Ерик Гарнер и Тамир Рајс, овој пат протестантите бараат драстично намалување на буџетот на полицијата и укинување на полицијата како долгорочен проект.

Живееме во интересно време кое можеби ќе донесе навистина позитивни ефекти – нешто што воопшто не го очекував пред 3-4 месеци кога изгледаше дека полицијата генерално имаше повеќе поддршка од граѓаните од различни земји заради Ковид кризата и обвинување на „недисциплинирани“ индивидуалци за ширење на пандемијата. САД и целиот свет доживуваат колективен момент на криза каде што се поставуваат критички прашања за тоа кој всушност би бил најдобриот начин за обезбедување безбедност во едно општество.

За жал, некои луѓе сакаат да веруваат дека полициската бруталност е само американски проблем, а во Европа сѐ е океј, па ние не мораме критички да размислуваме за нашата полиција. Но со ваквото размислување само ја игнорираме реалноста на многу ранлинливи групи и преку тоа не успеваме да ги заштитиме од државно насилство. Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи, како етнички малцинства, мигранти, ЛГБТ+ луѓе и сексуални работни(ч)ки. Да, полициските оддели во Европа можеби се помалку убиствени, но се далеку од општествено корисни и позитивни институции. Затоа мора и ние да зборуваме за полициската бруталност. Да ја почнеме оваа дискусија локално со инцидентот на полициска бруталност врз групата Роми што се случи овој месец.

Според ЦИВИЛ Медиа на 7ти Јуни „за време на полициски час дваесетина припадници на интервентната полиција при нивната интервенција употребиле физичка сила врз бездомниците кои живеат под Железничка станица во Скопје.“ Полицијата добила пријава дека граѓани биле собрани на јавно место за време на полицискиот час и пуштале гласна музика, односно „нарушување на јавниот ред“ – обвинение кое е често нејасно и нееднакво спроведено. Сузана Демир, граѓанката која е интервјуирана во репортажата, покажува голема модрица на нејзината десна рака која ѝ ја оставиле алфите и ја раскажува хорор приказната од тој ден:

„Кога дојде полицијата побараа да се изгасне музиката и ние веднаш ја изгаснавме, но лицето Харун, (кој инаку е познат на полицијата бидејќи често знае да прави проблеми и инциденти), почна да се расправа со полицајците и тие повикаа засилување. За неколку минути дојдоа околу 20 алфи, со пет-шест возила и без да прашат што се случува веднаш почнаа да нè удираат. Не бираа дали маваат мажи, жени, стари или деца.“

„Детето од тој ден, среде спиење станува и почнува да плаче и се тресе од страв. Едвај го смирувам. Тука има десетина мали деца кои имаат трауми од тој ден, бидејќи плачеа, врескаа и бегаа да се скријат од полицијата.“ – вели друга мајка.

Не само што бездомните жители биле тепани, туку пет лица биле и лишени од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“ и сторен прекршок „омаловажување на полициски службеник“.

Втората пријава можеби има некаква валидност (иако крајно се сомневам), бидејќи не е објаснето од страна на МВР како всушност полицајците били омаловажани – згора на тоа, како може бездомник да омаловажи полициски службеник кој има далеку повеќе моќ од него? Но, во секој случај, првата пријава е комплетно апсурдна. Како може бездомни граѓани да ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање и изолација ако немаат домови? Многу е јасно дека наместо државата да им помогне на најзагрозените граѓани во општеството – пример привремено да ги смести во еден од многуте празни хотели – бездомните Роми се казнети заради нивното бездомништво. Односно, наместо државата да преземе повеќе мерки за помагање на бездоминиците (кои се диспропорционално Роми) од типот на борба против дискриминација или инвестирање во субвенционирани станови за социјално и економски загрозени граѓани, преку полицијата, сиромаштијата и бездомништвото се криминализираат.

За жал, ова не е ни прв ни последен инцидент од страна на македонската полиција. Како и во многу други држави полициското насилство во Македонија има етничка/расна димензија. Извештајот на Хелсиншкиот Комитет за Човекови Права од Јуни 2016 гласи дека сите пет осудени случаи на тортура биле извршени од државни службеници и дека има уште барем дузина други слични случаи каде што жртвите се Роми. Во извештајот стои дека дел овие примери се „ нападот на голем број полициски сили против граѓани од ромската заедница во населбата Топана, претепувањето на невино момче во Полициската станица во Демир Хисар, тепањето на малолетни деца Роми од страна на Полициската единица Алфа, врзувањето со јаже на малолетниот Леон погрешно сместен во установа за лица со телесна попреченост и употребата на загадена вода во Затворот Куманово“. Ова се страшни прекршувања на човековите права и дигнитет. Не само што Ромите имаат високи стапки на невработеност и сиромаштија како резултат на општествено угнетување – на пример, ромските деца се често сегрегирани во образвониот систем – туку тие често се жртви на насилство од страна на полицијата која ја криминализира нивната угнетеност.

Секако полицијата не таргетира само Роми. Сексуалните работнички секоја година протестираат, меѓудругото и, против полициското насилство кое го доживуваат како и недостаток на заштита од институциите – самата криминализација на сексуалната работа исто така претставува вид на насилство од страна на правниот апаратус на државата. Го паметиме насилството против демонстранти на протестите на Шарената Револуција или на протестите во 2015 кои спонтано почнаа по објавувањето на „бомбата“ за убиството на Мартин Нешковски кое ВМРОвската влада проба да го сокрие. Се разбира и во 2011 непосредно по убиството на Нешковски од страна на Игор Спасов кој беше дел од полициската единица „Тигри“ имаше масовни протести против полициска бруталност. За жал, имаме традиција на полициска бруталност, но за среќа и протести против неа.

 

 

Би било наивно да мислиме дека само бидејќи е сменета власта овој тип на насилство наеднаш би го снемало — очигледно не беа отпуштени сите луѓе кои беа полицајци за време на ВМРОвскиот режим. На пример, во Јули, 2017та антимилитаристи беа легитимирани од страна на полиција кои ја протестираа заедничката воена вежба на армијата на САД и на АРМ на скопскиот плоштад, иако мирно протестираа. Во јули 2019 брат мѝ сними полициско насилство против демонстрант кој само имаше напишано графит ACAB (кратенка што значи „All Cops Are Bastards“ односно „Сите полицајци се копилиња“). Неколку полицајци го собориле демонстрантот што протестирал и кога еден од сведоците на инцидентот им кажал „Срам да вѝ е“, полицајците му се заканиле со апсење. Некако, полицајците му ја докажаа поентата на демонстрантот.

И се разбира, последниот случај на полициско насилство (за кој знаеме) е случајот под Железничката станица во Скопје додека премиерот Заев зборува за инклузија на Ромите.

Дали ни е потребен македонски Џорџ Флојд или уште еден Мартин Нешковски пред да преземеме нешто? Како и во многу други земји полицијата во Македонија е одговорна за премногу општествени проблеми кои не мора и не треба да бидат решени од луѓе кои носат пиштоли на работа. Наместо да ги зголемуваме буџетите на полицијата и војската и да решаваме општествените проблеми како сиромаштија и бездомништво со криминализација, треба да зборуваме за позитивни решенија и инвестирање во маргинализирани заедници.

Треба да ги дознаеме имињата на полицајците кои ги тероризираа бездомните лица на 7ми Јуни. Полицајците треба минимум да се суспендирани – ако не и веднаш отпуштени, и треба да се извинат за болката која им ја нанеле на групата луѓе. Вистнска правда за овие жртви на полициско насилство е малку потешка мисија, но добар почеток би било да добијат адекватна помош од државата за време на пандемијата.

Како феминистки и како солидарни луѓе ваквото насилство мора да нѐ интересира. Слободата не е баш возможна кога постои насилна полиција, и можеби нема да постои додека комплетно не ја укинеме полицијата и замениме со подемократски организации кои би се грижеле за општествената безбедност. А ова ми изгледа како совршен момент за да ја почнеме оваа дискусија во солидарност со #BlackLivesMatter активист(к)ите, угнетените малцинства во САД и низ целиот свет.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • June 24, 2020
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: ПРОМЕНА
Нашите авторки Анастасија Марковска, Елена Петрова и Благица Димитрова ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се подготвиме за апокалипсата?
Кон романот ,,Време”од Џени Офил
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што претставува фемицидот?
Деновиве многу девојки и жени споделуваат црно-бели фотографии од себе под хаштагот #challengeaccepted  како знак на меѓусебно поддршка. Меѓутоа, изворот на овој „тренд“ всушност се наоѓа во Турција.
  • Од Теодора Соколовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Правда за градите
Не можам да тврдам, но верувам дека речиси секоја жена почувствувала некој вид непријатност поврзана со своите гради. Непосакувани погледи и коментари од средината, изнудени допири уште од основно школо што никогаш не биле санкционирани или ред несигурности поврзани со нивната големина, форма и облик, приказни постојат колку и гради на светот.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Амбер Херд е несовршена жртва
Дали јавното говорење за партнерско насилство само им дава можност на насилниците да го продолжат злоставувањето на нивните жртви преку судските системи?
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бел хукс: „Нашата прва љубов е љубовта кон себе“
Плодната писателкa, мислителка и теоретичарка дискутира за љубовта кон себе и за тоа како искрено да ја процениме сопствената вредност.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
Валканата мала тајна на сексот без обврски
Што е она што нè тера да имаме секс без обврски? Дали уживаме во тоа? Дали имаме некаква добивка—или, пак, ризикуваме да бидеме повредени? И најпосле, кои, всушност, сме „ние“?
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мајката (не) знае најдобро
Родовиот јаз во обврските околу грижата и воспитувањето на децата и малата, (скоро непостоечка) поддршка на мајките.
  • Од Марта Стевковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нов недискриминирачки закон за потпомогнато оплодување во Малта – Каде сме ние по ова прашање?
Во едно демократско општество кое се стреми кон целосна еднаквост и недискриминација, постоењето на вакви закони кои поставуваат дискриминирачки услови и кои некого исклучуваат од остварување на право е поразително и ја отсликува итната потреба од измени кон подобри законски решенија.
  • Од Јована Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспешната родова транзиција во Кожата во која живеам на Педро Алмодовар (La piel que habito, Pedro Almodóvar)
Ако ја боли, ќе си трпи.
  • Од Анастасија Марковска
  • ФЕМ 101
За неуспешните жени
8 Март беше и треба да остане симбол и поттик за борбата на непривилегираните, за солидарноста со неуспешните.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Во фокус: Турција и Сирија
Бројот на жртви во Турциja и Сириjа е во постоjaн пораст.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Безбедниот абортус е основна здравствена заштита – и точка!
28 септември – Меѓународен ден на безбедниот абортус
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не постои „трансродова идеологија“
(Но трансфобите се реални и гласни)
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Will you tell them?” Промоција на книга и изложба на Јован Јосифовски
Изложбата е составена од творби и книга кои се продукт на повеќемесечно истражување и работа на авторот во соработка со PrivatePrint студиото.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Јас сум Југословенка“ – книга за наследството на отпорот на Југословенката
Интервју со авторката на книгата - Јасмина Тумбас.
  • Од Марта Стевковска
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Прв дел
Оние кои беа знаат, оние кои не беа веројатно слушнаа. Првата Парадата на гордоста во Скопје беше сé што можевме да замислиме и повеќе.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Сопствена (универзитетска) соба
Зошто сè уште постои потреба од женски колеџи?
  • Од Милена Сливоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Mитот за убавите заспани девојки
Нараторката донесува одлука да преспие една година од својот живот со помош на седативи и антидепресиви. Таа го замислува овој проект како една хибернација, одмор од секојдневните анксиозности и случувања.
  • Од Кристина Атанасова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кога домот не е безбеден
Голготата на жртвите на родово-базирано насилство кои одлучуваат да го напуштат домот и да останат без покрив над глава со цел да се спасат од насилникот.
  • Од Марта Стевковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суровата реалност на „Слугинка“ – серија која непоколебливо го насочува објективот кон сиромашните жени
Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Шмукај, шмукај, бејби!
Kлиторалниот шмукач за мене ова беше откритие на векот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали Академијата мисли дека филмот Little Women се режираше сам?
Време е да се фрлат номинациите за Оскар оваа година директно во оган.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Феминизам, Јас и Ти
или што мислам кога велам дека сум феминист/ка?
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Заборавена историја на сексуалнoто насилство во Втората светска војна
Дури и во Германија, но сепак почесто во поконзервативните словенски земји, силувањата биле сокриени со превез на тишина и на жртвите не им била пружена помош.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #3
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За Ендру Тејт и загрoзените машки видови
Феноменот Ендру Тејт не треба да ни претставува никакво изненадување, зашто тлото за подемот на една толку токсична, но привлечна, медиумска персона беше веќе убаво оплодено од квази интелектуални Јутуб ликови исплашени од таканаречената woke култура и женското омоќување, на чело со Џордан Питерсон. 
  • Од Билјана Кочоска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
Illustration by Chloe Cushman
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не се враќаме во времето пред Ро. Одиме на полошо
Не само што влегуваме во ера на небезбедни абортуси, туку и на сеопшта криминализација на бременоста.
  • Од Елена Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram