Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Надежта е во неоткажувањето
Да се биде е веќе однапред и да се биде заедно.

Кога пишуваш текст затоа што не сакаш да ја одбиеш уредничката, пишуваш ли нужно вообразено? И без овој текст мора да се може. Во последните мигови од рокот на уредничката, некои бои од квечерината што истекуваат во реката Арно пожелуваат да се здобијат со друга форма, бараат да станат зборови; зборовите се: надежта е во неоткажувањето. Ја прочитав оваа фраза ден по последните парламентарни избори во Италија на социјалните мрежи, кај некој мој очаен италијански пријател. Процената е дека новата италијанска влада е доволно десно за името на војводата Бенито Мусолини повторно да го преплави дневниот печат. Потоа размислив дека сите работи му се случуваат токму на еден човек, токму сега. Векови и векови минуваат и само во сегашноста се случуваат настаните; безброј луѓе во воздухот, на земјата и во морето, а сè што навистина се случува, ми се случува мене (од „Градината со патеки што се разгрануваат“ на Хорхе Луис Борхес). Постпандемската стварност што инсистира да ја населиме, да се вратиме назад, на речиси вулгарен начин го поставува средиштето на светот во желудочната киселина на секоја од нас. Сè во светот зависи од нашето сингуларно постоење, сега тоа е појасно од претходно, a на пандемијата ќе мора да ѝ се изигра замисленото враќање назад. Жил Делез (1988) е во право кога претполага дека никогаш не се работи за враќање (кон античките Грци, на пример). Бездруго, вечното враќање се здобива со таква кинетика што, всушност, во извесна смисла го преобразува и самиот негативитет, тоа што било тешко, сега треба да е лесно. Актуелната местоположба на светот во мојот и сечиј желудник е истовремено и заземена позиција на отпор, отпор кон досадните сили на старо-стариот свет: индивидуализација низ моќта што формално го обликува себството и потем го стиска во задушливиот целофан на идентитетот, еднаш засекогаш спакуван. Борбата за субјективитетот, полека, кревко, но убедливо се формулира во ново универзално право: право на промена, свитливост и преобразба. Сечија приказна што ги крши коските, сега треба да се ослободи од срам, вина и гнев затоа што ѝ е потребна на планетата; и планетата се бори да преживее. Овој текст што се мачи да врви по средиштето на некоја неизвесна тема или воопшто на неизвесноста како тема, ги има предвид сите и меѓу нив и прекарните, страничните, зазорните приказни, и се бори за афективна правда. Од малиот ситен пулс кој ѕирка под ракавот на трошни луѓе, непознати туѓинци кои влегуваат во релациската поставка на солидарност со болката на другиот, до Стромболи што деновиве непредвидливо мрее и испушта лава во морето. Нашите мали поединечни бивства, содружници на големите претставници на еколошкиот систем со поубава зграда во шумата Амазон од онаа на ООН во Њујорк и сите молекули помеѓу, се борат да продолжат да живеат, во нашиот единствен органски поредок (смрт на nomos basileus!), во кој сите имаме право на промена, свитливост и преобразба. Ако уште не сме премалени од загубата на нашите начичкани предвидливи претпандемски животи и продолжуваме понатаму, нужно ни треба тоа што Мишел Фуко на едно место го нарекува стратегија за заедништво. Подобро оценет ќе биде долгиот пасус што би можел да следува, со детално разработување на таквата можна стратегија. Наместо тоа, започнува последната набрекната реченица: таа стратегија е сингуларна, таа се изродува од сечие поединечно неоткажување, од приказните кои имаат права и наративно ја менуваат граматичката структура на нашето конечно сегашно време; сечија приказна е вредна ако е веќе дом на целиот свет, на меѓузависноста и грижата, на солидарните молекули без име, конечно на врските (kin) што дури и во време на загуба не ја расколебаа премисата на тоа дека да се биде е веќе однапред и да се биде заедно.

НАПИШАНО ОД:
  • Вики Младенова
  • December 21, 2022
  • ФЕМ 101
Заборавена историја на сексуалнoто насилство во Втората светска војна
Дури и во Германија, но сепак почесто во поконзервативните словенски земји, силувањата биле сокриени со превез на тишина и на жртвите не им била пружена помош.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Жени кои ја зеле правдата во свои раце
Од Сестринствата во Шангај до Окупа во Мексико, ова се групите жени низ историјата, кои се обиделе да се оттргнат од идејата за полициска заштита и наместо тоа, на насилството одговориле на свој начин.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Југофеминизам: Наследство и имагинација
Дали можеме да зборуваме за постјугословенски феминистички врски или да замислиме некаква регионална иднина вкоренета во југословенското минато?
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Митот за мајчинскиот инстинкт
Родителскиот мозок е нешто што се развива како резултат на искуството - и секој може да го развие.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Иво Куновски
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се „плаши“ од трансродовите лица?
Анализа на анти-родовото движење во Македонија.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Феминистички мир значи безбедност за сите
Борбата за родовата рамноправност е константна и долготрајна
  • Од Дијана Стојановиќ Ѓорѓевиќ
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кој ги носи панталоните (дома)?
Како жените се избориле за правото да носат панталони.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Mислев дека имам внатрешно крварење и умирам: Приказни за прва менструација
Менструацијата е телесен, приватен и интимен процес, но стигмата, срамот и сиромаштијата се прашања кои мора да се адресираат јавно.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet _moooki
Доколку сте слаби на Инстаграм профили со автентични илустрации, тогаш дефинитивно треба да ја заследите _moooki, профил зад кој стои сестрано креативната Моника Стојановска.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Насилството е нашата друштвена иницијација
„Вистинската великодушност кон иднината лежи во давање сè на сегашноста“. (Алберт Ками, 1951)
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Глад – Роксен Геј
Ова е мемоар на моето тело бидејќи, најчесто, приказните за телата како моето се запоставуваат, отфрлаат или исмеваат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женското лице на војната и историјата
Кон романот „Војната нема женско лице“ од Светлана Алексиевич
  • Од Радица Стојановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јас и моето драго чудовиште
Како можеш да прифатиш дека секојдневно ќе се соочуваш со нови проблеми, твоето тело постојано ќе се менува и ќе прогресира кон полошо, а да не се разочараш самата себе?
  • Од Викторија Пенова
  • ФЕМ 101
Meduza talks: Создавање речник за болката
Оваа среда, во 19:0ч., почнуваме со Meduza talks, а наши први гости се Ангел Димитриевски и Ана Блажева.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
По масовните протести, дополнителните забрани за абортус во Полска се одложени
Пресудата на Уставниот суд требаше да стапи на сила на 2 ноември, но сè уште не е објавена во службен весник.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Политиките кои водат кон родова еднаквост се втемелени и во нашата историја
Идејата за родовата еднаквост е имплицирана во политичките концепти уште од создавањето на македонската држава.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Или како сите, или ништо – Мајки и камионџии
Колку повеќе има исти, толку потешко се прифаќаат различните.
  • Од Дијана Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Примените на еротското: еротското како моќ, Одри Лорд
За да се одржи себеси, секоја опресија мора да ги корумпира или изобличи оние различни извори на моќ во културата на угнетуваните кои можат да создадат енергија за некаква промена. За жените, тоа значело да се потисне еротското како можен извор на моќ и знаење од нашите животи.
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Апатичноста кон насилството против жените е загрижувачко и неприфатливо
Како да постапиме со фактот дека под секоја медиумска објава за родово базирано насилство, нашата јавност едногласно вели „таа самата си е крива“?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
The M word: или зошто цензурирањето на менструацијата претставува микро сексизам?
Ако воопшто не сакаме да зборуваме за менструацијата од медицински аспект, тогаш како би очекувале овој проблем да се сфати сериозно и како би формирале политики и протоколи за земање боледување за менструални болки ако нашите шефови сметаат дека медицинските факти за нашата болка се премногу „приватни“ за споделување?
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Валканата мала тајна на сексот без обврски
Што е она што нè тера да имаме секс без обврски? Дали уживаме во тоа? Дали имаме некаква добивка—или, пак, ризикуваме да бидеме повредени? И најпосле, кои, всушност, сме „ние“?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заедно (Сложни жени диско градат)
Вечерва, од 21:30  о МКЦ, како дел од Прво па женско #9, ќе се прикажува филмот „Заедно (Сложни жени диско градат),
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кејт Винслет во „Мер од Исттаун“: средовечноста е далеку од свиснат стомак
Кејт Винслет отсекогаш била смела. Но да има стомак, и тоа таков што се тресе и мрда на начин на кој прилично невпечатливо се мрдаат стомаците на повеќето 45-годишни жени е сè уште доста шокантно и тема на ударни вести.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Што направивме: Краток осврт на една година Медуза
Пред точно една година во јавниот простор се појави Медуза со првиот текст „Феминизам, јас и ти“, но всушност Медуза во мојот живот се појави пред точно две години.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Збор на годината: Согласност
Се надеваме дека во 2019 ќе почнеме да ги гледаме плодовите од дискусијата за сексуалната согласност!
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
„Јавна соба“ е кривично дело и мора да се санкционира
Најавените законски измени се позитивни, но задоцнети и не се неопходни за да се санкционираат сторителите на „Јавна соба“.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Системот (не) функционира: Зошто Македонките повеќе се охрабруваат да пријават семејно насилство откако ќе се преселат во странство?
Родово базираното насилство го поткопува здравјето, достоинството, безбедноста и автономијата на своите жртви, но сепак останува обвиткано во култура на тишина.
  • Од Александра Спасеска
  • ФЕМ 101
So long 2019!
Со цел да ја затвориме оваа година, прашавме неколку од нашите авторки што е тоа по што ќе ја паметат изминатата година.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Скриените форми на конверзионата терапија
Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
ВО ФОКУС: АФЖ
Антифашистичкиот фронт на жените на Југославија е основан на Првата меѓународна конференција на жените на која што учествуваа 166 делегатки од цела Југославија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram