Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Наследството на отпорот на Југословенката: ископување на политичкото тело на феминистичкото и квир омоќување
Повик за учесници на еднодневен семинар со проф. Јасмина Тумбас на 08 јуни, Скопје

Skopje Pride Weekend во партнерство со МЕДУЗА објавуваат повик за учество на еднодневен семинар со проф. Јасмина Тумбас: Наследството на отпорот на Југословенката: ископување на политичкото тело на феминистичкото и квир омоќување

 

Абстракт за семинарот:

На 18 април 2022 година, како одговор на прашањето за нејзиното расно потекло Карди Б твитна дека е „Ирка и Југословенка“. Иако тоа беше наводна сардонска или иронична шега на Карди Б, уморна од притисокот да го објаснува нејзиното потекло, приказната циркулираше во весниците и нивните наслови во Регионот со – „Јас сум Југословенка“ и Карди Б. Оваа појава на „Југословенка“ во американскиот контекст нуди фасцинантни загатки во нашиот современ момент: Што учиме кога гледаме една ваква икона на американската култура како ја презема идејата за Југословенка на овој потсмевлив начин? Што кажува ова за монолитните наративи за Југословенките на Запад? Ова е местото каде што семинарот ќе помине извесно време размислувајќи за сложената историја на феминистичкиот и квир отпорот во Југославија, и наследството на Југословенката околу прашањата за еманципаторската убавина, насилството, сексуалното ослободување и расните разлики. Како да ги усогласиме контрадикторните пристапи кон ослободувањето и еманципацијата во уметничките делата кои се фокусирани на и го користат телото како медиум? Како да му пристапиме на отпорот во уметноста и културата од повеќе и конфликтни агли? Овој семинар ќе му пристапи на перформансот во рамки на широкиот спектар на уметноста и популарна култура во поранешна Југославија, и ќе разговара за современата уметност и културна работа од Регионот кои телото го ставаат во центарот на своите истражувања и дела.

Семинарот ќе се одржи во рамки на Викендот на гордоста Скопје 2022, чијашто тема е „ЕКСТАТИЧНИ ТЕЛА“, на 08 јуни, и ќе трае 3 часа. Учесниците ќе треба да прочитаат и заеднички да дискутираат и анализираат текст и видео материјали кои ќе им бидат доставени од професорката Тумбас.

Постапка за пријавување:

Заинтересираните лица треба да достават кратко мотивационо писмо за учество на Семинарот (максимум 2 параграфа) на е-пошта: koalicijaszpmz@gmail.com, најдоцна до 02.06.2022.

За резултатите од изборот апликантите ќе бидат информирани најдоцна до 03.06.2021.

Предност во селекцијата на учесниците во семинарот ќе имаат апликанти  кои се уметници, или пак студенти на или со завршени студии во областа на хуманистичките и општествени науки. Бројот на учесници е ограничен на максимум 12 лица.

Семинарот и Викендот на гордоста Скопје се поддржани од Министерството за култура на Северна Македонија, Фондацијата Хајнрик Бел, ФООМ, Амбасадата на САД, Амбасадата на Франција, Фондацијата Фридрих Еберт, и Сигрид Раузинг Фондацијата, а имплементирани од страна на Коалиција Маргини и ЛГБТИ Центарот за поддршка, во партнерство со Локомотива, Музејот на современа уметност, ТИИИИТ! Инк., и КСП Центар П Јадро.

 

Јасмина Тумбас (д-р по историја на уметност, Универзитет Дјук) е проф. доцент по Современа историја на уметност и перформансни студии и директор на Постдипломските студии при Катедрата за глобални родови и студии за сексуалноста на Универзитетот во Бафало. Нејзината прва книга „Јас сум Југословенка!: феминистичка перформансна политика за време и по југословенскиот социјализам“ неодамна беше издадена во рамките на едицијата „Преобмислување на историите на уметност“ на Манчестер јуниверзити прес (февруари 2022). Тумбас, исто така, работи на нејзиното второ дело, „Феминистите од југословенската дијаспора: уметност и отпор отаде државјанството и националноста“. Се јавува и како гостин-уредник на специјалното издание на „Газета артликс бр. 5: Патријархатот завршен и исклучен: манифестен дискурс“, додека резултатите од нејзините истражувања се објавуваат во „Артмаргини“, „Камера опскура: студии по феминизам, култура и медиуми“, „Месечник за уметност“, „Уметноста во Америка“, „Журнал АСАП“, „Уметност и документација“, како и во антологиите „Промена на корпореалностите во современиот перформанс“ и „Перформансната уметност во втората јавна сфера“.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • May 25, 2022
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во нашите учебници жените се „невидливиот род“
Во учебниците на просторот на Југославија секогаш побројни биле коњите (на војсководците), отколку жените.
  • Од Ивана Хаџиевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фестивал на менструација
Надминувањето на менструалната сиромаштија значи да се препознае нееднаквоста и за тоа да се зборува јавно.
  • Од Ангела Бошкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време е за ранливи суперхерои
Несовршеноста, емотивноста, прифаќање на грешките и стравот од напуштање се легитимни состојби и карактеристики, дури и за еден суперхерој.
  • Од Билјана Кочоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Јавна соба е бедна група и слично“: Или како да ги обесхрабриш жртвите да пријават насилство
Да, секако феминистките мислат дека јавна соба е бедна група, но исто така знаат дека е криминална група, а тоа е многу, многу поважно. Крајно време е и институциите да се качат на овој воз и да престанат да им даваат ветер во грб на насилниците.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Гордост: некогаш, сега и секогаш 
Од немирите на Стоунвол до Парадата во Скопје.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кога домот не е безбеден
Голготата на жртвите на родово-базирано насилство кои одлучуваат да го напуштат домот и да останат без покрив над глава со цел да се спасат од насилникот.
  • Од Марта Стевковска
  • ФЕМ 101
Збор на годината: Согласност
Се надеваме дека во 2019 ќе почнеме да ги гледаме плодовите од дискусијата за сексуалната согласност!
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Пишував за безизлезноста како лично одредиште: Интервју со Румена Бужаровска
Со Румена разговаравме за опсесијата да се избега од Македонија, зависта и недостатокот на лична одговорност, како централни теми во нејзината нова збирка „Не одам никаде“. Ја искористивме можноста и да дознаеме повеќе за нејзиниот неодамнешен престој во САД, развојот на ПичПрич во 2018 и нормално, феминизмот. Разговорот го водеше Калиа Димитрова.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 причини зошто треба да се гледа серијата Mrs. America
„Поборниците за женското ослободување сакаат да создадат полово-неутрален, феминстичко-тоталитарен кошмар.“
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Митовите за убавина и женската сексуалност
Жената учи како да изгледа сексуално привлечна, а речиси никогаш не учи како да ја осознае сопствената сексуалност.
  • Од Доротеа Огненовска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС: РАБОТНИЧКИ И РАБОТНИЦИ ОБЕДИНЕТЕ СЕ! ЗАЕДНИЧКИ ВО БОРБА ЗА НАШИТЕ ПРАВА!
Помина повеќе од една година од пандемијата, а работничките и работниците, сиромашните, младите, жените и сите послаби општествени групи се оние што најмногу страдаа и ќе продолжат да страдаат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Септемвриско издание на Skopje Pride Weekend
Септемвриската програма на Skopje Pride Weekend ќе се одржи од 15 до 17 септември.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хана Комар: Револуцијата има женско лице
Разговор со беларуската поетеса, преведувачка и активистка Хана Комар.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Интуицијата како отелотворено знаење
Имам некое чувство што не можам да си го објаснам, но тука е.
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Повеќе од нашата работа
Приказни за работата во пандемија, повредите на работничките права, и солидарноста, наспроти продуктивноста, како централна вредност врз која треба да ги градиме нашите релации.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Невидливиот хорор на семејното насилство во филмот Невидливиот човек
Додека хоророт како жанр доживува обнова, ова е солиден обид да се постави нова динамика помеѓу овој жанр и женскиот лик, после долга историја исполнета со еднодимензионални ликови и експлоатација на женските искуства.
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
Капитализмот има свои ограничувања
Џудит Батлер за пандемијата COVID-19 и нејзиниот растечки политички и социолошки ефект во Америка.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
„Јавна соба“ е кривично дело и мора да се санкционира
Најавените законски измени се позитивни, но задоцнети и не се неопходни за да се санкционираат сторителите на „Јавна соба“.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Патишта на траумата
Што сè ѝ се случува на една жртва по злоставување
  • Од Матеј Тројачанец
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со свој камен поглава
Кратка приказна за потрагата по здравствен систем во време на пандемија.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“: хуморот и телото
За хумор потребна е слобода на телото којашто, нема да се изненадите, често не е присутна кај жените.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Платена работа, заслужен одмор
Кон потребата да се има контрола врз сопственото тело, време и труд.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ова не е трка, туку обид да се подигне свеста и да се поддржат жртвите на сексуално насилство
Клер Мекфарлен го избира спортот како начин да се исчекори кон промена, зашто тој ги обединува и поврзува луѓето. Но, и поради тоа што смета дека спортот е важен за физичкото и емоционално зацелување на тие кои преживеале насилство.
  • Од Павлина Симоноска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Моето тело – мојот храм: Приказната на една нео – вагина
Решив за мојата борба да зборувам отворено и експлицитно затоа што сметам дека поинаку не може. Решив да зборувам зашто знам дека некаде има некоја жена што поминала или поминува или ќе поминува низ истиот пат но нема на кого да се обрати, нема со кого да сподели.
  • Од Гасеница
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Нè третираа како животни“ – Приказни од породилните сали
Сестрите ми викаа „Не ти кажаа како е на пораѓај?! Убаво ти беше кога го правеше, сега што викаш, што плачеш?“
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Светлана Алексиевич: Се надевам дека „Војната нема женско лице“ им дава сила на жените во Украина
Нобеловката Светлана Алексиевич е добитничка на наградата „Букстар 2022“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: Махса Амини
Смртта на 22-годишната Иранка која беше уапсена во Техеран поради носење несоодветен хиџаб предизвика бројни протести низ Иран.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (втор дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на тројца млади луѓе од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram