Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нашите приказни се важни!
Денес, 17 Мај, Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија, интерсексфобија и трансфобија, го прославуваме со кампања под глобалното мото: „Да ја прекинеме тишината!“.
Кампањата вклучува лични пораки од луѓе од ЛГБТИ заедницата кои зборуваат за своето „излегување од плакар“ – познато како coming out, аутирање. Оваа кампања има за цел да даде акцент на значењето на видливоста на ЛГБТИ заедницата преку индивидуалните животни искуства при овој процес и што значи тоа не само како еден од најтешките лични процеси и искуства, но и во пошироки социо-политички рамки. Животите на луѓето од ЛГБТИ заедницата заслужуваат еднаквост и еднакви можности.
Видливоста на ЛГБТИ луѓето значи отпор, отпор спрема стравот, срамот, репресијата која ни е наметната и воспоставена во сите сегменти од животот! Овие пораки нека дадат и глас за надеж, солидарност за сите од заедницата, но и остра порака до сите одлучувачи – НАШИТЕ ПРИКАЗНИ СЕ ВАЖНИ И ЌЕ БИДЕМЕ УШТЕ ПОГЛАСНИ И ПОВИДЛИВИ ВО НАШИТЕ БАРАЊА ЗА ЕДНАКВОСТ, ПОЧИТ И ДОСТОИНСТВО!

 

 

Која сум јас?

 

Мене ми требаше околу две години за да сфатам дека јас всушност сум се „аутирала“. Јас тоа го сфатив како кога ненајавено ќе ги шокираш твоите блиски дека си фатил дечко или девојка од ист пол, а претходно си бил како сите нив-стрејт. А ти всушност си бил со човек во кој си се заљубил и плус имаш секусална привлечност. Одлично комбо за романса! Па јас кога љубев некој не мислев дали така треба и што значи тоа, не мислев ни на кутрите шокирани дали можеби ќе ги повредам нивните чувства и очекувања, а пак уште помалку побарав некој да ми ја оправда постапката и да ме поддржува во „експериментирањето“. Едноставно сакав. Сакам и ќе сакам. Нема поубаво. Понекогаш како да пиеја од мојата страст, живост и слобода. Како нивното прифаќање на мојот живот да стануваше нивен живот. Се проектираа во мене, како да сум холограм на нивните желби. Копнеж по тоа што сакаат они да бидат. Слободни.
А тоа дека преку прифаќањето на мојот избор добија легитимитет да се пуваат со нивната еманципираност ми е исто така доста погубно.
Сепак најголемото разочарување дојде кога луѓето од заедницата бараа да решам. Се обидував да ги разберам зошто забораваат една боја од виножитото. Се обидував да им одговорам, се обидував да ги оправдам. Си велев, веројатно затоа што па на крајот, и тие растеле меѓу овие првите-шокираните, во исти училишта учеле, во истите табуа се гушеле. Истата паланка ја носат. Фобијата и омразата не бираат по сексуална ориентација.Нив најповолно тло за опстојување и хранење им се стравот и затворениот ум. Ни милиметар подалеку од себеси.
Трагањето по соодветна дефиниција што си и кој си знае да е одвратно напорно, а уште полошо е што ја уништува магијата на животот и убавината на неизвесноста. Денес си цар, утре биди поголем! Нека не те обесхрабрува трагањето и не се лажи дека е залудно. Напротив, во тоа трагање, барање дефиниции и рационализирање на твоите чувства станувај секој ден сé посвесен и позаљубен во себе!

 

 

Излегување од плакарот

 

 

Искуството на излегувањето од плакарот за мене секогаш претставуваше искуство на меч со две острици, вклештеност помеѓу две можности кои претставуваа само две лица на истото насилство, хетеропатријархалната опресија, исклучување и епистемологија. Од една страна, внатре во плакарот во кој се наоѓаш самиот себеси веќе затворен, присилен во мракот и молкот, во внатрешност која некој друг веќе ти ја поставил и те втурнал во неа, како рефлексија со која се идентификуваш или во која се наоѓаш заточен, како молк исполнет со вревата на зборови, мисли, концепти, идентитетски одредници, врамувања на сексуалноста и историја на дискурси, со буката на говорот на оние, кои, веќе уште пред да знаеш, те претвориле во објект за сецирање, сондажи, интерпретации, класификации и прогласување за посебен вид. Од другата страна, надвор од плакарот, облечен во палимпсестите на говорот на другите и нивната врева во молкот на плакарот, веќе гордо присвоени како свое автентично постоење, се наоѓаш соочен во светот со ризикот, овојпат затоа што си се дрзнал да бидеш тоа што веќе претходно те класифицирале да бидеш, и поради коешто те втурнале внатре во плакарот, или пак се наоѓаш соочен со признание од светот како еднакво добар, еднакво вреден, и еднакво легитимен човек (како и нив, нормалните, добри, чесни, горди граѓани), во челичните рамки на општествено пре/при-знавање. Тие две страни на насилството претставуваат всушност избор помеѓу, од едната страна, социо-онтолошката можност и императив да ја декларираш и перформираш вистината за своето претпоставено автентично себство, присилбата за исповест низ која ќе се разоткријат тајните на зјапачката вистина од длабочините на твоето битие, повикот да се позиционираш во полициската идентитетска организација, и од друга страна хероистичкиот отворен пркос налепен со гордост. Но, сепак, во „излегувањето од плакарот„ се криеше и една друга нужност, потреба, или поточно егзистенцијална и епистемолошка желба. Егзистенцијална (или онтолошка, или како императив на слободата) затоа што беше пулс да се отфрли теророт на изолацијата, да се биде дел од светот, да се има свет, со другите, да се проткајата нитките на сопственото искуство, на сопствените болки, радости, задоволства, копнежи, потреби, желби, културни имагинации и социјални навики, низ мрежата на други сингуларни нитки, на други луѓе, други места, други светови, и други заедници, или други животи, на своите пријатели и сограѓани. На тој начин што ја кршиш, им ја одземеш епистемолошката привилегија на хомофобот или на удобно потонатите хетеросексуалци во перниците на нивната привилегија. Им се спротиставуваш со, го вметнуваш, својот глас во плуралниот свет на јавноста и заедницата, своето искуство на свет-ствување, својата перспектива, знаење и доживување за самиот себе. И одовде, вметнувам ново искуство во баналната монотонија на нивното секојдневие во кое те присилуваат молчешкум да се смееш на стварите на кои тие се смеат, да се радуваш на работите и животните настани и достигнувања што нив ги радуваат, да тажиш по работите по кои сите тажат, и да те возбудуваат телата што веќе се пропишани во регулаторниот апарат на хетеронормативноста. Односно ќе се спротиставиш на молчешкум прифаќаниот говор и вистина за себе од другите, особено секој пат кога ќе се смеат или ќе повикуваат на колеж на „педерите„. Ќе ја изместиш и трансформираш во отпор паранојата на бидувањето во плакарот, паранојата во која никогаш не знаеш со сигурност кој те гледа и ја знае „вистината„ за тебе, и мислиш дека си виден и кога не си гледан, и ги интерпретираш до бесконечност минискулните гестови поазди кои расплатуваш еден сноп значења. Но во оваа позиција, излегувањето од плакарот за мене секогаш беше обележан со постојаната борба да се биде препо/при-знаен во целосна непрепознатливост согласно веќе постојните регулаторни и идентитетско-искуствени одредници на препознатливоста на што е доволно човечко. Да се излезе од плакарот не за да отвори тајната вистина за себеси, туку за да се отворат можни хоризонти за проекција, и патеки за постанување и бидивање секогаш нешто друго, сингуларно, со и помеѓу другите.

 

Аутирање

 

На почетокот беше предизвик да си признаам прво сама на себе, па потоа и на најблиските. Не беше лесно да се соочам со себе во општество каде што за жал се уште геј заедницата и луѓето се табу тема, осудувани затоа што се поинакви, а всушност се нормални како и другите.
Многу поослободено се чувствував кога се соочив со сопствените чувства и сфатив што сум и што сакам. Се повеќе гледав геј филмови и серии, и читав се што е поврзано со заедницата и луѓето.
Не е едноставно да се живее во општество каде што не е прифатена ЛГБТ заедницата, но најважно од се е да не ве засега што ќе кажат другите и со каков поглед ќе ве гледаат, затоа што вие сте тоа што сте.
Не заборавајте светот сака оригинали.

 

Светла, камера, акција! Се роди синот хетеросексуалец

 

Здраво! Ако го читаш ова, претпоставувам дека сакаш да знаеш како ги споделив овие збори, како на моите родители им реков дека сум геј. Ова не се мои зборови, ова не е мој филм, тука сум да ви кажам зошто.
Првин, интересно е што ова се случи пред веќе една цела година и што сѐ уште сум тука, што сѐ уште живеам со моите родители.
Односите може не ни се совршени овие година-дена од моето аутирање, но секој ден го живееме сѐ подобро и подобро (мислам). Би рекол не е нормално, но сосема очекувано, што нивната реакцијата од тогаш, па до денес, нема прогресирано многу.
Но, како се случи тоа? Минатата година, на Оскарите се појави Били Портер во една прекрасна хаљина во која беше вистинска инспирација за сите ЛГБТИК-лица кои го следеа настанот од дома. Толку многу бев воодушевен од неговата автентичност, па без никакво двоумење ја споделив сликата на мојот Фејсбук- профил. Моите родители го видоа тоа и веднаш негодуваа… Не беше ништо сериозно и дискусијата не беше долга, беше пропратена со кратка молба до мене објавата да ја тргнам, инаку пријателите ќе ми се смееле. Камо да знаеше мајка ми тој ден, а не утредента, дека моите пријатели се впрочем сите дел од виножитото.
Утредента, се имавме вратено сите од работа и вообичаено бевме поделени низ домот како и секој друг обичен ден. Во еден момент мајка ми ме повика. „Уште ти стои објавата на профил, ти реков да ја избришеш. Колешките ја виделе и еве цел ден ми се смеат, а јас со спуштена глава седам и не знаев како да се објаснам, па се приклучив на шегата.’’ Ме замоли уште еднаш да го избришам тоа и да не споделувам „педерски работи“ повеќе. Луѓето гледале и ни се смееле. Чудно ѝ беше како родениот син им прави вака, како со своја рака сум им ковел шајки во сандакот.
Во тој момент го добив прашањето „Зошто споделуваш вакви работи? Педер ли си? Јас не пораснав педер.“ Не беше прв пат да го добијам ова прашање, но секој пат кога до добив одговорот беше не, и самата природа на моите родители да се лажат дека не сум, ги наведуваше да веруваат во тоа уште еден ден плус. Овој пат, не знам зошто, не знам како, ми дојде преку глава и реков „ДА, сум.“
Тоа ДА прерасна во двочасовна конфронтација за тоа како низ годините моите родители си дошле до заклучок дека сум, но секогаш си рекле „не, не, не, моето дете не.“ Лагата и негирањето, односно сакањето да биде така и тој нивен имагинативен свет ги имаше внесено моите родители во филм каде тие беа режисери, а јас глумецот кој би ги следел сите нивни сцени.
Не би рекол дека моето аутирање заврши среќно и дека ќе заврши среќно – бидејќи никогаш нема да заврши. Реалноста е дека моите родители имаат вкоренети вредности во себе кои никогаш нема да ги одучат и променат. Секој ден им е нова можност да го сторат тоа, но моите реални впечатоци се дека сега самите од режисери на мојот живот, станаа и главни улоги. Моите родители и јас сакаат да живееме во фиктивен свет каде јас сум стрејт и еден ден ќе формирам семејство, бидејќи тоа беше филмот кој го спремаа за мене да го оживеам за нив од моето само раѓање. Заеби, што да кажам… извинете што ви го скршив филмот. Оскарот сепак оди кај Били Портер – за режирање на моето аутирање.

#IDAHOBIT2020 #НашитеПриказниСеВажни

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • May 17, 2020
  • ФЕМ 101
Феминистички мир значи безбедност за сите
Борбата за родовата рамноправност е константна и долготрајна
  • Од Дијана Стојановиќ Ѓорѓевиќ
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фактот што не знаеме доволно за матката ни штети на сите нас
Очајно е потребно да станеме подобри во разговарање за репродукција на искрен и отворен начин. Затоа што ако одбраната на вашата позиција бара да се потпрете на невистини, тогаш можеби треба да се запрашате дали воопшто се работи за одбрана.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.
  • Од Ангелина Станојоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Насилството и општествената моќ
Што се случува кога институциите од кои жртвите треба да побараат помош, во својот состав ги имаат насилниците?
  • Од Натали Китаноска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ментално здравје: контекст, релации и политики
Клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.
  • Од Ана Блажева
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против „родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
На 8 Март марширам!
Нека ни е честит денот на женската борба
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Добро запомнете го името Исра
Интерсекциски преглед на феминизмот во Палестина
  • Од Викторија Постоловска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Секоја промена започнува со љубов кон себе и своето тело: Интервју со Елисавета Димовска
За секој напредок кој сум го имала во сила или градење мускулна маса сум добила коментар – доволно ти е, немој повеќе. Сум се запрашувала, дали иста реакција би добил и маж на мое место?
  • Од Бисера Илкоска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се „плаши“ од трансродовите лица?
Анализа на анти-родовото движење во Македонија.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.03
Провери го распоредот на предавања и работилници и пријави се најдоцна до 12 април.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Од мое гледиште – обука за критичко феминистичко пишување на Прво па женско#9
Ги очекуваме вашите апликации до 28 мај
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родителската поддршка: мост помеѓу хетеро и квир луѓето
За тоа колку јавната поддршка од родителите на квир деца е истовремено контроверзна, субверзивна и неизмерно потребна сведочат реакциите и вниманието кое го доби жената која држеше транспарент „Горда мајка!“ на Парадата на гордоста во Скопје во 2019.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зрачни и во полн цут: монструозното-женско во филмот „Мидсомар“
Родова перспектива на ликот на Дени во филмот „Мидсомар“.
  • Од Елена Петрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 10 | Ecstatic Bodies
Јубилејното издание на Skopje Pride Weekend 2022, фестивал на квир уметност, култура и теорија, оваа година ќе се случува од 2 - 11 јуни и 15 - 17 септермври.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безусловни почетници
Оваа книга не е совршена, но е совршен обид во борбата за еден можен феминистички свет.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Џоан Дидион: За самопочитта
„Карактерот - подготвеноста да се преземе одговорност за сопствениот живот - е местото од каде што извира самопочитта.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Најдобро за нашите деца е да се збогуваме со патријархатот
Патријархалното семејство е расадник на родово засновано насилство во домот и надвор од него.
  • Од Драгана Дрндаревска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Со интеракција и запознавање меѓу заедниците во борба против говорот на омраза
Штетата која се нанесува со говорот на омраза против Ромите е повреда на достоинството на една цела заедница.
  • Од Марија Сулејманова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГОДИНИ БУДНИ – ПРВО ПА ЖЕНСКО ПОЛНИ 10 ГОДИНИ!
Во тек е јубилејното 10то издание на феминистичкиот фестивал Прво па женско! Од програмата Пролетно будење, не пропуштајте настанот „Срамота!“ (во рамки на Скопскиот викенд на гордоста), оваа сабота од 20ч. во Театар Комедија и перформаност на Оља Грубиќ „Гол живот“, на 18 јуни во Денсинг салата на МКЦ од 19ч. 
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: Вера Ацева – Доста
Една од политички најистакнатите личности во периодот од Втората светска војна, сѐ до нејзината активна вклученост во политичкиот живот на земјата по ослободувањето.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто мајчинството носи неосновано чувство на вина?
Притисокот да се достигнат нереални мајчински идеали води кон себе-обвинување и срам кај мајките
  • Од Марта Стевковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Личностите пред мојот објектив ме запознаваат со сама себе: Интервју со Лилика Стрезоска
Приказна за портретната фотографија, селењето од Скопје во Берлин, изолацијата и пријателството.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Како пандемијата ме лиши од амбиции
Сè што некогаш сум го сметала за нормално, стабилно или безбедно ќе исчезне. Родителството и работата повеќе не беа одвоени; сè се згрутчи во леплив, непријатен хаос од кој беше невозможно да се избега.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Агресивно феминистичко читање на старите грци
За да ја разберете историјата на аверзија кон моќните жени, читајте ги старите грци, тврди славната класичарка од Велика Британија, Мери Бард
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд – Една година подоцна
Какво беше искуството и што е следно?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Водич за Трејси Емин, ‘enfant terrible’ на британската уметност: Прв дел
Трејси Емин e дел од изложбата Родови перцепции во Музејот на современата уметност - Скопје. Прочитајте сè за оваа легендарна уметница и погледнете ја изложбата во МСУ каде се изложeни 39 современи уметнички дела од 25 жени.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Марко и Елена
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: ПРОМЕНА
Нашите авторки Анастасија Марковска, Елена Петрова и Благица Димитрова ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Цената на водењето политика во услови на шовинистички менталитет
Oд вкупно 660 избрани градоначалници во период од 25 години и седум круга локални избори, само 18 се жени.
  • Од Симона Србиновска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
(Не)безбедни простори
Безбедносните техники се толку длабоко навлезени во женското искусто на градот, што доколку некој ме праша дали ми е страв да се шетам сама навечер, би кажала не. Но тоа не би била вистината.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #3
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспешната родова транзиција во Кожата во која живеам на Педро Алмодовар (La piel que habito, Pedro Almodóvar)
Ако ја боли, ќе си трпи.
  • Од Анастасија Марковска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram