Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Најголемата желба ми е да се оформи силно студентско феминистичко движење: Интервју со Катерина Иванова
Системското насилство не е проблем на индивидуите кои го искусуваат, тоа е проблем на целата заедница.
Комисијата за заштита и унапредување на правата на маргинализирани групи при Универзитетското студентско собрание (УСС) на УКИМ е прво тело што се занимава со овие прашања во редовите на студентското организирање – впрочем и УСС е прво легитимно студентско претставничко тело. Затоа, честитки за формирањето на ваков орган во рамките на Универзитетското собрание. Поддршка од овој тип им е повеќе од потребна на многу студентки и студенти. Во тој контекст, мислам дека и на самата Комисија подеднакво многу ѝ е потребна поддршка, односно промовирање и застапеност во онлајн просторот, бидејќи е исклучително важно студент(к)ите да се информираат за нивното постоење и работа, за да знаат дека има каде да се обратат, па оттука и ова интервју. Катерина Иванова е претседателка на Комисијата за заштита и унапредување на правата на маргинализирани групи при УСС на УКИМ и студентка на Правен факултет. Разговорот го водеше Благица Димитрова.

 

Нѐ радува кога гледаме девојки на вакви позиции, бидејќи е реткост. Мислиш ли дека работите се подобри за девојките во студентските кругови, или барем во УСС? Дали во однос на ова прашање, но и на личен план, имаш некои посебни амбиции, желби или стравови?

 

Во УСС со сигурност можам да кажам дека студентките се на секое ниво и начин еднакво вклучени. Ова ми дава надеж дека и на целиот Универзитет работите ќе тргнат на подобро. Има уште еден многу долг пат кој мора да се изоди во однос на родовата сензибилизација, особено на факултетите каде се изучуваат “типично машки” струки. Најголемата желба ми е да се оформи едно силно студентско феминистичко движење, а уште поважно и потешко, да биде сериозно сфатено во академските кругови. Еден од најголемите стравови ми е трендот на исмевање на борбата за женските права и генерално човековите права, а го гледам неретко меѓу студентите. Се надевам само дека е можеби еден “природен” одговор на активирањето на сè повеќе студенти.

 

Како прва претседателка, сигурно е голем притисокот да се постави некој стандард и за функционирањето во иднина. Кој беше твојот мотив да ја предводиш токму оваа Комисија и со кои предизвици очекуваш да се соочиш во текот на работата?

 

Искрено, во првиот момент не размислував премногу околу притисокот, тоа дојде по иницијалниот шок. Во прв момент ме движеше амбицијата за учество во едно тело кое вистински може да направи разлика во борбата против дискриминацијата и системското насилство. Секојдневните примери на овие случувања го будат гневот по кој доаѓа солидарноста и несопирливата желба да се дејствува. Како прва претседателка, само се надевам дека нема да ги изневерам студентите и членовите на комисијата, а и таа титула сметам дека е безвредна без целиот тим на студенти кои се ангажирана во работата на комисијата и ја имаат целосно заслугата за сите проекти кои ќе се реализираат периодов.

 

Бидејќи е прво тело од овој тип, може ли накратко да ни го преставиш општиот план на Комисијата? Кои се целите е јасно од самото име, меѓутоа кој е начинот на кој функционирате и, во принцип, кои маргинализирани заедници ги имате предвид?

 

 

Како групи кои се маргинализирани имаме издвоено поголем број, а најголем фокус ставаме на Ромите/Ромките, лицата со попречености, жените, ЛГБТИ+ заедницата, студентите од семејства со ниски примања. Комисијата преку низа активности ќе работи на кршење на стереотипите кои владеат околу овие групи и воедно подобрување на нивната положба на самиот Универзитет преку механизми за пријавување, советување и сл. Во огромна мера ќе се работи на подигање на свеста околу положбата на маргинализираните групи, препознавање на дискриминација (што во суштина е еден од најгорливите проблеми).

 

Пред скоро време спроведовте анкета со цел да ја испитате ситуацијата со дискриминација во високото образование и да креирате мерки според резултатите. До какви сознанија дојдовте преку анкетата? Врз основа на што се најчесто дискриминирани студентите? Колкав дел од дискриминацијата е, всушност, родова дискриминација и/или дискриминација врз основа на сексуална ориентација? Според тоа, што би презеле?

 

Анкетата штотуку беше затворена и истата даде искрено очекувани резултати. Огромен дел од дискриминацијата е токму родово-базирана. Покрај родово-базираната, имаше многу случаи на дискриминација по основ на етничка припадност, сексуална ориентација, социо-економска состојба. Еден интересен податок е тоа што околу 25% сметаат дека биле дискриминирани, околу 30% не се сигурни дали искусиле дискриминација, а околу 60% посведочиле дискриминација. Тука дополнително се докажува нашата констатација дека неретко студентите не знаат да препознаат дискриминација. Во оваа насока комисијата работи на кампања која има за цел да едуцира околу препознавањето на дискриминацијата. Системското насилство не е проблем на индивидуите кои го искусуваат, тоа е проблем на целата заедница. Никој не е слободен, додека сите не сме слободни.

 

Бевме и, за жал, сѐ уште сме сведоци на сексуално вознемирување на студентки во високообразовните институции. Ова особено беше обелоденето со кампањата #СегаКажувам. Неодамна и еден професор беше осуден за примање мито, додека барањето на сексуални услуги од студентки беше само попатно спомнато и помина без пресуда од страна на институциите. Напротив, многумина дури ги обвинуваа студентките – она што го нарекуваме двојна виктимизација. Ваквото однесување несомнено ја загрозува позицијата на студентките. Дали студентките – жртви на сексуално вознемирување и насилство ќе можат да се потпрат на вас во ваков случај? На кој начин би можеле да пријават кај вас и каква поддршка би им пружиле?

 

Комисијата за заштита и унапредување на правата на маргинализирани групи моментално работи на сервис кој ќе биде наменет конкретно за жртвите на сексуално вознемирување и насилство на универзитетот. Истиот ќе нуди психолошка и правна помош за жртвите. Воедно ќе се постави и телефонска линија за пријавување. Овој проект беше испланирано веќе да е отпочнат но поради актуелната ситуација со COVID-19, истиот е одложен на одреден период. По нормализација на ситуацијата, ќе биде еден од главните приритети на Комисијата.

 

Твој коментар за фактот што годинава студентките и студентите под водство на оваа Комисија за првпат се вклучија во Маршот за женски права на 8 Март – посветен токму на жртвите на родово базирано насилство, и со тоа поставивте еден важен преседан за феминизмот кај нас. Како се прифатени феминистичките идеи во Универзитетското собрание на УКИМ и колку се инкорпорираат во неговите политики?

 

Во политиките на УСС, феминизмот е навистина една од централните вредности. Политиките кои ги спроведува УСС на мое големо задоволство, се вистински родово сензибилизирани и се става голем акцент на оваа проблематика. Маршот беше еден иницијален пример за учеството на УСС во борбата за еднаквите права во високото образование, но не и единствен, УСС е дел од борбата и ќе биде.

 

Искрено се надевам дека Комисијата ќе стане сериозен и важен орган за справување со дискриминација и унапредување на маргинализирани заедници, како и дека ќе придонесе за охрабрување на студентките. Кои се твоите лични очекувања од работата на ова студентско тело?

 

Очекувам ова тело првично да прерасне во еден safe space за сите студенти/ки, понатаму очекувам еден бран на будење меѓу студентите, предизвикан токму од активноста на оваа комисија. Се надевам дека што повеќе студенти и активно ќе се вклучат во работата на комисијата, а доколку има заинтересирани во секој момент можат да се приклучат со контактирање на било кој од каналите на УСС (Facebook, Instagram, e-mail).

 

Некој интересен проект во најава?

 

 

Во претсоечкиот период, Комисијата ќе организира неколку онлајн активности на навистина интересни теми. Следете нè.

НАПИШАНО ОД:
  • Благица Димитрова
  • April 29, 2020
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Декриминализацијата ќе придонесе кон намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници
Ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат на Маршот на црвените чадори, по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Дали за Доналд Трамп конечно заврши шоуто?
Знаеме дека Трамп ќе се обиде да стори сé за да остане на власт, да ја избегне таа крајна катастрофа во животот - да стане „губитник“
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ
Локални поборници за работнички права: Интервју со Кристина Ампева
Најголем предизвик во моментов е немањето доволно капацитети да се одговори на сите прекршувања на работничките права.
  • Од Анастасија Марковска
  • Од Анастасија Марковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата болка е политичка
Мојата болка е сечија болка. Сè додека јас живеам со мојата болка сите живееме во грч.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангел Димитриевски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Правда за градите
Не можам да тврдам, но верувам дека речиси секоја жена почувствувала некој вид непријатност поврзана со своите гради. Непосакувани погледи и коментари од средината, изнудени допири уште од основно школо што никогаш не биле санкционирани или ред несигурности поврзани со нивната големина, форма и облик, приказни постојат колку и гради на светот.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд 2021 низ фотографии
Галерија од Соња Ставрова и Наташа Величковска
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не постои „трансродова идеологија“
(Но трансфобите се реални и гласни)
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на „Дијалози“
Во четврток ќе прославиме една година љубов, пријателство, и феминистичко пишување и дејствување.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Цената на водењето политика во услови на шовинистички менталитет
Oд вкупно 660 избрани градоначалници во период од 25 години и седум круга локални избори, само 18 се жени.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Симона Србиновска
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Руските феминистки протестираат на улиците против војната што ја води Путин
Манифест на руските феминистки кои се обединија против окупацијата и војната во Украина.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Или како сите, или ништо – Мајки и камионџии
Колку повеќе има исти, толку потешко се прифаќаат различните.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Дијана Петрова
  • Uncategorized, ФЕМ 101
Случајот против современиот феминизам
Од една страна, феминизмот никогаш не бил пошироко прокламиран или попрофитабилен од сега. Од друга страна, последниве десет години, широката распространетост и прифатливост на феминизмот кулминираа со изборот на Доналд Трамп за претседател.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Револтирани сме од начинот на кој се перцепира нашата работа
ЈАДРО бара од Министерството за култура подобар третман на независната сцена
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Забраните за абортус ги одземаат човековите права. Еве зошто мораме солидардно да застанеме против нив
Владите мора да го прошират пристапот до безбеден, легален и достапен абортус и контрацепција за сите луѓе. Не само што тоа е хуманиот начин, туку е и државна обврска според меѓународното право.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Борба против менструалната сиромаштија и стигма: Интервју со Period. The Menstrual Movement Skopje
Едукацијата е клучна и за оние кои менструираат и оние кои не менструираат. Самиот тој процес на сегрегација најчесто при едуцирање на овие теми, остава голем непополнет простор со информации кај оние кои не менструираат и дополнително ја стигматизира менструацијата.
  • Од Благица Димитрова
  • ФЕМ 101
5 ЖЕНИ ЗБОРУВААТ НА ТЕМА: НАДЕЖ
Неда Чаловска, Ружица Максимовска, Ена Утевска, Џане Крешова и Вики Младенова споделуваат од каде црпат чувство на надеж.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жени кои ја зеле правдата во свои раце
Од Сестринствата во Шангај до Окупа во Мексико, ова се групите жени низ историјата, кои се обиделе да се оттргнат од идејата за полициска заштита и наместо тоа, на насилството одговориле на свој начин.
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дејтинг мен 
Решив да започнам со користење на дејтинг апликации и, реално, немав поим што правам. 
  • Од Билјана Кочоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче!
Од жените се очекува да се плашат. Ги учиме девојчињата да бидат срамежливи, плашливи, внимателни, наместо храбри и љубопитни. Ги учиме дека нивните тела се ранливи и им го всадуваме стравот од повредување со што им ја намалуваме довербата во нивните сопствени тела.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бил Бр е јак (yuck)
Сите знаеме дека на човек може да му ги познаеш ставовите токму преку вицовите. Хуморот е само одбрамбен систем на егото. Оправданието: тоа е само шега, не е ништо освен оправдување.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Отуѓивите права на жените
На многу начини бременоста е најнеприватното искуство во животот на една жена.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што треба да знаеме за абортусната грижа за време на КОВИД-19?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Заборавена историја на сексуалнoто насилство во Втората светска војна
Дури и во Германија, но сепак почесто во поконзервативните словенски земји, силувањата биле сокриени со превез на тишина и на жртвите не им била пружена помош.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против “родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Апсурдноста на модерните вештерски кампови во Јас не сум вештерка (2017)
Што се случува кога мислењето на колективот ќе се земе здраво за готово, а молчењето како потврден одговор.
  • Од Радица Стојановска
  • Од Радица Стојановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ќотекот е од рајот
Како видеото протекува не знаеме, меѓутоа самиот факт што некој сакал да го “овековечи” овој момент ни укажува на желбата за понатамошно споделување на чин на насилство како триумф.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Од историјата на женското движење: циклуси на изгубено-најдено
Критички предлог [анти-приказ] Susan Faludi, Backlash (New York: Crown, 1991), 552
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Хаџиевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заедно (Сложни жени диско градат)
Вечерва, од 21:30  о МКЦ, како дел од Прво па женско #9, ќе се прикажува филмот „Заедно (Сложни жени диско градат),
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram